Контакт

Соопштенија

СДСМ: Добра вест – заврши мандатот на Ѓорге Иванов, граѓаните избраа напредок

Објавено пред

,По 10 години завршува мандатот на Ѓорѓе Иванов. Тоа е добра вест за граѓаните, за државата.Иванов ќе остане запаметен како лош пример, како не треба да се извршува претседателската функција”, соопшти СДСМ.

Според партијата, со заминувањето на Иванов завршува блокадата на напредокот, на интеграциите, завршува блокадата на законите во интерес на граѓаните.

,,Крајот на мандатот на Иванов значи и крај на промовирањето на поделбите меѓу граѓаните, крај на вештачките кризи и тензиите, крај на уривањето на демократијата и празниот поредок.
Со заминувањето на Иванов завршува урнисувањето на угледот на државата и интеграциите кон НАТО и ЕУ.Граѓаните избраа напредок и напредокот продолжува.Република Северна Македонија заврте нова страница на напредок, сигурна и стабилна иднина, членство во НАТО и ЕУ.
Режим никогаш повеќе, продолжуваме заедно напред”, се додава во соопштението.

Соопштенија

СДСМ: Сега е потребно единство и дисциплина во почитувањето на мерките

Објавено пред

Сега е потребно единство и дисциплина во почитувањето на мерките, ќе успееме да го совладаме коронавирусот, велат од СДСМ.

„Со цел да се обезбеди брза и ефикасна реакција за спречување на ширењето на коронавирусот Владата, по препорака на Комисијата за заразни болести, одлучи во текот на продолжениот викенд да воведе одредени рестриктивни мерки со различен интензитет во различни делови од државата. Ваквите мерки се неопходни за да се спречи ширењето на коронавирусот и да се заштити здравјето на граѓаните. Вирусот Ковид 19 е реална појава и затоа никој не смее да ја игнорира оваа закана, бидејќи на тој начин ја загрозува личната и колективната здравствена состојба. Вирусот е присутен и опасен и само со почитувањето на мерките ќе успееме“, пишува во соопштението.

„Покажавме дека имаме добра стратегија, ефикасните мерки дадоа резултати, но само заедно со граѓаните и со доследно и постојано почитување на мерките за заштита можеме да успееме. Имавме одлични резултати, здравствениот систем е подготвен, имаме целосно стабилни општини, а најдобар пример за тоа е Општина Дебар. Затоа, секој мора да ги почитува сите мерки, во целост. Тие се основна алатка за намалување на ширењето на заразата. Онаму каде има добри резултати, тоа е така затоа што се почитуваат мерките и препораките на здравствените власти. Секој мора да носи маска, да се дезинфицира редовно, да држи дистанца од 2 метри и да нема групирање. А овој викенд, сите да останеме дома, со своите семејства. Издржавме и потешки моменти, заедно ќе го поминеме и овој“, велат од СДСМ.

Партијата упати поддршка до сите здравствени работници кои се столбот во овие клучни моменти, но и до сите граѓани кои ги почитуваат мерките и се грижат за личното и јавното здравје.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ГРОМ: Карантинот да важи само за лоцираните кластери

Објавено пред

ГРОМ предлага одлуката за карантин да важи само за лоцираните кластери на Ковид 19, а останатите граѓани да бидат слободни.

„ГРОМ смета дека мерката е непромислена и остро се спротивставува на истата. Сметаме дека карантинот треба да важи само за оние средини во коишто има енормно заразени од ковид-19 за што впрочем и Д-р Караџовски тврдеше дека тие ги знаат кои се кластерите. Па оттаму кога ги знаат каде се заразените нека ги изолираат нив а остатокот од населението да ги пуштат слободно да живее, да работи, да создава со почитување на мерките за социјална дистанца. Зошто во Скопје ако нема заразени во Карпош, Центар, Кисела Вода треба луѓето да бидат изолирани, се работи за 150.000 луѓе. Зошто последиците да ги трпи Македонски Брод, Демир Хисар, Ресен, Демир Капија, Дојран, Струмица, Берово, Пехчево, Кратово, Македонска Каменица и други кога според здраствените власти кластерите точно се знаат кои се и се идентификувани. Затоа идентификуваните треба да бидат во карантин а останатите граѓани на слобода“, велат од ГРОМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Костадинов: Полицајци блиски до Чулев и Мицкоски наместо да прават контроли, прекршуваат забрани

Објавено пред

Седуммина полицијаци блиски до Наќе Чулев и Христијан Мицкоски синоќа ја прекршија забраната за јавни собири, посочи портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Како што рече тој, наместо да го обезбедуват почитувањето на мерките и задолженијата, полицајците на Чулев директно ја прекршиле забраната.

„Еве, фотографија на ‘домаќинот’ на забавата сликан во пријателска атмосфера со Мицкоски и со Игор Јанушев“, посочи Костадинов и додаде дека јавноста била сведок и на друго прекршување на забраната за собири од страна на припадници на МВР, во Крушево.

Како што рече партискиот портпарол, таму забраната ја прекршил заменик-командирот на полициската станица, Благојче Димсоски, за кој посочи дека е кадар на Наќе Чулев.

„Ваквите случаи директно ја поткопуваат довербата во полицијата и МВР. Наместо во обезбедување на почитување на мерките и задолженијата, Чулев злоупотреби полициски службеници за снимање на пропагандни спотови. Наместо ред и дисциплина, Чулев јавно кажа дека полицијата нема да ги казнува оние кои ги прекршуваат забраните“, истакна Костадинов и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ освен по терористичкиот напад на крвавиот четврток ќе остане обележана и како партија која направила здравствен пуч.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 минута

Џорџ Флојд имал коронавирус

Обдукцијата покажала дека убиениот Афроамериканец Џорџ Флојд бил позитивен на коронавирус, објави Си-Ен-Ен. Главниот медицински инспектор Ендру Бејкер изјавил дека...

Македонија1 час

Мицкоски призна дека бил во кафеaна, не знаел дека е забрането да се седи внатре

Откако Државниот пазарен инспекторат вчера објави дека инспекторите биле спречени да извршат надзор во кафеана во Дебар маало, а после...

Македонија11 час

(Видео) Инспектори биле спречени да направат надзор во кафеана, внатре бил лидер на политичка партија

Вработени во угостителски објект на Боемската улица во Дебар Маало не им дозволиле на инспекторите од Пазарниот инспекторат да извршат...

Македонија11 час

Филипче: Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега

Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега. Вирусот нема да...

Македонија13 часа

Владата донесе одлука за повторно воведување полициски час

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести за повторно воведување полициски час за време на претстојниот продолжен викенд...

Топ16 часа

Приведени седум полицајци во Куклица, правеле забава без да ги почитуваат мерките

Седум полициски службеници, кои не биле на должност, биле приведени затоа што правеле забава, без да ги почитуваат мерките против...

Македонија17 часа

И со негативен тест задолжителен е 14-дневен карантин по влез во земјата

Министерството за внатрешни работи соопшти дека при влез на наши граѓани во земјата, како и на странци, но само со...

Економија18 часа

Граѓаните на интернет ќе треба да проверат дали се меѓу корисниците на домашната платежна картичка

Граѓаните кои ќе бидат корисници на домашната платежна картичка нема потреба да аплицираат или да се пријават за да ја...

Македонија20 часа

Османи во Штип: Во компаниите ќе има ковид-координатори кои ќе го следат спроведувањето на мерките

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на главен координатор на кризните штабови за одбрана од Ковид-19, оствари...

Македонија20 часа

Четворица починати и 101 случај на новозаразени од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на Ковид-19, информираат од Минитерството за...

Свет23 часа

Тајна снимка на СЗО откри како Кина го прикрила коронавирусот

Снимки од интерни состаноци во Светската здравствена организација покажале дека СЗО едвај ги добила најпотребните информации од Кина на почетокот...

Европа23 часа

Главниот шведски епидемиолог призна дека од денешен аспект би имал друг пристап кон пандемијата

Главниот шведски епидемиолог, кој стои зад стратегијата земјата да не применува строги мерки поради пандемијата на коронавирусот, призна дека требало...

Свет23 часа

(Видео) Бајден: Полицијата треба да пука во нозе

Полицајците кои пукаат во луѓето кои претставуваат закана треба да им пукаат во нозете, а не во срцето, соопшти поранешниот...

Свет1 ден

Војска распоредена околу Вашингтон, трупите се во состојба на засилена готовност

Околу 1.600 американски војници се распоредени во пошироката област на Вашингтон и се во состојба на засилена подготвеност, објави Пентагон...

Европа1 ден

По тримесечната блокада, Италијанците од денеска може да патуваат низ земјата

Италија денеска ги отвори регионалните граници по тримесечна блокада поради пандемијата, со што е овозможена поголема слобода на движење за...

Регион2 дена

Црна Гора прогласи крај на епидемијата

Националното координативно тело за заразни болести, по предлог на Институтот за јавно здравје, прогласи крај на епидемијата на Ковид-19 во...

Свет2 дена

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да стави крај на протестите

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да ги угасне протестите во САД, поради смртта на Афроамериканецот Џорџ...

Свет2 дена

Путин: На напад со конвенционално оружје Русија ќе возврати со нуклеарно

Рускиот претседател, Владимир Путин, донесе уредба со која се утврдува дека руската војска може да употреби нуклеарно оружје како одговор...

Македонија2 дена

Не се 67 новозаболени, туку 76 – покажуваат новите бројки на Министерството за здравство

Од Министерството за здравство информираат дека бројот на новозаболени е 76, а не како што претходно беше објавено дека се...

Македонија2 дена

Од денес во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија поради позитивен колега странец

Шеесетина полицајци, кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради постојаната опасност од нов мигрантски бран, од денес се во...

Досие