Контакт

Соопштенија

СДСМ:Зошто на ВМРО-ДПМНЕ му пречат повисоки плати за над 53 000 вработени?

Објавено пред

Зошто ВМРО-ДПМНЕ е против тоа вработените во здравството, образованието и социјалната заштита да добиваат повисоки плати. Зошто на ВМРО-ДПМНЕ му пречи растот на платите во клучните сектори?Над 53 илјади вработени во здравството, образованието и детските градинки добиваат покачување на платите за 5 отсто и тоа почнувајќи од септемвриската плата. Таквото покачување, освен што носи повеќе пари во над 53 илјади семејства, дополнително ќе влијае и на спиралата на раст на платите, се вели во реакцијата на СДСМ.

Според партијата, унапредувањето на јавното здравство, социјалната заштита и образованието се врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ, затоа што токму тие се темелите на општеството. Влогот во човечки капитал е влог за квалитетни и задоволни наставници, поквалитетно образование, како и квалитетни и задоволни доктори во јавното здравство.

,,Трендот на растот на платите ќе продолжи во годините кои следат, а со влезот во Европската унија и НАТО, растот на платите ќе добие забрзано темпо.Позитивен пример за тоа даваат искуствата на Бугарија каде што по влезот во ЕУ просечната плата пораснала двојно, како и искуството на Романија каде што просечната плата по влезот во ЕУ пораснала четирикратно.Бидејќи како држава се стремиме за ЕУ и НАТО интеграции и подигање на стандардот на платите, засилено се работи на создавање на еден нов систем на плати со кои вработените ќе добиваат достоинствено зголемување , како одговор на достоинствените и благородни професии кои ги извршуваат”, се додава во соопштението.

Соопштенија

СДСМ: На ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не им пречи уставното име, туку прогресот кон НАТО и ЕУ

Објавено пред

Лажниот патриотизам и лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш исплива на површина кога во Собранието, пратениците на опозициската партија не гласаа за Законот за одбрана, особено важен за нашето членство во НАТО, соопшти СДСМ.

„Пратениците на ВМРО ДПМНЕ гласаа за Законот за служба во АРМ, каде стои Северна Македонија, а го проблематизираат Законот за одбрана, којшто е исклучително важен за НАТО интеграцијата.

На лицемерието на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ им нема крај. Самите потврдија дека не им пречи уставното име Република Северна Македонија, туку им пречи прогресот на државата, нејзиното членство во НАТО.

Со ова паѓаат во вода сите лажни тврдења и манипулации на извршителот Христијан Мицкоски, дека со гласање за Законот за одбрана се гласа за промена на името на Армијата.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕнемаат што да им понудат на граѓаните освен лажен патриотизам, блокади и деструкции и затоа на 12 април нивните политики на уназадување и изолација уште еднаш ќе бидат поразени.

Република Северна Македонија чекори кон НАТО и ЕУ и враќање назад нема. Граѓаните заслужуваат да живеат во европска и просперитетна држава и затоа ќе ги поддржат политиките на СДСМ кои отсекогаш биле насочени исклучиво во интерес на граѓаните и државата“ се наведува во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Собранието го заврши мандатот со кршење на Уставот се со цел за спас на криминалите на Заев

Објавено пред

Заев и СДСМ заминуваат од власт како и што дојдоа, со непочитување на Уставот и законите во Република Македонија. Мандатот го завршија со газење на процедурите, кршење на Уставот и насилничко носење на закони со цел спас на криминалите на Заев и свитата околу него, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Три години граѓаните се сведоци на свиткана кичма, сменето име, избришан идентитет, продадени историја јазик и култура. Три години пазарење со се што е македонско и одземање на иднината на генерациите кои доаѓаат.

Со Заев и СДСМ во Република Македонија три години сите бевме сведоци и жртви на неправди, брутален криминал, „Рекет“, милионски провизии, притисоци, заробено обвинителство и Луј Витон судство.

Правдата која ја ветуваа се претвори во неправда, а наместо законите, со улиците царуваа криминалците кои Зоран Заев ги ослободи од затворите за да шират страв кај македонските граѓани.

Зоран Заев и СДСМ ја претворија државата во најкриминална и најкорумпирана во Европа, а угледниот Економист ја прогласи Македонија за хибриден режим. Со нивниот криминално рекетарски систем на работа не само што не ги отворија вратите на Европа туку се повеќе не оддалечија.

Наместо живот Заев и СДСМ донесоа беда. Откако дојдоа на власт над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, а јавниот долг ја премина психолошката граница од 50% од БДП.

Наместо почист воздух и животна средина, Македонија ја направија најзагадена држава во Европа а Скопје еден од најзагадените градови во Светот. Воедно не сработија ниту еден капитален проект кој ќе значеше развој за државата, ниту пак ги исполнија ветувањата со кои во 2016 ги лажеа граѓаните.

Нема 500 евра просечна плата, нема 100.000 денари за докторите, нема нови болници, Клиничкиот не го ни започна, нема 500 километри автопат, а нема ни студентски град кој требаше да го изградат уште во првите 6 месеци.

Затоа пак за Заев и неговата криминална банда имаше криминални крвави тендери, рекетирање на бизнисмени, криминални грантови за иновации, непотизам, плантажи за марихуана, матни зделки од стотици милиони и камиони кои возат во РЕК.

Со Зоран Заев и СДСМ Република Македонија и граѓаните изгубија три години на лаги, криминал, неисполнети ветувања, три години без иднина. Вчера беше денот кога на сето тоа му дојде крајот. Вчера заврши најсрамната и најкриминалната епизода во македонската историја. Заврши времето на порази, погазено достоинство и криминали. Заев и неговата криминална банда си заминуваат и никогаш повеќе да не се повторат.

После 12 април со ВМРО-ДПМНЕ следува обнова на Македонија. Следува време на чесност, работа и одговорност. Доаѓаат подобри времиња, исправена кичма, чист образ, силна економија и силна држава. Зоран Заев и СДСМ никогаш повеќе!“ порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Љутков: Со годишната програма за култура за 2020 година наместо културата се поддржува политиката

Објавено пред

Годишната програма за култура за 2020 година е скандалозна! Програмата е насочена кон подмирување на ситни политички интереси, наместо за развој на културата! Јавноста секоја година одново и одново се шокира од одлуките на министерството за Култура кои проекти од културата или кои уметници и културни дејци се поддржани, рече Зоран Љутков.

„Повторно без критериуми и преку параван на наклонети членови на комисии, доделени се скандалозни износи на средства на здруженија и на поединци кои се блиски на власта.

Со годишната програма за култура наместо културата се поддржува политиката, два аспекти кои немаат никаква допирна точка.

Така на пример книгата „Партискиот систем на Северна Македонија“ од Ѓорѓи Спасов е поддржана со 90.000 денари. Да потсетиме Ѓорѓи Спасов е долгогодишен партиски функционер на СДСМ, пратеник и татко на Никола Спасов од агенцијата за мерење на јавното мислење Рејтинг која важи за блиска до власта.

Златко Ориѓански, именуван од Заев за директор на Македонскиот културно информативен Центар во Тирана добил вкупна поддршка од 330.000 денари за два проекти. Едниот е проектот “За кого“ во вредност од 80.000 денари, а вториот е заеднички со Бени Шаќири во износ од 250.000 денари. Двајцата кои пеат на митинзите на СДСМ ќе добијат поддршка од власта на СДСМ. Во годишната програма за Култура за 2020 поддршка од 90.000 денари доби и книгата „Долно Коњари низ слика и време“ на пратеникот и потпретседател на Собранието, Зеќир Рамчиловиќ.

Средства во износ од 90.000 денари доби и Нано Ружин, татко на советникот на Заев, Алекс Ружин, но и човекот кој што го кандидираше Зоран Заев за Нобелова награда. Работава изгледа на ти го- дај ми го. Ружин кандидира за нобелова награда, министерството за култура дава поддршка за неговата книга.

И советникот на Алаѓозовски, авторот на безидејната “Национална стратегија за развој на култура 2018-2022″ и на катастрофалниот ‘Предлог-Закон за остварување на јавниот интерес во културата” Златко Теодосиевски, е дел од поддржаните проекти изложбата на скулптури „Споеви“ и на инсталацијата „РЕ-изградени сеќавања“. И секако тука се неизбежните пулени на Алаѓозовски од НВО секторот, Контапункт, Локомотива, Факултет за работи што не се учат, Центар за современи уметности Прилеп, Прес ту егзит и др, кои редовно се финансираат со предимензионирани средства, како награда за гласните пофалби за погубните политики на СДСМ.

Поразително е што три години по ред Годишната програма за култура е носена по телефон по желби и потреби, истовремено лобирана од поранешни фолк пејачки и самопрогласени револуционери, убедени дека, газењето на културата во Македонија е натпревар во кој мораат да победат, а астрономските износи кои си ги намениле себе си, се нешто што им припаѓа.

На 12 април, културните работници, заедно со граѓаните на Македонија, ќе го казнат ваквиот мизерен однос кон македонската култура и ќе отворат нова страница за враќање на достоинството, како на македонската култура, така и на македонското достоинство воопшто. Тоа ќе биде денот кога сите чинители на културата во Македонија, без разлика на верската, националната и партиската припадност, ќе се сплотат за заеднички културни вредности кои не обединуваат, за доброто на нашата заедничка татковина“ истакна Љутков.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет37 минути

Над 160 милиони луѓе во Кина нема да се вратат на работа поради коронавирусот

Во Кина и во светот продолжува борбата со епидемијата на вирусот корона. Околу 160 милиони луѓе сепак нема да се...

Топ52 минути

Тешко повреден пешак во сообраќајна несреќа во Охрид

Шеесет и двегодишна жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Охрид. Според информациите на полицијата,...

Свет2 часа

Над пет тони кокаин пронајдени во Костарика

Властите во Костарика соопштија дека заплениле над пет тони кокаин, што е најголема таква заплена во оваа централноамериканска земја. Министерството...

Свет2 часа

(Видео) Вооружени крадци во Хонгконг украле стотина ролни со тоалетна хартија

Вооружени крадци утрово украле стотина ролни тоалетна хартија во вредност од околу 130 долари во Хонгконг, каде поради коронавирусот има...

Свет3 часа

Орбан: Унгарија е иднината на Европа

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, синоќа, во обраќањето пред нацијата, рече дека Будимпешта научила дека не мора да ѝ се...

Македонија15 часа

Рот: Законот за ЈО е клучен чекор за европската иднина, останува ЕУ да испорача

Законот за Јавното обвинителство е клучен чекор за владеењето на правото и европската иднина на Северна Македонија, напиша на „Твитер“,...

Македонија16 часа

Митрески: Законот за Советoт на јавни обвинители не се носи со двојно мнозинство

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески на социјалните мрежи сподели листа на закони кои се носат со двојно...

Македонија17 часа

(Видео) Мицкоски: Изгласувањето на Законот за ЈО е спротивно на процедурите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференција изјави дека изгласувањето на Законот за јавно обвинителство било „се, само не правда,...

Македонија17 часа

Пендаровски ги потпиша Законите за ЈО и за Советот на јавни обвинители

Претседателот Стево Пендаровски, попладнево ги потпиша Указите за прогласување на повеќе закони кои беа усвоени во Собранието. Потпишани за законите...

Македонија18 часа

Димовски: Законот за Советот на јавни обвинители не е донесен, немаше бадентер

Законот за Советот за јавни обвинители не е донесен, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски и рече дека...

Македонија18 часа

Се распушти Собранието

Со 108 гласа „за“, без против или воздржани Собранието се распушти, што значи дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат...

Македонија19 часа

Заев: Со Законот за ЈО гарантирана е разрешница на сите судски процеси почнати од СЈО

Им честитам на сите 80 пратеници, кои презедоа одговорност, го препознаа овој момент како клучен за владеењето на правото и...

Македонија21 час

Спасовски ја повика ВМРО-ДПМНЕ да предложи нов министер за труд и социјална политика

Техничкиот премиер Оливер Спасовски упати јавен апел до ВМРО-ДПМНЕ да даде предлог за избор на министер за труд и социјална...

Македонија21 час

Независната пратеничка група: Го поддржуваме законот за ЈО со чиста совест

Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата соопшти дека законот за ЈО е од исклучително значење за нашата земја на...

Македонија21 час

Изгласани законите за Совет на јавни обвинители и за одбрана без присуство на ВМРО-ДПМНЕ

Собранието ги донесе и другите два закони предвидени за денешната седница. Законот за Совет на јавни обвинители беше донесен со...

Македонија21 час

Мицевски: Го повикуваме Пендаровски да не го потпишува законот за ЈО донесен на нелегален начин

Слугите на Зоран Заев денеска се надминаа себеси. Законот за амнесија на криминалите на Заев не помина. Го донесоа на...

Македонија23 часа

Изгласан законот за јавно обвинителство

Собранието го донесе законот за јавно обвинителство со 80 гласови за и 6 против. На гласањето беа присутни 116 пратеници....

Топ24 часа

Тројца повредени во судир на три возила на патот Струмица-Ново Село

На магистралниот пат Струмица – Ново Село, кај „Робовска крстосница“, вчера се случила сообраќајна незгода помеѓу три возила – „тојота...

Свет1 ден

Цукерберг повика на построга регулација на штетните содржини на интернет

Сопсвтеникот на Фејсбук, Марк Цукерберг повика на поголема регулација на штетната содржина на Интернет, нагласувајќи дека не е на компаниите,...

Свет1 ден

Бројот на заразени надмина 68.000, 70 нови случаи на крузерот во Јапонија

Бројот на заболени од коронавирусот на крузерот во Јапонија, од вчера порасна за 70. Министерот за здравство на Кина, Кацунобу...

Досие