Контакт

Соопштенија

Петров на маалска средба во Петровец: Младинските политики кои ги води СДСМ обезбедуваат шанси за успех

Објавено пред

Потпретседателот на СДСМ, Коста Петров, придружуван од членката на ИО на СДСМ Татјана Стојановска-Иванова, државниот секретар во Министерството за одбрана, Драган Николиќ, Елизабета Зелениковска – претседателката на ОО на СДСМ Петровец, и други членови на СДСМ учествуваа на маалска средба со граѓаните од населено место Петровец во Скопскиот Регион.

„Мерките како МојДДВ, растот на минимална плата на 12.500 денари, па потоа и на 15.000 денари, растот на просечната плата за околу 2.000 денари, раст на платите кај докторите и медицинскиот персонал, наставничкиот кадар и вработените во градинките е потврда дека Владата предводена од СДСМ посветено работи на обезбедување подобар животен стандард“, истакна Петров.

Во насока на намалување на младинската невработеност, рече тој, а со тоа и подобрување на животниот стандард на младите е и проектот Гаранција за млади, кој даде одлични резултати. Преку овој проект, рече Петров, младите добија шанса за квалитетната понуда за вработување, натамошно образование, стажирање или практиканство.

„Како последни од низата реформи за младите се објавените три јавни огласи за обуки за ИТ-вештини со кои ќе се преквалификуваат 1.253 невработени млади лица за чијашто реализација се обезбедени 35.1 милион денари. Сите овие се клучни за успешното интегрирање на младите во пазарот на трудот и намалување на одливот на образован кадар од земјата“, истакна Петров.

Тој потенцираше дека интеграцијата во ЕУ и НАТО дополнително ќе ги подобри условите за младите за и тие да бидат еднакви со нивните врсници од Европа.

Соопштенија

(Видео) Стоилковски: За Заев, поважен е законот за дроги отколку македонските евроинтеграции

Објавено пред

Зоран Заев и СДСМ среде трагедијата со отворањето на македонската интеграција за почеток на преговорите во ЕУ туркаат закон за дроги и се грижат за закон за богатење на личните семејни бизниси на кланот Заеви, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Како што рече тој, за Заев, поважен е законот за дроги за да спечалат семејните фирми во Свети Николе, Карбинци и во Валандово отколку македонските евроинтеграции.

„Уште повеќе, се злоупотребува европското знаменце за тоа. Демек, законот е европски, а нема ниту еден наведен референтен европски закон на кој би се повикувал овој закон“, посочи партискиот портпарол, кој потоа се задржа на средбата на премиерот со Биг Мајк, таканаречениот крал на марихуаната.

Според Стоилковски, токму по таа средба Заев изготвил закон од кој има личен интерес и, како што рече портпаролот, со европско знаме го доставил пред пратениците.

„Зоран Заев е само пример како картелот на власт, октоподот, ја злоупотребува власта за лични богатења. Политичките функции се злоупотребуваат за лични богатења на семејните бизниси. Затоа, бараме сите политичари што вршат јавни функции, доколку се сопственици, акционери или косопственици на одредени компании, суштински да ги отуѓат бидејќи отвораат можност за корупција и за насочување на економските текови во државата кон лични цели“, посочи Стоилковски.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Мицкоски: Голем интерес за акцијата на ВМРО-ДПМНЕ, над 15.000 граѓани посочија на проблеми

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва оствари средба со граѓаните од Кисела Вода, на која порача дека партијата почнува нови активности, поради, како што кажа, големиот интерес во државата во врска со акцијата и теренските активности што ги води ВМРО-ДПМНЕ.

„Практично денеска и тоа што ќе се случува почнувајќи од следниот викенд, секој ден штабовите на ВМРО-ДПМНЕ ширум нашата татковина ќе бидат отворени за граѓаните да можат да дојдат, да бидат сослушани, пречекани од страна на активистите, да можат да ги запишат, односно да ги сослушаат граѓаните кои се нивните проблеми во секојдневниот живот“, рече Мицкоски.

Лидерот на опозициската партија нагласи дека досега повеќе од 15.000 граѓани, директно или индиректно, ги артикулирале своите проблеми до ВМРО-ДПМНЕ.

„Од викендот практично почнуваме континуирано со состаноци во месните заедници, во руралните и урбаните средини заедно со граѓаните во Македонија и повторно разговори на отворено за она коешто претставува реален проблем што е дел од нивното секојдневие“, нагласи Мицкоски и додаде дека очекува од СДСМ набрзо да се охрабрат и да излезат на предвремени избори.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Пензиите растат и ќе продолжат да растат, а ВМРО-ДПМНЕ лицемерно лаже

Објавено пред

Не е точно дека пензиите се кратат како што лаже ВМРО-ДПМНЕ. Напротив, официјалните податоци покажуваат дека за две години, просечната пензија пораснала за над 800 денари, а трендот на раст на пензиите ќе продолжи и во иднина, велат од СДСМ како реакција на изјавата на Слаѓана Митовска од опозициската партија која кажа дека ќе поднесат предлог-закон за зголемување на пензиите.

Од СДСМ, пак, велат дека претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ пензиите ги усогласувала надвор од законските рамки и најчесто популистички пред избори.

„Денес пензиите се усогласуваат согласно Закон, двапати во годината, а стабилизацијата на Фондот отвора простор за сериозно вонредно зголемување на пензиите на почетокот на следната година“, порачуваат од владејачката партија и додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски со своите изјави покажуваат само безидејност и лицемерие.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион34 минути

Рама: Направивме се што побараа од нас

Го направивме тоа што го бараа, изјави албанскиот премиер Еди Рама., по состанокот со комесарот на ЕУ за соседска политика...

Македонија2 часа

Францускиот сенат го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Францускиот Сенат го усвои предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Предлог-законот беше усвоен...

Свет2 часа

Лајен: Длабоко жалам, но најверојатно и денеска нема одлука за проширување

Нема сигнал дека на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел ќе биде постигната одлука за процесот на проширување на...

Регион3 часа

(Видео) Борисов: Македонија е колку Софија, каков ризик може да биде?

Бугарскиот премиер Бојко Борисов пред почетокот на самитот на лидерите на ЕУ рече дека Македонија и Албанија треба да добијат...

Македонија3 часа

(Видео) Пакети со хигиенски влошки ќе се донираат на сиромашни жени и девојчиња

Пакети со хигиенски влошки, кои граѓаните ги донираа денеска на собирен пункт во „Веро Центар“, ќе бидат поделени на жени...

Македонија5 часа

(Видео) Манчевски: Регистарот на населението ќе помогне за прочистување на Избирачкиот список

Регистарот на населението ќе биде алатка што ќе го помогне спроведувањето на пописот, а податоците од Регистарот ќе бидат искористени...

Македонија5 часа

Сивиот дом замина во историјата, децата од „Ранка Милановиќ“ сместени во групни домови

Во двата мали групни дома отворени денеска се згрижени децата што досега престојуваа во поранешната установа „Ранка Милановиќ“. Од денеска...

Топ7 часа

Скопјанец со пиштол на дијаболи сакал да ограби златарници во Охрид

Дваесет и тригодишен скопјанец со пиштол на дијаболи влегол во златарници во Охрид сакајќи да ги ограби. Според информациите на...

Македонија7 часа

(Видео) „Екогерила“: Масовна сеча на шума на Шара за да се градат хидроцентрали

Се опустошува шумата на Шар Планина, масовно се сечат дрвјата за да се градат хидроцентрали, апармираат невладините организации од Тетовскиот...

Топ7 часа

Расчистено убиството во Кочани – синот го избол татка си до смрт

Полицијата го расчисти убиството што се случи на крајот на септември во Кочани. Истрагата покажала дека синот со нож го...

Македонија7 часа

Заев-Тимерманс: ЕУ да донесе одлука за почеток на преговорите

Европската Унија сега треба да го направи одлучниот чекор и да донесе одлука за почеток на преговорите за пристапување во...

Европа8 часа

Постигнат договор за брегзитот

Договорот за брегзитот, конечно, е постигнат денес во Брисел, јавуваат странските медиуми. Велика Британија и ЕУ се согласија за новиот...

Македонија9 часа

Меркел: Се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива

„Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива“, порача германската канцеларка Ангела...

Европа10 часа

Лаура Ковеси стана главен обвинител на ЕУ – ќе се бори против измами

Поранешната шефица на романската Дирекција за борбата против корупцијата, Лаура Кодрута Ковеси, ќе биде главен обвинител на Европската унија за...

Регион11 час

Во Сараево малолетничка го убила новороденчето со помош на мајка си

Припадници на сараевската полиција уапсија малолетничка под сомнение дека го убила своето новороденче, а ја уапсиле и мајка ѝ под...

Свет11 час

Турција нема да прогласи прекин на огнот на северот на Сирија

Турција нема да прогласи прекин на огнот во северна Сирија и нема да преговара со курдските борци, рече портпаролот на...

Европа11 час

(Видео) Немири во Барселона, протестите не стивнуваат

Нови немири се случија синоќа во Барселона, кога се судрија демонстрантите и полицијата на третиот ден од протестите против пресудите...

Македонија21 час

Заев и Туск очекуваат да се изнајде решение за почеток на преговорите

Во пријателска атмосфера и во искрен разговор вечерва во Брисел се одвиваше средбата меѓу премиерот, Зоран Заев и претседателот на...

Македонија23 часа

(Видео) Макрон: Ни треба малку повеќе време за позитивни сигнали кон Скопје и Тирана

По завршувањето на француско-германскиот совет на министри одржан во Тулуз, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел одржаа...

Македонија1 ден

(Видео) Заев до европските лидери: Бидете наши херои, не гасете ја ѕвездата кон која се стремиме

Премиерот Зоран Заев попладнево е во Брисел, каде што заедно со еврокомесарот Јоханес Хан одржа прес-конференција во обид да издејствува...

Досие