Соопштенија
Нов зелен лик на Штип: Компанијата Mozzart донираше садници за реновираниот плоштад „Слобода” во Штип
Компанијата Mozzart и помага на заедницата долги години, а листата на градови кои лидерот во приредување игри на среќа ги нацртал на својата мапа на хуманост се проширува.
Последен во низата е Штип, кој доби зимзелени садници од Mozzart за реновираниот плоштад “Слобода”.
Жителите на најголемиот град на истокот на Македонија, сега секојдневно уживаат во нова зелена оаза среде урбаното јадро.
„Општина Штип во соработка со општествено одговорни компании, постојано работи во насока на обезбедување на квалитетни животни услови на граѓаните од нашиот град. Овој пат, во соработка на Mozzart, успеавме да го оплемениме зеленилото на плоштад “Слобода” и во моментов имаме едно ведро катче во центарот на Штип, каде децата можат да ги минуваат своите најубави мигови”, истакна Вишна Шорова-Ангелова, Секретар на Општина Штип
Плоштадот “Слобода” во Штип беше целосно реконструиран, а благодарение на донацијата на Mozzart, штипјани добија ново модерно, урбано и хортикултурно уредено катче.
„За нас секогаш е големо задоволство да поддржиме проекти кои ја подобруваат животната средина. Драго ни е што благодарение на нашата донација, штипјани сега уживаат во новиот,поубав и помодерен лик на нивниот омилен плоштад. Сигурни сме дека соработката со Општина Штип ќе продолжи и дека заедно ќе реализираме уште многу убави акции”, изјави Ивана Стефановска Крстевска, ПР Специјалист во Mozzart.
Лидерот во приредување игри на среќа ќе продолжи да инвестира во зелени проекти, се со цел рзвивање на еколошката свест и создавање подобра и поздрава животната средина.
ПР Текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Halk EZ со поддршка на првиот академски час на УКИМ
Халкбанк преку платформата за млади – Halk EZ, го поддржа одржувањето на првиот академски час на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), на кој присуствуваа илјадници бруцоши од сите факултети. Настанот започна со свечена церемонија и заврши со традиционалната вечерна забава на платото на УКИМ.
Студентите на влезот на комплексот факултети на УКИМ овојпат ги пречека и новиот HalkEZ мурал кој беше изработен од страна на уметниците Ана Трајковска и Ивана Самандова. Муралот е инспириран од визуелниот идентитет на платформата за млади на Халкбанк, каде што централно место зазема фонтаната Лотос како симбол на дружење, заедништво и солидарност на многу генерации млади. Со испишаната моќна порака „Успехот почнува на УКИМ“, муралот не само што ги инспирира студентите, туку и ги мотивира да се стремат кон успех во своите студии.
Првиот академски ден на УКИМ заврши со богата музичка програма, која ја одбележа енергијата и креативниот дух на младите студенти. Преку оваа платформа, Халкбанк уште еднаш покажа дека е вистински партнер на младите, поддржувајќи ги не само финансиски, туку и во нивниот личен и професионален развој.
Пакетот Halk EZ (Halk Easy) е креиран за да одговори на секојдневните потреби на студентите, средношколците, младите претприемачи кои водат брз и динамичен живот и ги користат дигиталните технологии. Тој нуди бесплатно мобилно и електронско банкарство, Visa бесконтактна картичка со која може да се повлекува готовина без надомест на сите банкомати во земјата и во странство, платежна сметка без трошоци за водење, и иновативни услуги како GarminPay, SmartSend, SmartCash.
Соопштенија
Претставата „Лагата“ гостува на 23. традиционален фестивал „Албански театар во РСМ“, Дебар
Македонскиот народен театар на 28 септември ќе учествува на 23. традиционален фестивал „Албански театар во РСМ“, Дебар.
„Со особена чест ја прифативме поканата за учество на фестивалот, со претставата ‘Лагата’, од Флоријан Зелер, во режија на Бесфорт Идризи, а во која играат: Јордан Симонов, Габриела Петрушевска, Оливер Митковски и Драгана Левенска“, посочија од МНТ.
Покрај учеството на 31. фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица, каде што актерот Јордан Симонов за улогата на Павле го доби највисокото актерско остварување, лауреат, ова е второ фестивалско учество на претставата.
Фестивалската програма почна на 24 и ќе трае до 30 септември 2024 година.
Во натпреварувачкиот дел од програмата ќе учествуваат 7 (седум) претстави од театри од нашата земја, Албанија и Косово, а во изминатите години до сега на фестивалот учествувале повеќе од 180 претстави од Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Франција, Швајцарија и САД.
Соопштенија
Летните авантури на децата поддржани од СОС „Детското село“ – летуваме, учиме и растеме
Активностите за време на летото за децата се многу повеќе од само забава, а особено за децата без родителска грижа. Затоа и оваа година СОС Детско село организираше повеќе активности и патувања каде беа вклучени 60 деца и млади. Преку спорт, креативни активности и авантури на отворено, тие ги откриваат своите силни страни, создаваат нови пријателства и ги градат вештините што им се потребни за да напредуваат. Овие моменти на радост и достигнувања се особено влијателни, овозможувајќи не само лето со спомени, туку основа за посветла иднина.
Спортски дух и самодоверба- “Надеж за Мундијал“
Светско фудбалско првенство за деца без родители и родителска грижа. Турнир, кој започна како национален настан во Полска во 2010 година и прерасна во меѓународен, допирајќи ги животите на преку 11.000 млади спортисти од 45 земји.
Седум момчиња кои беа дел од нашиот тим имаа можност преку натпреварите и заедничките тренинзи, да ја развиваат тимска работа, дисциплината и издржливоста, но и да создадат нови пријателства, да почувствуваат глобално единство и да ја зајакнат својата самодоверба.
Летен Камп кој ги поврза срцата на децата без родителска грижа од целиот свет
Летниот одмор во Калдонацо, во кампот на СОС Детско Село, не беше само обичен одмор, туку вистински празник на пријателството и заедништвото за децата од целиот свет. Нашата група од 39 деца и 8 едукатори уживаа седум дена во кампирањето, исполнето со многу дружење, забава, спортски активности и пливање.
Oва беше уникатна можност за децата без родителска грижа од различно културно, јазично и религиско потекло да се дружат и обединат. Активностите на кампот беа прецизно планирани не само за забава, туку и за зајакнување на децата. Тие учеа за одговорност, ја граде својата самодоверба преку достигнувања и ги развиваа своите социјални вештини преку интеракција со врсниците.
Oвој заеднички одмор им овозможи на децата да се чувстуваат како дел од едно големо семејство.
И им овозможи да се идентификуваа со другите деца како нив и да го зајакнат чувството на припадност креирајќи позитивна слика за себе.
Секое дете се врати дома со куфер полн со спомени и срце исполнето со среќа. Овој камп беше пример за тоа како вистински структурираните активности и поддршката од СОС Детско Село можат да направат длабока и трајна промена во животот на децата, овозможувајќи им да растат со чувство на припадност и сигурност.
Истражување и учење во Прага
И оваа година десет деца поддржани од СОС Детско село беа дел од традиционалната посета на Прага, организирана од невладината организација Ластавица, која по 11 пат беше наш домаќин. Ова патување, кое стана дел од нашата традиција, има за цел да обезбеди културна размена за децата, како и да ги инспирира да ги следат своите соништа и амбиции.
Оваа година, децата ги истражуваа знаменитостите на Прага, учествуваа во разни едукативни активности и ја доживеаја магијата на еден од најубавите градови во Европа. За многу од нив, ова беше првпат да патуваат во странство и да се запознаат со нови култури и традиции, што само по себе е непроценливо искуство.
Ова патување е само еден дел од нашите постојани напори да обезбедиме квалитетен и исполнет живот за децата без родителска грижа. Веруваме дека ваквите искуства играат важна улога во нивниот личен развој и создавање на позитивни спомени што ќе ги водат во иднина.
Летен камп за СТЕАМ со СОС Детско село
Покрај патувањата, летото за децата поддржани од СОС Детско село беше исполнето со креативни и едукативни активности. Во соработка со Македонија2025, 17 деца на возраст од 8-13 години со воодушевување го завршија нашиот прв STEAM летен камп– 7 дневни активности за развивање на STEM вештини (наука, технологија, инженерство, уметност и математика).
Оваа револуционерна иницијатива означува значаен чекор напред во посветеноста за негување на потенцијалот на децата од ранливите категории.
Преку низа практични, ангажирани и забавни активности, ја разгоревме љубопитноста, ја поттикнавме креативноста и инспириравме љубов за учење кај нашите млади учесници.
Сите организирани летни активности на децата поддржани од СОС Детско село се со цел да ги поттикне децата во развивање на нивните социјални и когнитивни вештини, да го зголеми нивното чувство на припадност и да ги инспирира да продолжат да ги следат своите соништа.
Остануваме посветени на поддршката и грижата на децата кои ја изгубиле родителската грижа или се изложени на ризик да ја изгубат и преку нашите програми, овозможуваме децата да растат во семејна и безбедна средина, за да можат да го развијат својот целосен потенцијал и посигурна иднина.
ПР текст