Контакт

Соопштенија

Протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ в недела во Охрид

Објавено пред

По повод акцијата „Лето за Македонија“, Силвана Ангелевска, член на Извршниот комитет, оствари средба со граѓаните на општина Струга.

Ангелевска потенцираше дека на средбата со граѓаните разговарале за, како што рече, штетните политики што ги спроведува ненародната власт на Зоран Заев, со посебен акцент на штетниот договор потпишан од СДСМ со јужниот сосед, Република Грција.

„Посетивме семејство што е потомок на браќата Миладиновци, човек којшто е малтретиран, затворан за Република Македонија, за она што денес го имаме, независна и самостојна Република Македонија. Затоа луѓето беа посебно емотивни во врска со она што денес се прави  со нашата држава“, вели Ангелевска.

Ангелевска смета дека овој договор е штетен бидејќи со него се губат идентитетот и историјата, односно, како што рече таа, во членот 8 од самиот договор била предвидена комисија што ќе ги анализира историските настани на Република Македонија и Република Грција, додавајќи дека и покрај тоа што има уште неколку дена до референдумот, комисијата веќе била формирана.

Ангелевска истакна дека граѓаните се разочарани од владата на СДСМ, од колапсот во економијата, во здравството, образованието, а на сметка на ова корупцијата и скандалозните афери на доделување криминални тендери од милионски суми цветаат.

На крај, Ангелевска го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека е против, како што рече, капитулантскиот договор и порача дека секој граѓанин треба да се води од сопствените чувства и на 30 септември да се однесува како што налагаат неговите чувства.

Таа упати јавен повик до сите граѓани в недела во 13 часот во Охрид да излезат на протесниот марш.

Соопштенија

(Видео) Петров: Почна аплицирањето за мерката за плати за мај, за април ја искористиле 19.350 компании

Објавено пред

Од 1 до 7 јуни сите работодавачи погодени од коронакризата може да поднесуваат барања за финансиска поддршка од 14.500 денари за исплата на плати за мај, посочи на денешната прес-конференција потпретседателот на СДСМ, Коста Петров.

Тој соопшти дека во текот на минатиот месец Управата за јавни приходи примила, проверила и обработила вкупно 23.861 барање за финансиска поддршка за исплата на плата на повеќе од 120 илјади вработени.

Мерката за финансиска поддршка за исплата на плати за месец април ја искористиле 19.350 компании за 127.426 вработени од кои 42 компании кои имаат над 250 вработени (за 26.680 вработени), 300 компании со број на вработни од 51 до 250 (за 27.635 вработени) и 19.008 компании со број на вработени од 1 до 50 (за 73.111 вработени).

Условите за користење на финансиската поддршка остануваат исти како и за претходнитот месец: намалени приходи од над 30% во април и мај споредбено со просекот од месеците минатата година, да не се исплаќаат дивиденда или бонуси за време на користење на мерката и да нема над 120.000 денари нето-плата на над 10% од вработените, посочи Петров.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ДУИ: Административците вработени со средно добија можност за напредок во кариерата

Објавено пред

Од вчера (први јуни) стапи на сила Законот за административни службеници со кој ја олеснивме можноста за унапредување на државните службеници, а кој исто така подразбира и прифаќање на високото образование за сите државни службеници кои се примени на работа со средно, а во меѓувреме завршиле факултет, порача на прес-конференција Адем Авзиу од ДУИ.

Како што рече тој, со оваа измена на сите државни административци кои работат на работни места со средно образование, а во меѓувреме, до усвојување на Законот имаат завршено високо образование, ќе им се признае, односно ќе им се вреднува високото образование.

„По овој повод да им честитам и им посакувам успеси на сите државни службеници за понатамошно развивање и унапредување во кариерата“, истакна на пресот Авзиу.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Калеска -Ванчева: Изборот е јасен – или ќе ги почитуваме мерките или ќе мора повторно карантин

Објавено пред

Македонското здравство има капацитет и успешно се справува со вирусот Ковид-19 и во услови кога има покачување на бројот на новозаразени, изјави Снежана Калеска -Ванчева, координаторка на Форум на жени на СДСМ.

„Здравствените установи не се оптоварени, капацитетите се празни, а голем дел од новозаразените се или без симптоми или се со благи симптоми и се на домашно лекување, појава што ја има и во други земји. Но сепак, останува заедничката одговорност да се заштитиме од коронавирусот. Изборот е јасен – или ќе ги почитуваме мерките за заштита или ќе мора повторно да се враќаме на рестриктивни мерки, како што е карантинот или полицискиот час“, кажа таа.

Затоа, додаде Калеска-Ванчева, е неопходно сите заедно, безусловно да ги почитуваме мерките за заштита, да носиме маска секогаш кога е тоа потребно, да држиме физичка дистанца и да не се групираме.

„Сите овие поголеми бројки, на кои сведочиме деновиве, се директна последица на неколку фактори. Прво од неработењето и саботирањето на мерките од страна на Наќе Чулев. Наместо да преземе одговорност да се спроведуваат мерките и задолженијата, Чулев јавно порача дека нема да казнува и со тоа поттикна масовно кршење на мерките. Целата јавност ги гледаше масовните прекршувања на забраните за собири и движења и бројните прекршувања на полицискиот час, само Чулев ги игнорираше и свесно не преземаше ништо. Со тоа тој свесно го загрози јавното здравје и придонесе да имаме вакви бројки“, рече таа.

Второ, додаде Калеска – Ванчева, како што објави Министерството за здравство, тековните тестирања се таргетирани во познати кластери и затоа бројките се поголеми, тоа значи дека се тестира во точно утвдени фамилии и населби и дека здравствениот систем добро знае што прави.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион7 часа

Црна Гора прогласи крај на епидемијата

Националното координативно тело за заразни болести, по предлог на Институтот за јавно здравје, прогласи крај на епидемијата на Ковид-19 во...

Свет8 часа

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да стави крај на протестите

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да ги угасне протестите во САД, поради смртта на Афроамериканецот Џорџ...

Свет9 часа

Путин: На напад со конвенционално оружје Русија ќе возврати со нуклеарно

Рускиот претседател, Владимир Путин, донесе уредба со која се утврдува дека руската војска може да употреби нуклеарно оружје како одговор...

Македонија9 часа

Не се 67 новозаболени, туку 76 – покажуваат новите бројки на Министерството за здравство

Од Министерството за здравство информираат дека бројот на новозаболени е 76, а не како што претходно беше објавено дека се...

Македонија11 час

Од денес во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија поради позитивен колега странец

Шеесетина полицајци, кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради постојаната опасност од нов мигрантски бран, од денес се во...

Македонија13 часа

Случај „Рекет“: Навреди и критики кон Русковска и Камчеви во завршните зборови на Јанева

Со критики и навредливи зборови за Орце и Ана Камчеви, обвинетата Катица Јанева ги даде своите завршни зборови во судот...

Македонија13 часа

На 18 јуни пресуда за случајот „Рекет“

За две недели, односно на 18 јуни судот ќе ја изрече пресудата за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан...

Македонија14 часа

Бухова: Завршени се 100 од 485 тестови на вработени во конфекциските фабрики во Штип

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Ирина Бухова вели дека будно се следи состојбата со кластерите на новозаразени од...

Регион16 часа

Цело одделение во Марибор во карантин, еден ученик позитивен на коронавирус

Сите ученици од една паралелка од трето одделение во основно училиште во Марибор, Словенија, се во 14-дневен карантин, откако на...

Македонија17 часа

Портпаролката на СДСМ во самоизолација

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, е во самоизолација затоа што имала средба со директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која е...

Регион17 часа

Црна Гора 28 дена без нови случаи, исполнети се условите за крај на епидемијата

Во Црна Гора се исполнети условите за прогласување крај на епидемијата на коронавирус, изјавил Сенад Бегиќ, помошник-директор на Институтот за...

Свет18 часа

(Видео) Четворица полицајци ранети во пукање во Сент Луис, во Бафало возило влета во полициски кордон

Насилните протести во САД продолжија откако минатата недела во полициско апсење беше убиен Џорџ Флојд, а Би-би-си јавува дека имало...

Свет19 часа

Чешка на 15 јуни ги отвора границите за 29 земји

Чешката влада соопшти дека од 15 јуни на граѓаните на таа земја ќе им биде дозволено да патуваат во 29...

Спорт19 часа

Барселона криела дека во тимот има заразени со коронавирусот

Шпанците се подготвуваа за ре-старт на сезоната, која беше прекината поради пандемијата на вирусот Ковид-19. Клубовите пред три недели добија...

Европа19 часа

Во Шпанија првпат од март нема нови смртни случаи од коронавирус

Во Шпанија во последните 24 часа не се пријавени смртни случаи од коронавирус, првпат од март, соопштија здравствените власти на...

Свет20 часа

(Видео) Трамп најави дека ќе испрати илјадници тешко вооружени војници на улиците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе испрати војска на улиците за да ги задуши граѓанските немири во...

Свет1 ден

(Видео) Се огласи братот на Џорџ Флојд: Тој беше џин со нежно срце, немаше да поддржи насилни протести

Теренс Флојд, помладиот брат на Џорџ Флојд, се обидува да ја смири ситуацијата по жестоките и масовни портести кои избувнаа...

Свет1 ден

СЗО: Нема докази дека коронавирусот сега е послаб

Нема докази дека коронавирусот ја сменил формата на пренесување или дека се променила тежината на болеста што ја предизвикува, велат...

Македонија1 ден

Судниците и просториите во зградата на Кривичниот суд се подготвуваат за продолжување на судењата

Основниот кривичен суд Скопје, по добивање на одлуката на Судскиот совет за судење на сите насрочени судења, која беше објавена...

Македонија1 ден

Филипче: Бројки како вчерашните и денешните очекуваме и во следните неколку дена

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека се очекува бројката на новодијагностицирани од Ковид-19 и во следниве 2-3 дена да...

Досие