Контакт

Соопштенија

Мицкоски: Празникот Водици годинава нека биде симбол за обновата на Република Македонија

Објавено пред

Христијанските вредности, љубовта, добрината, хуманоста и проштевањето нека ни бидат ѕвезда водилка во нашите животи, истакнува во својата честитка по повод православниот празник Богојавление – Водици, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој честитката ја упатува до Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан и до сите православни христијани.

„Денешниот голем празник е симбол на новиот почеток и духовното раѓање, пример за сите верници христијани за патот по кој тие треба да чекорат. Шансата значи нов почеток, оваа година, овој празник нека е симбол за обновата на Република Македонија, која насушно е потребна“, посочува претседателот на опозициската партија.

Како што вели тој, треба да завршат времињата кога граѓаните се оставани на страна, кога политичарите се ставаат над интересите на државата и кога политиката ја има во секоја пора од општеството, делејќи го народот и создавајќи конфликти.

„Сите заедно сплотени, обединети во традиционалните вредности да си ја обновиме државата, да ја кренеме главата гордо високо и да им ставиме крај на поразите. На државата и е потребна работа и проекти, раст и напредок, да си ја вратиме назад националната гордост“, стои во честитката на Мицкоски во која тој посакува многу здравје, радост, среќа и бериќет за сите граѓани.

Соопштенија

Демократски сојуз: Со објавување на нелегално снимени разговори се загрозува приватноста

Објавено пред

Демократскиот сојуз смета дека со објавување на нелегално снимени разговори се загрозува приватноста и правната сигурност на граѓаните.

Од оваа партија апелираат Јавниот обвинител во соработка со МВР и другите институции доследно да ги применуваат законските овластувања:

– Прво, разговорите да се користат за проверување на изнесените работи преку собирање информации, факти и докази, како и за покренување  соодветни постапки;

– Второ, да се поведува постапка за неовластено снимање разговори;

– Трето, да се поведува постапка за тие што неовластено објавуваат тајно и нелегално снимени разговори.

Од Демократскиот сојуз негласуваат дека се за заштита на јавниот интерес и поддржуваат објавување разговори со кои се разоткриваат криминални активности, но, како што велат, мора да постои и одговорност за злоупотреба на приватноста за политички цели.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: По победата на изборите ќе реализираме целосна гасификација

Објавено пред

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која очекува победа на претстојните избори, најавуваат дека по 12 април, кога ќе ја формираат новата Влада, ќе следи обнова која ќе значи почист воздух и повеќе здравје за граѓаните.

Велат дека еден од клучните приоритети на новата Влада ќе биде животната средина и чистиот воздух.

„Се обврзуваме на обнова која ќе донесе до 50-тина проценти почист воздух во првиот мандат. Тоа подразбира намалување на загадувањето за 50 проценти. Оваа ќе значи реализација на целосна гасификација на државата, создавање услови гасот да биде достапен до секое домаќинство и да стане широко распространет енергенс кој ќе се користи. Воедно тоа подразбира и негово користење од државните институции, како и од компаниите кои се загадувачи.

Истовремено новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе инвестира во зелени екопроекти и нови вложувања во екологијата. Сето ова сериозно ќе го намали загадувањето или најмалку до 50-тина проценти на крајот од мандатот од тоа што е состојбата сега. Почист воздух за повеќе здравје.

ВМРО-ДПМНЕ обврзува на обнова која подразбира инвестиции во обновливи извори на енергија. Ветерен парк Миравци за складирање на енергијата, за првпат изградба на таков проект во нашата држава. Ветерен парк Миравци, којшто ќе располага со ветерен потенцијал со вкупна инсталирана моќност и производство на електрична енергија од 300 GWh. Системот за складирање на оваа електрична енергија ќе овозможи енергијата што се произведува во периодите кога има вишоци да биде складирана и истата во периоди на недостиг да биде испорачана до потрошувачите, со што ќе бидат опфатени околу 6.000 домаќинства.

По 12 април ќе дојде обновата на Република Македонија. Обновата ќе значи повеќе за секој граѓанин на Република Македонија“, најавуваат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Обезбедивме рекореден пад на невработеноста и 60.000 нови работни места

Објавено пред

За само 2.5 години обезбеден е рекорден пад на невработеноста на 17,1 насто, а истовремено невработеноста на младите падна за 13 проценти на 35,3 насто, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку соопштение.

Мерките ја стабилизираа економијата, велат од СДСМ, и обезбедија раст кој овозможи унапредување на животниот стандард на граѓаните и овозможи отворање на 60.000 нови работни места.

„Имаме план и знаеме како со успешни и конкретни економски политики да создадеме клима за отворање нови работни места.

Еден од клучните механизми за остварување на таа цел е Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот, кој годинава очекуваме да вклучи 12.000 невработени лица.

За Оперативниот план за вработување во 2020 година се издвоени рекордни 1,45 милијарди денари за инвестиции во претприемништво, поддршка за креирање нови работни места, обуки и доквалификација, особено во информатичката технологија, практиканство, а продолжува и реализацијата на Гаранцијата за млади.

Во 2020 година очекуваме отворање на нови 1.364 микро бизниси, за кои се издвоени 447 милиони денари. Во моментов мерката за самовработување е отворена и само за една недела има доставено 1.200 апликации.

Оперативните мерки и во 2020 предвидуваат обуки и доквалификации и за дефицитарни занимања, за да им се излезе во пресрет на потребите на пазарот на трудот, со нив е планирано да се опфатат 3.224 лица.

Во Гаранција за млади се вклучија над 18.000 лица, од кои 35% се стекнале со практиканство, обука или биле вработени. Тоа е повисока реализација и од европскиот просек на оваа мерка, кој изнесува 33 отсто.

Покажавме дека имаме визија и знаеме како од Република Северна Македонија да направиме развојна и просперитетна држава.

Продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат нови и добро платени работни места и повисоки плати за работниците. За СДСМ секој граѓанин е важен“, велат од СДСМ во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Филипче: Кај двајца нема корона, за третиот ги чекаме резултатите

Тестирања за коронавирус се извршени врз три лица кои се пријавиле на Клиниката за инфективни болести со симптоми на грип....

Економија4 часа

Бебе имало дивиденда над 1 милион денари во 2018 година, а скопјанка пријавила приход од 17 милиони евра

Скопјанка со годишен бруто-приход од 17, 1 милион евра е најбогатата Македонка. Таа во 2018 година пријавила во УЈП годишен...

Свет4 часа

(Видео) Бебе кое има само 17 дена излечено од коронавирус

17-дневно бебе од Вухан, на кое му беше дијагностицирана инфекција со коронавирус КОВИД-19 веднаш по неговото раѓање, заздравило без лекување...

Македонија4 часа

(Видео) Обвинетите за организација на крвавиот четврток во судот рекоа дека ќе докажат оти не се виновни

Заврши главната расправа за организација на насилствата на 27 април. За случајот обвинети се поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, поранешните...

Регион4 часа

Во Грција потврден прв случај на коронавирус

Прв случај на новиот коронавирус е потврден денеска во Солун, во соседна Грција, соопшти грчкото Министерство за здравство. Станува збор...

Регион6 часа

Близнаци заразени со коронавирус во Хрватска

Двајцата заразени од коронавирус во Хрватска се близнаци. Како што пишуваат хрватските медиуми, затворена е фирмата каде што работел едниот...

Европа6 часа

Во Италија заразени пет деца, во Австрија почина италијанска туристка

Петмина малолетници се заразени со коронавирус во Италија. Четворица од нив се во Ломбардија, а еден случај е забележан во...

Забава7 часа

НАСА објави видео за Месечината снимена од астрoнаутите на Аполо 13

Дали некогаш сте посакале да ја видите Месечината снимена одблизу од астронаутите од Аполо 13 на нивната мисија во вселената?...

Економија8 часа

Најбогатите во светот за само еден ден изгубија 120 милијарди евра

Најбогатите 500 луѓе во светот во понеделникот изгубија 139 милијарди долари, или над 120 милијарди евра на берзите, што ги...

Македонија8 часа

Од денеска до 11 март граѓаните ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список

Од денеска до 11 март на полноќ граѓаните ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список преку апликацијата на веб-страницата...

Македонија9 часа

Патничката од Милано нема коронавирус, покажаа анализите

Резултатите на пациентката која синоќа беше тестирана на коронавирус на Инфективната клиника во Скопје се негативни, соопшти Министерството за здравство,...

Спорт19 часа

За три месеци ќе се знае дали ќе има Олимпијада во Токио

Членот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ), Дик Паунд предупредува дека наскоро ќе мора да се донесе одлука за откажување на...

Македонија21 час

Продолжен притворот за Емил Јакимовски, пресуда на 6 март

Нови 30 дена притвор му биле определени на Емил Јакимовски, поранешниот вработен во Централниот регистар и член на ВМРО-ДПМНЕ, обвинет...

Македонија21 час

Мицкоски побара да се поведе истрага за Заев: „Слушнавме како ја егзекутира правдата“

„Ова е протестен марш со кој почнува крајот на неславното владеење на СДСМ“. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го...

Македонија1 ден

Филипче: Дојдените од Италија да побараат преглед дома ако почувствуваат симптоми на коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека оние што допатувале од Италија и имаат симптоми на болеста...

Македонија1 ден

Патникот од Дубаи нема коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека патникот од Дубаи, кој јавил симптоми, нема коронавирус. „Вториот случај што го тестиравме...

Македонија1 ден

Владата со препораки за коронавирусот – да се откажат сите патувања и екскурзии на учениците во Италија

Владата донесе повеќе заклучоци и препораки за превенција и заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните од коронавирусот. Како...

Регион1 ден

Во Хрватска потврден првиот случај на коронавирус

Потврден еден случај на заразен со коронавирус во Хрватска. „Се работи за помлад човек, кој се наоѓа на Клиниката за...

Македонија1 ден

Маж варел кафе на плин и го предизвикал пожарот во Ново Лисиче

Од запалениот стан во Ново Лисиче пожарникарите извлекле петмина, меѓу кои една неподвижна жена и маж, кој од стресот не...

Актуелно1 ден

Режисерите на „Медена земја“ подготвуваат нови филмови

Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, македонските режисери на документарниот филм со двојна номинација за Оскар „Медена земја“, се подготвуваат за...

Досие