Контакт

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжува да дејствува опасно за јавното здравје

Објавено пред

„Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во време кога расте бројот на инфицирани со коронавирусот, а болниците се полнат, продолжува да ја злоупотребува сериозна здравствена ситуација за дневнополитички поени. Од почетокот на корона-кризата во земјата од безидејната ВМРО-ДПМНЕ не видовме ништо друго, освен неконструктивно дејствување, опструкции и критики“, соопшти СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Според партијата, во деструктивноста предничи тоа што заменик-министерката за финансии во техничката влада цело лето го кочеше заемот од Светската банка од 90 милиони, наменет за поддршка на здравствениот систем и подготовка на дополнителни болнички капацитети. Да не беа нивните блокади, досега болниците ќе беа подобро опремени и подготвени за есенскиот бран.

„Цела есен, во време на сериозен бран на коронавирусот, раководството на ВМРО-ДПМНЕ организира масовни собири за спас на фотелјата на Христијан Мицкоски, на кои масовно се прекршуваат мерките за заштита од коронавирусот. Колку на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски им е битно здравјето на граѓаните говори фактот што бараа предвремените избори да се одржат есенва, колку навистина се загрижени за коронавирусот говори фактот што во Собранието ги опструираат измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, кои се потребни за зголемување на превенцијата од коронавирусот. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не знаат за ништо друго, освен деструкција и дејствување спротивно на интересите и здравјето на граѓаните. Затоа уште долго ќе останат во опозиција“, се вели во соопштението.

Соопштенија

„Aлкалоид“ повторно дел од најреномираниот глобален фармацевтски собир CPHI

Објавено пред

CPHI 35 години по ред обединува фармацевтски експерти, иноватори и пионери од индустријата. Оваа глобална мрежа нуди можности за учење, иновации и разни типови на соработка. Тимот на „Алкалоид“ на овогодишниот собир брои околу 30 професионалци од различни организациски сектори на компанијата

dobivaj vesti na viber

„Алкалоид“ годинава од Милано ја започна третата деценија како традиционален учесник на најреномираниот светски настан во областа на фармацијата – CPhl (Convention of Pharmaceutical Ingredients). Под мотото „Во срцето на фармацевтската индустрија“, овогодишното јубилејно 35. издание на CPhI се одржува од 8 до 10 октомври во Италија, a тимот на „Алкалоид“ и оваа година забележува маркантно учество со свој штанд, како рута на глобалната фармацевтска мрежа, од каде што ја проширува својата листа на еминентни соработници од редот на фармацевтските лидери во светот.

„CPhI за ’Алкалоид’ е значајна алатка за одржување на трендот на експанзија и за одржување чекор со сите новини во нашата динамична индустрија. CPhI е единствениот глобален one-stop-shop за генеричката фармацевтска индустрија кој нуди можност за средби со постојните и со потенцијалните добавувачи на суровини, ексипиенси и амбалажа, како и со лиценцни партнери и консултанти за регулаторни активности, истражување и развој и слично. Огромни се можностите од прва рака да дознаеме повеќе за најновите трендови во индустријата, зелените технологии, новите молекули и формулации, како и за придобивките од вештачката интелигенција за фармацијата; да пробаме да ги оптимизираме предизвиците во синџирот на набавки и да градиме нови синергии и партнерства. ’Алкалоид’ за првпат учествуваше на овој собир во 2003 година, а со оглед на бенефитите остануваме тука редовно“, истакна Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов.

CPhI, како глобален настан за светската фармацевтска елита, годинава во Милано собра повеќе од 2.400 изложувачи и 62.000 посетители од 166 земји во светот. CPhl е најважниот настан во годината од областа на фармацевтската индустрија, кој во текот на своето 3,5-децениско постоење прерасна во заедница која го обединува глобалниот синџир на снабдување во фармацевтската индустрија, креира врски и инспирира партнерства..

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Втора посета во рамките на проектот „Малите алкалоидовци го истражуваат ‘Алкалоид’“

Објавено пред

Децата на вработените заедно со своите родители го посетија производството фармација.

dobivaj vesti na viber

Водени од грижата за човечките ресурси и од континуираните заложби за негување и јакнење на врската меѓу компанијата и вработените, со оваа иницијатива децата на вработените во „Алкалоид“ имаа ретка можност да го посетат производствениот објект фармација во Автокоманда и одблиску да се запознаат со производствените процеси и активности на работните места на нивните родители.

Низ организирана прошетка, малите алкалоидовци, преку наративно објаснување со лесен тон на раскажување приспособен на нивната возраст, имаа можност да се запознаат со сите процеси: од почетокот на производството, па сѐ до процесната контрола и пакувањето. Младите истражувачи учествуваа и во практични активности со симулирани контролни тестови и мерења и со мешање течности и бои, наменети да ја разбудат нивната љубопитност. Како и при претходната посета, децата уживаа и во забавниот аспект на настанот, при што се вклучија во групни игри и организирани активности за меѓусебно дружење и зближување, што дополнително го збогати нивното искуство.

Оваа иницијатива продолжува да биде значаен дел од корпоративната култура на „Алкалоид“, воведувајќи ги децата на вработените во светот на науката и технологијата на забавен и едукативен начин. Овие моменти на заедништво ја дополнуваат визијата на „Алкалоид“ за создавање средина во која вредностите на компанијата се живеат и се споделуваат со идните генерации.

ПР текст

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Анѓушев на Машинскиот факултет: Државата да одреди какви кадри ѝ се потребни да се образоваат за да може да се развива

Објавено пред

Не може сите млади да бидат ИТ-инженери бидејќи на државата ѝ се потребни и архитекти, и градежници, и металурзи и технолози.

dobivaj vesti na viber

Вака проф. д-р Кочо Анѓушев се брати на дебатата на Машинскиот факултет во Скопје по повод 20 години од Институтот за мехатроника.

„Мора да се земе предвид дека стопанството денес не е истото што беше пред 30 или 40 години. Индустријата има потреба од друг тип на кадри и одговори и затоа и факултетите треба да продуцираат кадри на друг начин и со друг пристап, кој одговара на економијата денес.

Можеби е добро на факултет, уште по првата година, да се прави насочување на студентите во два правци: инженери што сакаат да работат во академија, на факултет, во наука и инженери што сакаат да работат апликативно машинство, односно што сакаат да работат во индустријата.

Така и двете групи подобро ќе се спремат за работните обврски во иднина.

Исто така, потребна е државна интервенција на пропишување колку студенти и каде да се запишат на факултетите, и тоа во согласност со потребите на државата и општеството.

Сега сè помалку има запишани студенти на градежен факултет, на архитектура, металургија, технолошки факултет итн. Не може сите млади луѓе да бидат информатичари, како што е сега мода и посакувана професија, бидејќи тоа не е одржливо затоа што државата, за да функционира, има потреба од стручни кадри во сите сфери. Треба некој да гради и патишта, на пример, а денес не можете да најдете градежни инженери ни да вршат надзор на градбата на патишта.

Една држава не може да постои и да се развива без инженери во индустријата“, рече проф. д-р Кочо Анѓушев, сопственик и извршен директор на групацијата „Феро инвест“, на панелот на Машинскиот факултет, на кој говореа и министерката за образование, Весна Јаневска, ректорката на Унверзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Билјана Ангелова, и директорот на КОСТАЛ, Виктор Мизо.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Оставка на директорот на основното училиште во Ѓорче Петров каде деца се обидоа да силуваат соученик

Градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, соопшти дека од лични и морални причини оставка поднел директорот на општинското основно...

Македонија10 часа

(Видео) Огромни гужви за излез од Скопје, на патарината „Миладиновци“ колони од два километри

Огромни гужви има попладнево на наплатната станица „Миладиновци“ на излез од Скопје. „Тука е полошо од грчка граница. Сите свират,...

Македонија13 часа

Македонците во Бугарија се обесхрабруваат да се идентификуваат, не постои свест за правата на малцинствата, нотира Советот на Европа

Советодавниот комитет на Советот на Европа во својот најнов извештај посочува дека во Бугарија постои значителен недостаток на свест за...

Македонија13 часа

Член на Надзорен одбор на банка извршил измама преку злоупотреба на чувствителна информација

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единица за финансиски криминал во соработка со Одделот за криминалистичка полиција, поднесе...

Македонија15 часа

Минчев: Јавната администрација е некомпетентна, нестручна и непрофесионална, вработените ќе мора да се преедуцираат за да не ја загубат работата

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, давајќи отчет за „100 дена Влада“, рече дека административците што не покажуваат добри резултати...

Економија18 часа

Димитриеска-Кочовска: Никогаш не можам да се согласам со мерката на замрзнување на цените, ефектите нема да бидат толку големи, особено во услови на ниска инфлација

Во изминатите 100 дена работевме без штедење, кажа денеска на прес-конференција министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска. Изрази задоволство од...

Македонија19 часа

Веќе е готов нов закон со кој се предвидува не само етничка туку и полова и секаква друга застапеност во институциите, уверува Таравари

Со нов закон ќе се гарантираат етничка, полова и застапеност во институциите на сите категории луѓе што живеат во државата,...

Свет20 часа

(Видео) „Кога ќе се раздени, веројатно ќе ги собираме телата“, вели шеф на полиција на Флорида

Во Брадентон, Флорида, е 4 часот наутро, а шефот на градската полиција разговараше со новинарите на Би-би-си неколку часа по...

Свет22 часа

(Видео) Милтон сега е ураган од прва категорија

Околу 12:30 часот по локално време, „окото“ на бурата се придвижи кон внатрешноста, носејќи обилни дождови на североисток кон Орландо....

Европа23 часа

(Видео) Масовен напад врз Русија, погоден магацин со дронови, гори кај воениот аеродром

Украинските сили во последните часови нападнаа неколку цели во Русија со беспилотни летала. Експлозиите се слушнале недалеку од селото Октјабрскиј...

Свет24 часа

(Видео) Ураган на векот во Флорида, пристигнуваат страшни снимки

Ураганот Милтон пристигна на Флорида околу 20:00 часот по локално време (02:00 часот по македонско), предизвикувајќи торнада и го зафати...

Свет1 ден

(Видео) Сателитот го сними моментот кога ураганот го погоди брегот на Флорида

Ураганот Милтон во средата навечер навлезе во Флорида како бура од трета категорија, според Националниот центар за урагани на САД,...

Свет1 ден

(Видео) Снимен бран од 8,5 метри во близина на окото на ураганот

Дрон снимил бран висок 8,5 метри и удари на ветерот од речиси 122 километра на час во близина на центарот...

Македонија2 дена

Костадиновски по укинувањето на балансерот: Ако јас како мнозинство добијам 100 поени, а вие како малцинство 40 и вие ја добиете предноста, дали ќе имаме стручен јавен сектор

Со мнозинство гласови денес Уставниот суд укина делови од одредбите на Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за административни...

Македонија2 дена

Шеесетмина се затруле на Воената академија, Мисајловски, место храна, сега им исплаќа пари

Вкупно 60 луѓе се затруле од храната на Воената академија минатиот месец, извести денес министерот за одбрана, Владо Мисајловски, во...

Свет2 дена

(Видео) Егзодус на Флорида, илјадници бегаат, заглавени на патиштата, без гориво

Денеска е последниот ден за жителите на Флорида да се евакуираат или да се предадат пред ураганот Милтон од петта...

Македонија2 дена

Божиновска ги излажа граѓаните за бугарското државјанство и пасошот, вели СДСМ

„Министерката за енергетика Сања Божиновска ја излажа јавноста. Божиновска тврдеше дека се откажала од бугарското државјанство и бугарскиот пасош но...

Македонија2 дена

„Приоритет на СДС и ДУИ биле сомнителни тендери, цената на автопатот Кичево – Охрид ја зголемиле за 200 милиони евра без образложение“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„За да одиме напред, мора да имаме информации за минатото, поточно што ни остави владата на СДС. Руинирани институции кои...

Европа2 дена

Украински историчар: Зеленски е сакан во странство, но презрен дома

Јарослав Хрицак, професор по историја на Универзитетот во Лавов, во интервју за Corriere della Sera зборуваше за слабостите на украинскиот...

Свет2 дена

(Видео) Предупредувања до жителите на Флорида: Бегајте или ќе умрете

Претседателот Џо Бајден ги предупреди жителите на Флорида да се евакуираат веднаш пред ураганот Милтон, ураган од четврта категорија, велејќи...