Контакт

Соопштенија

СДСМ:Не постои никакво кривично дело, а најмалку поткуп при избори

Објавено пред

Поднесувајќи неосновани кривични пријави кои немаат никаков основ ниту, пак, цел, ВМРО-ДПМНЕ покажува дека сé уште останува заглавена во матрицата на минатата  и времето кога го злоупотребуваа судството за пресметка преку беспредметни пријави. Не постои никакво кривично дело, а најмалку поткуп при избори, тоа ВМРО-ДПМНЕ добро го знае, се вели во реакцијата на СДСМ.

Според партијата, вистинското прашање е зошто ВМРО-ДПМНЕ е против зголемувањето на платите за работниците? Зошто на опозициската партија ѝ пречи растот на платите, растот на живтниот стандард на граѓаните па поднесува неосновани пријави со кои се обидува да ја замајува јавноста?

,,Кривични дела се криминалите, газењето на човековите права и договорените провизии на ВМРО-ДПМНЕ правени континуирано 11 години години наназад. Поттикнувањето повисоки плати за сите работници, е одговорност на секој премиер и владата што ја предводи.

Владата предводена од СДСМ и премиерот и претседател на СДСМ, Заев, остануваат посветени на заложбите за повисоки плати и пензии, за сите граѓани на Македонија да имаат повеќе пари и повисок животен стандард. И тоа нема да го спречат неоснованите пријави на ВМРО-ДПМНЕ

Слободното гласање на граѓаните референдум е загарантирано и обезбедено. Референдумот е најмоќната демократска алатка, гласот на граѓаните е конечен, а почитувањето на нивната волја е задолжително за сите”, се додава во соопштението.

Соопштенија

(Видео) Арсовски: Ако се точни сведочењата во „Рекет“, Кацарска треба да лежи во затвор

Објавено пред

Сведочењето на Лиле Стефанова отвори сериозен сомнеж како функционирало Луј Витон-судството на Зоран Заев, во народот познато како кацарска-судство, рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Како што кажа тој, ако се точни сведочењата во „Рекет“, судијката Кацарска треба да одговара кривично и да лежи затвор.

„Обвинителката Стефанова на вчерашното сведочење под полна морална и материјална одговорност изјави дека судијката Добрила Кацарска директно се јавувала кај сега веќе обвинетата Катица Јанева за да влијае врз истрагите. Стефанова сведочеше дека судијката Кацарска постојано била присутна додека се одлучувало околу барањето за притвор на еден од осомничените во предметот ‘Империја’ и се интересирала за текот на постапката“, посочи Арсовски.

Портпаролот додаде дека според членот 75 од Законот за судови, дисциплинска повреда за која се поведува постапка за утврдување на одговорност на судија е „грубото влијание и мешање во вршењето на функцијата на друг судија“.

„Вклучително истата судијка, Добрила Кацарска, според сведочењето на Лиле Стефанова треба да одговара по член 353 од КЗ на Република Македонија за злоупотреба на службена должност која што ја има“, нагласи Арсовски.

Тој јавно го повика претседателот на Основниот суд Скопје 1, Иван Џолев, дека е должен во рок од осум дена од осознавањето на ваквата дисциплинска повреда од страна на судија, да го извести Судскиот совет на Република Македонија за истото.

„Доста е од Катици, Вилми и Добрили во судството. Со секој изминат ден станува сè појасна спрегата и меѓусебната поддршка преку која наместо закон се реализираат партиски нарачки на Зоран Заев и СДСМ“, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ и порача дека институциите не смеат да замижат пред овој случај.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Трипуновски: Мајката на градоначалникот на Конче спротивно на закон зела субвенции, а не плаќала закупнина

Објавено пред

Мајката на Благој Илиев, градоначалникот на Конче, Сузанка Илиева, која има земено под закуп земјоделско земјиште со вкупна површина од 37.9 ха, зела субвенции во два наврати во вкупна висина од 403.845 денари без притоа да го има платено закупот, обвини Цветан Трипуновски, дополнителен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Сузанка Илиева е евидентирана како должник за 2017 и 2018. За 2017 година закупот е платен 14 месеци откако на истата ѝ се исплатени субвенции, а за 2018 година закупот е платен 3.5 месеци подоцна. Кој ѝ исплатил на Сузанка Илиева, мајка на градоначалникот на Конче, субвенции без да ги има подмирено обврските кон МЗШВ?“ праша тој.

Додека земјоделците мака мачат да одвојат пари за да ги подмират своите обврски кон државата, рече Трипуновски, роднините на функционерите биле толерирани.

„Доколку некој земјоделец доцни со плаќање на закупнината, тој не може да земе субвенции сè додека не го подмири долгот кон државата, но не и мајката на градоначалникот на Конче. Љупчо Николовски и Трајан Димковски го прекршиле законот и овозможиле на мајката на градоначалникот на Конче да ѝ бидат исплатени субвенции, иако истата не ја платила закупнината за земјата што ја обработува. Имено, согласно член 19 став 1 од Законот за земјоделско земјиште, земјоделецот е должен да ја плати закупнината најдоцна до 31 јули во тековната за претходната година. Министерството е должно за сите корисници на финансиски средства да достави до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој податоци за ненамирени финансиски обврски “, рече Трипуновски и побара јавното обвинителство и антикорупциска да го  испитаат случајот.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството е претворено во консилиер на мафијашката група на власт

Објавено пред

Заев и СДСМ сакаат набрзина да донесат закон за јавно обвинителство кој ќе го амнестира нивниот криминал, a тоа само го покажува стравот на СДСМ и Заев од владеењето на правото и правната држава, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, последен доказ за тоа е, како што велат, скандалот во кој се гледа како обвинителството на Русковска го амнестирала криминалот на Заев во случај со поткуп на гласачи од 2014 година.

„Овој случај бил отворен и затворен во експресна постапка при очигледни докази, без да дознае јавноста со краен исход ослободување на Заев од обвинение. Но, Заев не е амнестиран само за поткупот на гласачи во 2014, туку и за случајот ‘Глобал’, случајот ‘Поткуп’, случајот ‘Пуч’, а нема никаква реакција од обвинителството за изборниот поткуп и на референдумот во 2018 година“, стои во партиското соопштение.

Како што истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ, Заев и СДСМ бегаат од квалитетен закон за обвинителство, затоа што така нема да може некоја Вилма Русковска или Љубомир Јовески да ги сокрива и ослободува од милионските криминали и афери.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Јовески: Потребно ни е силно, професионално и одговорно обвинителство

Државниот јавниот обвинител, Љубомир Јовески, смета дека треба да има силно, професионално и одговорно обвинителство, да не се задоволуваат дневнополитички...

Македонија2 часа

Владата бара од инспекторите да извршат увид на градбите во Охрид и Струга

Владата на денешната седница го задолжи Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам да изврши надзор над изградбата на градби од...

Македонија4 часа

Жбогар: Да продолжат реформите, законот за Јавното обвинителство да се донесе пред да се распушти Собранието

Евроамбасадорот Самуел Жбогар порача дека земјава треба да продолжи со реформите во клучните области и дека новиот закон за Јавното...

Спорт4 часа

За 24 часа милион ипол луѓе се потпишаа Коби да е на новото лого на НБА

Повеќе од 1.5 милиони луѓе за помалку од 24 часа се потпишаа на он-лајн петицијата силуетата на Коби Брајант да...

Македонија4 часа

„Анима мунди“: Ужас на скопските улици, се превезува распнат коњ

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ објави вознемирувачка фотографија на распнат коњ како со камион го превезуваат на скопските...

Македонија5 часа

Откриени креаторите на „Јавна соба“, МВР ќе ги достави доказите до Обвинителството

Министерство за внатрешни работи, сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика, во координација со СВР Скопје изврши идентификација на сопственикот...

Македонија7 часа

Вештак во судењето за Ласкарци: Човечкиот фактор пресуден за несреќата

Првата реакција и обидот за сопирање кај возачот настанала во првата секунда, кога ја кренал ногата за гас и ја...

Македонија9 часа

(Видео) Чулев: Спасовски последниот ден делел решенија и во 12 навечер

Само во последните две години МВР потрошило над 4 милиони евра за судски постапки од вработени кои тужеле главно за...

Македонија9 часа

Филипче: Состојбата е под контрола, нема причина за паника за коронавирус во нашата држава

Состојбата е целосно под контрола, во овој момент нема ниту една причина за некаков ризик или паника за коронавирус во...

Македонија10 часа

Рустеми: Јанева бараше да се утврди штетата во „Поштенска банка“ и да се затвори истрагата

Обвинителот Бурим Рустеми од поранешното СЈО сведочеше денеска пред судот за случајот „Рекет“ каде обвинети се Бојан Јовановски и ексшефицата...

Топ11 час

Се судрија автобус и автомобил на автопатот Куманово-Табановце, дваесетина луѓе повредени

Дваесет и едно лице се тешко повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на автопатот Куманово-Граничен премин Табановце, помеѓу...

Култура11 час

Тимот на „Медена земја“ на настан пред „оскарите“ во друштво со големите холивудски ѕвезди

Тимот на „Медена земја“ беше дел од настан во театарот „Долби“ во Холивуд организиран од американската Академија за филмски уметности и...

Свет12 часа

Откриено што се случувало во хеликоптерот на Брајант во последните моменти пред несреќата

Кошаркарската легенда Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа во неделата наутро по локално време откако леталото во кое беше ѕвездата...

Свет13 часа

Трамп денеска ќе го објави мировниот план за Блискиот Исток

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека денеска ќе го претстави мировниот план за Блискиот Исток, кој претходно го најави како...

Свет13 часа

Во Германија потврден прв случај на коронавирусот

Во Германија е потврден прв случај на смртоносниот коронавирус, кој се појави во Кина и се прошири и во други...

Свет13 часа

Бројот на жртви од коронавирусот во Кина надмина 100

Бројката на починати од коронавирусот во Кина надмина 100. Според најновите податоци, се работи за 106 смртни случаи, а во...

Македонија1 ден

(Видео) Поранешни вработени во ОХИС: Во фабриката има остатоци од опасна жива

Поранешни вработени во фабриката ОХИС тврдат дека во кругот на фабриката има опасна жива како остаток од работењето на некогашниот...

Топ1 ден

Тело на 60-годишна жена извлечено од водите на Вардар

Телото на 60-годишна жена било извлечено од реката Вардар во Скопје. „Вчера, во СВР Скопје било пријавено дека во водите...

Македонија1 ден

Град Скопје објави итни мерки и препораки поради загадувањето

Бесплатен јавен превоз, запирање на градежните работи и поскапен паркинг се дел од итните мерки од надлежност на Град Скопје,...

Македонија1 ден

Во Скопје и Тетово надминат прагот на загадување, стапуваат на сила препораките на Владата

Според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи,...

Досие