Контакт

Соопштенија

Мицкоски до Техада: Власта нема способност да се справи со здравствената и економската криза

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со членот на Извршниот комитет, Стефан Андоновски, имаше средба со швајцарската амбасадорка во Македонија, Сибил Сутер Техада. На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба, но и здравствените предизвици предизвикани од пандемијата предизвикана од Ковид-19.

„Од страна на претседателот Мицкоски на средбата беше потенцирано дека власта нема капацитет и не знае како да се справи со пандемијата, а поради тоа, Македонија секој ден бележи нови црни денови и стана лидер по морталитет на милион жители во регионот. Мицкоски истакна дека покрај тоа, Владата предводена од СДСМ нема способност, ниту план да се справи со економската криза, а како резултат на тоа над илјадници граѓани ги губат работните места, бизнисите се затвораат, а нови инвестиции нема ниту на повидок“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски укажал и на извештајот на Европската комисија, во кој, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, се нотирани слабостите, но и злоупотребите на механизмите и институциите од страна на власта.

„Беше посочено дека ЕК забележува оти власта не се справува со корупцијата, која е навлезена во секоја пора од општеството. Мицкоски нагласи дека во земјата е нарушено владеењето на правото, се злоупотребува европското знаменце, како, на пример, за законот за марихуана, а криминалот и немањето на одговорност за застапени како никогаш досега. На средбата од страна на Мицкоски беше потенцирано дека ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија има идеи и мерки како Македонија да се справи со здравствената и економската криза, но и со другите предизвици, кои нè очекуваат периодов. Мицкоски додаде дека политиките на ВМРО-ДПМНЕ се јасни и конкретни и може Македонија да ја вратат на вистинскиот пат“, се наведува во соопштението.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Скандал е што пред споменикот на Гоце Делчев немаше ниту еден пoвисок претставник на владата

Објавено пред

Владата должи објаснување какви обврски имале Заев и нејзините бројни потпретседатели што не можеле да оддадат достојна почит на херојот Гоце Делчев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Акт на непочитување и вистински скандал е што на свеченото положување на цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Скопје не најде за сходно ниту еден пoвисок претставник на владата да се поклони и оддаде почит на великанот. Жално е што тие кои што треба да го бранат делото и заслугите на Гоце Делчев во преговорите со источниот сосед не најдоа засходно да се поклонат пред неговиот споменик на Денот на револуционерната борба 23 октомври“, велат од партијата.

Тоа покажува дека премиерот Зоран Заев, Радмила Шекеринска и Никола Димитров, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, се статисти во процесот и немаат елементарна почит кон заслугите на револуционерното движење и херојот Гоце Делчев.

„Имаме Влада која не ги почитува дејците кои дале живот за денешната слобода, државност и темелите врз кој што овие вредности почиваат. Владата на Заев должи објаснување какви обврски имале премиерот и нејзините бројни потпретседатели што не можеле да оддадат достојна почит на херојот Гоце Делчев“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Просечната плата во август зголемена за 9,6 отсто

Објавено пред

Просечната месечна нето плата по вработен во август годинава, според официјалните податоци на Државниот завод за статистика изнесувала 27.535 денари.Платата во август, и во услови на најголемата криза во светот, по втората светска војна, е зголемена за 9,6 отсто во однос на истиот месец минатата година, соопшти СДСМ.

„Од јуни 2017 година, кога СДСМ застана на чело на Владата, просечната плата во државата порасна за 4.727 денари. СДСМ преку бројни мерки и политики, во изминатиот период покажа што значи вистинска грижа за граѓаните, за економијата, за државата“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го доведува во опасност здравјето на сите граѓани

Објавено пред

Од почетокот на корона-кризата во земјата, ВМРО-ДПМНЕ дејствува неконструктивно со опструкции и критики, а сега со одолговлекување на донесувањето на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, опозицијата го покажа и своето нехумано лице и за дневнополитички поени, на коцка го става здравјето на сите граѓани, велат од СДСМ преку соопштение.

„Во време кога имаме нов бран на коронавирусот, кога се полнат болниците и расте бројот на заразени, ВМРО-ДПМНЕ, како и секогаш, одмага, или нема став или е спротивен на интересите на државата и на граѓаните.

Колку се неодговорни и несериозни покажуваат со тоа што во Собранието побараа одлагање на точката за измена на Законот за заштита на населението од заразни болести за да се вметнат нивни предлози, и наместо тоа на крај да предложат сосема друго, формирање паралелна специјална комисија за справување со Ковид-19, па дури и формираа нивна комисија внатре во партијата.

Нивното барање за формирање специјална комисија е уште едно во низата деструктивни дејствувања на опозициската партија. Комисијата за заразни болести е составена од стручни, докажани професионалци во здравството и нема никаква потреба од формирање нова, паралелна комисија.

ВМРО-ДПМНЕ едноставно не знае што прави, за 24 часа три пати го смени ставот, со вакво ВМРО-ДПМНЕ не може да се постигне договор за ништо.

Меѓу деструктивните потези на ВМРО-ДПМНЕ, особено се издвојува тоа што заменик-министерката за финансии во техничката влада не го потпиша заемот од Светска банка, наменет за поддршка на здравствениот систем и подготовка на дополнителни болнички капацитети за есенскиот бран, со кој се соочуваме сега.

Со тоа опозицијата практично го запре процесот за спроведување на проектот за брзо дејствување против последиците од кризата предизвикана од коронавирусот.

Прагот на толеранција во однос на политизирањето на процесите за справување со коронавирусот е надминат, не само во рамките на парламентот туку и кај граѓаните.

Да не бараа одлагање веќе ќе беа донесени измените на законот и мерките за заштита од коронавирусот.

СДСМ уште еднаш повикува на разум и одговорност, јавното здравје е над партиските интереси.

Коронавирусот нема да застане и да чека ВМРО-ДПМНЕ да игра политички игри и да го доведува во опасност јавното здравје, мерките мора да се донесат во најкус можен рок“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 час

Филипче: Лабораториите за тестирање работат во три смени

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче информира дека силниот есенски бран ги оптерети лабораториите за тестирање, но се работи...

Македонија11 час

518 нови случаи на Ковид-19 во земјава, починаа девет лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2367 тестирања, а регистрирани се 518 нови случаи на...

Регион12 часа

Бугарскиот премиер во самоизолација

Бугарскиот премиер Бојко Борисов е во самоизолација по контактот со заменик министерот за градежништво, Николај Нанков, кој беше позитивен на...

Македонија12 часа

(Видео) Северна Македонија и САД потпишаа меморандум за безбедност на 5G технологии

Премиерот Зоран Заев и потсекретарот за економски раст, енергија и животна средина во Владата на САД, Кеит Крач, потпишаа меморандум...

Македонија13 часа

(Видео) Заев – Хоти: Ако има потреба повторно ќе се воведат ПЦР тестови на граница

Северна Македонија и Косово традиционално позитивниот политички дијалог наскоро ќе го потврдат со прва заедничка седница меѓу Владите на двете...

Македонија13 часа

Мицкоски: Ако Заев се откаже од Гоце Делчев и јазикот, идната влада на ВМРО ќе ја поништи одлуката

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски, на денешниот протест, како што наведуваат, против „мафијата, за правда и слобода“, нагласи дека доколу...

Топ14 часа

Тепачка со ножеви и пиштоли меѓу две семејства во Кондово, двајца завршиле во болница

Две лица се повредени во тепачка меѓу две семејства во Кондово, во која биле употребени нож и пиштол. Како што...

Македонија18 часа

Свадба со 200 гости во Арачиново, полицијата најави пријави

Државниот пазарен инспекторат и полицијата растурија свадба во Арачиново со 200 гости и најавија кривични пријави за непочитување на мерките...

Регион19 часа

Во Словенија 1.656 нови случаи на коронавирус – се затвораат рестораните, хотелите, трговските центри

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 1.656 нови случаи на коронавирус, нешто помалку од претходниот ден. Бројот на...

Македонија20 часа

(Видео) Георгиевски за „Бгнес“: Сакаме зближување со Бугарија, Гоце Делчев нè обединува

И покрај „длабоката држава“ во Македонија, ние сакаме зближување со Бугарија, Гоце Делчев нè обединува, вели лидерот на ВМРО-Народна партија,...

Свет21 час

Истражување: Лекувањето на Ковид-19 со крвна плазма дава слаби резултати

Употребата на таканаречената конвалесцентна плазма или антитела од крвта на пациенти кои оздравеле од Ковид-19 како потенцијален третман за хоспитализирани...

Македонија21 час

Казнети рекордни 557 возачи за еден ден во Скопје

Полицијата вчера казнила рекордни 557 возачи во Скопје, од кои 93 за пречекорена брзина. Министерството за внатрешни работи во текот...

Свет21 час

(Видео) Последна дебата пред изборите: Трамп вети вакцина до крајот на годинава, Бајден апелира да се носат маски

Доналд Трамп и Џо Бајден разменија сериозни обвинувања на последната дебата пред претседателските изборите во САД што се одржа во...

Македонија22 часа

Владата именува нови директори на јавни претпријатија и државни агенции

Владата на седница донесе одлука за именување директори, в.д. директори и членови на Управни одбори на повеќе јавни претпријатија и...

Македонија22 часа

23 Oктомври – Ден на македонската револуционерна борба

Во Македонија денеска се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, државен празник и неработен ден за сите...

Спорт1 ден

Во последната секунда Вардар пропушти победа над Порто и фантастичниот Митревски

Вардар во уште еден драматичен финиш, не успеа да ја забележи втората победа едноподруго во ЕХФ Лигата на шампионите, откако...

Македонија1 ден

Дурловски се повлекува од пратеничката функција

Пратеникот Игор Дурловски од ВМРО-ДПМНЕ го напушта Собранието. Тој на социјалните мрежи напиша дека негови приоритети се националните интереси по...

Македонија1 ден

Георгиевски во Софија на средба со Захариева

Лидерот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, денеска имаше средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева. Информацијата...

Регион1 ден

Дачиќ е избран за претседател на српското собрание

Лидерот на Социјалистичката партија на Србија (СПС) и досегашен министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, е избран за претседател на...

Македонија2 дена

Нови 640 заболени и 12 починати од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.634 тестирања, а регистрирани се 640 нови случаи на...

Досие