Контакт

Соопштенија

Мицкоски на разговор со Дорис Пак: Високата корупција во власта ја загрозува европската перспектива

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, денеска остварија средба со претседателка на Асоцијацијата на жени во Европската народна партија, Дорис Пак и Јоханес Реј, директор на Фондацијата Конрад Аденауер во Македонија.

Како што информираат од опозициската партија, на средбата се разговарало за актуелните политички случувања во земјава, претстојните предвремени парламентарни избори и соработката помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Европската народна партија како и со Фондацијата Кондрад Аденауер.

Мицкоски истакнал дека во Македонија постои голем проблем со високата корупција, проблем за кој, како што рекол, оваа власт не нуди решение.

„Голем број високи партиски и државни функционери од актуелната власт на СДСМ се вмешани во корупциски скандали за кои до ден денес нема правен епилог. На овој начин власта ја загрозува македонската европска перспектива и дава аргумент повеќе на противниците на проширувањето на Европската Унија во Брисел“, нагласил партискиот претседател.

На средбата се разговарало и за предвремените парламентарни избори и дошло до размена на знаење и искуства на ВМРО-ДПМНЕ со Фондацијата Конрад Аденауер во пресрет на истите.

Мицкоски исто така нагласил дека за ВМРО-ДПМНЕ и Република Македонија стратешка цел и определба е членството во Европската Унија.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Уште еден пораз за Филипче, медицинскиот персонал почна да си дава откази

Објавено пред

Додека министерот за здравство, Венко Филипче, ја убедува јавноста дека сè е под контрола, три сестри од Клиниката за инфективни болести си дадоа откази. Клучната клиника во борбата против Ковид-19 останува без персонал, и тоа персонал кој е незаменлив, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, отказите на медицинските сестри се голем пораз за Филипче.

„Отказите на медицинските сестри се доказ дека здравствениот систем не функционира онака како што убедува Филипче. Отказите на медицинските сестри се доказ дека кажувањата на Филипче дека сè е под контрола во борбата против коронавирусот се лага. Лагите на Филипче дека Македонија добро се справува со борбата против коронавирусот излегуваат на виделина. Дека лаже Филипче му докажува медицинскиот персонал. Отказите што си ги поднесоа три сестри од клучната клиника за борба против Ковид-19 или Клиниката за инфективни болести се пораз за Филипче“, пишува во соопштението.

Македонија, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, и онака останува без медицински персонал и секоја здравствена установа е десеткувана, без доволно медицински кадар.

„Што треба да се случи за Филипче да се фати за работа, да ја извршува функцијата министер за здравство и да се грижи за здравствениот систем и како граѓаните да добијат навремени и соодветни услови за лекување наместо да се грижи за парцели и градење куќи и згради“, пишува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Онлајн-платформата сѐ уште е во тест-фаза, опозицијата е деструктивна

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ 11 години системски го уништуваше образованието на секое ниво, а денес како опозиција продолжува со деструктивно однесување, кое е спротивно на учениците, наставниците и образовниот процес, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија како реакцијата на обвинувањата претходно изнесени од ВМРО-ДПМНЕ.

Социјалдемократите реагираат дека несериозно, неодговорно и крајно незрело е да се напаѓа проект кој сѐ уште официјално не е почнат и сѐ уште се наоѓа во тест-период.

„Првпат во државата се воспоставува сложен и масовен онлајн-систем и тоа се прави за исклучително кус рок. До утрово на платформата успешно се вклучија 88.000 корисници, предизвици секако дека ќе има, но она што е важно се посветеноста и аганажираноста на сите вклучени страни во брзо надминување на предизвиците и воспоставување целосно функционален систем на онлајн-настава“, нагласува владејачката партија.

Оттука оценуваат дека ВМРО-ДПМНЕ нема право да зборува за технологии во образованието затоа што учениците воопшто не ги виделе компјутерите што требало да бидат наменети за секое дете, а вредеа десетици милиони евра. Од СДСМ велат дека потврда за тоа има и од Државниот завод за ревизија, каде што во извештаите јасно стои дека компјутерската опрема не била евидентирана ниту, пак, бил почитуван законот за предавање на опремата на училиштата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, место за здравјето и животите на граѓаните, се грижи за градежниот бизнис

Објавено пред

„Неколку дена по ред стапката на заразени во однос на бројот на тестирани е над 10 %. Состојбата станува алармантна, а од министерот Венко Филипче нема ни трага ни глас. Додека министерот Филипче се занимава со градежен бизнис, здравството во Македонија колабира“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, бројот на вкупно заболени од коронавирус надмина 17.600 заболени лица и достигна до речиси 730 починати, што е далеку повеќе од прогнозите на министерот. Македонија во пресрет на вториот бран од епидемијата има рекордни бројки на заболени и починати.

„Дополнително, главниот ковид-центар во државата, болницата ‘8 Септември’ е пред финансиски колапс и нема доволно средства за набавка на материјали и нормално работење, а другите болници секој ден се полнат со сè повеќе заболени. Во болницата во Козле бележат зголемен број на заболени деца и мајки од вирусот, а исто така се бележат секој ден нови бројки на заразени деца во градинките во Скопје и Македонија. Епидемијата се шири без контрола. На целата ваква состојба, од Министерството одговараат со мал број тестови, кои и покрај бројот, покажуваат дека огромен број од тестираните се заразени од вирусот.

Тоа значи дека министерот за здравство станува сè повеќе министер за ширење зарази и епидемии, кој без јасен план и мерки нè воведува во нов ризичен период. Мафијата на власт се грижи за своето богатење, а не и за здравјето и животот на граѓаните“, додаваат од партијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион9 минути

Грчките свештеници загрижени за барањето до Вартоломеј за автокефалност на македонската црква

Грчките црковни кругови ги коментираа барањата на македонските власти до Вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалноста на македонската црква. „Задната врата“...

Македонија41 минута

Сојузот на средношколци најави бојкот во ноември ако не се дозволи комбинирана настава

Сојузот на средношколци најави бојкот на наставата од ноември, доколу во октомври остане стабилна епидемиолошката состојба, а институциите не дозволат...

Македонија1 час

Милошоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против одлуките за вонредна состојба

Заврши координацијата на пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“, по којашто пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски информираше дека...

Регион2 часа

Албанија го одложи почетокот на училишната година

Албанија го одложи почетокот на училишната година за ноември откога бројот на заразени од коронавирусот во еден ден се зголеми на...

Топ3 часа

Приведена дилерка на кокаин во Тетово

Полицијата приведе 45-годишна жена од Теотово осомничена за продажба на кокаин. Според информациите од МВР, таа ја криела и ја...

Свет3 часа

Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании: го зголемуваме производството на вакцини со невидена брзина

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании за да соработуваат во производството на вакцина против...

Македонија3 часа

Потрошени 6,7 милиони евра за итни набавки за заштита од Ковид-19, најмногу потрошило МВР

За итни набавки за заштита од коронавирусот, во првите шест месеци од кризата биле потрошени 6,7 милиони евра, покажува извештајот...

Македонија4 часа

Филипче на средба со медицинските сестри кои дадоа отказ од Инфективна – се обидел да ги убеди да останат

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово се сретнал со трите медицински сестри од Инфективната клиника кои дадоа отказ. Според објавата...

Свет5 часа

(Видео) Хаотична прва дебата меѓу Трамп и Бајден

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот противкандидат, поранешниот потпретседател и сенатор Џо Бајден, синоќа ја имаа првата од трите дебати...

Свет5 часа

Премиерот на Ерменија: За конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение

Премиерот на Ерменија, Никол Пашињан изјави дека за конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение. Пашињан за телевизијата Русија 1 рекол...

Свет19 часа

Кремљ: Путин планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус

Рускиот претседател, Владимир Путин, планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус, рече неговиот портпарол. „Путин планира да се...

Македонија20 часа

Алаѓозовски и Поповски именувани за национални координатори во Владата

Владата на денешната седница ги именува поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски и поранешниот министер без ресор задолжен за комуникации,...

Македонија20 часа

Игротеките почнуваат со работа

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на игротеките. „Владата го усвои протоколот за работа на игротеките во...

Македонија20 часа

Владата одобри целоднeвна настава во училиштата

По препорака на Комисијата за заразни болести, Владата на денешната седница одобри целодневна настава во училиштата. „Одобрена е организацијата на...

Македонија23 часа

(Видео) Потпишан етичкиот кодекс, функционерите се обврзаа на транспарентно и одговорно работење

На седница на Владата денеска беше потпишан кодексот за етичко однесување на носителите на јавни функции. По тој повод, заменик-претседателот...

Свет23 часа

(Видео) Војската на Нагорно-Карабах соборила два азербејџански хеликоптера

Војската на Нагорно-Карабах собори два азербејџански хеликоптера користејќи ракети „земја-воздух“ – „игла“, објави прес-секретарот за ерменското Министерство за одбрана, Шушан...

Македонија24 часа

Осум починати и 112 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Фетаи ќе бара затворски казни за сите обвинети во „Насилство во Центар“

Обвинителката Фатиме Фетаи ќе бара затворска казна за Миле Јанакиески и другите обвинети со жалба во апелација откако Кривичниот суд...

Македонија1 ден

Царовска: Место да ја бојкотираат онлајн-наставата, родителите, градоначалниците и директорите да седнат и да се договорат

Бојкот на онлајн-наставата нема да им донесе ништо добро на децата, рече денес министерката за образование и наука, Мила Царовска....

Македонија1 ден

(Видео) Затворска казна за Груевски, а условна за Јанакиески и за извршителите во „Насилство во Центар“

Судот изрече казна затвор од 1 година и 6 месеци за Никола Груевски, а за Миле Јанакиески условна казна од...

Досие