Контакт

Соопштенија

СДСМ: Во ВМРО-ДПМНЕ почнаа да измислуваат лажни формули за растот на платите

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски до толку не може да се помират со растот на платите, па почнаа да измислуваат лажни формули за платите во образованието, велат од владејачкиот СДСМ како реакција на прес-конференцијата на Димче Арсовски, кој тврдеше дека платите за наставниците и професорите според законот треба да бидат повисоки од најавеното покачување.

„Работното место наставник според колективниот договор за основно образование има коефициент на сложеност 2,503. Тој се множи со утврдената најниска плата во дејноста образование, а не со минималната плата како што лаже ВМРО-ДПМЕ, а таа изнесува 13.417 денари или пресметка за плата на наставник математички прецизно: 2.503 х 13.417 = 33.583 бруто-плата или 22.713 нето-плата“, се наведува во партиското соопштение, во кое се додава дека со сегашното покачување од 10 отсто, што ќе биде ефективно во јануари 2020, платата за наставниците со коефициент 2,5 ќе биде токму онолку како што се предвидува.

Од СДСМ нагласуваат и дека за цели седум години од 2010 до 2017 година просечната плата во образованието пораснала едвај 850 денари.

Соопштенија

Левицата: Две години нема информации како се трошат парите во Министерството за образование

Објавено пред

Детаљниот буџет на Министерството за образование и наука (МОН) не е достапен на официјалната страница, реагираат од партијата Левица.

Како што објаснуваат од таму, последниот буџет, кој е достапен, е оној од 2018 година, а за 2019 и 2020 година не постојат јавно објавени и достапни информации за тоа како се трошат парите во МОН.

Од партијата укажуваат и на проблемот дека само на шест работни дена до почетокот на учебната година наставниците и учениците не знаат по кои нови учебници ќе се одвива наставата по странски јазици во целото основно образование.

Објаснувајќи дека треба да се изврши набавка на нови учебници за странски јазици за сите осум одделенија, од Левицата укажуваат дека Министерството за таа цел би требало да потроши околу милион и 120 илјади евра.

„Во Македонија во просек има по речиси 20 илјади ученици во секое од одделенијата на основното образование. Ако се земе дека еден учебник ќе чини во просек 7 евра, односно набавка на учебник за странски јазик за едно одделение за сите училишта, ќе чини 140 илјади евра, за сите одделенија ќе се излеат оваа година речиси 1 милион и 120 илјади евра“, стои во партиското соопштение, во кое се додава дека подобро би било да се користат ланските учебници, кои во голем број ќе се ротираат помеѓу учениците од разните одделенија.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Над 26 милиони евра завршија кај 309.000 граѓани кои добија платежни картички

Објавено пред

Владата предводена од СДСМ презеде ефикасни и навремени мерки за полесно справување со економските последици предизвикани од коронавирусот и покажа дека се грижи за секој еден граѓанин, а истовремено креира и развојна економија со цел успешно справување со кризата, соопшти СДСМ.

Само преку мерката „купувам домашно”, 26.8 милиони евра завршија кај 309.000 граѓани со цел да се поттикне приватната потрошувачка и да се зајакне куповната моќ.

„Од нив 16.5 милиони евра се наменети за 113.000 невработени граѓани и граѓани кои се приматели на социјална помош. Преку 5.4 милиони евра за 111.000 вработени граѓани со ниски примања. Над 4 милиони евра за 81.000 млади граѓани, како и преку 900.000 евра за 4.000 здравствени работници.

Паралелно, преку мерката „Дома си е дома” Владата предводена од СДСМ додели ваучери за туризам на 117.000 граѓани во висина од 12 милиони евра, како директна помош за туризмот и угостителството како едни од најпогодените стопански гранки“, се вели во соопштението.

СДСМ како одговорна партија останува посветена на креирање мерки што значат вистинска грижа за сите граѓани, обезбедуваат спас на работните места, како и помош и поддршка на компаниите во најпогодените сектори.Во тек е подготовката на четвртиот пакет антикризни мерки којшто има за цел да обезбеди уште поголема поддршка и на работниците и на компаниите, додаваат од партијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев треба да одговара многу повеќе, неговата мафија ја уништи економијата

Објавено пред

„Зоран Заев со казната од 50 евра за сообраќаен прекршок сака да ја залажува јавноста дека во Македонија има правна држава. Додека прават евтин театар јавноста сè уште очекува реакција од институциите за криминалниот бизнис што го направи Заев со контроверзниот бизнисмен Дака Давидовиќ тежок 200 милиони евра. Јавноста чека реакција од институциите и за аферата ‘Леонардо’ и за аферата ‘СВ Инвест’ и за десетици криминали на власта на Заев тешки стотици милиони евра“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, аболицираниот криминалец Заев треба да одговара многу повеќе од 50 евра казна.

„Со своето мафијашко владеење ја направи Македонија најкорумпирана држава во Европа во која мафијата се богати, а народот осиромашува. Ја задолжија државата за нови милијарда евра за само три месеци, период во кој 40.000 луѓе без работа, а економијата отиде во минус 12,7%. Тоа само покажува дека криминалот и корупцијата на мафијата на власта ги јадат економијата и стандардот.
Затоа изборот е или мафијата на Заев или Македонија. Народот ќе ја одбере Македонија“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

Гутереш: Вирусот се шири во сите правци, потфрли заедничката соработка

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска изјави дека светот не успеал да соработува во борбата против пандемијата на Ковид-19....

Топ5 часа

(Видео) Во Визбегово пронајдена мини лабораторија за масло од канабис, уапсени три лица

Попладнево, околу 15 часот, Единицата за недозволена трговија со дрога извршила претреси во скопско Визбегово, при што пронајдена била мини...

Европа6 часа

Додека Навални закрепнуваше во Берлин, во Русија му го заплениле станот

Сметките на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални се замрзнати, а неговиот стан во Москва е одземен додека тој во болница во...

Македонија8 часа

Двајца починати и 152 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаја на...

Македонија9 часа

Владата ќе го разгледа барањето за продложување на породилното отсуство

Владата ќе ги разгледа барањата на родителите кои предлагаат времено продолжување на породилното отсуство за месец или два и ќе...

Свет9 часа

Ниту едно вакцинирано лице во Москва немало компликации

Не се забележани компликации кај ниту едно од 3.000 лица кои биле вакцинирани против коронавирусот во Москва како дел од...

Македонија10 часа

Врховниот суд ја потврди 4-годишната казна за Сеад Кочан

Врховниот суд ја потврди 4,8-годишната казна на Сеад Кочан за случајот „Труст“, која од Апелација му ја намали од изречените...

Македонија11 час

Рангелова: Ја докажав правдата и слободно можам да се пресметам со тие кои ме обвинуваа

Експратеничката Даниела Рангелова, која е ослободена во предметот „Насилство во Центар“, по судењето, на сведоците кои лажно сведочеле против неа...

Македонија11 час

Царовска на средба со наставниците: Важно е наставата да почне и покрај сите предизвици

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, и заменик-министерот Арафат Шабани со градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, и претседателот...

Свет11 час

(Видео) Насилни протести во САД поради случајот со Бреона Тејлор, ранети се двајца полицајци

Двајца полицајци од Луисвил, во американската држава Кентаки, беа застрелани во средата вечерта во центарот на тој град среде масовни...

Регион13 часа

Земјотреси во Албанија и во Грција

Во Албанија утрово е регистриран земјотрес со јчина од 4,3 степени според Рихеривата скала, а земјотрес од 4,1 степен ја...

Топ13 часа

Маж загина по пад од покрив

Педесет и шестгодишен маж од село Злетово почина во болница, откако претходно паднал од покривот на куќата додека го чистел...

Македонија13 часа

Николоски: Заев нема да ме замолчи да зборувам за „Рекет“, денес ме тужеше, а не дојде на суд

Денес најмоќниот човек во државата, премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, ме тужи за клевета, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар...

Македонија13 часа

Фетаи ја ослободи Рангелова во „Насилство во Центар“

По три и пол години судења, обвинителката Фатиме Фетаи го повлече обвинението против експратеничката Даниела Рангелова, но и против Борче...

Македонија15 часа

Судењето за случајот „Меѓународен сојуз“ одложено за во октомври

Судењето за случајот познат во јавноста како „Меѓународен сојуз“ се одложува за во октомври. Како што соопшти кривичниот суд, главната...

Европа15 часа

Грците осудија двајца Руси на по 300 години затвор

Двајца Руси се осудени во Грција на по 300 години затвор за нелегален транспорт на мигранти, изјави потпретседателот на Комитетот...

Македонија16 часа

Комплетиран владиниот кабинет, избрани 16 заменик-министри

На предлог на претседателот на Владата, Зоран Заев, Собранието ги именуваше заменик-министри во Владата. Башким Хасани е избран за заменик...

Европа16 часа

Британската полиција заплени еден тон кокаин вреден 128 милиони долари

Британската полиција заплени речиси еден тон кокаин скриен во гајби со овошје од Јужна Америка и уапси двајца мажи. Вредноста...

Свет16 часа

Фаучи: Нормален живот на крајот на наредната година

Во Италија расте бројот на заразени со Ковид-19, па во последните 24 часа откриени се 1.670 нови случаи на инфекција,...

Свет1 ден

Уапсен германски лекар кој снимил силување на пациентка

Уапсен е болнички лекар од евангелистичката клиника „Бетел“ во Билефелд под сомнение дека им давал седативи на жени што доаѓале...

Досие