Соопштенија
СДСМ: Војниците 11 години беа заборавени од ВМРО-ДПМНЕ

Додека Владата на СДСМ ги покачува платите на војниците и ја внесува Македонија во НАТО, ВМРО-ДПМНЕ држи срамни прес-конференции и одбива да се изјасни за иднината, реагира Социјалдемократскиот сојуз по прес-конференција на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Војниците 11 години беа заборавени од ВМРО-ДПМНЕ, која заглавена во криминал мислеше само како да ги наполни џебовите на фамилијата. По промената на власта, платите во Армијата се зголемија првпат во последните неколку години, се води грижа за животниот стандард на АРМ, се набавуваат нови униформи, се инвестира во добро опремена и подобро платена армија. Македонија го смени курсот, од земја во изолација се врати на патот на интеграциите и ги исполни стратешките приоритети за членство во НАТО и ЕУ“, се вели во реакцијата на СДСМ.
Понатаму, се додава дека Министерството за одбрана и министерот без ресор, Шапуриќ, во неколку наврати ги демантирале лагите што ВМРО-ДПМНЕ бесрамно ги пласира.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Произведени 19.942 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 30.01.2023 година произведe 19.942 MWh електрична енергија, со што целосно со сопствена произведена енергија ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални држави субјекти.
Во Термоелектраните произведени се 14.845 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 5.097 MWh.
* Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 30.01.2023 година
Македонија
СДСМ: Расипничка локална власт на ВМРО-ДПМНE, милионски задолжувања и во Гази Баба

„Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ наместо да ги решава проблемите на граѓаните, расипнички ги троши народните пари и ги задолжува општините. Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски ја задолжува една од најбогатите општини во државата за цели 5 милиони евра“ соопштија од СДСМ.
Од партијата велат „иако пред 15 месеци наследи полна општинска каса со 3,2 милиони евра сега ја задолжи општината со предлог, во кој не е наведено дали има подготвено проекти и проектна документација“.
„Градоначалникот на Гази Баба не кажа ниту колкав ќе биде периодот на отплата, колкава е каматната стапка, ни дали потенцијалните купувачи можат да дојдат во спрега со инвестициските проекти. Стефковски ги изигра и потцени граѓаните на општина Гази Баба. Тој никаде во предизборната кампања не им вети на граѓаните вакво задолжување. Стефковски наместо за граѓаните, работи за лични и за интересите на неговиот шеф Христијан Мицкоски, Гази Баба од општина со полна буџетска каса, од општина со план за развој, благодарение на Стефковски за помалку од година и половина, стана задолжена општина, потоната во безидејност и стагнација“ стои во партиското соопштение.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Оставка од Филип Андов-Сокол и одговорност од Тупанчески

„Во рок од еден месец јавноста дозна за три бегства од затвор. Последниот случај на бегство е повторно од затворот Шутка каде што директор е кадарот на СДС , Филип Андов `Сокол`. Имено лицето Ариф Алили од Кичево, уапсен за дрога, избегал од „слободно одделение“ на затворот“ соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму потсетуваат дека „пред извесно време од затворот избега и Нафи Абдиоски, лице со полн фотоалбум од заеднички слики со функционери на СДС. За овие скандалозни бегства нема никаква одговорност од директорот Филип Андов, ниту владата му бара оставка, ниту се најавува смена“.
„Ваквите бегства покажуваат дека се работи за целосен распад на затворскиот систем, кој се претвори во решето систем. Пред неколку недели се случи и скандалозното бегство од затворот Идризово, при што беше ранет и еден затворски полицаец. Овој случај, но и останатите покажуваат дека корупцијата и криминалот владеат со затворите во Македонија. Дали владата на Ковачевски чека и во затворот Шутка да се случи скандалозно бегство со жртви за да преземе конкретни мерки и да побара одговорност одФилип Андов – Сокол и од Тупанчевски? Затоа потребна е оставка од Филип Андов – Сокол и одговорност од Тупанчевски веднаш“ стои во партиското соопштение.