Контакт

Соопштенија

Мицкоски на средба со коалициските партнери: Никој нема право да им наложува на граѓаните како да постапуваат

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сретна со партнерите од коалицијата „За подобра Македонија“. Како што соопштија од партијата, на средбата се разговарало за актуелните политички случувања, капитулантскиот договор со Грција, претстојниот референдум за промена на името и корупциските афери и скандали на власта, односно масовниот грабеж што се одвива зад сцената.

„Коалицијата ‘За подобра Македонија’ го потврди ставот дека не може да се согласи со капитулантскиот договор со кој се бришат името, јазикот и идентитетот на државата.
Претседателот Мицкоски на коалициските партнери им го соопшти ставот на партијата кој се базира на достоинството и разумот на граѓаните, сами да одлучат како ќе постапат на 30 септември. Ниту СДСМ, ниту ВМРО ДПМНЕ имаат право да им наложуваат на граѓаните како да постапат по едно вакво историско прашање од кое не зависи само иднината на сегашните, туку и на идните генерации. Само политичари кои се длабоко навлезени во криминал и кои знаат дека народот ги прочитал и очекува да си заминат би се плашеле од давање доверба на граѓаните сами да одлучат. Само политичари со црни петна зад себе, кои не веруваат и го потценуваат народот, може да се сомневаат во неговиот капацитет“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ по средбата.

Било истакнато дека Република Македонија се наоѓа во многу тешка и деликатна ситуација, пред сè, како што стои во соопштението, поради неодговорноста на политичари и луѓе водени од желбата за остварување на личен профит и комодитет, додека ги распродаваат државните и националните интереси.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски рипна да го брани својот шеф, ги легитимираше дури и насилствата од 27-ми април

Објавено пред

Христијан Мицкоски веднаш рипна да го брани неговиот шеф – осудениот криминалец и бегалец Никола Груевски. Тој се стави во одбрана на осомничените насилници и организатори на насилството од 27-ми април, реагираа од СДСМ на прес-конференцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Дваесет и седми април е најтрагичниот датум во историјата на нашата држава. Ден кога со насилниот упад во Собранието беа загрозени животите на пратеници, новинари и вработени во Собранието.

Мицкоски денеска застана зад нападот на уставниот поредок и темелите на демократијата што се случија тој ден. Очигледно исфрустриран од сопствената безидејност, од загубената поддршка кај граѓаните и немоќта да го одбрани криминалот на Никола Груевски.

Затоа Мицкоски се заканува кон судии и обвинители, се меша во судството, зборува за убиства“, се вели во реакцијата на владејачката СДСМ.

Од партијата додаваат дека не е Мицкоски тој што треба да кажува кој е виновен, а кој не од белиот дворец, туку судот и надлежните институции.

„Република Северна Македонија е правна држава. Сите оние кои биле извршители и нарачатели крвавите настани на 27-ми април, мора да понесат одговарност согласно законите, низ транспаретна судска постапка.

А, за тоа кој е готов, на кому му отчукува часовникот и кој паѓа ќе видиме мноу брзо. Еве ги претседателските избори Мицкоски и нема бегање, те чека пораз, твоите нервозни реакции нема да се спасат. Можеш да размислуваш за оставка во сопствената партија“, се додава во реакцијата на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Граѓаните нема да дозволат нов Иванов

Објавено пред

Граѓаните нема да дозволат нов Иванов кој ќе работи против ЕУ и НАТО. Мицкоски, Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ нека се подготват за пораз, вели Социјалдемократскиот сојуз на Македонија реагирајќи на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„СДСМ како одговорна и државотворна партија, во демократска, отворена постапка избира претседател на сите граѓани на Република Северна Македонија, а не партиски послушник како ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните од ВМРО-ДПМНЕ можеа да видат уште една фарса од огласи, фарса од конвенција за на крајот Мицкоски сам да си го избере својот послушник. Веројатно затоа Мицкоски има кандидатка која сама наметнува дебата дали е кактус, фикус или нешто друго“, велат од СДСМ.

На Република Северна Македонија и на граѓаните, како што додаваат, не им е потребен партиски послушник кој како Мицкоски и Иванов ќе работи против НАТО, против ЕУ, против иднината и напредокот.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Состојбата со безбедноста во сообраќајот е хаос

Објавено пред

Состојбата со безбедноста во сообраќајот е катастрофална. Граѓаните секојдневно гинат додека на Спасовски и Заев прв приоритет им е доделувањето на монополскиот бизнис со испитните центри на фирми без никакво искуство кои го исполниле единствениот критериум, а тоа е блискоста со картелот на власт, обвинува ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Оливер Спасовски ниту врши контрола, ниту го интересира безбедноста на граѓаните. Хаосот на подрачјето на СВР Тетово кулминира. Пред два дена во село Доброште, Тетовско, црниот биланс беше две жртви во сообраќајна незгода. Се возат нерегистрирани автомобили, се врши несоодветен технички преглед, не се почитуваат сообраќајните правила, а Спасовски не реагира. МВР е во хаос, а непостапувањето завива десетици семејства во црно“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата додава дека сè уште нема официјални информации за катастрофалната несреќа во која животот го загубија 15 граѓани. Велат, Спасовски мора да одговори пред граѓаните дали и зошто на станицата за технички прегледи „Авто-мото здружение“- Гостивар, чиј сопственик е сопственикот на „ Дурмо турс “, откако ѝ била одземена дозволата за работа од страна на МВР, потоа ѝ била вратена за неполна недела дена, иако според закон тоа не можело да се случи за период пократок од 30 дена.

„Поради кои причини е одземена дозволата за работа на техничкиот преглед каде што регистрација врши ‘Дурмо турс’ и по кои основи истата е вратена? Кој го потпишал решението за враќање на дозволата за работа, иако постоела законска пречка и дали се вршени регистрации во рокот кога техничкиот преглед немал лиценца? Уште колку животи треба да згаснат за Спасовски конечно да преземе одговорност? Граѓаните немаат информации, што е причина за несреќата, ниту, пак, околностите во кои настанала“, прашува опозицијата.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Крвав четврток8 часа

Притвор за Јанакиески и Ристовски, за Груевски нова екстрадиција

Судијата на претходна постапка по барање на Јавното обвинителство им одреди мрека пртивор од 30 дена на поранешните министри Миле...

Македонија10 часа

(Видео) Мицкоски: „Апси Заев, можеш да нарачуваш и убиства, но нема да ти се исплашиме“

По информациите за вечерашното приведување на тројцата функционери на ВМРО-ДПМНЕ – Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, вечерва прес-конференција...

Крвав четврток10 часа

Русковска: Бараме притвор за Јанакиески и Ристовски поради опасност од бегство

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал при ЈО, Вилма Русковска, изјави дека распитот на осомничените ексфункционери од ВМРО-ДПМНЕ, Спиро Ристовски...

Крвав четврток12 часа

Вељаноски: Не чувствувам вина за упадот во Собранието

Поранешниот претседател на парламентот, Трајко Вељаноски, штотуку излезе од Основниот суд Скопје 1, каде што беше повикан на распит за...

Македонија13 часа

Трамп со писмо до Заев: Ви честитам за лидерството, обезбедивте просперитетна иднина за Северна Македонија

Премиерот Зоран Заев денеска прими писмо од американскиот претседател, Доналд Трамп, во кое тој нагласува дека Северна Македонија е голем...

Македонија14 часа

Зелената градина на ГТЦ му се наметнува исто како и барокот, архитектите разочарани

Зелената градина за покривот на Градскиот трговски центар ги разочара архитектите како стручна јавност, а незадоволни се и скопјани, кои...

Македонија15 часа

Половина милион евра исплатени лани за патни трошоци на пратениците

Над 525 илјади евра биле исплатени за патни трошоци на пратениците во Собранието минатата година, покажува анализата на „Макфакс“ од...

Македонија16 часа

Заев потврди, Села му се налутил поради одземените ингеренции на Таравари

Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања потврди дека Зијадин Села не дошол на денешната средба за консензуален претседателски кандидат поради...

Македонија17 часа

Бектеши не чувствува морална одговорност за вработувањето на сестра му во МЕПСО

Министерот за економија, Крешник Бектеши, изјави дека не чувствува морална одговорност за вработувањето на неговата сестра во МЕПСО. Тој вели...

Топ17 часа

Села му се налути на Заев, не доаѓа на средба

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, одби да присуствува на закажаната средба со премиерот Зоран Заев, на која требаше...

Македонија18 часа

Ниту еден родител не е казнет за невакцинирано дете од почетокот на епидемијата на морбили

Ниту еден родител не е казнет за невакцинирано дете од почетокот на епидемијата на морбили иако пред два месеца само...

Топ18 часа

Дедото на Кирацовски ќе се повлече од работното место

Таткото на сопругата на пратеникот Александар Кирацовски, Борис Поповски, ќе се повлече од работното место, објави на „Фејсбук“ Кирацовски. Тој...

Македонија19 часа

Заев и Димитров нема да одговараат за велепредавство

Скопското обвинитeлство ја отфрли кривичната пријава на Светскиот македонски конгрес поднесена против премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи,...

Македонија20 часа

Сопругата на директорот на ЕЛЕМ вработена како шефица на кабинет во Централен регистар

Александра Миновска, сопруга на директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски, од октомври минатата година е вработена како шефица на кабинет кај...

Македонија21 час

Две бомби од Првата светска војна пронајдени во Битола

Вчера на булеварот 1 Мај во Битола, во близина на местото викано Црн Мост при изведување на градежни работи при...

Регион21 час

Непознат маж му се заканувал на Мицотакис со бомба

Лидерот на опозициската Нова демократија во Грција, Киријакос Мицотакис, пријавил синоќа закана со бомба која ја добил додека сè уште...

Македонија21 час

Бугарија го ратификуваше протоколот за НАТО

Со 140 гласа „за“, бугарскиот парламент го ратификуваше протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, објави бугарската новинска агенција...

Македонија22 часа

Синот на пратеникот Мисовски: Поднесов оставка поради хистеријата, се надевам јавноста ќе здивне

Откако Кристијан Мисовски, син на пратеникот Горан Мисовски, пред четири дена се повлече од работното место во Агенцијата за супервизија...

Свет22 часа

Ердоган: Турција не ќе може сама да се справи со нов бегалски бран од Сирија

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, изјави дека неговата земја нема да може сама да се справи со уште еден бран...

Свет23 часа

Најмалку четворица повредени откако лавина зафати швајцарски скијачки центар

Четири лица беа повредени, од кои еден е во критична состојба, откако лавина ја погоди скијачката патека „Плен мор“ во...

Досие