Контакт

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не се грижи за идентитетот, туку за амнестија на криминалците кои дивееја 11 години

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што нејзините вистински намери се откриени, стои во соопштението на владејачкиот СДСМ.

Оттаму велат дека опозициската партија е фокусирана само на одбрана на криминалот што 11 години го спроведуваше поранешната врхушка на оваа партија.

„ВМРО-ДПМНЕ не мисли ниту на иднината на државата ниту на граѓаните. Вистината што ја објави вицепремиерката и заменик-претседателка на СДСМ, Радмила Шекеринска, е дека 90 проценти од времето на лидерски средби било потрошено на барањето на ВМРО ДПМНЕ за амнестија. Единствениот интерес на ВМРО-ДПМНЕ на лидерските средби не била македонската иднина, туку судбината на криминалците коишто 11 години дивееја, злоупотребуваа, прибираа сè што можеше да приберат, а граѓаните ги оставија осиромашени, во изолирана и задолжена држава“, се вели во партиското соопштение.

Од СДСМ наведуваат дека сите прогресивни сили и политички субјекти се за членство во НАТО и ЕУ со зајакнат идентитет, освен Мицкоски и тесното партиско раководство на ВМРО-ДПМНЕ, кои според владејачката партија, сакаат назад во темното минато на криминал, насилство, неказнивост и изолација.

„Амнестија за криминалците нема да има, секој ќе одговара согласно со законите. Македонија чекори напред како нормална, демократска, напредна земја во која правилата важат за сите подеднакво. Без разлика на неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните на Македонија, на референдумот на 30 септември ќе ја искористат историската шанса за напредок“, се наведува во соопштението.

Соопштенија

(Видео) Костадинов: Судството му дозволува на Груевски да ескивира од правдата

Објавено пред

Преку неефикасни и неодговорни постапки судството му дозволува на Груевски да ескивира од правдата и ние жестоко се противиме на тоа, рече портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, на денешната прес-конференција.

Според него, постапките на правосудните органи ја поткопуваат довербата во судскиот систем и правдата.

„Во изминатите години јавноста е сведок на маратонски постапки, на правни замки, на незаинтересираност и неподготвеност на судството да решава случаи на висока корупција поврзани со крималот на Никола Груевски и режимот“, истакна партискиот портпарол.

„Ова мора да престане. Сите очи се вперени во правосудството, тие институции мора да ја променат својата работа. И да одговараат пред граѓаните за својата работа“, порача Костадинов.

Тој кажа дека отворените постапки што со години се влечат низ судските лавиринти конечно треба да добијат судска разрешница бидејќи непостапувањето создава вознемиреност меѓу граѓаните и отвора прашања за мотивите и целите на одредени судии и обвинители.

„Затоа, ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупцијата веднаш да почне постапка за проверка на имотот на судиите и обвинителите. Истовремено, СДСМ најавува дека почнува постапка за целосна проверка на сите судии, процес што ќе почне веднаш по формирање на новата влада предводена од СДСМ“, нагласи портпаролот на владејачката партија.

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Арсовски: СДСМ секој месец им крати на професорите и наставниците по 5.660 денари

Објавено пред

Зоран Заев и СДСМ  им кратат на професорите во средните училишта и наставниците во основните училишта цели 5.660 денари од нивната плата секој месец, обвини Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа власт, додаде тој, за само една година на еден професор од основно или средно образование му крати, односно му зема од неговиот џеб 67.920 денари или 1.100 евра вкупно.

„Наводното покачување од 10 отсто е само замачкување очи и прикривање на овој грабеж што го прават врз просветните работници. Имено, наставниците и професорите во основното и средното образование според колективниот договор од 2010 година имаа коефициент на сложеност за пресметка на плата од 2.533, кој се множи со минималната плата, која моментно изнесува 12.500 денари нето, при што се добива плата од 31.660 денари, односно 5.660 денари повеќе од сегашното покачување од 10 отсто. Доколку, пак, се земе предвид дека минималната плата ќе биде 14.500 денари, тогаш во согласност со законот и колективниот договор, наставниците и професорите треба да земаат плата од 36.700 денари, односно 10.700 денари повеќе од тоа што сега им го ветува Заев. Ова во превод значи дека Заев сака наставниците и професорите да ги манипулира. И не им ја дава платата што со закон им следува“, рече Арсовски.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Стоилковски: Нападнатите новинари се познати по своите остри јазици против заевизмот

Објавено пред

Вчеравечер физички се нападнати, тепани се тројца новинари, кои се познати по своите остри пера и јазици против заевизмот, криминалот и корупцијата на кланот на власт, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Нападот, вели тој, бил со јасна порака, изведен кукавички, без никаков повод или претходен контакт со напаѓачите, планиран со многубројна надмоќност и со закани за животот од страна на напаѓачите.

„Зоране Заев, прибери си ги гавазите. Готов си, на 3 јануари си одиш, страховладата ти завршува на 12 април. Собери си ги рацете од медиумите и од новинарите. Паниката и стравот од анкетите не истурај го врз нив. Тие не ти се виновни за криминалот, за корупцијата и за насилството што го спроведуваш. Владеење по теркот на Курто Дудуш, едноставно не смее да се дозволи. Твојата осуда на ваквите инциденти не е доволна“, рече Стоилковски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Мицкоски до наставниците: Заев не ви додава, туку ви одзема од платите кои чесно ги заработувате

„Почитувани наставници и професори, драги колеги и пријатели, вие сте луѓето коишто ја образуваат нашата нација и од мене ја...

Култура1 час

Дорфулија од „Медена земја“ меѓу десетте најатрактивни европски локации за филм

Дорфулија од „Медена земја“ се најде меѓу десетте најатрактивни европски локации за филм. Изборот за најдобра локација сè уште трае...

Економија2 часа

Собранието изгласа минималната плата да биде 14.500 денари

Со 59 гласови ЗА, пратениците попладнево ги изгласаа измените во Законот за минимална плата, со што дадоа зелено светло таа...

Регион3 часа

Хан: Вучиќ ми кажа дека е демотивиран по блокадата на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Европскиот комесар за проширување во заминување, Јоханес Хан, вели дека српскиот претседател Александар Вучиќ му кажал дека по блокирањето на...

Македонија5 часа

Обвинителството: Случајот со катната гаража на „Никофон“ е во предистражна постапка

Случајот за кривичната пријава во врска со катната гаража, што „Никофон“ треба да ја гради кај „Аутомакедонија“, сè уште е...

Свет7 часа

Од Лондон до Сиднеј за 19 часа: се реализира најдолгиот лет во историјата

Водечката австралиска авиокомпанија „Кантас“ по еден месец од рекордно долгиот лет меѓу Њујорк и Сиднеј, планира пробен 19-часовен непрекинат лет...

Македонија9 часа

Нападнати двајца новинари во близина на угостителски објект во Скопје

Двајца новинари синоќа биле физички нападнати од страна на неколку 20-годишни лица. Од МВР информираа дека нападот се случил на...

Македонија9 часа

Сведочење на полицаец: Проверив 78 луѓе од Избирачкиот список, ниту еден не беше на пријавената адреса

Полицаецот Агрон Кранлиевски од Ресен во предметот „Титаник“ на СЈО сведочеше дека во 2012 година правел проверки на живеалишта на...

Македонија9 часа

Контрола на автобуси и комбиња во Тетово – 14 возеле патници со неисправни сопирачки, 8 без технички преглед

Вчера, во Тетово, била спроведена акциска контрола за техничка исправност на возилата што вршат јавен превоз на патници, најмногу автобуси...

Македонија9 часа

Заев заедно со Мицотакис и Борисов учествува на самит во Солун

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска учествува на годинашниот самит во Солун, кој е под покровителство на претседателот на Република...

Свет10 часа

Насилството во Хонгконг ескалира: демонстрантите со стрели ги гаѓаат полицајците

Полицијата во Хонгконг соопшти денеска дека демонстрантите со стрели ги гаѓале полицајците што патролирале во близина на Политехничкиот универзитет, а...

Европа11 час

(Видео) Вонредна состојба во Венеција

Италијанската влада денеска ќе прогласи вонредна состојба поради поплавата во Венеција со цел што побргу да се мобилизираат средства за...

Македонија11 час

Едно од девет возрасни лица во Северна Македонија има дијабетес

Во Северна Македонија едно од девет возрасни лица има дијабетес или околу 175 илјади луѓе, објави Асоцијацијата за детски дијабетес на...

Регион22 часа

Полициско куче откри рекордна количина хероин во Словенија, вредна речиси 90 милиони евра

Словенечката полиција и цариниците заплениле 730 килограми хероин во пристаништето Копер, што е најголема количина хероин запленета во историјата на...

Свет23 часа

(Видео) Трамп: Се обидуваат да ме спречат

Ова е најголема измама во историјата на американската историја, порача американскиот претседател Доналд Трамп, во врска со почетокот на јавните...

Македонија23 часа

(Видео) Пендаровски: Реформите се потребни за да ја вратиме довербата на граѓаните

Функционалната правна држава е основен услов за опстанок на поредокот и неговиот одржлив развој. Реформите во сферата на владеењето на...

Регион24 часа

Страшна сообраќајна несреќа во Словачка, најмалку 12 загинати и 20 повредени

Најмалку 12 лица, од кои четири деца, загинаа денеска во судир на автобус и камион во западниот дел на Словачка....

Македонија1 ден

(Видео) Заев-Мас: Да се изнајде начин што побрзо до позитивна одлука за Северна Македонија

Претседателот на Владата, Зоран Заев и министерот за надворешни работи на СР Германија, Хајко Мас изразија жалење за одлуката на...

Македонија1 ден

„Никофон“ платил 1.800 место 5.000 денари за квадрат за гаражата кај „Аутомакедонија“, Центар бара раскинување на договорот

Заедно со граѓаните до крај ќе се бориме кај „Аутомакедонија“ да не се изгради катна гаража, туку парцелата да им...

Македонија1 ден

(Видео) Зеќир Рамчиловиќ изгласан за потпретседател на Собранието

Со 62 гласа „за“, 16 „против“ и без воздржани, пратеникот Зеќир Рамчиловиќ е изгласан за потпретседател на Собранието. За оваа...

Досие