Контакт

Соопштенија

СДСМ: Додека Сиљановска била министерка, нејзиниот сопруг добил бизнис со фри-шоп

Објавено пред

Гордана Сиљановска со фри-шоп на нејзиниот сопруг во време на тразицијата е типичен пример за транзициски профитер и симбол за непотизам, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку соопштение.

„Сиљановска е типичен пример за транзициски профитер и симбол за непотизам. Во времето кога била министерка во првата политичка Влада од 1992 година, нејзиниот сопруг добил бизнис со фри-шоп, тогаш еден од најдоходовните бизниси. Ова е класичен чин на непотизам, судир на интереси и злоупотреба на функцијата, и во тоа време наидува на жестока критика токму од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Силјановска за ВМРО-ДПМНЕ воопшто не е ‘симбол на правото и правдата’, туку узурпаторка на функцијата и транзициска профитерка, како што била опишувана во собранието во 1994 година токму од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

 

Соопштенија

СДСМ: Чулев со невистини се обидува да ја вознемирува јавноста

Објавено пред

Техничкиот министер за внатрешни работи од ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев денеска повторно преку невистини, преку непрецизни и нецелосни информации се обидува да ја вознемирува јавноста, реформите во безбедносните служби превенираат секаков вид на злоупотреби, реагираат од СДСМ на изјавата на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, дека Агенцијата за национална безбедност ја задржала можноста да преслушува.

„По прес-конференцијата со право се поставуваат дилемите дали Чулев денеска излезе со претпоставки или со докази за како што вели тој наводно нелегално прислушување? Дали за ова е известен Советот за безбедност и дали оваа тема се отворила на некоја од затворените владини седници? Дали Чулев денеска имаше прес-конференција само за да го има во медиумите или навистина располага со некакви сомнежи за злоупотреби“, прашуѕваат од СДСМ.

Од таму додаваат дека Чулев мора да знае дека се што ќе каже во јавноста мора да подлежи на сериозни аргументи, а не претпоставки и нецелосни факти и на крајот наместо да држи празни и конфузни прес-конференции со кои го повикува Обвинителството, да се обрати до Обвинителството со равните механизми што ги има како министер.

„Како што јавно соопшти и Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата не располага ниту со опрема за следење на комуникации, ниту со медијациски уреди за активирање на следењето на комуникациите во мрежите на операторите и нема техничка можност самостојно и независно да активира и да врши следење на комуникации во мрежите на телекомуникациските оператори без посредство на Оперативно техничката агенција. Истовремено, согласно Законот за Оперативно техничката агенција, оваа Агенција е самостоен државен орган кој што овозможува техничка поврзаност помеѓу операторите и органите овластени за следење на комуникациите“, се наведува во реакцијата.

Од партијата велат дека реформите во безбедносните служби биле врвен приоритет на владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ. Според СДСМ, нивното усвојување обезбедило професионализација на безбедносните служби, што било поздравено и од страна на нашите пријатели во ЕУ. За потсетување, велат од СДСДМ, за овие важни закони гласаа и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, а дополнително, на чело на Комисиите за надзор се пратеници од редовите на опозицијата.

„Јавноста памети дека токму партијата која стои зад Чулев, ВМРО-ДПМНЕ со години го злоупотребуваше безбедносно-разузанвачкиот сектор за масовно нелегално следење на комуникациите на над 20.000 граѓани. Денес, тоа е минато, денес, следењето на комуникациите од страна на безбедносните служби е целосно согласно законите и доколку се појави било каков сомнеж за некаква злоупотреба институциите веднаш треба да реагираат“, се наведува во писмената реакција.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Општина Карпош: Времето на ВМРО-ДПМНЕ кога ДУП-овите се носеа на сила е одамна зад нас

Објавено пред

Целосна лага е информацијата декa носењето на предлог-ДУП-от за Трнодол е со лукративна цел или во нечиј интерес, се вели во реакцијата на Општина Карпош откако портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, на денешната прес-конференција запраша дали од него постои можност да профитираат министерката за финансии, Нина Ангеловска, и нејзиниот татко.

„Катастарската парцела (КП) со број 616 воопшто не е во опфатот на предлог-ДУП-от за Трнодол за кој зборува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ. Исто така, оваа катастарска парцела е надвор и од Генералниот урбанистички план (ГУП), што значи дека воопшто не може да се гради на посочената катастарска парцела“, се наведува во реакцијата.

Од Општина Карпош посочуваат дека инцидентите и насилството во Трнодол биле иницирани од поединци, но забележуваат дека кон целиот настан се приклучила и ВМРО -ДПМНЕ.

„За начинот на носење на ДУП-от во Трнодол во повеќе наврати сме ја информирале јавноста, како и засегнатите граѓани. Завршено е времето кога ДУП-овите во Карпош се носеа на сила, за време на празници и далеку од очите на јавноста“, стои во соопштението.

Во него се наведува и дека Општина Карпош продолжува со отворен пристап и транспарентност при урбанистичкото планирање.

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Кузеска: Чулев поттикнува ургенции во МВР само за да го одбрани својот лидер

Објавено пред

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ прават сè да ја држат земјата во неизвесност и да создадат политичка криза затоа што се исплашени од изборно соочување, истакна на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Како што рече таа, Мицкоски ќе остане запаметен како политичар што се обидува да профитира врз здравјето на граѓаните.

„Мицкоски лажеше дека немало доволно тестови за коронавирусот, лажеше дека над 140.000 работници останале без работа, а истовремено вежбаше во затворени фитнес-центри и во групи се качуваше на Водно. За сето тоа време, на техничкиот министер, Наќе Чулев, поважно му беше да го одбрани својот шеф отколку да обезбеди спроведување на мерките и задолженијата за спречување на пандемијата“, рече портпаролката на СДСМ.

Кузеска нагласи дека последен доказ за незрелото однесување на Мицкоски и неговите кадри во преодната Влада е синоќашната изјава на Чулев дека секој можел да се јавува кај вработени во МВР и да врши притисок за отворени истраги.

„Со таквата изјава Чулев го поткопува интегритетот на вработените во МВР и поттикнува ургенции и притисоци. Ова е уште повеќе опасно ако се има предвид дека Мицкоски не е кој било, туку предводник на политичка партија“, рече таа и додаде дека по којзнае кој пат се потврдува дека за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, најважни се личните агенди и теснопартиските интереси.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Агенцијата за национална безбедност го демантира Чулев: Не располагаме со опрема за следење на комуникации

Агенцијата за национална безбедност не располага ниту со опрема за следење на комуникации, ниту со медијациски уреди за активирање на...

Регион9 часа

Црна Гора на чекор до прогласување крај на епидемијата

Во Црна Гора ниту денеска нема нов случај на коронавирус, а црногорските медиуми пишуваат дека ако овој тренд продолжи уште...

Топ11 час

АД „Водостопанство“ и еден раководител ќе одговараат за смртта на 15-годишното момче што се удави во Пчиња

Полицијата поднесе кривична пријава против АД „Водостопанство“ на Македонија и раководител на сектор за речен слив и речни корита поради...

Македонија11 час

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирус

ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирусот и тоа е навистина загрижувачки. Не разбирам како може да...

Македонија11 час

Пријава за фирма од Скопје – продавала производ за кој лажела дека нема глутен

Полицијата поднесе пријава против фирма во Скопје и нејзиниот сопственик поради измама на купувачи – односно продажба на производ на...

Македонија13 часа

Хрватските граници нема да бидат отворени за туристи од Македонија

Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, најави денеска отворање на границите за туристи од 10 земји, меѓу кои не е Македонија. „Успеавме...

Македонија14 часа

При влез во ресторан ќе се покажува лична карта, а следните 10 дена се период за едукација на угостителите

Инспекторатите нема да ги казнуваат гостите во угостителските објекти, туку фирмите доколку не се почитуваат протоколите за работа, најави директорот...

Македонија14 часа

Потврдени 38 нови случаи на Ковид-19, од кои над 20 се од Скопје, починаа уште 3 лица

Денеска, потврдени се 38 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани е 2.077 лица, oздравени се 16...

Македонија14 часа

Чулев: На литијата во Струга имаше затајување на функцијата на полицијата, истрагата е во тек

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, вели дека ѝ натаму се работи на идентификација на лицата што учествувале на...

Македонија15 часа

Регистриран првиот случај на починат здравствен работник од Ковид-19

Во земјата е регистрирана првата смрт на здравстветен работник како последица од коронавирусот. Станува забор за дипломираниот фармацевт Петар Мојсоски,...

Македонија16 часа

Игротеките бараат финансиска поддршка и датум за почеток со работа

Групацијата на забавни и рекреативни дејности во рамките на Услужната комора при Сојузот на стопанските комори на Македонија достави четири...

Македонија16 часа

Независниот синдикат на полицијата: Наградата за полицајците да се исплати во платата во јуни

Независниот синдикат на полицијата побара техничкиот премиер и министерот за внатрешни работи итно да се договорат за наградата за полицајците...

Македонија18 часа

Кафулињата и рестораните почнуваат со работа, сѐ уште е забрането организирање свадби и родендени

Со одлука на Владата, од денеска почнуваат со работа кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови на овие...

Македонија18 часа

Филипче: Само заеднички може да ја надминеме оваа состојба од која ќе излеземе посилни и помудри

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека почнува да се враќа животот во нормала и почнуваат да се отвораат бизнисите,...

Економија18 часа

Парична помош за оние што останале без работа во периодот од 11 март до 30 април

Работниците што поради корона-кризата останале без работа, независно од времето поминато во работен однос, ќе може бргу да дојдат до...

Регион19 часа

Кипар ќе им ги плати трошоците за одмор на сите туристи што ќе заболат од Ковид-19

Кипарските власти порачаа дека ќе ги покријат трошоците за одмор во земјата за секој што ќе биде позитивен на коронавирусот...

Македонија1 ден

Продолжува да важи платеното породилно отсуство до завршувањето на времените мерки

Владата донесе Уредба за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, во која е предвидено отсуството...

Европа1 ден

Меркел: Уште сме на почетокот со пандемијата

Германската канцеларка Ангела Меркел ги оцени како позитивни досегашните постигнувања во борбата против коронавирусот, но како што рече, општеството е сè...

Европа2 дена

Европската комисија предлага 1.850 милијарди евра за заздравување на економиите

Европската комисија предложи инструмент за заздравување на економиите од корона-кризата, вреден 750 милијарди евра, и повеќегодишна финансиска рамка (ВФО) од...

Регион2 дена

Во Хрватска трет ден нема нови случаи, се укинува забраната за свадби

Трет ден по ред во Хрватска не е потврден ниту еден нов случај на коронавирус. Со ова вкупниот број на...

Досие