Контакт

Соопштенија

СДСМ: Економските мерки даваат резултат

Објавено пред

„Владата предводена од СДСМ, покрај грижата за здравјето на граѓаните, дава реална поддршка и за граѓаните и за компаниите што економски се погодени од кризата. Во таа насока е преземањето навремени и ефикасни мерки со цел побрзо справување со негативните економски последици. Потврда за тоа е и целосната реализација на првата бескаматна линија кредити за поддршка на микро, малите и средните претпријатија од најпогодените сектори – угостителство, туризам, транспорт“, соопшти СДСМ.

Притоа, со оваа кредитна линија, позната како „Ковид 1“, поддржани се 738 микро, мали и средни компании со 6.524 вработени. Вкупниот износ на доделени бескаматни кредити преку линијата „Ковид 1“ изнесува 5,54 милиони евра, а просечен износ на даден кредит е 7.500 евра.

„Од вкупно одобрените барања, оваа кредитна линија во износ од 3 милиони евра ја искористиле 373 претпријатија од дејноста угостителство, 320 претпријатија од дејноста транспорт во износ од 2,3 милиона евра и 43 претпријатија, чија дејност е туризмот, добиле бескаматен кредит во износ од 252 илјади евра. Владата предводена од СДСМ дополнително предложи уште 107 кредитни апликации со вкупно 936 вработени, во износ од 776 илјади евра. Ова воедно претставува конкретна помош за спас на илјадници работни места и конкретна помош за нашето домашно стопанство.

Дополнително, на фирмите од сите сектори им стои на располагање и втората линија бескаматни кредити преку Развојната банка во износ од 8 милиони евра. СДСМ како и досега ќе продолжи со одговорно и конструктивно дејствување со цел полесно надминување на последиците предизвикани од коронавирусот. За СДСМ, секој граѓанин и секоја компанија е важна“, се вели во соопштението.

Соопштенија

Панова: Надлежните да ја спречат масовната корупција во Струмица

Објавено пред

Струмичката и целата македонска јавност вчера беше сведок на видео за организиран поткуп, кој се случува во пресрет на изборите.Јавна тајна е дека ова организирано делење на пакети кој владеачката партија го нарекува хуманитарна помош, а кое за целиот разумен свет е поткуп, е начин на кој СДСМ купува гласови.Она за што зборувавме, посочувавме, предупредувавме во изминатиот период гледаме и со видео како се случува.Но, воедно ова е и знак на огромна слабост. Штом луѓето на Заев се дрзнуваат да делат поткуп значи дека се свесни дека немаат резултати и дека губат, изјави Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ во Струмица.

„Сега е јасно дека хибридниот режим на Заев сака да се оддржи преку нелегални механизми. Во која тоа нормална држава се дели хуманитарна помош по списоци? Тоа е газење на човечкото достоинство, но воедно и злоупотреба на човечки судбини. Освен поткуп таму гледаме и загрозување на здравјето на луѓето. Без било каква заштита се групираат луѓе, се делат пакети по список направен од седиштето на СДСМ.Ја користам оваа прилика да ги повикам надлежните институции итно да превземат мерки, да ја спречат масовната корупција што се случува не само во општина Струмица, туку на територијата на цела држава.

Изминатиов период членовите на СДСМ масовно делат пакети со храна на ранливи категории на луѓе злоупитребувајќи ја нивната незавидна положба. Јавно ги повикувам институциите до крај да ги истражат следниве околности:кој врши набавка на прехранбените производи,
кој ги плаќа прехранбените производи, кој ги дава списоците на семејства од ранливи категории каде таргетирано се делат пакетите.

Предлагам итно на распит да се повикаат сите инволвирани лица од т.н. акција делење на „хуманитарна помош“.Воедно прашувам до каде сте со истрагата за пакетите кои ги запленивте во Струмица. Ги охрабрувам сите граѓани кои имаат информации за масовниот поткуп да се обратат до МВР и обвинителството бидејќи ова лудило мора да престане.ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ се занимава со понуда за подобар живот, а СДСМ и Заев со поткуп. Но овој пат нема да им помине. Тоа е израз на очај и нервоза.Струмица заслужува да доживее промена“, додаде таа.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ДОМ за Рамазан Бајрам: Солидарноста, емпатијата и хуманоста се симбол на овој голем верски празник

Објавено пред

Зелената партија ДОМ на сите граѓани од исламска вероисповед им го честита верскиот празник Рамазан Бајрам, со искрени желби за добро здравје, среќа и благосостојба.

„Во овие тешки времиња на корона пандемија, грижата за здравјето и благосостојбата, преку почитување на мерките за заштита, ја истакнува солидарноста, емпатијата и хуманоста како симбол на овој голем верски празник“, се вели во честитката.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ и со страница на албански јазик на Фејсбук

Објавено пред

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија од денеска е достапен и на албански јазик на социјалната мрежа Фејсбук. „Со тоа ќе им овозможиме на граѓаните Aлбанци чиj мајчин јазик е албанскиот, полесен и еднаков пристап до сите официјални информации на партијата, како и навремено информирање за сите политики, ставови и активности“, соопшти партијата.

„СДСМ посветено го спроведува концептот „Едно општество за сите” овозможувајќи на сите граѓани еднаквост при остварување на своите права.Во иднина продолжуваме да воведуваме нови и полесни начини за комуникација со сите граѓани на Република Северна Македонија“, велат од СДСМ.

Фејсбук страницата на СДСМ на албански јазик е достапна на овој ЛИНК.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

САД ѝ се заканија на Кина поради ситуацијата во Хонгконг

Aмериканскиот советник за национална безбедност Роберт О’Брајан се закани дека Вашингтон ќе воведе санкции за Кина и Хонгконг доколку Пекинг...

Регион9 часа

Во Црна Гора веќе нема заразени од Ковид-19

Во Црна Гора воопшто нема пациенти заразени со новиот коронавирус, по 68 дена од првиот регистриран случај, објави денеска Институтот...

Европа9 часа

Австрискиот претседател го прекршил полицискиот час, полицијата го нашла во ресторан по полноќ

Австрискиот претседател, Александер Ван дер Белен, се извини денеска откако полицијата во друштво на неговата сопруга Дорис Шмидауер, по полноќ...

Европа10 часа

На миса во Франкфурт се заразиле 107 лица

Најмалку 107 лица се заразиле со коронавирус на миса на Баптистичката црква во Франкфурт, објави денеска локалниот министер за здравство....

Свет15 часа

„Њујорк Тајмс“ на насловната страница ги објави имињата на починатите од Ковид-19

Весникот Њујорк Тајмс на насловната страница ги објави имињата на починатите од Ковид-19. Вообичаени текстови, фотографии и цртежи се заменети...

Македонија16 часа

Нови 37 случаи на коронавирус во земјава, нема починати

Во последните 24 часа направени се 508 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на коронавирус и тоа: – Скопје...

Спорт16 часа

Мечот Ливерпул-Атлетико е „одговорен“ за 41 починат од коронавирусот

Анализата на податоците на Британската здравствена служба (НХС) открива дека мечот од осминафиналето од Лигата на шампионите на Ливерпул против...

Свет16 часа

Десетдневна жалост поради жртвите на коронавирусот во Шпанија

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека во јули ќе се отворат граници за странските туристи и најави дека ќе се...

Македонија16 часа

Филипче: Иван е добар, следува најважниот период од неговото закрепнување

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово во Клиниката за Државна Кардиохирургија го посети пациентот на кого му беше...

Регион18 часа

Хрватска од идната недела ја отвора летната туристичка сезона

Откако хрватскиот министер за туризам го претстави планот за отворање на летната туристичка сезона, во кој се предвидува дека до...

Европа19 часа

Португалски град ќе ги тестира сите жители за коронавирус

Крајбрежниот град Каскаис во близина на Лисабон планира да биде првиот во Португалија којшто ќе ги тестира сите 200 000...

Спорт19 часа

Тајсон: Сите ќе бидете шокирани од името на мојот прв противник (видео)

Мајк Тајсон тврди дека договорот за неговиот камбек во боксерскиот ринг ќе се потпише следната недела и додава дека мистериозниот...

Регион20 часа

Бугарски новинар пронајден мртов во езерото Варна

Бугарскиот новинар Георги Александров бил пронајден мртов, удавен во езерото Варна во езерскиот канал близу Аспарухово, додека работел на сторија...

Свет1 ден

И Амазонската дождовна шума погодена од коронавирусот

И, Амазонската дождовна шума, значајна за балансирање на климата во светот и борбата против климатските промени, страда од пандемија на...

Спорт1 ден

Маса: Знам, но нема да откријам во каква состојба е Шумахер

Фелипе Маса поранешниот тимски колега на Михаел Шумахер тврди дека има информации за состојбата во која се наоѓа легендарниот возач...

Европа1 ден

(Видео) Поради коронавирусот илјадници Шпанци излегоа на улиците

Илјадници демонстранти излегоа на улиците на Шпанија на повик на десничарската партија Вокс, барајќи оставка на владата на премиерот Педро...

Топ1 ден

Од две возила со автоматски пушки пукано кон скопјанец во населбата Бутел

Скопјанец пријавил дека попладнево од две возила биле испукани стотина куршуми кон него. Престрелката се случила во скопски Бутел 2....

Македонија1 ден

Васил Огњановски: Му благодарам на семејството што спаси три животи, од кои едниот е татко ми

„Операцијата се направи. Полека го будат. Очекувањата се големи. Еднаш докторите го спасија, го вратија меѓу живите, сега тоа го...

Македонија1 ден

Филипче: Бевме немоќни да го спасиме Иван – сега тој доби шанса за втор живот

„Сите ние, а и самиот пациент Иван Огњановски бевме свесни дека тој ги живее последните недели од својот живот, бидејќи...

Свет2 дена

(Видео) Американската морнарица претстави моќно ласерско оружје кое може да уништи авион во лет

Американската морнарица успешно тестираше ново оружје на воен брод. Станува збор за високо-енергетски ласер што може да сруши борбен авион...

Досие