Контакт

Соопштенија

СДСМ: Залудни се обидите на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, економијата се движи во добар правец

Објавено пред

Не постои поголемо лицемерие од она кога антизападното и антинародно раководство на ВМРО-ДПМНЕ зборува за економија и расипништво, држејќи прес-конференции во луксузниот дворец вреден милиони евра, изграден во време на најголема сиромаштија и економски пустош што го создаде токму Никола Груевски, реагираа од владејачкиот СДСМ на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО ДПМНЕ.

„Завршено е времето на вештачки набилдани бројки и весели математики со коишто менторот на Мицкоски ги лажеше граѓаните додека им ги крадеше парите за остварување на криминални интереси. Сега економијата се поставува на здрави основи. Забележан е рекорден износ на странски инвестиции во првото полугодие, индустриското производство е во постојан пораст, расте просечната плата“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Од партијата додаваат дека со предлог-ребалансот на буџетот се обезбедува финаниска поддршка на општините за решавање на финансиските проблеми и справување со наталожените долгови создадени од ВМРО-ДПМНЕ, а сè со цел да се растоварат од проблемите и да почнат со подинамична реализација на зацртаните проекти во интерес на граѓаните, се наведува во соопштението.

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски рипна да го брани својот шеф, ги легитимираше дури и насилствата од 27-ми април

Објавено пред

Христијан Мицкоски веднаш рипна да го брани неговиот шеф – осудениот криминалец и бегалец Никола Груевски. Тој се стави во одбрана на осомничените насилници и организатори на насилството од 27-ми април, реагираа од СДСМ на прес-конференцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Дваесет и седми април е најтрагичниот датум во историјата на нашата држава. Ден кога со насилниот упад во Собранието беа загрозени животите на пратеници, новинари и вработени во Собранието.

Мицкоски денеска застана зад нападот на уставниот поредок и темелите на демократијата што се случија тој ден. Очигледно исфрустриран од сопствената безидејност, од загубената поддршка кај граѓаните и немоќта да го одбрани криминалот на Никола Груевски.

Затоа Мицкоски се заканува кон судии и обвинители, се меша во судството, зборува за убиства“, се вели во реакцијата на владејачката СДСМ.

Од партијата додаваат дека не е Мицкоски тој што треба да кажува кој е виновен, а кој не од белиот дворец, туку судот и надлежните институции.

„Република Северна Македонија е правна држава. Сите оние кои биле извршители и нарачатели крвавите настани на 27-ми април, мора да понесат одговарност согласно законите, низ транспаретна судска постапка.

А, за тоа кој е готов, на кому му отчукува часовникот и кој паѓа ќе видиме мноу брзо. Еве ги претседателските избори Мицкоски и нема бегање, те чека пораз, твоите нервозни реакции нема да се спасат. Можеш да размислуваш за оставка во сопствената партија“, се додава во реакцијата на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Граѓаните нема да дозволат нов Иванов

Објавено пред

Граѓаните нема да дозволат нов Иванов кој ќе работи против ЕУ и НАТО. Мицкоски, Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ нека се подготват за пораз, вели Социјалдемократскиот сојуз на Македонија реагирајќи на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„СДСМ како одговорна и државотворна партија, во демократска, отворена постапка избира претседател на сите граѓани на Република Северна Македонија, а не партиски послушник како ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните од ВМРО-ДПМНЕ можеа да видат уште една фарса од огласи, фарса од конвенција за на крајот Мицкоски сам да си го избере својот послушник. Веројатно затоа Мицкоски има кандидатка која сама наметнува дебата дали е кактус, фикус или нешто друго“, велат од СДСМ.

На Република Северна Македонија и на граѓаните, како што додаваат, не им е потребен партиски послушник кој како Мицкоски и Иванов ќе работи против НАТО, против ЕУ, против иднината и напредокот.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Состојбата со безбедноста во сообраќајот е хаос

Објавено пред

Состојбата со безбедноста во сообраќајот е катастрофална. Граѓаните секојдневно гинат додека на Спасовски и Заев прв приоритет им е доделувањето на монополскиот бизнис со испитните центри на фирми без никакво искуство кои го исполниле единствениот критериум, а тоа е блискоста со картелот на власт, обвинува ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Оливер Спасовски ниту врши контрола, ниту го интересира безбедноста на граѓаните. Хаосот на подрачјето на СВР Тетово кулминира. Пред два дена во село Доброште, Тетовско, црниот биланс беше две жртви во сообраќајна незгода. Се возат нерегистрирани автомобили, се врши несоодветен технички преглед, не се почитуваат сообраќајните правила, а Спасовски не реагира. МВР е во хаос, а непостапувањето завива десетици семејства во црно“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата додава дека сè уште нема официјални информации за катастрофалната несреќа во која животот го загубија 15 граѓани. Велат, Спасовски мора да одговори пред граѓаните дали и зошто на станицата за технички прегледи „Авто-мото здружение“- Гостивар, чиј сопственик е сопственикот на „ Дурмо турс “, откако ѝ била одземена дозволата за работа од страна на МВР, потоа ѝ била вратена за неполна недела дена, иако според закон тоа не можело да се случи за период пократок од 30 дена.

„Поради кои причини е одземена дозволата за работа на техничкиот преглед каде што регистрација врши ‘Дурмо турс’ и по кои основи истата е вратена? Кој го потпишал решението за враќање на дозволата за работа, иако постоела законска пречка и дали се вршени регистрации во рокот кога техничкиот преглед немал лиценца? Уште колку животи треба да згаснат за Спасовски конечно да преземе одговорност? Граѓаните немаат информации, што е причина за несреќата, ниту, пак, околностите во кои настанала“, прашува опозицијата.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

Манчевски бара оставки од сите роднини на функционери од опозицијата

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски,  побара да се повлечат од работните места сите роднини на функционери, не...

Македонија1 час

Пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за Спасовски

Собранието треба да се ја продолжи 86. седница на која на дневен ред е интерпелацијата на министерот за внатрешни работи,...

Свет2 часа

Силна зимска бура завеа со снег и дожд низ 39 американски држави

Силната зимска бура што провеа во САД вчера завеа во снег и во обилни дождови дури 39 американски држави на ...

Крвав четврток12 часа

Притвор за Јанакиески и Ристовски, за Груевски нова екстрадиција

Судијата на претходна постапка по барање на Јавното обвинителство им одреди мрека пртивор од 30 дена на поранешните министри Миле...

Македонија14 часа

(Видео) Мицкоски: „Апси Заев, можеш да нарачуваш и убиства, но нема да ти се исплашиме“

По информациите за вечерашното приведување на тројцата функционери на ВМРО-ДПМНЕ – Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, вечерва прес-конференција...

Крвав четврток14 часа

Русковска: Бараме притвор за Јанакиески и Ристовски поради опасност од бегство

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал при ЈО, Вилма Русковска, изјави дека распитот на осомничените ексфункционери од ВМРО-ДПМНЕ, Спиро Ристовски...

Крвав четврток16 часа

Вељаноски: Не чувствувам вина за упадот во Собранието

Поранешниот претседател на парламентот, Трајко Вељаноски, штотуку излезе од Основниот суд Скопје 1, каде што беше повикан на распит за...

Македонија17 часа

Трамп со писмо до Заев: Ви честитам за лидерството, обезбедивте просперитетна иднина за Северна Македонија

Премиерот Зоран Заев денеска прими писмо од американскиот претседател, Доналд Трамп, во кое тој нагласува дека Северна Македонија е голем...

Македонија18 часа

Зелената градина на ГТЦ му се наметнува исто како и барокот, архитектите разочарани

Зелената градина за покривот на Градскиот трговски центар ги разочара архитектите како стручна јавност, а незадоволни се и скопјани, кои...

Македонија19 часа

Половина милион евра исплатени лани за патни трошоци на пратениците

Над 525 илјади евра биле исплатени за патни трошоци на пратениците во Собранието минатата година, покажува анализата на „Макфакс“ од...

Македонија20 часа

Заев потврди, Села му се налутил поради одземените ингеренции на Таравари

Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања потврди дека Зијадин Села не дошол на денешната средба за консензуален претседателски кандидат поради...

Македонија21 час

Бектеши не чувствува морална одговорност за вработувањето на сестра му во МЕПСО

Министерот за економија, Крешник Бектеши, изјави дека не чувствува морална одговорност за вработувањето на неговата сестра во МЕПСО. Тој вели...

Топ21 час

Села му се налути на Заев, не доаѓа на средба

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, одби да присуствува на закажаната средба со премиерот Зоран Заев, на која требаше...

Македонија22 часа

Ниту еден родител не е казнет за невакцинирано дете од почетокот на епидемијата на морбили

Ниту еден родител не е казнет за невакцинирано дете од почетокот на епидемијата на морбили иако пред два месеца само...

Топ22 часа

Дедото на Кирацовски ќе се повлече од работното место

Таткото на сопругата на пратеникот Александар Кирацовски, Борис Поповски, ќе се повлече од работното место, објави на „Фејсбук“ Кирацовски. Тој...

Македонија23 часа

Заев и Димитров нема да одговараат за велепредавство

Скопското обвинитeлство ја отфрли кривичната пријава на Светскиот македонски конгрес поднесена против премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи,...

Македонија24 часа

Сопругата на директорот на ЕЛЕМ вработена како шефица на кабинет во Централен регистар

Александра Миновска, сопруга на директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски, од октомври минатата година е вработена како шефица на кабинет кај...

Македонија1 ден

Две бомби од Првата светска војна пронајдени во Битола

Вчера на булеварот 1 Мај во Битола, во близина на местото викано Црн Мост при изведување на градежни работи при...

Регион1 ден

Непознат маж му се заканувал на Мицотакис со бомба

Лидерот на опозициската Нова демократија во Грција, Киријакос Мицотакис, пријавил синоќа закана со бомба која ја добил додека сè уште...

Македонија1 ден

Бугарија го ратификуваше протоколот за НАТО

Со 140 гласа „за“, бугарскиот парламент го ратификуваше протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, објави бугарската новинска агенција...

Досие