Контакт

Соопштенија

Павле Трајанов: Предлагам законски решенија за преиспитување на фактите во политички мотивирани судења

Објавено пред

Претседателот на партијата Демократски сојуз и пратеник, Павле Трајанов, денеска достави предлог-закон за преиспитување факти и докази користени во судска постапка, со кој се создаваат можности за повторување на постапката доколку судската одлука се заснова на:

– повреда на начелото пресумција на невиност;
– користени се разговори од незаконито пресретнување на системите за комуникација;
– злоупотреба на посебната истражна мерка заштитен сведок;
– злоупотреба на системот за распределба на судски предмети (АКМИС);
– во други случаи на фабрикување или монтирање факти и докази…

„Во суштина, предлагам законски решенија за создавање законска можност, можност за преиспитување на фактите и доказите во сите политички мотивирани судски процеси преку повторување на постапката“, нагласи Трајанов.

Тој посочи дека во изминатите 15 години има голем број монтирани судски процеси.

„Во овие политчко-полициски монтирани процеси биле вклучени политичкиот врв во државата, припадници од Министерството за внатрешни работи, (посебно од Управата за безбедност и контраразузнавање), јавни обвинители и судии“, истакна претседателот на Демократскиот сојуз.

Според него, преку повторување на постапката, освен што ќе се исправи неправдата и ќе се рехабилитираат жртвите, ќе се разјасни улогата на сите вклучени во овие монтирани случаи, особено на судиите, кои, како што рече, носеле судски одлуки врз основа на лажни докази и други факти.

Соопштенија

СДСМ: Дрскост и лицемерие е Мицкоски да го цитира Славко Јаневски, кога ВМРО-ДПМНЕ срамно го лустрираше

Објавено пред

„Откако ги навреди граѓаните и кажа дека Македонците се хистеричен народ, Мицкоски сега се обидува да им препише и амнезија. Мицкоски денеска бесрамно и дрско го цитираше великанот Славко Јаневски, чија лустрација, партијата на Мицкоски во 2013 година ја нарача и поддржа“, соопшти СДСМ.

Според партијата, процесот на лустрација кој ВМРО-ДПМНЕ го злоупотребуваше за пресметка со неистомисленици и обезвреднување на еден историски период, го зафати и Славко Јаневски, авторот на првиот роман напишан на стандарден македонски јазик.

„За лустраторите кои работеа по нарачка на менторот на Мицкоски, Никола Груевски, не беа важни ликот и делото на починатиот Јаневски за да го прогласат за полициски информатор на тајни југословенски служи, без да го има основното човеково право да се одбрани.Каква е таа дрскост на Мицкоски да ги изговара стиховите на Јаневски еден од основоположниците на современата македонска книжевност, откако со неговото ВМРО-ДПМНЕ му нанесоа толку голема неправда и болка на неговото семејство.Мицкоски е осамен во неговата хистерија, во сопствениот очај, дефинитивно е без срам и перде и должи извинување и на македонскиот народот и на семејството на Славко Јаневски“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Единствената желба на Мицкоски е да го закочи напредокот на државата

Објавено пред

Губитникот Христијан Мицкоски е осамен и изолиран во сопствената хистерија, во сопствениот очај, велат од СДСМ по денешниот протест организиран од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Споре нив, на протестите во организација на Мицкоски има се помалку негови поддржувачи.

„Единствената желба на губитникот Мицкоски е да ја закочи државата, да го закочи напредокот, членството во ЕУ. Но нема да успее очајниот Мицкоски. Граѓаните застанаа зад СДСМ, избраа европска иднина, избраа да носат храбри и патриотски одлуки, кои конечно ја движат македонската држава и целиот македонски народ кон исполнување на стратешките цели, со зачуван македонски идентитет“, стои во партиската реакција.

Според СДСМ, Мицкоски не може да понуди ништо, затоа што нема став по клучните прашања.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ДОМ предлага во историската комисија со Бугарија да се вклучат и европски експерти

Објавено пред

На вчерашната онлајн седница на Извршниот одбор на партијата Демократска обнова на Македонија (ДОМ) во проширен состав, се дискутираше за актуелната политичка состојба, во контекст на блокирањето од страна на бугарската влада за започнување на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.

„Раководството едногласно го потврди ставот на ДОМ за европска иднина на нашата држава, за што има континуирана подршка од европските зелени партии“, стои во партиското соопштение.

Како што велат од ДОМ, европската зелена партија и нејзините партии членки од Бугарија и Северна Македонија силно го поддржуваат започнувањето на преговорите меѓу ЕУ и Северна Македонија и прифаќањето на рамката за преговори со ЕУ, без одлагање.

Ставот на ДОМ е дека македонскиот јазик и македонскиот идентитет не можат да бидат предмет на преговори, за што велат дека е во согласност со меѓународните и европските стандарди.

„Историските прашања треба да се дискутираат и разрешуваат од страна на експертите од областа на историската наука во мешовитата историска комисија, како што и предвидува Договорот за добрососедство, пријателство и соработка“, велат од ДОМ и предлагаат во интерес на зголемување на довербата и подобрување на процесот, во мешовитата историска комисија да се вклучат и европски експерти кои имаат искуство во комисии од ваков карактер.

„Антифашизмот е камен-темелник на македонската држава. Тој е и една од основните цивилизациски и европски вредности. Извинувањето за страдањата од фашизмот, по примерот на европските лидери, е патот кон помирување, пријателство и прогрес. Да се прости, но да не се заборави, за никогаш да не се повтори“, порачуваат од зелената партија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Заев: Доста беше омраза, јас сум Македонец кој зборува македонски јазик

„Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од...

Свет18 минути

Една крвна група е поотпорна на Ковид-19 од другите

Голема студија направена во Канада нуди докази дека луѓето кои имаат нулта крвна група или се Rh-негативни, имаат помал ризик...

Македонија51 минута

Регистрирани 1022 нови случаи на Ковид- 19 во земјава, починаа 41 лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на...

Регион1 час

Ковачев: Мицкоски ја уништува европската иднина на македонските граѓани

Со своите лаги, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја уништува европската иднина на македонските граѓани. Ова за БГНЕС го изјави...

Европа2 часа

(Видео) Поплави во Сардинија, има жртви и исчезнати

Најмалку три лица починаа во поплавите во Сардинија предизвикани од силниот дожд, јавија италијанските медиуми. Две лица се водат како...

Регион4 часа

Црна Гора го протера српскиот амбасадор

Српскиот амбасадор во Црна Гора, Владимир Божовиќ e прогласен за персона нон грата и e замолен да ја напушти Црна...

Македонија5 часа

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 811 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 811 пациенти позитивни...

Македонија6 часа

(Видео) Мицкоски: Навестувам дека Зоран Заев подготвува нов национален пораз

Заев станува изолиран со тесна клика на платеници и клиентелисти и во лична битка за задржување на фотелјата, наместо во...

Спорт7 часа

ФИБА го одложи натпреварот Македонија-Италија

Македонската кошаркарска репрезентација нема да го одигра првиот натпревар, во „балонот“ во Талин, против Италија. Дуелот кој требаше да започне...

Европа8 часа

Англија бесплатно ќе дели витамин Д како превентивна мерка против Ковид-19

Англиските власти објавија дека ќе понудат бесплатна испорака на витамин Д за околу 2,7 милиони граѓани кои припаѓаат на ризичните...

Македонија9 часа

Во Тетово, Куманово и Кавадарци стапуваат на сила мерки за заштита поради загадениот воздух

Во Тетово, Куманово и Кавадарци стапуваат на сила препораките и мерките во случај на неколкудневен надминат праг на ПМ10 честички...

Свет10 часа

Во Хонгконг запленети дијаманти со вредност од 700.000 евра

Царината во Хонгконг заплени повеќе од 160 дијаманти во вредност од околу 700.000 евра. Дијамантите се запленети од камион на...

Свет11 час

Фаучи: Вакцинирајте се дури и ако сте се опoравиле од Ковид-19

Водечкиот американски експерт за инфективни болести Ентони Фаучи ги советуваше Американците кои веќе имале коронавирус, или претпоставуваат дека го имале,...

Македонија11 час

Охридскиот градоначалник со осуда за оштетувањето на споменикот во чест на загинатите бугарски туристи

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати јавна осуда поради оштетувањето на споменикот поставен во спомен на бугарските туристи кои ги...

Свет24 часа

СЗО: До 70 отсто од светската популација треба да биде вакцинирана за да се запре коронавирусот

Околу 60-70 проценти од светската популација треба да бидат вакцинирани или да стекнат имунитет, за да се спречи ширењето на...

Македонија1 ден

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ на протести во повеќе градови: „Време е Заев да поднесе оставка“

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва со автомобили одржа протести во неколку градови во државата поради ставовите на премиерот Зоран Заев, изнесени во...

Македонија1 ден

(Видео) Димитров: Не отстапуваме од македонскиот јазик и идентитет

Бугарија поради македонскиот јазик и македонската историја одлучи да ги блокира преговорите на Македонија со ЕУ. Во интервју за сараевската...

Македонија1 ден

ДСЗИ наложи итно санирање на руинираните простории во битолската болница

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и надложи на директорката на битолската болница итно да бидат санирани руинираните простории, како...

Македонија1 ден

Радев: Согласност за Македонија откако ќе се признаат историските факти и искорени омразата

Бугарија треба да даде согласност за почеток на преговорите за Северна Македонија, откако ќе се признаат објективните историски факти и...

Македонија1 ден

Заев: Груевски беше организаторот на „27-ми април“, а не Јанакиески, Ристовски и Вељаноски

Никола Груевски е главен организатор на 27-ми април, а екс-функционерите Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески се изманипулирани од него,...

Досие