Контакт

Соопштенија

Подмладокот на ДОМ бара да се постават јавни тоалети за лицата со попреченост

Објавено пред

Младинската организација на ДОМ, МОДОМ, апелира до општините и локалните власти за потребата од поставување  јавни тоалети за лицата со попреченост низ целата држава.

„Лицата со попреченост се соочуваат со вистински проблеми во секојдневното функционирање, без соодветна инфраструктура и опрема. МОДОМ алармира дека лицата со попреченост имаат ограничен пристап до институции, училишта и јавни установи“, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека градење инклузивно општество подразбира и приспособување на општествената средина според потребите на граѓаните.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО молчи, но фактот што Седат Пекер добил обезбедување од Спасовски нема да избледи

Објавено пред

Јавното обвинителство молчи, фактот што Седат Пекер добил полициско обезбедување од Спасовски нема да избледи, одговорност ќе има за сите, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Не може светски криминалец како Седат Пекер три месеци да престојува во Македонија, а МВР на Спасовски да му даде и полициско обезбедување.

Дополнително уште поненормално е зошто ЈО молчи и не отвори истрага, како Пекер се стекнал со полициско обезбедување, што правела АНБ, и што разговарал Заев со него?

Не може 214 криминалци да добијат македонски документи, да доаѓаат во Македонија, од тука да полетуваат насекаде низ светот, а за тоа да бидат виновни службеници од Пасошко.

Полициско обезбедување не даваат службеници од Пасошко, тоа го даваат високи структури во МВР, а тие знаат кој е Седат Пекер.

Се поставува прашањето зошто иако знаеле кој е Седат Пекер, тој добил обезбедување и дали на тоа влијаела неговата средба со Заев.

Одговори и одговорност мора да има“, се вели во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Со новиот состав на органите СДСМ уште подобро ќе им служи на граѓаните и на државата

Објавено пред

СДСМ по 26. редовен конгрес, со кадровски освежувања во највисоките партиски органи, кои се спој на искуство и нова енергија, започнува ново четиригодишно поглавје како локомотива за напредокот на македонската држава и како гарант за исправниот колосек кој води до подобра иднина на сите граѓани, напоменуваат од партијата по вчерашниот конгрес.

Дообјаснуваат дека во составот на новите органи се пресликани вредностите на СДСМ за целосна родова еднаквост, за соодветна застапеност на младите, како и темелните вредности за заедништво преку концептот едно општество за сите.

„Новиот состав на Централниот одбор е освежен, 2/3 од него се нови лица кои досега не биле членови на највисокиот орган на партијата. Остантите, 1/3 веќе биле членови. Од 120 членови во новиот Централен одбор 60 се жени, 60 мажи – целосна родова еднаквост. Млади се 45 членови, што е застапеност од над 37,5 проценти, досега највисоко и во СДСМ и во која било друга партија во Северна Македонија. Покрај тоа што имаме членови на ЦО коишто се Македонци, имаме и припадници на албанската, турската, ромската, бошњачката, српската, влашката етничка заедница. Избрани се и 18 члена на Извршниот одбор на партијата, од кои 9 се жени, а 6 доаѓаат од младите редови на СДСМ. Од 18 члена во ИО само 5 се од стариот состав, од 4 потпретседатели, 2 се нови“, посочуваат од СДСМ.

Од таму додаваат дека новиот Централен одбор, Надзорен одбор, Извршниот одбор и целото раководство на партијата ќе ја реализира владината и партиската програма која ќе значи нова политика со која СДСМ и натаму ќе остане прв во промените.

„Овој состав е нова свежина, нова енергија и младост и гарант дека промените во СДСМ не се ниту случајни ниту стихијни, туку дека се континуитет со кој уште подобро и уште повеќе, посветено им служиме на граѓаните и државата“, сметаат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска, Николовски и Филипче не се нови ликови

Објавено пред

Сања Лукаревска, која ги штити фирмите на Заеви, Николовски, која наместо криминал брка путер, и Филипче, кој во пандемија се фати за провизии, не се нови луѓе, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ по вчерашниот конгрес на СДСМ.

„Фирмите на Заеви секој квартал се во врвот на листата на должници за ДДВ, и не видовме ниту слушнавме за некоја акција од УЈП. Тоа е Сања Лукаревска, извршител на Заев. Љупчо Николовски не се пронајде на ниту едно место. Земјоделието го упропасти, па смислија нова функција, каде што наместо криминал брка путер. Венко Филипче од добар лекар се сведе на потрчко на Заев. Наместо да брка вакцини, тој  сред пандемија бркаше провизии. Битиќи не донесе ниту една инвестиција. Имаме 6.200 затворени фирми и 60.000 останати без работа. Царовска тера инает со цела држава. Спротивно на волјата на учениците, родителите и наставниците турка проект од кој корист ќе имаат само тие што ќе ги прават набавките и никој друг“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека СДСМ е истото старо транзиционо лице на чело со, како што велат, стариот Заев.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Заев од Брисел: Го очекуваме тоа што ни е ветено

Премиерот Зоран Заев допатува во Брисел, каде што вечерва, по покана на потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за...

Македонија9 часа

Полицискиот час останува во сила до 1 јуни, одлучи Владата

На денешната седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, Владата донесе заклучок активните мерки за ограничување на движењето, наместо...

Свет10 часа

Нетанјаху најави уште поостра реакција во следните неколку дена

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека земјата ќе го засили својот одговор на ракетните напади во следните неколку дена....

Свет13 часа

(Видео) Највисокиот облакодер во Кина почна да се ниша, луѓето во паника бегаа, причината непозната

Еден од највисоките облакодери во Кина беше евакуиран кога почна да се ниша, а луѓето во паника бегаа на сигурно...

Македонија13 часа

Регистрирани 83 нови случаи на Ковид-19, починати се 2 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.704 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи на...

Македонија16 часа

Дипломат од руската амбасада во Македонија прогласен за непожелна личност

Министерството за надворешни работи одлучи да прогласи еден дипломат од руската амбасада за непожелна личност и тој треба да ја...

Македонија16 часа

Џамбаски го критикува хрватскиот претседател поради Македонија: „Тој зазема страна во спорот, ова е антибугарска кампања“

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски остро го критикуваше хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој, како што рече, ја обвини Софија за мешање...

Топ18 часа

Тешка сообраќајна несреќа синоќа во Скопје, неколку лица завршија во болница

Синоќа во 23:50 часот, десетина минути пред почетокот на полицискиот час, во Скопје се случила тешка сообраќајна несреќа на  крстосницата кај...

Македонија19 часа

Пристигна нова пратка од 9.360 дози вакцини на „Фајзер“

Министерството за здравство соопшти дека вчера во нашата земја стигнаа 9.360 дози вакцини од производителот „Фајзер“. „Од нив 4.680 се...

Свет19 часа

(Видео) Израел го гранатираше Либан, поради одмазда истрела 22 гранати

Израелската армија ја гранатираше територијата на Либан како одмазда за истрелувањето на неколку ракети од нејзината територија кон Израел. Шест...

Македонија19 часа

Пендаровски и бугарскиот претседател заедно ќе заминат во Рим на чествувањето на Кирил и Методиј

Претседателот Стево Пендаровски и бугарскиот претседател Румен Радев заеднички ќе оддадат почит на делото на светите браќа Кирил и Методиј...

Свет20 часа

Денеска во Брисел вонреден состанок на ЕУ за конфликтот во Газа

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ денеска во Брисел ќе одржат вонреден состанок на кој ќе биде...

Свет20 часа

Во налет на циклонот во Индија загинаа најмалку 21 човек, исчезнати се 96 луѓе

Најмалку 21 човек загинаа, а 96 се водат за исчезнати во голем удар на циклон во западна Индија, носејќи им...

Свет20 часа

Израел ја уништи единствената лабораторија за испитување коронавирус во Газа

Со денови се интензивираат судирите меѓу Израел и Палестина, а во еден од нападите на Појасот Газа израелските сили ја...

Свет20 часа

Испалени над 90 ракети од Појасот Газа кон Израел

Во текот на ноќта од Појасот Газа беа истрелани околу 90 ракети кон Израел, објави израелската армија. Се наведува дека...

Регион1 ден

Лидерите на Западен Балкан со заедничка декларација: Итен почеток на преговорите со Скопје и Тирана

Декларацијата усвоена од лидерите на Процесот „Брдо – Бриони“ на самитот укажува на важноста од брзото проширување на ЕУ за...

Македонија1 ден

Хрватскиот претседател: Членка на ЕУ навлегува во интимниот простор на Северна Македонија

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, најави дека ќе се спротивстави на условите што ги поставува Бугарија за почеток на преговорите...

Македонија1 ден

Заев: Следните парламентарни избори ќе се одржат во 2024 година, нема да има предвремени

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека предвремени парламентарни избори нема да има и дека следните ќе се...

Европа1 ден

ЕМА: Вакцината на „Фајзер“ може да се чува во обичен ладилник до еден месец

Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача да се продолжи времето на чување на вакцините на „Фајзер/Бионтек“ на стандардни температури во...

Македонија2 дена

Денеска се регистрирани 27 нови случаи на Ковид-19, починати се 19 лица

Министерството за здравство информира дек во последните 24 часа се направени 1.314 тестирања, а регистрирани се 27 нови случаи на...

Досие