Соопштенија
СДСМ: Интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО е поголема и поважана од сите политички партии

Сите политички партии, а пред сè ВМРО-ДПМНЕ, мора да покажат одгворност за историскиот момент и иднината на државата и нејзините граѓани да ја стават над дневната политика, се наведува во соопштението од СДСМ.
Оттаму додаваат дека интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО е поголема и поважана од сите политички партии, а прашањето за трајно зачувување и признавање на македонскиот идентитет е далеку поважно од меѓупартиските полемики.
„Македонија се определи. Политички партии, граѓани, невладини организации, се определени за македонска иднина во ЕУ и НАТО. Иднината е иста за сите и таа не познава етнички, религиски или политички разлики. Затоа, упатуваме повик до ВМРО-ДПМНЕ да ја искористи шансата, да покаже дека навистина е за ЕУ и НАТО, дека е за европска Македонија. Тоа е шанса на дело да ја покаже нејзината децениска заложба за евроинтеграција“, се наведува во партиското соопштение.
Од СДСМ истакнуваат дека во интерес на иднината сите треба да се приклучат, да излезат и да гласаат за европска Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Костовски: Олимпискиот медал направи Бутел да биде најпозната општина во Македонија

Олимпискиот медал направи Бутел да биде најпозната општина во Македонија, вели кандидатот за градоначалник на Општина Бутел од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски.
„Спортот прави чуда и создава историја. Во Бутел направивме спортска револуција, изградивме 5 спортско-рекреативни центри, направивме 13 спортски терени, 12 игралишта за деца, реконструиравме 2 училишни сали, директно помагаме на спортските клубови. Доделуваме над 200 стипендии за најдобрите спортисти од општината. Спортот раѓа здрава младина и дисциплина. Дисциплината создава подобро општество. Спортот ќе продолжи да биде еден од моите врвни приоритети“, рече Костовски.
Соопштенија
„ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром излажа за 4 градинки, сега ветува 5 – лагата ја менуваат со поголема лага“, реагира СДСМ

„ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром излажа за 4 градинки, сега ветува 5 – лагата ја менуваат со поголема лага Во изминатите четири години, ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром не изгради ниту една од ветените четири нови градинки. Овие градинки беа прв приоритет во програмата на Муцунски и Митески, со кои ја бараа довербата на граѓаните – нови објекти во Острово, Мичурин, Лисиче и Долно Лисиче“, реагира СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
„Четири години подоцна, резултатот е јасен: ниту една од овие ветени градинки не е изградена. Денеска, Митевски по стапките на Муцунски пред граѓаните настапува со поголема лага: дека ќе изгради 5 нови градинки.
Ваквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ во општина Аеродром е безобразно и срамно! Над 700 деца секоја година остануваат на листа за чекање поради недостиг на капацитети.
Затоа го прашуваме в.д. градоначалникот Дејан Митески и неговиот претходник Муцунски:
Каде е ветената градинка кај ОУ „Браќа Миладиновци“? Каде е ветената градинка во дворот на ОУ „Блаже Конески“? Каде е ветената градинка кај последна 17-ка на Тодор Чангов?
Каде е ветената градинка во Долно Лисиче? Полни усти со ветувања пред изборите во 2021 година, 4 години подоцна уште поголеми ветувања, а нула реализација.
Граѓаните на Аеродром не заслужуваат вакви лажни проекти и лажни ветувања. Времето на ВМРО-ДПМНЕ и Дејан Митески во општина Аеродром, заврши!“, се додава во реакцијата на СДСМ.
Соопштенија
Проданоски: Марковите Кули ќе блеснат во ново светло

Марковите Кули ќе блеснат во ново светло, симболот на Прилеп добива современа и уметничка илуминација што ќе ја истакне неговата убавина и историја, изјави Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник на Прилеп, од ВМРО-ДПМНЕ.
„Реконструкција на пристапните патишта до овој локалитет и целосно осветлување на Марковите кули. Ставивме во програма да го осветлиме и илуминација на овој комплекс овде. Дополнително, нешто да го надградиме, бидејќи навистина ни е важно, клучното место во градот да го заживееме да има еден побрз културен напредок. Од 2006 година Маркови кули целиов предел, не само ридот, туку и околниот простор се ставени под заштита. Значи, прогласен е за споменик на природата, како предел со исклучителни вредности. Значи, во секој случај илуминацијата не е нарушување на просторот доколку се изведе онака како што е предвидено, односно врз веќе постоечка инфраструктура на просторот надвор од споменикот и итн. Ако го осветлиме, ќе добиеме прво еден посовремен, поубав лик да го претставиме ова културно богатство коешто го имаме од средновековието и да ја збогатиме на некој начин туристичката понуда“, рече тој.
Со паметни интервенции со паметно вложување, додаде Проданоски, само понатаму може да се унапредува и да се зголемува вредноста на самиот локалитет и можностите кои градот ќе ги добие покрај едно вакво природно и културно наследство.
„Идејата согласно програмата е да се обнови осветлувањето коешто некогаш сме го имале со современи уреди да се дополни, односно да се вклучи во она што е понатаму за развој на градот во Сејф Сити, да вклучиме и видео надзор за ова природно богатство да не се уништува и понатаму овие Маркови кули да се реконструираат. Постојат големи можности да се одвиваат работите во тој тек. Во оваа прва фаза ја поздравувам идејата да се вклучи Сејф Сити во Марковите кули“, рече Проданоски.