Соопштенија
Одбор за одржување вонреден конгрес: Мицкоски молчи за наводите за можна злоупотреба на пари од буџетот за изборите

Иницијативниот одбор за одржување вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ е изненаден од, како што велат, молкот на сè уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски во врска со написите за можна злоупотреба на буџетски средства во изборната кампања.
„Прво, станува збор за пари кои ги двојат граѓаните и секоја злоупотреба на овие средства е тешко кривично дело. Згора на тоа, срамно е за опозициска партија која бара транспарентност и неселективна борба против криминалот да ги премолчи овие наводи и да не реагира на сомнежите. Второ, станува збор за средства кои во време на тешка корона-криза се одвоени за соодветно медиумско претставување на ВМРО-ДПМНЕ. Секое нивно ненаменско трошење значи глас помалку и полош изборен резултат. Затоа раководството му должи образложенија и одговори на членството кое чесно работеше на овие избори“, се вели во соопштението.
Иницијативниот одбор за одржување вонреден конгрес бара одговор дали се точни наводите дека десетици илјади евра се давани на портали кои се формирани пред изборите во 2020 година?
„Законот за избори предвидува државата да ја финансира изборната кампања на партиите во делот на електронските и печатените медиуми, вклучувајќи ги и интернет-порталите. Тоа се пари кои ги двојат граѓаните. Институциите се должни да проверат дали навистина биле објавувани реклами и дали тие реклами навистина толку чинеле. Во спротивно се работи за класичен грабеж. Партиското членство мора да знае кој и зошто одлучил таму да одат парите кои државата ги двои за ВМРО-ДПМНЕ. Дали личните интереси биле над партискиот интерес за победа на изборите? Овој скандал мириса на корона-профитерство“, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Угринска: Ќе бараме трага на секој литар вода во Скопје

Кандидатката за советничка во Град Скопје од Коалицијата за зелена иднина, Ана Угринска, најавува итни и мерливи чекори против големите загуби на вода и нетранспарентното управување со системот на водоснабдување.
„65% загуби на вода не се дефект, тоа е системска неправда врз скопјани и скопјанки. Не пукаат само цевките, туку и правилата: нелегални приклучоци, питка вода за полевање и молк на институциите кога треба одговорност,“ порачува Угринска, притоа додавајќи дека притоа „чесните ја плаќаат сметката.“
Угринска соопштува дека Коалицијата за зелена иднина има подготвено пакет мерки што ќе овозможи следење на потрошувачката на вода во Скопје.
„Ќе бараме трага на секој литар: јавно евидентирање, контроли и санкции за нелегални приклучоци и јасно одвојување на питка од техничка вода,“ вели Угринска.
Во пораката до јавноста, таа апелира дека водата мора да се штити како заедничко право.
„Водата е јавно добро, а не товар за граѓаните и бизнис модел за малкумина“, порачува кандидатката за советничка во Град Скопје од Коалицијата за зелена иднина и ко-претседателка на зелената партија ДОМ, Ана Угринска.
Соопштенија
Стојкоски: Целосна реконструкција на патот што води од долниот дел на Ново Село до црквата „Св. архангел Гаврил“

Кандидатот за градоначалник во Ѓорче Петров, Александар Стојкоски истакна дека започнува целосна реконструкција на патот што води од долниот дел на Ново Село до Црквата „Св. Архангел Гаврил“.
„На мое големо задоволство денес со министерот за транспорт и вицепремиер во Владата во Македонија, Александар Николоски се наоѓаме на локација пред Црквата „Св. Архангел Гаврил“ во Ново Село каде што започнуваме со работа на целосна реконструкција на патот што води од долниот дел на Ново Село до оваа локација. Патот е финансиран преку проект на Министерството за транспорт во соработка со Светска Банка и делумно кофинансирање од страна на општината Ѓорче Петров ќе биде со должина од 780 метри и целосно ќе ги задоволува стандардите за нормално задоволување на сообраќајот. Конечно жителите на овој дел на Ѓорче, дел којшто ни се развива, ќе имаат услови да возат по сообраќајница по сите стандарди“, истакна Стојкоски.
Стојкоски додаде дека конечно по долго време Ѓорче Петров има инфраструктурна револуција.
„Благодарност до Владата и министерот за транспорт, за целосната поддршка што како општина ја добиваме изминатиот период. Само во Ѓорче Петров околу 320 милиони денари или околу 5 милиони евра се инвестираат во патната инфраструктура и дополнителни средства кои ги добиваме од Владата по првите два повици кои се однесуваат на доградба на училишта, доградба на градинки. Ѓорче Петров не памети ваква инфраструктурна револуција до сега ќе продолжиме со истата динамика ги завршивме над 150 улици, 90 улици и краци во моментот се или во постапка или веќе се работат и Ѓорче Петров конечно заличува на едно урбано место каде е возможен развој и место кое е посакувано за живеење од сите генерации на граѓани“, кажа Стојкоски.
Соопштенија
Костовски: Целосна реконструкција на шест клучни улици во Визбегово

Од денеска, па во наредниве денови започнуваме да реализираме, да рекоснтруираме целосно шест нови значајни, битни сообраќајници, вели Дарко Костовски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Бутел.
„Би рекол едни од поважните улици на територија на Визбегово.
Во изминатиот период успеавме да реализираме шест улици, со тоа добиваме бројка од 12 улици коишто ќе бидат целосно реконструирани во овој период.
Визбегово, покрај тоа, доби и ново училиште, а здравје Боже многу наскоро, за време на наредниот мандат, ќе добие и нова детска градинка и нова градежна офанзива.
Затоа ја очекувам поддршката од сите вас за проекти, за работа и за многу труд“.