Соопштенија
СДСМ: Високи партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ го загрозуваат здравјето на граѓаните во Прилеп
 
																								
												
												
											Со своето неодговорно, несовесно и нехумано однесување, највисоките функционери на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Петар Ристески и Ане Лашкоска, ги кршат законите за заштита од коронавирусот и го загрозуваат здравјето на граѓаните, рече во денешната изјава за медиумите Филип Попоски, портпарол на прилепскиот огранок на СДСМ.
„Од објавените фотографии на нивните фејсбук профили, од неколкуте вчерашни масовни собири, на кои присуствувале и двајцата, јасно се гледа дека Ристески и Лашкоска не ги почитувале мерките за забрана за групирање и носење на заштитна опрема на лицето. Ваквото неодговорно однесување, на најдобар начин го отсликува лицемерниот пристап на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во битката со Ковид-19“, нагласи Попоски.

Тој порача дека со своите неодговорни постапки функционерите на ВМРО-ДПМНЕ претставуваат потенцијална опасност за ширење на заразата и го повика министерот Наќе Чулев, доследно да го спроведува законот и заради непочитување на уредбите да поднесе пријави против Ристески и Лашкоска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Соопштенија
Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата
 
														Кандидатот за градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски изборната кампања ја заокружува со средби со граѓаните, исто како што ја започна, на терен, слушајќи ги граѓаните.
Тој, заедно со идниот тим на советници беа позиционирани на неколку локации во Центар кадешто граѓаните можеа да се информираат за програмата и проектите што треба да се реализираат во новиот мандат.
„Денеска е последниот ден од кампањата. Водевме фер, чесна и многу конструктивна кампања со директни средби со граѓаните, со реална програма која беше препознаена во првиот круг. Граѓаните даваат голема поддршка за Центар што го сакаме. Центар е општина на мудри, искусни и добронамерни граѓани, кои го сакаат и заслужуваат најдоброто за себе. Центар се луѓето, Центар е нова приказна, Центар е сето што го сакаме. Благодарам на секој разговор, предлог, идеја и поддршка. Ве повикувам во недела да излеземе масовно на гласање и заеднички да ја потврдиме победата. За континуитет, за развој, за посреќен живот во Центар. За Центар што го сакаме!“, порачува Герасимовски.
Соопштенија
Атанасовски: Заокружи број 9, за Македонска Каменица да продолжи да се развива
 
														„Со поддршка на Владата и премиерот, наскоро ќе кажеме дека сме прва општина со асфалтен пат до секој дом и со чиста вода за пиење за секое семејство. Најголемите и најзначајните проекти во нашиот град, се изградени од ВМРО-ДПМНЕ и ние ќе продолжиме по трасираниот пат, пат по кој ќе чекориме сплотени, цврсто и храбро затоа што ние резервен дом немаме. Имаме визија за развиена Каменица, за перспективен град за град на успех и благосостојба, за град во кој сите ќе бидат среќни“, истакна Димчо Атанасовски кандидат за градоначалник за општина Македонска Каменица на вечерашниот мини-митинг во општина Македонска Каменица, во рамки на вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат на 2 ноември.
Атанасовски истакна дека во изборната програма има многу нови проекти и идеи за напредок, со цел уште поуспешен и модерен град.
„Имаме идеи за напредок и визија за иднината, работиме за успешна и модерна општина која е пример за останатите. Имаме многу нови проекти за нашиот град. Дојдено е ново време, време кога се гради домаќински и се вложува во иднината, време во кое се бориме за секој еден од вас, за секој проблем да биде решен, секој предизвик да биде надминат, време во кое Македонска Каменица и нејзините жители се пред се и над се. Денес имаме нови асфалтни патишта, водоводни канализациони системи во секој дел од општината, имаме реконструирано образовни институции, јавно претпријатие кое целосно е во функција на граѓаните, имаме силни вложувања и во културата, спортот“, рече Атанасовски.
На крај Атанасовски повика граѓаните да се обединат, и да го заокружат бројот 9 за општина Македонска Каменица да продолжи да се развива.
„Сега е време на обединување а веднаш по новата победа, ќе биде време за вистинска експанзија, доаѓа времето кога овој град ќе биде препознатлив насекаде, и ќе биде инспирација и поттик за сите останати, направете го вистинскиот избор, гласајте за број 9“, посочи Атанасовски.
Соопштенија
Чонески: Време е за промени и вистински развој во Крушево
 
														Нико Чонески, кандидат за градоначалник на општина Крушево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денес даде изјава за медиуми во која ги истакна предизвиците со кои се соочува Крушево, потенцирајќи дека е потребно итно решавање на наталожените проблеми и создавање услови за целосен развој на општината.
„Крушево кое за жал, колку што што е прекрасно, толку и проблеми има. Проблеми кои значат отежнување на секојдневниот живот на граѓаните на општина Крушево, но и за жал значат и закана по здравјето на граѓаните на општина Крушево. Затоа ни е потребно итно решавање на тие проблеми, но исто така ни е потребно, паралелно со тоа, да имаме и развој во општина Крушево, развој на секој сегмент. Почнувајќи од инфраструктура до култура, но најважно од се, во Крушево ни е потребно развој на економијата. За сето тоа да се случи, во Крушево е потребно да се направат промени“, истакна Чонески.
Чонески порача дека за Крушево да чекори напред, потребни се промени, енергија и визија кои ќе ја вратат општината на патот на напредок и достоинствен живот за сите жители.


 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											