Соопштенија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ постојано шири лажни вести за јавните набавки во Министерството за здравство
Ништо ново во ВМРО-ДПМНЕ, нов ден, нова лажна вест од белиот дворец, велат од СДСМ како реакција на прес-конференцијата на Наум Стоилковски, кој зборуваше за услугата за стерилизација на клиниките.
Според владејачката партија, не е првпат ВМРО-ДПМНЕ да шири лажни вести за набавки во Министерството за здравство, но нивните лаги, како што се наведува, се и официјално демантирани од официјални институции.
„Пред неколку месеци Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе одлука со која укажа дека нема место за јавнообвинителска интервенција во предметот за јавните набавки во Министерство за здравство“, се нагласува во партиското соопштение, во кое се додава дека за ВМРО-ДПМНЕ е уште несфатливо дека може да се работи чесно и одговорно.
„ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на деструкцијата и лажните вести, а СДСМ останува посветена на развој и унапредување на здравствениот систем и правата на пациентите“, истакнуваат од владејачката партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Како 5 тони дрога поминала граница и кој ќе одговара ако била незаконски произведена, праша СДСМ
Помина цела недела откако беше објавен картелскиот скандал со 5 тони дрога од Македонија, запленети во соседна Србија, потсети утрово Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ).
„И после цела недела нема одговор како 5 тони дрога поминала преку македонската граница? Кој ќе одговара? Кој во врвот на власта стои зад криминалниот бизнис со шверц на дрога?“ параа од СДСМ.
Без поддршка од власта, структури во МВР, во Царина, во други институции, не може 5 тони да се шверцуваат, сметаат од СДСМ.
„Поврзаноста на криминални структури во Македонија и во Србија е пред очите на јавноста. Молкот од власта е најсилна потврда.
Со медиумска кампања на заплени канабис власта дополнително се заплетка. Ако се запленети 40 тони нелегално произведена марихуана тогаш што правела власта изминатите 2 години?
Кој го дозволил тоа? Кои се институции потфрлиле? МВР, Здравство, Земјоделие…?“, велат од СДСМ.
Партијата укажува дека има точно пропишана законска процедура за производство и чување на медицински канабис за што се надлежни повеќе институции и ако незаконски се произведени 40 тони бараат Владата да одговори кој ќе понесе одговорност од врвот на власта.
Соопштенија
„Гласаа против ’Безбеден град’, а сега бараат да се казнат тие со нерегистрирани возила и без возачка“, ВМРО-ДПМНЕ ги обвини за лицемерие Филипче и СДСМ
„СДС и Венко Филипче со двојни аршини, биле и останале. Кај нив ништо не се менува, се останува исто. Тоа се потврди и овој пат со проектот ’Безбеден град’. Прво во Собрание гласаат против закони кои овозможуваат негова имплементација и со кој проект се овозможува и гарантира сообраќајната безбедност, а од друга страна велат дека тие што возат без возачка дозвола треба да се казнат“, реагираат утрово преку соопштение ВМРО-ДПМНЕ.
„Изминатиов период јавноста беше сведок како активисти на СДС кои работеле за Оливер Спасовски, дивееја по македонските градови за да продолжат за возат без возачки дозволи, и јавно се закануваа со тепање и убивање на полициски службеници.
Ваквиот насилен начин на протестирање не е демократски чин на изразување незадоволство и истиот за нас, како ВМРО-ДПМНЕ, е неприфатлив и остро го осудуваме.
А од друга страна, СДС и Венко Филипче во Собранието гласаа против овој проект кој ја гарантира безбедноста на учесниците во сообраќајот, ги открива прекршителите на законите и прописите и ги детектира сите оние кои возат без возачки дозволи и со нерегистрирани возила.
Човекот кој најгласно се спротистави на „Безбеден град“ е координатор на пратеничката група на СДС, Оливер Спасовски кој додека беше министер за внатрешни работи не направи ништо да ја зголеми безбедноста на граѓаните во сообраќајот.
Во периодот на власт на СДС и министерувањето на Филипче и Спасовски не се имплементираше ниту еден проект кој системски и на дигитален начин овозможува контрола и безбедност во сообраќајот, како „Безбеден град“, а со транспарентно санкционирање, намалување на сообраќајните прекршоци.
Затоа сега, кога конечно се воведува системот кој носи ред и безбедност во сообраќајот, а еднаквост пред законот СДС и Филипче гласаат против, за од друга страна лицемерно да тврдат дека се против возење на нерегистрирани возила и без возачка дозвола.
Овде се гледа контрадикторноста, лицемерието и двојните аршини на СДС и Филипче.
Но, на СДС, Венко Филипче и Оливер Спасовски треба да им е јасно дека проектот „Безбеден град“ ја надминува нивната партиска агенда, затоа што тој е системско решение за заштита на животите на граѓаните.
И секој кој сака ред, поредок, безбедност и законите да важат еднакво за сите, безрезервно го поддржува овој проект, сè останато е политичка калкулација на сметка на животот и безбедноста на граѓаните“ стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Соопштенија
Владата избра луксуз за себе наместо покачување на платите на работниците, велат од СДСМ
Одбивањето на ВМРО да го прифати предлогот на СДСМ за ребаланс на буџетот за обезбедување пари за минимална плата од 600 евра е уште една потврда дека Владата на Мицкоски не сака да ги покачи платите на работниците, соопштија утрово од СДСМ.
„Нема веќе изговори, сè е јасно како ден. Владата ги избра луксузите на владините функционери и криминалните тендери наместо работниците кои едвај врзуваат крај со крај. Со ова се потврдува дека цело време СДСМ е конструктивна опозиција но владата на ВМРО ништо не прифаќа. Не прифати предлог за покачување на минималната плата, не прифати Анкетна за трагедијата во Кочани, не прифати Резолуција против мигранти за пари, не прифати законски решенија за намалување на цената на храната, не прифати закон за поддршка на приватните компании и покачување на платите. На ВМРО им смета тоа што СДСМ не е контролирана опозиција како некои други партии. СДСМ останува на страната на работниците, на страната на граѓаните“, стои во соопштението од СДСМ.

