Контакт

Соопштенија

СДСМ: Во ВМРО-ДПМНЕ се свесни дека во Скопје ги чека нов пораз

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ ги засилува лажните вести против Петре Шилегов онака како што се наближува датумот за избори и нивниот извесен пораз, реагираат од СДСМ по денешните обвинувања изнесени од страна на Наум Стоилковски.

„ВМРО-ДПМНЕ нема да понуди ништо конкретно, па затоа мора секојдневно да лаже и да манипулира измислувајќи нови конструкции. 27 години ВМРО-ДПМНЕ не направи ништо за Скопје, напротив, го уништуваше градот за лични и бизнис-интереси на поединци, а најеклатантен пример за тоа е проектот Скопје 2014“, велат од СДСМ од каде се уверени дека на 17 октомври следува, како што велат, нов убедлив пораз на партијата на Мицкоски во главниот град.

Македонија

Aлијансата за Албанците реагира: „Правата на Албанците зависат од бројките според Уставот“

Објавено пред

Колективните права на Албанците зависат од бројките и тоа го вели Уставот, а, пак, Заев не е над највисокиот правен акт, реагира Алијансата за Албанците откако денеска премиерот Зоран Заев изјави дека пописот нема да влијае врз законот за употребата на јазиците или правата на Албанците.

„Премиерот Зоран Заев одамна го загуби допирот со реалноста и неговите изјави не само што не можат да се земат како точни, туку претставуваат вознемирувачки аларм за тајните планови на Владата на СДСМ-ДУИ“, велат од Алијансата.

Од партијата на Зијадин Села додаваат дека во меѓувреме, Артан Груби веќе докажал колку е лесно да се пазари на сметка на Албанците и тој најмалку има право да зборува за унапредување на правата.

„Ваквите изјави на двајцата владини лидери и лиферувањата со бројки дополнително предизвикаа сомнежи за тоа што се случува со пописот. Владата и Државниот завод за статистика мора итно да дадат оттчет и објаснување за тоа што се случува со страницата и базата на податоци за пописот, каква штета е направена од сајбер напаѓачите, дали е влијаено и над податоците од дијаспората и кој ќе биде одговорен за какво било мешање во бројките“, додава партијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Деструктивното ВМРО-ДПМНЕ ги блокира законските измени за недела работен ден

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструкции, блокади и кочења на важни законски измени, обвинуваат од СДСМ.

„Вчера на седницата на Комисијата за труд и социјална политика, ВМРО-ДПМНЕ го опструираше носењето на измените и дополнувањата на Законот за работни односи. Со овие измени кои треба да стапат на сила на први октомври, недела станува неработен ден за сите оние кои сакаат да бидат со своите семејства.

Наместо да работат за она што се платени, да им служат на граѓаните и државата, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на најподмолен начин ги злоупотребуваат чувствата на граѓаните, тераат политиканство заради лични и партиски интереси.

Со ваквиот однос јасно е дека им следува нов седми пораз од граѓаните, кои одново ќе ги поразат ваквите погубни и неодговорни политики на ВМРО-ДПМНЕ и неговите пратеници“, порачаа од владејачката партија.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Весковски го крие Шилегов, така влегува во уште поголемо кривично дело

Објавено пред

ЈП „Водовод“ преку соопштенијата и прес-конференциите кои ги прават призна дека Душко Весковски сторил кривично дело и дека најпрвин ја реализирал реконструкцијата на водоводната мрежа на ул. Варшавска во месец август, па дури потоа на први октомври согласно документите коишто тие ги испратија како демант распишале тендер за да ја исплатат фирмата која го вршела градежниот зафат, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Душко Весковски прави сè за да го сокрие Шилегов. Еден во редицата докази дека Весковски и Шилегов направиле криминал е и барањето за надзор за изградбата на водоводната мрежа на од 24 јули 2020 година, односно неколку месеци пред да се распише тендерот за изградба.

Најголем доказ дека фирмата работи без тендер е тоа што јасно надзорот кажува дека нема договор со изведувачот. Надзорот исто така наведува дека на 20 август водоводот се завршува и потоа отпочнала со реконструкција на канализациската мрежа.

Весковски и Шилегов се фатени во криминал. Работеле без тендер, а потоа распишувале тендери за да го покријат сработеното од фирмите. Весковски со паничните прес-конференции само сака да го прикрие и спаси Шилегов од сè поизвесниот пораз кој го очекува.

Криминалното работење на Шилегов како градоначалник фрла сомнеж за тоа како го стекнал својот имот во тек на функцијата што ја извршува, а за кој нема легално финансиско покритие.

Јасно е од каде е имотот на Шилегов, јасно е дека работеле криминално. Само уште Весковски да сфати дека не треба да прави нови криминали да го прикрива првиот на шефот“, се вели во соопштението на партијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Приведена очна лекарка од Куманово, која преку поткуп собрала 116.000 денари

Полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Куманово, утрово, во 7 часот, извршиле претрес во просториите на очното...

Македонија6 часа

16 починати и 491 нов случај на Ковид-19

Министерството за здравство информира во последните 24 часа направени се 3.747 тестирања, а регистрирани се 491 нов случај на Ковид-19,...

Македонија6 часа

Филипче: Пристигнаа 110.612 вакцини од „Фајзер“ за кои има голем интерес

Денеска, во земјата пристигнаа 110.612 вакцини од производителот „Фајзер“/„Бионтек“, објави на социјалните мрежи министерот Венко Филипче. Како што посочува тој,...

Македонија9 часа

Законот за употребата на јазиците нема да се менува во зависност од пописот, рече Заев

Пописот нема ретроградно да влијае на Законот за употреба на јазиците, туку целта е да се знае колку граѓани има...

Економија10 часа

Имот над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже ќе биде конфискуван

Ќе се конфискува имотот од над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже, предвидува драфт верзијата...

Македонија10 часа

Наставата продолжува со физичко присуство, состојбата со ковид во училиштата засега е стабилна

Состојбата со Ковид-19 во училиштата е стабилна, се следи на дневно ниво и според проценките на Главниот координативен кризен штаб,...

Македонија11 час

Софијанова: Коронавирусот кај децата најчесто дава полесна клиничка слика, но може да предизвика сериозен синдром

Коронавирусот кај децата најчесто дава полесна клиничка слика која се третира само со симптоматска терапија. Но неопходно е секој случај...

Регион11 час

„Еуроактив“: Вашингтон го зголемува притисокот врз Софија за евроинтеграцијата на Скопје

Вашингтон го зголемува притисокот врз Бугарија, барајќи од неа да се откаже од ветото за интеграција на Северна Македонија во...

Македонија11 час

Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан

Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан и е на 40 место во светот, според истражувањето на Институтот за економија...

Регион12 часа

Хеликоптери на КФОР надлетуваат над премините на северот на Косово, ситуацијата мирна но напната

Покрај припадниците на „Росу“ ситуацијата на северот на Косово ја следеше КФОР, кој патролираше со хеликоптер, пишуваат регионалните медиуми. Главните...

Македонија14 часа

Попишани 1.212.339 луѓе, 378.033 домаќинства и 516.787 станови

Вкупно 1.212.339 лица, 378.033 домаќинства и 516.787 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за...

Македонија14 часа

Вчера се вакцинирале 12.099 граѓани, од нив 2.969 примиле прва доза

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 776.659 граѓани. Прва доза вакцина вчера...

Свет15 часа

Талибанците бараат да се обратат на Генералното собрание на ОН

Талибанците побараа да им се обратат на светските лидери пред Обединетите нации, a за таа пригода го назначија својот портпарол...

Свет15 часа

(Видео) Еден од најсилните земјотреси досега ја погоди Австралија

Земјотрес со јачина од 6 степени, еден од најсилните што е забележан во Австралија, го погоди југоистокот од оваа земја....

Македонија1 ден

Регистрирани 554 нови случаи на Ковид-19, пријавени 17 починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.072 тестирања, а регистрирани се 554 нови случаи на...

Македонија1 ден

Радев: Изјавите и ветувањата во дијалогот со Северна Македонија повеќе не функционираат

Изјавите и ветувањата во дијалогот со Република Северна Македонија повеќе не функционираат и Бугарија очекува јасни правно обврзувачки решенија што...

Свет1 ден

Бајден: Не сакам воената моќ на Америка да се користи како одговор на секој проблем во светот

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, изјави дека не сака воената моќ на САД да се користи како одговор на секој проблем...

Свет1 ден

(Видео) Лава од вулканот на Канарските Острови навлегува во куќите, луѓето се евакуираат

Вулкан на Ла Палма, на северозапад од архипелагот, еруптира во неделата исфрлајќи лава неколку стотини метри високо во воздухот и...

Регион1 ден

Лајчак вознемирен за ситуацијата во Косово, повика на смирување на тензиите

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак, рече дека е загрижен за ситуацијата во северно Косово...

Македонија1 ден

И без политичка влада во Софија, продолжуваат разговорите за деблокада на евроинтеграцијата

И покрај тоа што сè’ уште во Бугарија нема политичка влада, разговорите за надминување на разликите и деблокада на нашата...

Досие