Контакт

Соопштенија

СДСМ: Единствената цел на губитникот Мицкоски е да ја закочи државата

Објавено пред

„Губитникот Христијан Мицкоски е осамен и изолиран во сопствената хистерија, во сопствениот очај, со најава за некакви блокади на институциите покажува дека единствената битка што ја води е како да си ја сочува партиската фотелја, а не како да и помогне на државата, соопшти СДСМ.

Според партијата, единствената цел на ВМРО-ДПМНЕ предводено од губитникот Мицкоски, да ја закочи државата, да го закочи напредокот, членството во ЕУ.

„Тоа се гледа на секој негов таканаречен протест, каде се појавуваат се помалку граѓани.Пред нив, Мицкоски го навреди целиот македонскиот народ е хистеричен.Но, граѓаните воопшто не се хистерични. Одамна го препознаа лажниот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ и три пати по ред ги поразија поради антидржавно и антиевропско дејствување кое е на штета на државните и националните интереси. Граѓаните застанаа зад СДСМ, избраа европска иднина, избраа да носат храбри одлуки, кои конечно ја движат македонската држава и целиот македонски народ кон исполнување на стратешките цели, со зачуван македонски идентитет“, се вели во соопштението.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Византиските игри на Заев не го спасуваат од сигурен пораз

Објавено пред

Вештачка радост за наводно мнозинство во Собранието на Заев денес дојде до молење за широка влада, зошто знае дека владата ќе му падне, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„ Византиските игри на Заев не го спасуваат од сигурен пораз. Денес Зоран Заев нуди широка Влада, а неговиот коалиционен партнер Али Ахмети го одбива. А, во суштина и двајцата се договорени.

Бидејќи на Заев му пропадна секој обид за креирање на тензии во ВМРО-ДПМНЕ, препорачуваме неговиот ас и неформален советник Никола Тодоров да се кандидира за претседател на СДСМ како конкурент на Заев па нека победи покорумпираниот во таа партија“ додаваат од опозициската партија.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски не е адресата до кого е упатена идејата за национално помирување

Објавено пред

Идејата за заедничка дејствување за напредокот на државата е визионерство и шанса за демократизација и промени во самите политичките партии, а најмногу во ВМРО-ДПМНЕ, соопшти СДСМ.

„ Зоран Заев, на почетокот на нов четиригодишен мандат како Премиер, само неколку дена после изгласана доверба во Парламентот, подава рака за дебата за национално помирување. Тоа е знак на самодоверба и самоувереност, лидерство и доказ за висока политичка свест за проблемите на граѓаните и политичка широкоградост која е одлика само на политичари за кои државата е пред тесно-партиските интереси. Затоа Зоран Заев ја ужива довербата од граѓаните и предводи напред“ додаваат од владејачката партија.

Неговата визија, како што се наведува, се промени за поддршка на напредокот наместо блокади и враќање назад, промени за поддршка на НАТО и ЕУ, за правда која важи за сите а не за опструкции, за демократија а не режим, за едно општество за сите а не за поделби.

„ Претседателот Заев отвора јавна дебата и се обраќа до чесните членови на ВМРО-ДПМНЕ, кои ги врзува желбата за просперитет на нашата земја, кои се за напредок а не криминално стекнатиот имот на режимот и враќање назад. Тој им се обраќа на сите оние кои ја препознаваат големината и визијата на новиот политички концепт за ресетирање на македонското општество и отстранување на сите аномалии кои како тег го успоруваат развојот и подобрата иднина на земјата. Мицкоски безброј пати покажа дека не е еден од нив.

Затоа, Мицкоски не е адресата до кого е упатена идејата за национално помирување.

Губитникот Мицкоски нема капацитет и кредибилитет да учествува во идејата за национално помирување меѓу најодговорните партии. Тој едноставно не поседува политички капацитет вистински да ја разбере“ заклучува партијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Филипче се грижи за личните интереси, луѓе умираат

Објавено пред

Осврнувајќи се на состојбата со коронавирусот во државата, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека бројката на заболени секој ден се зголемува.

„Ситуацијата е под контрола, ама ќе ја ставиме во функција mодуларната болница. За каква контрола говори Филипче додека секој ден умираат граѓани од корона, а нема ни една вакцина? Или на контото ја има само вакцината донирана од Србија. За руската вакцина која ја најавува за до крај на неделава или за в недела некако е несигурен“, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Според оваа партија, истите колчичини на вакцини кои власта ги најавуваше за јануари, за февруари, сега ги најавува за месецов, но датум за ниту една вакцина, како што велат, нема.

„Додека  Филипче се грижи за личните и партиските интереси, луѓе умираат, бројката на заболени се зголемува“, стои во писменото соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Русија во разговори со СЗО за итна употреба на вакцината „спутник В“

Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко денеска разговараше со генералниот директор на СЗО за барањето на Русија за итно одобрување...

Македонија5 часа

Мицкоски од инфективна: Ќе се спасите од мене само ако не се разбудам утре

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се огласи од инфективната клиника, каде се лекува од коронавирус. Тој порача дека овој ден...

Македонија6 часа

Нови 722 заболени и девет починати од Ковид-19 во Македонија

Во последните 24 часа се направени 3.701 тестирања, а регистрирани се 722 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 375,...

Топ7 часа

Загина градежен работник во Гевгелија паѓајќи од скеле

Градежен работник од Богданци паднал од скеле и починал на лице место, додека работел на објект во изградба во Гевгелија....

Македонија8 часа

Тодоров: Мицкоски не само што е пречка за обединување на ВМРО, туку е пречка и за обединување на македонскиот народ

Поранешниот министер за здравство Никола Тодоров се обрати до членството на ВМРО-ДПМНЕ и повика на обединување. „ Почитувани граѓани, почитувани...

Македонија12 часа

Вакцинацијата со руската вакцина во Македонија ќе почне в среда

Вакцинацијата со руската вакцина „спутник в“ во Македонија ќе почне в среда, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Вакцините ќе...

Македонија13 часа

(Видео) Ѓорчев: Кенија, Руанда, Судан, Гамбија и Сенегал набавија вакцини, фијаско на Заев и Филипче

Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ ги обвини премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче, за фијаско со набавката на...

Топ13 часа

Во Тетово приведен наркодилер баран од германската полиција

Полицијата во Тетово приведе 30-годишен наркодилер по кого Интерпол Германија има распишано потерница. Според информациите на МВР, вчера полициски службеници...

Македонија14 часа

Затворена чајџилница во Гостивар, приведен сопственикот

Полицијата затекна 11 гости во чајџилница во Гостивар, после 21 часот. Сопственикот е приведен и против него ќе биде поднесена...

Регион15 часа

Делумно затворање во Србија – угостителските објекти и продавниците нема да работат цел викенд

Од денес напладне во 12 часот до понеделник во 6 часот наутро во Србија ќе се применуваат нови мерки на...

Свет1 ден

СЗО: Целосниот извештај за потеклото на Ковид-19 на крај на март

Светската здравствена организација се откажа од плановите за објавување на првите резултати од истрагата за потеклото на коронавирусот во Кина...

Европа1 ден

Состојбата во Чешка критична, дел од пациентите се испраќаат во други земји

Чешка побара од Германија, Швајцарија и Полска да примат десетици пациенти заразени од Ковид-19, бидејќи состојбата во чешките болници е...

Македонија1 ден

Убиецот на Мартин Нешкоски од Бугарија спроведен во затворот „Идризово“

За помалку од месец по апсењето, Бугарија го екстрадира специјалецот Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешкоски. Пред 25 дена тој...

Македонија1 ден

Руската вакцина ќе пристигне во Македонија оваа недела

Премиерот Зоран Заев соопшти дека, најверојатно, првите 3.000 вакцини „спутник в“ ќе пристигнат во земјата в недела. „Еве, јас знам...

Македонија1 ден

Медицинска сестра од Ортопедија за операција барала 300 евра, бонбониера и пијалак, во полиција ја пријавиле доктори

Медицинска сестра од Клиниката за ортопедија е обвинета дека за операција барала и добила 300 евра, бонбониера и пијалак. Во...

Топ2 дена

Прекината свадба во Тетово, притворен сопственикот на угостителскиот објект

Полицијата вчера прекинала свадба со 110 гости угостителски објект во Тетово. Приведен е сопственикот на угостителскиот објект. „По претходна пријава,...

Топ2 дена

Познат идентитетот на убиените во Топанско Поле

МВР со детали за пукањето ноќеска во скопската населба Топанско Поле. Како што се наведува, убиени се лицата А. Б....

Регион2 дена

„Блиц“: Колапс на системот во Врање – преполни болници, а Македонците стигнаа на шопинг

Епидемиолошката состојба во српскиот град Врање е вонредна и исклучително тешка, предупредуваат експертите во земјата. Покрај наглото зголемување на бројот...

Европа2 дена

Молдавија прва во Европа доби вакцини преку „Ковакс“

Молдавија е прва европска земја што доби вакцини против коронавирусот од глобалната програма „Ковакс“, објави претседателката Маја Санду. Таа на...

Свет2 дена

(Видео) Во зоолошка во Сан Диего вакцинирани мајмуни против коронавирусот

Девет мајмуни во зоолошката градина во Сан Диего – четири орангутани и пет бонобо – се вакцинирани против Ковид-19, со...

Досие