Соопштенија
Мицкоски: Со престојниот референдум Заев сака да го поништи референдумот на 8 септември 91та
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со граѓани и членови на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево. На средбата Мицкоски говореше за актуелната политичка и економска состојба како и за штетноста на договорот со Грција, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Тој истакна дека Делчево е град кој силно ги чувствува последиците од хаосот кој го создава актуелната влада, на економски и политички план.
„Последни сме по реформи последни сме и по економија. Земјоделците, вчера бев во Берово, денес бев во Пехчево, претходно сме биле во струмичко, битолско, прилепско, кичевско, штипско секаде иста песна, нема човек кој што е задоволен, нема човек кој што кажува дека добро направија подобро се живее, тоа што го ветија ништо исполнија, нема загарантиран откуп, нема загарантирана цена, нема зелена нафта. Секаде истата приказна, чемер и јад“, вели тој.
Мицкоски пред граѓаните на Делчево се осврна и на капитулантскиот договор со Грција.
„Ќе речат го заштитивме јазикот и нацијата. Не е точно. Ниту јазикот го заштитија, ниту нацијата. Еве пред некој ден го слушнавме и Ципрас и Коѕијас и Каменос кој што велат овие се славјани зборат славјански јазки и ние тоа не го признаваме. Од наша страна не забележавме од овие ,,јунациве’’, овие ,,револуционериве’’ не забележавме ниту еден демант дека тоа не е така. Напротив молк, а знаеме добро што значи молчењето. Молчењето значи одобрување“, изјави Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ заклучи дека капитулантскиот договор е документ поради кој Македонија е понижена, документ со кој го губиме името, се менува Уставот, се губи идентитет, а евроинтеграции на Македонија можат да бидат блокирани во секој момент. Заев по секоја цена сака да ја задржи својата фотеља, а животот кој што го ветуваа никогаш не дојде, вели Мицкоски.
Мицкоски од Делчево одговори и на изјавата на Заев дека референдумот на 30 септември бил ист како оној од 1991 година, истакнувајќи дека тоа се две сосема спротивни работи.
„Го слушам денес како Зоран Заев вели референдумот на 30 септември бил со еднаква важност како оној на 8 септември 1991 та година, уште една голема лага, уште една манипулација. Има огромна разлика, ако во 1991 година тој победонесен референдум ја донесе независноста, со име на држава Македонија, со Устав каде тоа го пишува и со идентитет македонски, денес овој 30 септември имаме референдум за промена на име, промена на Устав и идентитет. На овој референдум имаме на маса документ со кој се поништува тој референдум одржан на 8 септември таа 1991 година. На маса е документ со кој Заев сака понижена Македонија, документ со кој губиме се што нас е важно“, истакна Мицкоски.
Тој одговори на обвинувањата дека наводно не бил независен во своето дејствување, посочувајќи дека единствено тој е на страната на граѓаните.
„Не смееме да потклекнеме ниту на лагите и манипулациите кои ги прави власта на дневно ниво, па ќе речат дека сум бил заврбуван, дека сум бил со овој или со оној човек, на една или друга страна, не бе луѓе, јас сум на страната на Македонците и сите граѓани на мојата земја. Државата се наоѓа пред крстосница, и ова се историски времиња“, истакна Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Како преку паметен избор на снабдувач со струја да заштедите и до 40 отсто на сметките?
Во услови на либерализиран пазар на електрична енергија, компаниите имаат можност самостојно да изберат снабдувач и директно да влијаат врз своите трошоци за струја. Разликата не е симболична – во одредени случаи, заштедата може да достигне и до 40%.
Но, за да се разбере вистинската разлика, потребно е да се разгледа структурата на самата сметка.

Секоја сметка за електрична енергија ги содржи следните ставки: надоместок за потрошена електрична енергија, надоместок за дистрибуција на енергијата („мрежарина“), фиксен надомест за пристап до мрежата, ДДВ, комунална такса за јавно осветлување.
Важно е да се нагласи дека сите надоместоци поврзани со мрежата и останатите давачки се регулирани од страна на Регулаторната комисија за енергетика и се еднакви, без разлика кој е снабдувачот.

Разликата се создава кај главната ставка – трошокот за потрошената електрична енергија.
Од каде доаѓа разликата? Предноста на ЕДС, која е членка на PPC Group, најголемата енергетска компанија во Југоисточна Европа, во однос на другите снабдувачи лежи во големината, оптимизацијата и регионалната инфраструктура. ЕДС секојдневно купува значителни количини електрична енергија, што овозможува оптимален енергетски дијаграм на балансната група и пониски трошоци за балансирање. Благодарение на големото портфолио и ефикасното управување, трошоците за отстапување се сведени на минимум. Компаниите добиваат гарантирана цена, што овозможува финансиска стабилност и подобро планирање.
Во современото деловно окружување, струјата повеќе не е само оперативен трошок – таа е стратешка категорија.
Паметниот избор на снабдувач значи контрола врз трошоците, предвидливост и директна финансиска заштеда што може да се пренасочи кон инвестиции и развој. А, бројките покажуваат дека разликата не е мала – таа е мерлива и значајна.
ПР
Соопштенија
БРАКО донираше 330 топли оброци за лица во социјален ризик
Компанијата БРАКО реализираше хуманитарна донација од 330 топли оброци од работничката менза на фабриката, наменети за лица во социјален ризик во Велес и околината.
Оброците беа подготвени од велешкиот ресторан „Боем“, кој ја обезбедува исхраната за вработените во БРАКО.
Во рамки на заедничката акција, храната се преземаше преку Народната кујна на „Боем“, а за лицата кои живеат во подалечни места или немаат пристап до информации и социјални мрежи, активисти ја доставуваа директно до нивните домови.
Со оваа донација, БРАКО уште еднаш ја потврдува својата посветеност на општествената одговорност и поддршката на локалната заедница, со посебен фокус на солидарноста и грижата за најранливите категории граѓани.
Компанијата и во иднина ќе продолжи да поддржува иницијативи кои имаат реално и директно влијание врз подобрување на квалитетот на живот во заедницата.
(ПР текст)
Соопштенија
Таткото троши – ќерката плаќа: смена на улогите во новата реклама за картичката за деца на Халкбанк
Замислете кога во одреден момент со парите би управувале децата. Тие да можат да одлучат што да се купи, а што не или колку може да се потроши за чоколади и за слатки. Тие да кажат дали овој месец ќе заштедат или ќе го потрошат целиот буџет.

Во ваква улога се најдоа познатиот македонски актер Сашко Коцев и неговата 9-годишна ќерка Јоана, на снимањето на рекламата за првата платежна картичка за деца на Халкбанк. Станува збор за иновативен производ, наменет за деца од 9 до 15 години, кој ним им овозможува да стекнат финансиски навики, додека родителите имаат целосна контрола на тоа каде и колку трошат нивните деца.
Рекламата за картичката Халки се случува во слаткарница. Таткото е возбуден и сака да нарача сè од менито, но за тоа мора да побара дозвола од ќерката. Таа, од друга страна, е смирена и рационална и не дозволува да се претера со нарачките, но и конзумирање на слатко. На крајот, ќерката ја плаќа сметката со својата Халки картичка.
„Целта на кампањата е на забавен начин, со доза хумор, да покажеме дека децата знаат да се однесуваат одговорно кон финансиите доколку им се дозволи и им се покаже како да го прават тоа. Практично, идејата за креирање на првата картичка за деца и тинејџери до 15 години во Македонија е токму тоа – да им помогне да научат како да располагаат со одредена сума пари, да го планираат неделниот или месечниот џепарлак и да стекнат навики за штедење. Секако, со помош и со контрола на родителите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Mastercard Junior дебитната картичка овозможува низа поволности како повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето. Исто така, родителот има можност за поставување лимити на платежната сметка на детето, блокирање на картичката преку електронско банкарство во случај на губење, СМС инфо без надоместок на мобилниот број на законскиот застапник/старател и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.
Процедурата за аплицирање за картичката за деца е едноставна и може да се направи во сите филијали на Халкбанк, а сите апликации до крајот на март годинава се ослободени од трошоци за издавање на картичката.
(ПР)

