Соопштенија
СДСМ: За 100 дена од мандатот на Ковачевски – поголеми плати, пензии и инвестиции

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се очајни што нивните градоначлници ништо не работат, што блокадите не им успеваат и што Владата предводена од Ковачевски има видлив резултат за 100 дена, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата наведуваат дека за 100 дена од мандатот на Ковачевски, иако е време на најголема светска економска иенергетска криза, има:
1. Највисок раст на минималната на 18.000 денари;
2. Историски најголемо зголемување на пензиите;
3. Историски најголемо покачување на платите во образованието од 15 %;
4. Раст на просечната плата, која достигна 30.000 денари;
5. 400 милиони евра за помош на граѓаните и компаниите;
6. Субвенионирање на цената на струјата, имаме најниска цена во регионот;
7. 26 мерки за заштита на стандардот на граѓаните;
8. Дополнителна финансиска помош од 1.000 денари месечно за пенизонерите;
9. Финансиска помош од 1.000 денари за ранливи граѓани;
10. Интервентен фонд за земјоделците и Национален план за храна;
11. Намалени цени на 230 лека;
12. Енергетска транзиција, нова фотоволтаична електрана „Осломеј“;
13. Нов 400 киловолтен далновод вреден 17,2 милиони евра;
14. Почеток на гасниот терминал „Александрополи“;
15. Успешно справување со кризата, нема недостиг на ништо, нема застој во исплатите.
И додека Владата предводена од СДСМ и Ковачевски сето ова го реализираа за помалку од четири месеци, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ:
1. Блокади;
2. Одбара на криминал;
3. Неспособни градоначлници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Мицкоски требаше да му каже „не“ на Апасиев наместо да биде во анти-ЕУ коалицијата

Понудата на Христијан Мицкоски е задоцнета и лажна, модификуваниот предлог веќе ги содржи клучните македонски позиции и барања, имаме чист македонски јазик во ЕУ, без фусноти и дообјаснувања, заштитен идентитет, почеток на преговори и историски прашања надвор од преговарачката рамка, се посочува во соопштението од СДСМ.
Понудата на Мицкоски, додаваат од таму, е лажна затоа што тој пред целата јавност рече дека е против Европската Унија.
„Во една реченица, Мицкоски зборува за предлози, за дејствување, а веќе во следната дејствува со проруската Левица со цел да го сруши процесот на широки консултации. Неговото постапување е неодговорно, антидржавно и на штета на државните и националните интереси. Мицкоски требаше да му каже ‘не’ на Апасиев наместо да биде во анти-ЕУ коалицијата, која дејствува на штета на државните позиции и работи за интересите на одредени туѓи центри на моќ“, потенцираат од СДСМ.
Македонија
Јазикот е чист македонски јазик, вчера тоа и Мицкоски го повтори, денеска друго, кој Мицкоски е ова?

Вчера Христијан Мицкоски велеше дека зачувувањето на чист македонски јазик во ЕУ е измислен успех, дека никогаш не бил спорен македонскиот јазик, за утрово неговата ВМРО-ДПМНЕ да тврди дека јазикот ни бил загрозен, велат од СДСМ.
„Едно зборува Мицкоски на прес-конференции, друго преку соопштенија од белиот дворец. Кој Мицкоски е реален, овој од денеска кој тврди дека македонскиот јазик ќе биде оспоруван пред ЕУ или тој од вчера кој велеше дека македонскиот јазик не е спорен? Ваквото несериозно однесување за важни национални прашања само потврдуваат дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат државнички капацитет и нивните ставови се менуваат од ден за ден“, посочуваат од партијата на власт.
Во предлогот на француското претседателство, како што додаваат од таму, јасно може да се види дека се содржани нашите ставови и забелешки, дека имаме чист македонски јазик во ЕУ, дека македонскиот идентитет е заштитен целосно, а историските прашања не се дел од преговарачкиот процес.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Јазикот не е гарантиран, власта на Ковачевски прифаќа Бугарија да ни ги пишува учебниците

Јазикот не е гарантиран, власта на Ковачевски прифаќа Бугарија да ни ги пишува учебниците. Власта се фали дека е гарантиран јазикот, а тој е оспоруван, додека учебниците ќе ни ги пишува Бугарија, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„Македонскиот јазик не е гарантиран со предлогот со кој се фали владата. Официјалниот јазик на земја кандидат за ЕУ, се признава во поглавје 34. Македонскиот јазик го нема во предлогот и постои опасност кога ќе се отвори и затвори поглавјето 34 истиот да биде оспоруван.
Со овој предлог се остава проблем и можност јазикот да биде оспорен, бидејќи тој не е гарантиран.
Дополнително со предлогот историската комисија е таа која ќе може и понатаму да биде кочничар на сè, доколку нешто не е по волја на Бугарија. На Бугарија едноставно ѝ се дава право да ги пишува учебниците по историја во Македонија.
Власта не обезбедува ништо. Отвора само бројни проблеми. Затоа премногу е. Потребни се избори, час побргу“, наведуваат од партијата.