Контакт

Соопштенија

Мицкоски се сретна со францускиот амбасадор Тимоние

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес се сретна со амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние. На средбата се разговарало за актуелната политичка и економска состојба во која се наоѓа Република Македонија, како и за стратешките и реформските процеси што се од голема важност за државата.

„Мицкоски на средбата информира за политичкиот прогон што го спроведува власта преку монтирани случаи и злоупотреба на институциите. Претседателот Мицкоски посочи дека таквото однесување на власта е далеку од европските вредности кон кои се стреми државата. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ изрази загриженост за сè полошата економска ситуација во која се наоѓа земјава. Поради неспособноста на власта да обезбеди економски раст и поради катастрофалната реализација на капитални инвестиции, граѓаните живеат сè полошо“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Двајцата соговорници се осврнале и на реформските процеси важни за приклучување на Република Македонија во ЕУ и НАТО. Мицкоски истакнал дека ВМРО-ДПМНЕ го поддржува секој процес доколку тој е во насока на јакнење на демократијата и е од интерес за граѓаните.

„На средбата беше истакнато дека од огромно значење е поддршката на Република Франција за членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО, но за тоа неопходно е земјава сериозно да се зафати со реформите, каде што, за жал, моментно власта сериозно заостанува“, соопштија од партијата.

Соопштенија

Измените на изборните правила се брутален напад врз демократијата, смета Демократскиот сојуз

Објавено пред

Демократскиот сојуз оценува дека предлог измените на Изборниот законик доставени до Собранието по скратена постапка, се спротивни на демократските стандарди и правила и со нив загрозени се темелните Уставни вредности.

Иако како главна причина за промени на изборните правила се наведуваат препораките на ОБСЕ и ОДИХР, со самиот факт дека измените на Изборниот законик се носат два месеца пред одржувањето на локалните избори, флагрантно се кршат токму препораките на ОБСЕ и ОДИХР за забрана за измени на изборните правила шест месеци пред избори, забележуваат од оваа партија.

Демократскиот сојуз потсетува дека промената на изборните правила во демократските земји вообичаено е процес кој вклучува широка јавна расправа, со учество на експерти, невладини организации и најширок можен консензус на политичките партии. Во случајов четирите најголеми парламентарни партии од власта и од опозицијата, од македонскиот и од албанскиот табор, на средби затворени за јавноста се договориле да скројат измени на изборните правила кои сериозно ја ограничуваат можноста на граѓаните за избор на најдобрите кандидати и оневозможуваат рамноправен политички натпревар и учество на изборите на помалите политички партии, вонпарламентарните партии и граѓанските листи.

Од партијата сметаат дека предложениот цензус од 3 отсто гласови од запишаните избирачи кои треба да ги освои еден кандидат за да може да биде избран независно од местото на кандидатската листа, е срамна опструкција на идејата за отворени листи.

„Доколку се усвои овој предлог, тоа директно ќе го спречи изборот на подобрите и поквалитетни кандидати за советници, што всушност е и смислата на концептот за отворени листи. Ваквиот предлог исто така е насочен да ја зацврсти партиската диктатура кај доминантните политички партии и да ги елиминира кандидатите од помалите политички партии кои настапуваат во коалиција со поголемите“, потенцираат од оваа партија.

Демократскиот сојуз смета дека е скандалозен и предлогот за определување цензус од 2 отсто собрани потписи од запишаните избирачи како услов за пријавување на независни кандидатски листи, што има за цел да ги елиминира граѓанските листи и да обезбеди чист терен за големите политички партии од власта и опозицијата.

На тој начин, според нив, се уништува благородната демократска идеја граѓаните директно да учествуваат во кроењето на општинските совети и креирањето политики на локално ниво.

Демократскиот сојуз исто така оценува дека предлогот за поделба на медиумското време во изборната кампања – од вкупно 9 минути платена политичка програма на 1 час емитувана програма на ТВ и радио – предлог измените предвидуваат 4 минути за парламентарните партии од власта, 4 минути за оние од опозицијата и само 1 минута вкупно за сите други помали парламентарни и вонпарламентарни партии, е натамошен жесток удар врз можноста за рамноправно политичко претставување пред граѓаните што, пак, е услов за одржување фер и демократски избори.

„Со предлог измените се ограничува и можноста помалите политички партии да трошат и сопствени пари за политичко рекламирање на социјалните мрежи.
Од вкупно 8000 евра колку што предвидува законот за дневно трошење пари на сите партии за рекламни објави на социјалните мрежи, четирите големи партии заедно може да потрошат 7200 евра, а сите други помали партии 800 евра вкупно!“, реагира партијата на Трајанов.

Поради сето ова, Демократскиот сојуз ги повикува најголемите партии од власта и опозицијата односно пратениците предлагачи веднаш да ги повлечат предлог измените на Изборниот законик од парламентарна процедура, локалните избори да се организираат со стариот закон, а по изборите да се отвори јавна расправа и да се усвојат измени на изборните правила со најширок партиски и граѓански консензус.

„Инаку многу е дискутабилна улогатата на министерот за правда кој се шета низ Парламентот во улога на “РЕВИЗОР”,инаку подготвувач и неформален предлагач на законот“, забележуваат од Демократскиот сојуз.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски го крши законот, повеќе од три недели не се издаваат лични карти, граѓаните во хаос

Објавено пред

Од 5 јули до денеска не е издадена ниту една лична карта. Тоа се повеќе од три недели како управните служби на МВР не си ја извршуваат со закон регулираната должност, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според оваа партија, согласно законот за лични карти, МВР е должна, како што подвлекуваат, во рок од 15 дена од приемот на барањето да ја издадат личната карта.

„Поради неспособноста на Спасовски голем број на наши сограѓани се оставени без документ за идентификација и им е оневозможено да ги користат своите сметки, да подигаат пензија или плата. Застој има и во правниот промет зошто голем број на граѓани не можат да склучуваат договори и да се појавуваат како договорна странка било пред државен орган или помеѓу физички и правни лица“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Постетуваат дека ваквата како штo ја нарекуваат неспособност на Спасовски ги чини граѓаните пари и изгубена добивка.

„Друг дел ги чини лоша егзистенција затоа што не можат да си го подигнат од банка единственото примање. Спасовски мора да понесе одговорност. Не може системот за издавање на лични документи да е нефункционален, а тој да нема одговорност“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ЛДП И ДОМ остро реагираат кон власта и опозицијата со поднесени амандмани за отворените листи

Објавено пред

За нас е неприфатлив предложениот праг од два процента за независни кандидати на локалните избори, нашиот предлог е прагот да изнесува 0,5 проценти, само така ќе се овозможи олеснато вклучување на независните кандидати во единиците на локалната самоуправа, остро реагираат ЛДП и ДОМ со поднесување амандмани на предложениот изборен законик од страна на пратениците Моника Зајкова, Маја Морачанин и Боби Мојсоски.

„Во однос на другите поднесени амандмани, ние за отворените листи бараме, наместо прагот со преференца од 3 проценти од вкупниот број избирачи на Избирачкиот список, да биде 10 проценти од бројот на вкупно освоени гласови на листата или, пак, воопшто да нема праг. Финансирањето од буџетот предложено во предложените измени на Изборниот законик ги фаворизира големите партии, со што тие ќе добиваат по 45 проценти од средствата, за нас тоа е некоректно бидејќи се ставаат во поповолна положба четирите големи партии од власта и опозицијата“, истакнуваат пратениците од ЛДП и ДОМ.

Тие додаваат дека за сите други помали политички партии, кои не се делови од пратенички групи во парламентарните политички партии и независни кандидати, наменети се само 10 проценти од средствата.

Затоа, пратениците од двете партии предлагаат распределба во соодносот на средствата од 35 проценти за двете најголеми партии на власт, 35 проценти за двете најголеми опозициски парти и 30 проценти за политичките партии што се помали и немаат пратеничка група во парламентарните партии и независните кандидати.

Тие велат дека доколку власта и опозицијата сакаат демократски локални избори и ефикасни совети, каде што ќе се слуша гласот на граѓаните, амандманите треба да се прифатат во целост.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Истрагата утврди дека државата е одговорна за убиството на малтешката новинарка

Истрагата за убиството на малтешката новинарка Дафне Каруана Галиција во 2017 година покажа дека државата е одговорна за нејзината смрт,...

Македонија4 часа

300.000 денари од Град Скопје како награда за олимпискиот вицепрвак Дејан Георгиевски

Град Скопје ќе му додели парична награда во износ од 300.000 денари на добитникот на сребрениот медал во теквондо (категорија...

Македонија5 часа

Мицкоски: Некои Резолуцијата ја поддржаа искрено, други помалку искрено, но благодарност до сите

ВМРО-ДПМНЕ го поздравува донесувањето на Резолуцијата во македонското Собрание со која јасно се оцртуваат национални и државни позиции во однос...

Македонија6 часа

Регистрирани нови 54 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.764 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на...

Македонија6 часа

Новото име на мини шенген е Отворен Балкан, потпишани првите официјални договори

Како дел од церемонијата на Економскиот форум во Скопје денеска беше објавено новото име на иницијативата позната како мини шенген,...

Македонија6 часа

УНЕСКО ги призна буковите шуми на Длабока Река како светско природно богатство

Македонија доби ново подрачје признато од УНЕСКО како светско природно наследство, буковите шуми на Длабока Река како дел од Националниот...

Македонија7 часа

Рама од Скопје: Изгубивме векови, наместо грб со грб време е да се свртиме кон соработка

Премиерот на Албанија, Еди Рама, во воведното обраќање на Економскиот форум во Скопје порача дека „нема зошто да останеме затворени...

Македонија7 часа

Заев: Западен Балкан не може да чека ЕУ да ги реши внатрешните проблеми за да оди напред

Со обраќања на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, и...

Економија8 часа

Пониски сметки за граѓаните приклучени на парно

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлуки со кои се намалува во просек за 4% крајната цена на...

Македонија8 часа

Вучиќ на форумот во Скопје: Целта е од 2023 да нема граници помеѓу нашите земји

Во Скопје денеска се одржува голем регионален Економски форум, како дел од иницијативата мини шенген, каде што учествуваaт и претседателот...

Свет10 часа

Најголемата австралиска сојузна држава пријави рекорден број на новозаразени

Австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс пријави најголем дневен број луѓе заразени со коронавирус, само еден ден откако карантинот во...

Свет10 часа

(Видео) Земјотрес со јачина од 8 степени по Рихтер ја погоди Алјаска, издадено предупредување за цунами

Земјотрес со јачина од 8,2 степени според Рихтер се случи во близина на Алјаска, а издадено е предупредување за цунами...

Македонија12 часа

Заев, Вучиќ и Рама на Економски форум во Скопје

Денеска во Скопје ќе се одржи Економски форум за регионална соработка на кој се очекува да учествуваат над 300 компании...

Македонија1 ден

Груевски ќе развива бизнис во Унгарија, на 15 јули регистрирал фирма со широк опсег на дејности

Поранешниот македонски премиер, Никола Груевски, регистрирал фирма со широка деловна активност во гратче во близина на Будимпешта, три години по...

Топ1 ден

(Видео) Полицаец бил дел од скопска банда за шверц на дрога и оружје, користеле и блиндирано возило

По повеќемесечно криминалистичко истражување, денеска Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал во координација со Единицата за специјални полициски операции...

Свет1 ден

Кинезите бараат СЗО да испита дали коронавирусот настанал во Америка

Повеќе од 15 милиони корисници во Кина потпишаа онлајн петиција за истрага на лабораторијата „Форт Детрик“ во Соединетите Американски Држави...

Домашен1 ден

Државата ќе ги награди Дејан Георгиевски и неговиот тренер со 2,4 милиони денари за среброто на Олимписките игри

Државата ќе ги награди Дејан Георгиевски и неговиот тренер со 2,4 милиони денари за освоениот сребрен медал во дисциплината теквондо...

Македонија1 ден

Заев и Тачи договорија соработка за локалните избори

Лидерите на СДСМ и на ДПА, Зоран Заев и Мендух Тачи, договорија соработка за локалните избори. Заев соопшти дека СДСМ...

Македонија1 ден

Бремените жени и лицата над 60 години да се ослободат од работа, владата со препораки за заштита од топлотниот бран

Владата издаде препораки како заштита на населението од топлотниот бран и од денеска-среда до недела (29.07-01.08.2021 година) се препорачува: ослободување...

Свет1 ден

Бајден: Mаските и вакцините најдобра заштита од делта-сојот

Американскиот претседател Џо Бајден истакна дека носењето заштитни маски и вакцинирањето во области во кои доминира делта-сојот на коронавирус се...

Досие