Контакт

Соопштенија

Мицкоски до Жбогар: Владата на СДСМ не е способна да испорача резултати

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сретна со шефот на Делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар.

dobivaj vesti na viber

На средбата се разговарало за актуелната политичка состојба и стратешките приоритети.

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски посочи дека актуелната влада не испорачува резултати. Неспособноста на власта предводена од СДСМ ја втурна Македонија во тешка финансиска криза. Со ваквото однесување се докажа дека власта прави озаконување на криминалот и корупцијата како главен супстрат на нивното делување“, соопштија од партијата.

Мицкоски посочил дека се потребни сериозни ангажмани на сите институции во исполнување на европската агенда и напредок на патот кон интегрирање кон Европската Унија.

„Владата предводена од СДСМ не е способна да испорача резултати кои би биле препознаени од стратешките партнери од Унијата“, рекол Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ му се заблагодарил на ангажманот на Жбогар за неговите придонеси за европската агенда и изразил надеж дека соработката со европските пријатели и во иднина ќе продолжи.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија

IQOS-карванот на нова локација, во Струмица

Објавено пред

Новата генерација IQOS ILUMA уреди со револуционерната технологија на индукциско загревање, без сечило и без потреба од чистење може да се набават на новата локација на IQOS караванот, поставен во близина на плоштадот во Струмица, а овој петок  (06.09.2024) ќе биде поставен на влезот на претстојниот фестивал Get EXITed, во градот. Работното време е среда и четврток, од 10 до 22 часот и петок од 17:30 до 00 часот.

dobivaj vesti na viber

На оваа привремена локација, сите полнолетни пушачи ќе можат да се запознаат со IQOS уредите и да дознаат повеќе за нив и за напредната технологија на индукциско загревање, купување додатоци, замена на стар уред за нов, корисничка поддршка и друго.

IQOS ILUMA семејството вклучува три модели на уреди, кои се засновани на иста технологија на индукциско загревање. Сите три модели на уреди го загреваат, а не го согоруваат тутунот, со што се намалува нивото и количината на штетни материи во просек и до 95 проценти во споредба со чадот од цигарите. IQOS не е без ризик, создава никотин кој предизвикува зависност, но претствува подобар избор за возрасните пушачи, кои инаку би продолжиле да пушат.

Освен во Струмица, овој уред е достапен и кај продажните партнери во повеќе градови во земјата. Во главниот град Скопје има два IQOS бутика во трговските центри Ист Гејт Мол и Дајмонд Мол и IQOS зони моментно сместени во трговските центри Скопје Сити Мол и Капитол Мол, Веро Тафталиџе и Палма Мол во Тетово. Покрај тоа, овој производ може да се купи и онлајн преку IQOS веб-страницата.

ПР текст

Прикажи повеќе...

Соопштенија

5 причини зошто спортот треба да е дел од животот на младите

Објавено пред

Олимпијадата е причина да зборуваме повеќе за спортот додека трае. Така и со менување на нашите навики, зборуваме за нив, сакаме да ги смениме, но најчесто остануваме само на зборови.

dobivaj vesti na viber

Но и во нашиот случај да не остане недокажано еве 5 причини зошто да спортуваме и зошто да бидеме физички активни посебно во младоста.

1. Здравје
Сé повеќе забележуваме дека нашата младина е недоволно активна, има прекумерна телесна тежина и поминува премногу време пред екраните. Во минатото, децата поминуваа многу повеќе време на спортски терени каде што се занимаваа со различни спортови. Здравјето е дефинитивно најважната причина зошто новите генерации треба да се одлучат за спорт и активен начин на живот.

2. Социјализација
Преку организирано или неорганизирано вежбање или занимавање со некој спорт, децата повеќе ќе се дружат и ќе напредуваат како личности. Со тоа, тие полесно ќе се снаоѓаат во меѓучовечките односи и во иднина.

3. Самодоверба
Младите ќе се чувствуваат подобро и ќе имаат поголема самодоверба ако се занимаваат со физичка активност. Особено, ако по одредено време совладаат одредени пречки или предизвици, кои претходно не можеле, или ако станат посилни, побрзи и поиздржливи.

4. Забава и рекреација
Една од најважните придобивки од спортувањето е што младите се забавуваат и се рекреираат. Преку спортот, тие можат да уживаат во играта, да се смеат и да се ослободат од стресот што им го предизвикува динамичниот начин на живот. Спортувањето создава позитивни емоции и помага во градење здрави навики.

5. Носење паметни одлуки
Преку спортот, младите учат како да носат паметни одлуки, како да се справуваат со предизвици и да решаваат проблеми. Тие развиваат стратегиско размислување, способност да проценат ризици и да направат брзи и вистински одлуки под притисок. Овие вештини се многу важни и ќе им помогнат како во секојдневниот живот, така и во нивната професионална кариера.

Освен спортот и активниот начин за живот, една од најмудрите одлуки на младите претставува и вистинскиот избор на банка што ќе биде вистински пријател и поддржувач на нивниот развој и клучен чекор за нивната финансиска стабилност и успех во иднина. Следејќи ги потребите на младите и нивниот динамичен стил на живот, Халкбанк АД Скопје креираше нов, иновативен банкарски пакет Halk EZ (Halk Easy), кој што е прилагоден на стилот и животните навики на секој современ млад човек. Покрај низата финансиски услуги и поволности, пакетот претставува и платформа за едукација, забава, дружење и вмрежување, а идејата е Halk EZ да прерасне во платформа што ќе овозможи сосема поинакво, брзо и лесно банкарско искуство. Нуди голем број поволности и динамични содржини за сите корисници на возраст од 16 до 24 години: бесплатно мобилно и електронско банкарство, Visa PayWave дебитна платежна картичка без надоместок за годишна членарина, со која може да се повлекува  готовина без надомест на сите банкомати во земјата и во странство, платежна сметка без трошоци за водење на истата, и низа иновативни услуги како GarminPaySmartSend и SmartCash.

И додека спортот ги учи младите да носат паметни и одлуки, така ХалкЕз им помага да направат мудри финансиски избори.

ПР

Прикажи повеќе...

Соопштенија

„Кожувчанка“ донираше 15.000 литри за Општина Пехчево

Објавено пред

Ситуацијата со пожарите низ цела држава во која веќе подолг временски период се наоѓаме не ги остави рамнодушни од Кожувчанка. Последниот пожар кој  го зафати Пехчево и околината, го остави овој крај и без вода за пиење. Кожувчанка ДОО денес итно испрати 15.000 литри вода донација на Општина Пехчево.

dobivaj vesti na viber

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Активни пет пожари во државата, шест се под контрола

Во текот на денешниот ден 09.09.2024 година, до 13:30 часот, имало вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои активни...

Топ3 часа

Ја нападнал со остар предмет и сакал да ја силува: осомничен 28-годишен штипјанец

Вчера во 17.00 часот во СВР Штип 21-годишна штипјанка пријавила дека околу 02 часот Б.Т.(28) од Штип во неговиот дом...

Топ6 часа

Без дозвола вршеле сеча и дотур на дрва: лишени од слобода деветмина дрвокрадци, поднесена кривична пријава

СВР Охрид до ОЈО Кичево поднесе кривична пријава против девет лица по член 235 став 3 од Кривичниот законик поради...

Македонија7 часа

„Не гледај што правам, туку слушај ме што говорам“ – Мицкоски нема капацитет за лидерство, велат од СДСМ

„Не гледај што правам, туку слушај ме што говорам“. Ова е најсоодветниот коментар на вчерашното излагање на Мицкоски по повод...

Македонија7 часа

(Видео) Митева: Зошто Филипче не ги пријавил петте стана во Скопје, уште кога станал министер, ДКСК да отвори предмет

СДС и Филипче молчат повеќе од 48 часа за 5 стана на Венко Филипче во Скопје, кои сега 6 години...

Топ8 часа

Загина кумановец: со мотоцикл излетал од патот

Вчера во 16.32 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот А-3 Битола- Ресен се случила сообраќајна несреќа, во...

Свет10 часа

(Видео) Се урна мост, возила паднаа во река: се зголемува бројот на жртви поради тајфунот „Јаги“

Обилните дождови продолжија во северниот дел на Виетнам откако тајфунот „Јаги“ ја погоди таа земја, кој предизвика лизгање на земјиштето,...

Свет10 часа

Захарова: „Русија веќе победи“

Одбивањето на повеќето земји да ја поддржат антируската линија и имплементацијата на најсложените механизми за одржување на стабилност претставуваат победа...

Свет11 часа

Трамп: Ќе депортираме мигранти без документи, тоа ќе биде крвава приказна

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера ја засили својата антиимиграциска реторика предупредувајќи дека отстранувањето на мигрантите од САД би било...

Свет11 часа

Израелски пратеник: Почетокот на војната со Либан е прашање на денови, предградијата на Бејрут ќе бидат како Газа

Нисим Ватури, член на израелскиот Кнесет, тврди дека е „прашање на денови“ кога ќе избие вистинска војна меѓу Израел и...

Свет12 часа

Повеќе од 20 приведени во истрагата за убиството на осумгодишно девојче во Турција: меѓу нив членови на потесното семејство

Турските власти досега приведоа 23 лица во рамки на истрагата за смртта на осумгодишното девојче Нарин Гуран во Дијарбекир, чие...

Свет1 ден

Исчезнатото осумгодишно девојче Нарин Гуран е најдено убиено и фрлено во торба (ВИДЕО)

Безживотното тело на осумгодишното девојче Нарин Гуран, кое исчезна во турската провинција Дијарбекир на 21 август, беше пронајдено во поток...

Македонија1 ден

Поминаа три години од пожарот во модуларната болница во кој изгореа 14 луѓе

До денес изминаа точно три години од пожарот во модуларната болница во Тетово во кој животот го загубија 14 луѓе,...

Македонија1 ден

Мицкоски: Kако нација имаме две големи цели, да го победиме разочарувањето и да го сузбиеме криминалот

Тогаш битката беше како ќе се исправиме на нозе, денеска битката е како ќе направиме големи чекори напред, истакна премиерот...

Култура1 ден

Почина актерката Снежана Стамеска

На 79 годишна возраст денеска почина актерката Снежана Стамеска, соопштија од Драмскиот театар Скопје. Стамеска беше првенка на Драмски театар...

Македонија1 ден

Казни за нерегистрирани производители на сирење и месо во Прилеп

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) казни нерегистрирани производители на сирење во Прилеп и Скопје, како и месарница поради неводење...

Топ1 ден

Фатени бегалци барани со потерница за тешки кражби

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје околу 06 часот во Скопје, на територија на општина Кисела Вода,...

Македонија1 ден

Во текот на вчерашниот ден 38 пожари на отворено, активни се уште три

Центарот за управување со кризи информира дека во текот на вчерашниот ден имало вкупно 38 пожари на отворен простор, од...

Македонија1 ден

Денес се одбележуваат 33 години од независна Македонија

Под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“ денеска со повеќе активности во организација на Владата, се одбележува Денот на...

Македонија2 дена

Дождот не го изгасна целосно, но го стави под контрола големиот пожар во Мариово

Дождот кој заврна попладнево помогна да се стави под контрола големиот пожар во Мариово, но сепак сѐ уште не е...