Контакт

Соопштенија

Обединети за Македонија: Христијан Мицкоски продолжува со лицемерно однесување

Објавено пред

Скриен зад своите партиски портпароли, во прескапата бела палата, Мицкоски повторно се обидува да маневрира и да го избегнува повикот на јавна ТВ-дебата пред македонскиот народ со претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, велат од партијата и обвинија дека Мицкоски продолжува со лицемерно однесување.

„Го разбираме стравот поради недостиг на факти, па затоа да го потсетиме дека во периодот меѓу 2017 и 2019 година имаме 741 милиони евра странски директни инвестиции. Ова е рекорд на странски инвестиции во Македонија во споредба со периодот од 2013 до 2015, кога имаше 457 милиони евра, а во периодот од 2015 до 2017 – 555 милиони евра странски директни инвестиции. Според Светската трговска организација, учеството на странски инвестиции во домашниот бруто-производ во 2018 е 5,8 %, за разлика од 2012 година, кога е 1,5 %“, велат од ОМ.

Ако толку го интересира господинот Мицкоски кои фирми се донесени во периодот додека претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, е советник, додаваат од партијата, нека ја прифати фрлената ракавица, нека се охрабри и појави на ТВ-дебата, а не да се крие зад партиски портпароли и да се служи со ниски престрелки.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов се фали дека е подготвен за снегот, а загадениот воздух не го ни спомнува

Објавено пред

Подготовката на зимската сезона не е нешто за кое треба да се пуштаат соопштенија, тоа е работа што Град Скопје треба да ја врши редовно затоа што е надлежност и обврска на градоначалникот, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на денешните активности на скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

„Тој се фали дека е спремен за снег во ситуација кога има најмалку четири општини во градот Скопје во моментот во кои загаденоста е на највисоко ниво. Лесно е кога градоналникот на Скопје има хациенда во Маврово, па може да избега во секое време на чист воздух, луксуз што повеќето од граѓаните на Скопје не може да си го дозволат, па се принудени да се задушуваат во тони смет од дивите депонии и да имаат последици врз животот од нечистиот воздух за што Шилегов нема мрднато со прст“, се наведува во соопштението од политичката партија.

Во него се додава и дека актуелниот градоначалник не реализирал ниту еден од проектите што им ги ветил на скопјани.

„Урбанистичкото насилство продолжува во невидени размери, градот е енормно загаден, сè повеќе има сообраќаен метеж, а ветувањата за град без смог останаa во маглата која секоја вечер ја дишат граѓаните, важно има 200 илјади евра за лампиони“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не престанува да ги деградира здравствените работници

Објавено пред

„Очајниот губитник Христијан Мицкоски не престанува да ја злоупотребува несреќата на граѓаните поради дневно партиски цели. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски од почетокот на пандемијата па до сега не донираа ниту еден денар, 11 години го уништуваа здравствениот систем, го газеа достоинството на лекарите, а сега очајно се обдуваат политички да профитираат на несреќата на граѓаните“, соопшти СДСМ.

Според нив, „партијата предводена од некрофилот Мицкоски секојдневно ги деградира лекарите, здравствените работници, кои посветено, стручно и без да се штедат со месеци се борат со коронавирусот“.

„Наместо конструктивни решенија, ВМРО-ДПМНЕ прави мрачни перформанси, на кои се подбива со нескреќата на граѓаните и ги навредува здравствените работници. Осум месеци граѓаните, здравствените работници, институциите, целиот свет, постојано се борат против коронавирусот. Осум месеци ВМРО-ДПМНЕ само прави штета и го поткопува здравствениот систем. Со таков однос кон граѓаните и јавното здравје нека не се чудат зошто се во опозиција, уште долго ќе останат таму“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев се директно одговорни што луѓе умираат поради недостиг на кислород

Објавено пред

„Филипче и Заев се директно одговорни што луѓе умираат поради недостиг на кислород и места во болниците, со оставка ќе спасат животи. Филипче за девет месеци од почетокот на епидемијата на коронавирусот покажа и докажа само едно нешто – дека е неспособен и дека не знае да се справи со последиците од корона-кризата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, резултат на неспособноста на Филипче се повеќе од 1.500 починати лица или поточно 1.511 граѓани.

„Македонија во регионот и во Европа по бројот на починати на милион жители е на врвот на листите. Филипче остава секојднево да умираат десетици граѓани. Филипче секој ден завива десетици семејства во црно. Филипче за девет месеци не обезбеди болнички кревети, граѓаните ги остави да чекаат по ходниците, ама и да умираат во ходниците на болниците, ги остави без доволно и без соодветна терапија, нема кислород за болните или се чека по неколку часа, што е погубно за животите на граѓаните. Филипче не се грижи ниту за медицинските лица, од почетокот на епидемијата се без доволно соодветна лична заштитна опрема. И додека се случуваат овие црни сценарија, Филипче и екипата на Заев прогласија кризна состојба, а паралелно тераат и избори во Штип. Трети ден од кризна сотојба нема ни една мерка, која им е намерата – од АРМ да направат агенција за обезбедување?! За сето ова мора да има одговорност – веднаш“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Регистрирани се 1039 нови случаи на Ковид-19, починаа 15 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3143 тестирања, а регистрирани се 1039 нови случаи на...

Свет2 часа

Зошто Путин досега не се вакцинирал?

Рускиот претседател Владимир Путин не може да биде меѓу доброволците кои ќе бидат вакцинирани против коронавирусот до крајот на клиничките...

Свет3 часа

(Видео) Маж со секира држеше во заложништво шест деца во Русија

Маж кој држеше шест деца како заложници во стан во Санкт Петербург, се предаде на полицијата.Во стан во предградијата на...

Македонија3 часа

Мухамед Зекири нов генерален секретар на Владата

Поранешниот пратеник Мухамед Зекири е избран за нов генерален секретар во Владата.Одлуката e донесена на последната владина седница одржана денеска....

Европа3 часа

Старските домови во Шпанија први ќе бидат вакцинирани против Ковид-19

Штитениците и персоналот на домовите за стари лица ќе бидат први вакцинирани против коронавирус во Шпанија, изјави министерот за здравство...

Свет4 часа

САД: Повеќе од 190.000 новозаразени со Ковид-19

Во САД 1.083 лица починаа како последица на Ковид-19 во изминатите 24 часа, додека регистрирани се 190.562 нови случаи на...

Спорт5 часа

Ѓоковиќ најдобар во 2020-та година

Моментно најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја завршува годинава на првата позиција на АТП листата. Тоа му појде од рака...

Топ5 часа

Приведен германски државјанин баран и од Интерпол, кај него пронајдени две исчезнати деца

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек за потрага на ул.МАНАПО во Скопје врз основа на издадена меѓународна потерница...

Македонија5 часа

Вонреден инспекциски надзор во болницата во Битола по фотографиите дека пациент прима инфузија покрај починати лица

Министерот за здравство Венко Филипче побара од ДСЗИ да испрати вонреден инспекциски надзор во болницата во Битола како би се...

Македонија6 часа

На инфективните одделенија се лекуваат 814 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 814 пациенти позитивни...

Свет7 часа

Во Шведска стапи во сила ограничувањето на јавни собири на најмногу осум луѓе

Во Шведска стапува во сила ограничувањето на јавните собири на најмногу осум лица како мерка во обид да се запре...

Европа7 часа

Германски научници докажаа дека проветрувањето е поефикасно од прочистувачите на воздухот

Кратко отворање на сите прозорци во училницата неколкупати на ден е многукратно поефикасно отколку да користите прочистувач на воздухот, според...

Свет8 часа

Кина тврди дека коронавирусот најпрвин се појавил во Европа, а не во Вухан

Кина користи нова студија за раното скриено ширење на коронавирусот во Италија за да се доведе во сомневање цврсто заснованата...

Свет10 часа

СЗО: Бројот на потенцијални вакцини против коронаворусот се зголеми од 11 на 48

Десетици компании – од стартап до фармацевтски гиганти – се натпреваруваат за производство на безбедна и ефективна вакцина против коронавирусот...

Македонија11 час

„Медијапул“: Десет незгодни прашања во врска со бугарското вето

Бугарскиот портал „Медијапул“ објави прашања до бугарската влада, кои се однесуваат на блокадата за Северна Македонија, со наслов „Десет незгодни...

Македонија12 часа

Свршувачка со 30 и свадба со 90 гости – глоба за скопјани поради организирање собири

Скопското Обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица и еден угостителски објект поради организирање масовни собири за...

Македонија13 часа

За една недела, регистрирани 7.486 новозаразени, над 5.000 излекувани и 204 починати

Скопје и натаму e со најголем број нови случаи и највисока инциденца, a најзастапена возрасна група се лицата над 60...

Свет13 часа

Кина успешно лансира роботизирано летало на Месечината

Кина објави дека успешно лансирала ракета со робот за да собере примероци од камења од Месечината, со што ќе стана...

Македонија13 часа

Заев најави дека не сме далеку од договор со Бугарија, опозицијата бара со декларација да се утврдат позициите

Премиерот Зоран Заев вчера најави дека не сме далеку од договор со Бугарија. Тој рече дека не се разговара за...

Свет14 часа

Администрацијата на Трамп одобри Бајден да почне со преземање на власта

Aдминистрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, даде формално одобрување новоизбраниот претседател Џо Бајден да почне со преземањето на власта....

Досие