Контакт

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски глумат загриженост, кочеа средства за опремување на 16 ковид-центри

Објавено пред

„Од почетокот на пандемијата па до денес граѓаните од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски видоа само лажни вести, деструкција, лицемерие и поткопување на здравствениот систем. Ако Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се грижеа за здравјето на граѓаните, немаше први да ги кршат мерките и да организираат масовни собири каде што не се почитуваа протоколите за заштита од коронавирусот“, соопшти СДСМ.

Според партијата, ако толку беа загрижени за здравствените работници, немаше да го кочат заемот од Светска банка со кој ќе се опремеа 16 ковид-центри низ целата државата.

„Ако толку се грижеа за јавното здравје, немаше заболените и починати од коронавирусот да ги сведуваат на бројка и статистика и од нив да прават настани на кои им се потсмеваат на жртвите. Но, тоа е ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски, секогаш на спротивната страна на граѓаните, секогаш на спротивната страна на јавното здравје. Наместо поддршка, ВМРО-ДПМНЕ застана на погрешната страна, на страната на коронавирусот“, се вели во соопштението.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев лажеше дека не се преговара за идентитетот

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ утрово вели дека излегло на виделина оти премиерот Зоран Заев лаже дека не се преговара за идентитетот.

„1. Заев изјави дека е постигнат напредок во преговорите меѓу комисиите, претставниците на комисиите изјавија дека нема напредок што значи дека Заев лаже.

2. Заев изјави дека не преговара за идентитетот додека претставници на историските комисии потврдија дека камен на сопнување е токму зборот македонски што е фундаментот на нашето идентитетско определување.

3. Заев кажа дека има напредок за 5 историски личности, претставници на комисиите изјавија дека нема дефинирано заклучоци и има нула напредок и на тоа поле.

4. Заев изјави дека се пред договор за 11 записници од средбите на историските комисии додека бугарската страна го негира тоа.

5. Заев се откажа јавно од антифашистичкото наследство со самото тоа што Бугарите ги прогласи за ослободители наместо окупатори во Втората светска војна.

Зоран Заев треба да одговара за велепредавство. Тој е изворот на проблемите додека решението е народот. Ќе се извини ли Заев за тоа што повторно ја лажеше јавноста и што се пазари за идентитетот?“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: На протестите на ВМРО-ДПМНЕ се кршат мерките за коронавирусот

Објавено пред

Блокадите на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат во законодавниот дом и надвор од него, велат од владејачкиот СДСМ преку соопштение.

Партијата нагласува дека опозицијата со поснедувањето на илјадниците амандмани ја блокира работата во Собранието, а протестите што ги организира ги кршат мерките за коронавирусот.

„Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се однесува неодговорно и штетно и во Собранието и надвор од него, нанесувајќи штета на интересите на граѓаните и на државата, и тоа во време на сериозна здравствена и економска криза, предизвикана со пандемијата од коронавирусот.

Со поднесувањето на стотици, илјадници амандмани опозицијата се обидува да ја блокира работата на законодавниот дом, за да не може да им се помогне на најранливите преку реализација на четвртиот пакет економски мерки, за да не можат пензионерите, невработените, компаниите да добијат помош.

3.000 амандмани, најмногу од нив апсурдни и нелогични, поднесе ВМРО-ДПМНЕ заедно со другите опозициски пратеници за измените на Деловникот за работа на Собранието, со единствена цел да спречат пратениците кои се изолација да можат да работат од далечина.

Во време на пандемија, ВМРО-ДПМНЕ со над 500 амандмани се обидува да ги блокира измените во Законот за здравствена заштита, кои предвидуваат лекарите што ја исполниле старосната граница за пензионирање да можат да го продолжат работниот век до возраст од 67 години.

Деструктивното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ продолжува и надвор од законодавниот дом, со групирање, организирање на протести за спас на фотелјата на Мицкоски, на кои се кршат мерките за заштита од коронавирусот.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ наместо да работат за доброто на граѓаните, прават се за да биде полошо, глумат загриженост за здравјето, а не ги почитуваат мерките.

Ако се барем малку одговорни ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба да прекинат со блокади на крстосници, наместо да бројат мртви, да повикаат да се почитуваат мерките, да се откажат од блокадата на собранието.

Нема да успее антидржавното, антинародното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, тие нема да успеат да ги блокираат реформите, нема да успеат да го блокираат напредокот на државата“, наведува СДСМ во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: По двете заушки од странство, Мицкоски доби шлаканица и од македонскиот народ

Објавено пред

По двете заушки од странство, Мицкоски доби шлаканица и од македонскиот народ, велат од СДСМ како реакција на вечерашните протести на ВМРО-ДПМНЕ, на кои се бара оставка од премиерот Зоран Заев.

„Целосно издиша хистеријата на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ заснована на лажни вести, лицемерство и лажен патриотизам. Вечерва, со дебаклот на таканаречениот протест, стана повеќе од јасно дека на Мицкоски веќе не му веруваат ниту во самата партија, не му веруваат ниту тие 45 присутни во центарот на Скопје, а не, пак, народот на кој Мицкоски лицемерно се повикува“, велат од СДСМ.

Граѓаните, додаваат од партијата, совршено добро знаат што е вистина и кој се бори за македонската иднина, кој го заштити македонскиот идентитет во најтешките преговори во историјата на земјата, а кој работи против интересите на државата, како што тоа го прави Мицкоски цели три години.

„Затоа, јавноста не го поддржува и Мицкоски доживува дебакли на секој протест, затоа беше казнет од граѓаните и затоа уште долго ќе остане во опозиција“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

Заев: Очигледно е дека Бугарија ќе стави вето, да почекаме да поминат изборите

Очигледно е дека Република Бугарија ќе ја стави блокадата и ќе имаме вето оваа година, изјави премиерот, Зоран Заев. Тој...

Македонија28 минути

Штип ќе добие модуларна болница и ново возило за итна помош

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека до крајот на месецов ќе биде готова модуларната болница во Штип. „Имајќи предвид...

Свет1 час

Русија почна со вакцинирање на населението против коронавирус

Од утрово почна вакцинацијата против коронавирус во Москва со вакцината „Спутник 5“, со што Русија стана првата земја која го...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе протестира пред Владата

Опозоциската ВМРО-ДПМНЕ за денеска најави протест пред Владата поради преговорите со Бугарија. Протестот пред владината зграда е закажан за во...

Метју Палмер Метју Палмер
Регион2 часа

Палмер: Американскиот пристап кон Западен Балкан нема да се промени

САД се посветени на партнерство со земјите од Западен Балкан и на нивната европска перспектива, а тој пристап нема да...

Македонија2 часа

Бугарски интелектуалци: Не може да се очекува една страна на да изврши политичко самоубиство

Несоодветно е да се очекува едната страна во преговорите да изврши политичко самоубиство. Неприфатливо е оспорувањето на македонската нација и...

Македонија3 часа

Бучковски: Можеме да најдеме решение за нашата иднина

Македонската влада е свесна дека треба да изготви патоказ за да покаже дека е цврсто посветена на спроведувањето на Договорот...

Македонија3 часа

Регистриран земјотрес во Скопје околу полноќ

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија...

Македонија18 часа

Во Македонија 1.100 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија 30 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 1.100 нови случаи, соопшти Министерството за...

Македонија19 часа

Мицкоски: Од комисијата има признание дека се преговара за идентитетот, Заев лажеше

Од изјавите на историчарите од комисиите дознаваме дека бугарската страна се противи за терминот македонски, кој го означува нашиот идентитет,...

Македонија19 часа

Историската комисија заглави кај цар Самуил, спорна придавката македонски

Мешовитата македонско-бугарска историска комисија на 11. средба не постигна напредок во преговорите. Историчарите се обиделе да ги надминат разликите за...

Македонија20 часа

Вакцинирањето во земјата ќе почне до март и ќе биде бесплатно

Вакцинирањето против Ковид-19 ќе почне во првите два-три месеци в година, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Ќе се примаат...

Македонија20 часа

Граѓаните над 65 години први ќе ја примат вакцината против Ковид-19

Граѓаните со хронични белодробни и кардиоваскуларни болести и граѓаните постари од 65 години ќе имаат предност за вакцината против Ковид-19,...

Македонија22 часа

Холандската амбасада демантира дека Холандија го поддржува ветото

Холандската амбасада попладнево ја демантира и ја оценува како лажна вест информацијата дека Холандија го поддржала бугарското вето за Северна...

Европа23 часа

„Астразенека“ и „Оксфорд“ презентираа различни тврдења за нивната вакцина

Компанијата „Астразенека“ и Универзитетот Оксфорд дадоа спротивставени тврдења за начинот на дозирање на нивната вакцина против коронавирус, што е редок...

Македонија23 часа

Нефи Усеини не е повеќе советник во Општина Охрид

Дванаесет советници на Општина Охрид гласаа „за“ прифаќање на оставката поднесена од охридскиот светник Нефи Усеини. На наредната седница Советот...

Македонија1 ден

Пензионерите бараат приоритет за вакцинирање против Ковид-19

Сојузот на здруженија на пензионери апелира приоритет при вакцинирањето против Ковид-19 да имаат пензионерите. „Во име на над 300.000 возрасни...

Топ1 ден

Разбиена криминална група која шверцувала дрога во македонски затвори

Криминалистичката полиција во соработка со СВР Скопје, поднесе кривична пријава против 27-годишниот А.М. од Дебар, поради сомнение за сторено продолжено...

Регион1 ден

(Видео) Силна експлозија во центарот на Белград, еден загинат и двајца повредени

Утрово, нешто пред 10 часот, се случи силна експлозија пред зградата на српската државна телевизија РТС во Белград. Едно лице...

Топ1 ден

Кавадарчанец со секира се обидел да ја убие сопругата, па загинал фрлајќи се во река

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со увидна екипа од МВР изврши увид во куќа во селото Шивец...

Досие