Контакт

Соопштенија

Митрески од Струшко: Ги решивме најголемите инфраструктурни проблеми, продолжуваме уште посилно

Објавено пред

Кандидатот и ко-носител на листа во изборната единица 5, Јован Митрески, денес во Струшкиот Регион оствари повеќе средби со граѓани во тој регион. При посетата на Мислешевски пат  Митрески даде изјава за медиумите во која потенцираше дека повеќе од 30 години овој дел е заборавен.

„За само 3 кратки години, владата која ја предводи СДСМ успеа да инвестира заедно со Светска банка над 1.1 милиони евра во инфраструктурни проекти. Заедно ќе ги решиме проблемите. Само заедно можеме уште повеќе и уште подобро“, додаде Митрески.

Македонија

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Случајот со патниците болни од Ковид-19 што поминале низ земјава нè дискредитира како држава

Објавено пред

„Ниту еден од патниците не е регистриран во базата на позитивни случаи со Ковид-19 во нашата земја, што значи немаат решение за изолација како позитивни од Државниот санитарен и здравствен инспекторат“, соопшти Министерството за здравство. Ова е официјалното соопштение и образложение со кое надлежните институции објаснуваат како авион со патници позитивни на Ковид-19 од нашата земја слетува во друга држава, во конкретниот случај во Финска.

Дополнително, во официјалното соопштение се вели: „Според Министерството за здравство, станува збор за патници, иселеници, што доаѓаат во земјата или транзирираат од разни причини, а потоа се враќаат на работа во Западна Европа за кои со дозвола за престој или државјанство од ЕУ не важат рестрикциите при влез и излез од земјата“. Се поставува прашањето дали надлежните институции прават каква било контрола на патниците што слетуваат во земјата, кои транзитираат и продолжуваат на некоја следна дестинација?, се вели во соопштението на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

„Каде нè позиционира ваквото неодговорно однесување на картата на Европа во однос на менаџирањето и справувањето со пандемијата на Ковид-19? Каква слика оставаме кон нашите земји партнери од НАТО и ЕУ, а и најмногу кон сите оние земји што сè уште не ни ги имаат затворено границите? За патниците што транзитираат преку Р. Македонија, се поставува прашањето дали аеродромот е целосно отворен и дали тие воопшто биле тестирани од дестинацијата од која доаѓаат, дали некој ги контролира кај нас или, пак, директно летаат кон следната дестинација? Постои ли каква било контрола или одговорност за еден ваков случај, кој потенцијално дополнително нè дискредитира како држава во однос на начинот на кој ја менаџираме кризата предизвикана од Ковид-19 ?“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Единствена Македонија: Заев треба итно да побара распишување нови избори

Објавено пред

Зоран Заев, доколку има грам морал, совет и одговорносот, веднаш да побара распишување нови избори, велат од партијата Единствена Македонија.

„Целиот народ гледа дека изборите на 15 јули се тежок изборен фалсификат во режија на власта, а особено загрижува монструозниот план на марионетската власт и нејзините странски ментори за колатерална штета и изборен фалсификат кон Единствена Македонија и коалицијата ‘Никогаш северна – само Македонија’ во контескт на битката за влијание во Македонија.

Но, иронијата да биде поголема, фалсификаторите на изборите, СДСМ и ДУИ, сега не може да се договорат ниту за мнозинство врз основа на фалсификуваниот изборен резултат. Ова покажува дека изборите се само параван за натамошно распарчување на Македонија бидејќи СДСМ и ДУИ не договараат мнозинство врз основа на изборни програми, туку преговараат како до натамошно распарчување на Македонија, односно по јазичната, да се инагурира и територијална федерализација и на крајот, конечно, распарчување на Македонија.

Единствена Македонија и коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ никогаш нема да ги признае фалсификуваните избори од 15 јули и никогаш нема да ги признае антимакедонските постизборни договори меѓу СДСМ и ДУИ. За рушењето на Македонија и Македонците, одговорност мора да има“, наведува Единствена Македонија во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Создаваме ново парламентарно мнозинство и нова Влада ослободени од национализам

Објавено пред

СДСМ ги продолжува сериозните разговори за формирање стабилно парламентарно мнозинство и за владина коалиција со полн, четиригодишен, стабилен мандат, соопшти СДСМ.

„ На 15 јули граѓаните покажаа дека национализмот е поразен.

Во тек е процес на создавање нова Влада ослободен од каков било вид на национализам, Влада која уште повеќе ќе работи на унапредување на концептот едно општество за сите.

Новата Влада предводена од СДСМ ќе движи силно напред по патот на интеграција во ЕУ со целосно почитување на Договорот од Преспа, Договорот со Бугарија и Рамковниот договор.

Граѓаните преку својата избирачка волја тоа го побараа и тоа ќе го испорачаме во следниот четиригодишен мандат. Продолжуваме уште повеќе и уште подобро да работиме за граѓаните и државата“ додава партијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Нови 141 заболен и еден починат од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.885 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Свет2 часа

СЗО повика да се внимава со руската вакцина – не ја поминала третата фаза од испитувањата

Светската здравствена организација (СЗО) ја повика Русија да ги следи меѓународните упатства за производство на вакцина против Ковид-19 кога земјата...

Македонија2 часа

Мицкоски: Ахмети ми рече дека ќе преговара со СДСМ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, една недела по средбата со Али Ахмети, изјави дека тие воопшто не ни преговорaле за...

Македонија2 часа

Лукаревска веќе не е директорка на УЈП, ќе биде пратеник

По верификувањето на мандатот за пратеник, Сања Лукаревска ја напушти функцијата директор на Упрвата за јавни приходи, а на нејзино...

Македонија4 часа

Ниту еден патник од авионот за Финска го нема во македонската база на позитивни случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека веќе се извршени проверки за сите патници од авионот за Финска, кои, според финските власти,...

Свет5 часа

Русија ја регистрира првата вакцина против Ковид-19; Путин: Вакцината ја прими и мојата ќерка

Претседателот на Русија, Владимир Путин, тврди дека Русите ја регистрирале првата светска вакцина против короната. Според руската новинска агенција ТАСС,...

Македонија5 часа

Повеќето патници со коронавирус што слетале во Финска биле иселеници со косовски пасоши

Во однос на информациите за летот од Скопје до Турку, Финска, каде што според финските власти од авион со 157...

Топ5 часа

Се удави рибар во водите на Вардар

Педесет и шестгодишен маж од гевгелиското село Миравци се удави во реката Вардар. Несреќата се случила вчера во 15.40 часот...

Свет6 часа

Над 250.000 новозаболени од Ковид-19 во светот

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во светот надмина 20 милиони, а само во последните 24 часа пријавени се повеќе...

Свет7 часа

(Видео) Експлозија разнесе три куќи во САД – плач на заробени деца се слуша под урнатините

Експлозија раснесе три куќи во САД, а неколку лица се заробени под урнатините, меѓу кои има и деца, соопштија пожарникарите...

Свет7 часа

Русија подготвена да ја лансира првата вакцина против коронавирусот

Русија е подготвена да ја лансира првата вакцина против коронавирус, пишува Ентертејмент Тајмс. Рускиот кандидат за вакцината е вирусна векторска...

Свет7 часа

(Видео) Пукање во близина на Белата куќа – Трамп веднаш е евакуиран

Членовите на тајната служба ја прекинале конференцијата на американскиот претседател Доналд Трамп и го извадиле од просторијата за брифинг. На...

Свет7 часа

(Видео) Хаос во Белорусија – одекнуваа експлозии во Минск, едно лице загина

Во Минск синоќа повторно се одржаа протести против претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко. Експлозии одекнуваа во центарот на градот, запален...

Европа8 часа

Финска воведува задолжителни тестови и карантин по слетувањето на авион со 24 позитивни патници од Скопје

Финска ќе воведе задолжителни тестови за коронавирус и карантин за патниците од одредени високоризични земји, откако 24 од 157 патници...

Свет18 часа

Германија размислува за задолжително носење маски во училниците

Претседателот на Здружението на германски наставници, Хајнц Питер Мејдингер побара носењето маски да биде задолжително во училниците како заштита од...

Свет19 часа

Катастрофа во Индискиот океан: од брод кој заринка истекоа 1.000 тони нафта

На бродот кој на 25 јули заринка во корален гребен во Индискиот океан кај Маурициус се појавиле пукнатини, кои претставуваат...

Македонија21 час

Нема договор меѓу Заев и Ахмети

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети не постигнаа договор за коалиција во новата Влада ниту...

Свет21 час

(Видео) Пустош во Чикаго по протестите: повредени се 13 полицајци, уапсени се повеќе од 100 лица

Повеќе од 100 лица се уапсени, а 13 полицајци се повредени откако стотици луѓе се судрија со полицијата во Чикаго.Тие...

Македонија22 часа

Регистрирани 109 нови случаи на Ковид-19, починало едно лице, а оздравеле 422 пациенти

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 762 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на...

Свет23 часа

Падна либанската влада

Либанската влада поднесе оставка, потврди министерот за здравство Хамад Хасан. „Целата влада си поднесе оставка“, рече Хасан. Либанската влада падна...

Досие