Контакт

Соопштенија

СДСМ:Нема веќе „влечење за уши”, граѓаните гласаа слободно

Објавено пред

Претседателските и предвремените локални избори се пример за слободен, фер и демократски изборен процес. Нешто што цела деценија беше незамисливо поради режимот на Никола Груевски.
Наместо „влечење за уши“ како што правеше режимот, граѓаните сега можеа слободно да го дадат својот глас, по сопствено убедување, соопшти СДСМ.

Според партијата, наместо „ливче нека снема“ се случи фер натпревар и за сите учесници важеа истите, демократски правила.

,,Наместо изгаснати лифтови, штанцање фалс лични карти и изборен инженеринг со кој режимот и заробената држава ја менуваше волјата на граѓаните, сега имавме скандинавски избори, како што доликуваат на демократска држава која е пред влез во ЕУ и веќе има столче во НАТО.Причините за поразот на претседателските и предвремените локални избори ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски треба да си ги бараат кај себе си и нивните погрешни, деструктивни политики.Граѓаните јасно и гласно кажаа дека не само што се против нивните деструктивни и погубни политики, туку немаат намера да дозволат такво нешто да се повтори”, се додава во соопштението.

Соопштенија

ДУИ: Граѓаните да не одбиваат тестирања и да се придржуваат до мерките

Објавено пред

Демократската унија за интеграција (ДУИ) апелира до граѓаните во овие моменти најсериозно да постапуваат по прашањата поврзани со заштитата на јавното здравје.

„Да ги избегнуваме фамилијарните и пријателските собирања да ги прифатиме тестирањата и анкетирањата, максимално да одржуваме хигиена, да не излегуваме од дома без заштитни маски и да држиме физичко растојание“, истакнуваат од оваа партија.

Воедно ги повикуваат граѓаните да не ги одбиваат тестирањата, да соработуваат при анкетирањето и да ги одбегнуваат сите околности каде можат да се изложат на можна инфекција.

Вирусот Ковид-19 е присутен и се проширува, а сите заедно треба да го спречиме, порачуваат од ДУИ.

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ-кластерот брза на избори во ситуација кога имаме стотици заразени и нови починати

Објавено пред

Непочитувањето на препораките на здравствените експерти резултираше со десетици заболени високи функционери на СДСМ. Да ги почитуваа препораките немаше да ги доведат во опасност сопствените животи и животите на граѓаните. За жал, нивното здравје го ставија зад политичките потреби на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ-кластерот брза на избори во ситуација кога имаме стотици заразени и нови починати лица. Брзајќи за избори, СДСМ, Филипче и Заев заборавија на здравјето и животите на граѓаните. Поради нивната неодговорност, во Македонија имаме црни биланси. Последното деноноќие во Македонија има 101 нов заболен и 4 починати лица од епидемијата со коронавирусот. Македонија има вкупно 2492 заболени и 145 починати, со што сме рекордери во целиот регион по овие параметри на еден милион жители, а Заев и СДСМ сè уште зборуваат за нова нормалност и избори. Тоа покажува дека се тотално одлепени од реалноста. Брзаат на избори и по цена на животите и здравјето на граѓаните, само за да го ублажат поразот и на тој начин да му ја спасат кариерата на Заев“, се наведува во соопштението.

Патем, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, поради нивното неодговорно однесување и водењето на официјална кампања пред почетокот на изборната, создадоа нов кластер СДСМ во кој има позитивни на вирусот, 75 во изолација и огромен број граѓани и активисти кои изминатите денови имале контакт со сомнителните и заразените партиски функционери.

„Состојбата станува алармантна и за тоа одговорност имаат СДСМ, Заев и Филипче поради нивните постапки и одлуки. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ и тоа јавноста сега го гледа. Ние цениме дека прво треба да се порази епидемијата, а потоа ќе следи поразот и на Заев поради неговите три години неспособна власт, хибридниот режим, сиромаштијата, корупцијата и криминалот кои тие ги создадоа“, велат од партијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Сега е потребно единство и дисциплина во почитувањето на мерките

Објавено пред

Сега е потребно единство и дисциплина во почитувањето на мерките, ќе успееме да го совладаме коронавирусот, велат од СДСМ.

„Со цел да се обезбеди брза и ефикасна реакција за спречување на ширењето на коронавирусот, Владата, по препорака на Комисијата за заразни болести, одлучи во текот на продолжениот викенд да воведе одредени рестриктивни мерки со различен интензитет во различни делови од државата. Ваквите мерки се неопходни за да се спречи ширењето на коронавирусот и да се заштити здравјето на граѓаните. Вирусот Ковид-19 е реална појава и затоа никој не смее да ја игнорира оваа закана, бидејќи на тој начин ја загрозува личната и колективната здравствена состојба. Вирусот е присутен и опасен и само со почитувањето на мерките ќе успееме“, пишува во соопштението.

„Покажавме дека имаме добра стратегија, ефикасните мерки дадоа резултати, но само заедно со граѓаните и со доследно и постојано почитување на мерките за заштита можеме да успееме. Имавме одлични резултати, здравствениот систем е подготвен, имаме целосно стабилни општини, а најдобар пример за тоа е општина Дебар. Затоа, секој мора да ги почитува сите мерки, во целост. Тие се основна алатка за намалување на ширењето на заразата. Онаму каде што има добри резултати, тоа е така затоа што се почитуваат мерките и препораките на здравствените власти. Секој мора да носи маска, да се дезинфицира редовно, да држи дистанца од 2 метра и да нема групирање. А овој викенд, сите да останеме дома, со своите семејства. Издржавме и потешки моменти, заедно ќе го поминеме и овој“, велат од СДСМ.

Партијата упати поддршка до сите здравствени работници кои се столбот во овие клучни моменти, но и до сите граѓани кои ги почитуваат мерките и се грижат за личното и јавното здравје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Филипче: Епископот да го повлече повикот да се посетуваат верските храмови

Министерот за здравство доц.д-р. Венко Филипче, одговорајќи на новинарско прашање за повикот на епископот верниците да ги посетуваат храмовите бидејќи...

Македонија2 часа

Заев: Ако Мицкоски се грижеше за здравјето на граѓаните, немаше да ги крши мерките

Ако Мицкоски се грижеше за здравјето на граѓаните, немаше да ги крши здравствените мерки, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев,...

Регион2 часа

Во Словенија има само девет активни случаи на коронавирус

Во Словенија во последните 24 часа се тестирани 828 лица и не се потврдени нови случаи на коронавирус, објави словенечката...

Македонија2 часа

Отфрлена кривичната пријава против кумановскиот градоначалник за непочитување на мерките за заштита

Кумановското основно јавно обвинителство донесе решение за отфрлање на кривичната пријава против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, и раководителот на...

Македонија3 часа

Двајца починати и 120 нови случаи на коронавирус во Македонија

Две лица починаа од коронавирус во последните 24 часа во Македонија, а регистрирани се 120 нови случаи, што е една...

Топ3 часа

Пукање на улицата Џон Кенеди во Чаир, полицијата го истражува случајот

Истрели од огнено оружје се слушале утрово во скопски Чаир, што ги вознемирило жителите, кои подоцна настанот го пријавиле во...

Македонија4 часа

Поради полицискиот час се поместуваат термините за аплицирање за лични документи

Граѓаните кои имаат закажано термини за аплицирање за лични документи во деновите кога во дел од општините на сила ќе...

Регион6 часа

(Видео) Нереди на протест во Атина за смртта на Џорџ Флојд – употребени молотови коктели и солзавец

Грчката полиција употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои фрлале молотови коктели за време на протестот што се одржа...

Свет7 часа

СЗО продолжува со тестирање на лекот против маларија кај пациенти со Ковид-19

Светската здравствена организација ќе продолжи со тестирање на хидроксихлорокинот како потенцијален лек против коронавирусот, изјави директорот на СЗО, Тедрос Аданом...

Свет7 часа

(Видео) Чувар прободел 37 деца и тројца возрасни во градинка во Кина

Најмалку 40 лица се повредени во напад со нож на југот на Кина, јавуваат кинеските државни медиуми. АП наведува дека...

Свет7 часа

Џорџ Флојд имал коронавирус

Обдукцијата покажала дека убиениот Афроамериканец Џорџ Флојд бил позитивен на коронавирус, објави Си-ен-ен. Главниот медицински инспектор Ендру Бејкер изјавил дека...

Македонија8 часа

Мицкоски призна дека бил во кафеaна, не знаел дека е забрането да се седи внатре

Откако Државниот пазарен инспекторат вчера објави дека инспекторите биле спречени да извршат надзор во кафеана во Дебар маало, а после...

Македонија18 часа

(Видео) Инспектори биле спречени да направат надзор во кафеана, внатре бил лидер на политичка партија

Вработени во угостителски објект на Боемската улица во Дебар Маало не им дозволиле на инспекторите од Пазарниот инспекторат да извршат...

Македонија19 часа

Филипче: Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега

Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега. Вирусот нема да...

Македонија20 часа

Владата донесе одлука за повторно воведување полициски час

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести за повторно воведување полициски час за време на претстојниот продолжен викенд...

Топ24 часа

Приведени седум полицајци во Куклица, правеле забава без да ги почитуваат мерките

Седум полициски службеници, кои не биле на должност, биле приведени затоа што правеле забава, без да ги почитуваат мерките против...

Македонија1 ден

И со негативен тест задолжителен е 14-дневен карантин по влез во земјата

Министерството за внатрешни работи соопшти дека при влез на наши граѓани во земјата, како и на странци, но само со...

Економија1 ден

Граѓаните на интернет ќе треба да проверат дали се меѓу корисниците на домашната платежна картичка

Граѓаните кои ќе бидат корисници на домашната платежна картичка нема потреба да аплицираат или да се пријават за да ја...

Македонија1 ден

Османи во Штип: Во компаниите ќе има ковид-координатори кои ќе го следат спроведувањето на мерките

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на главен координатор на кризните штабови за одбрана од Ковид-19, оствари...

Македонија1 ден

Четворица починати и 101 случај на новозаразени од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на Ковид-19, информираат од Минитерството за...

Досие