Контакт

Соопштенија

СДСМ: Критериумите за вработување во институциите се еднакви за сите

Објавено пред

Денеска институциите се професионализираат и работат во интерес на граѓаните, реагира Социјалдемократскиот сојуз, по прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој обвини дека масовното вработување во администрацијата пред избори е ноторен пример за изборна корупција.

„Сите вработувања се согласно планот, потребата и програмата на самата институција, а за сите кандидати важат еднакви услови и критериуми. Секој има еднакви можности за работа. Мерките на Владата обезбедуваат пред се’ професионални и независни институции. Се враќа достоинството на професиите, се зголемуваат платите, се креира здрава работна средина која ќе овозможи задоволни корисници и граѓани“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Владејачката партија додава дека ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести бидејќи не може да се помири со фактот дека Македонија тргнала напред.

Соопштенија

Заев-Баздникин: Да ги искористиме можностите за зајакнување на соработката меѓу двете земји

Објавено пред

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин.

„Претседателот Заев порача дека двете држави имаат традиционално добри односи, но постојат многубројни можности тие дополнително да се унапредат во интерес на граѓаните на Русија и Северна Македонија, а таквите можности треба да се искористат“, соопштија од партијата.

„Нашата стратешка определба е интеграцијата во ЕУ и НАТО, но истовремено наша заложба е да градиме и негуваме добри односи со сите држави, особено со Русија, која е наш традиционален партнер и која може да придонесе многу во развојот на нашата држава и општество“, рекол Заев.

Во однос на актуелната ситуација во државата, Заев истакнал дека преодната Влада задолжена за организирање на изборите работи добро и економските процеси продолжуваат во интерес на граѓаните.

Осврнувајќи се на претстојните предвремени парламентарни избори, Заев рекол дека СДСМ е подготвен за изборно соочување, дека пред граѓаните ќе биде претставена реална програма, која ќе има цел да го трансформира и унапреди општеството и дополнително да го зајакне животниот стандард на граѓаните.

Амбасадорот Баздникин оценил дека односите меѓу двете земји се движат во добар правец и изразил подготвеност за продлабочување на соработката во сите области каде што има потенцијал за такво нешто. Баздникин изразил уверување дека Република Северна Македонија ќе спроведе фер, слободни и демократски избори, на кои ќе се почитува мнозинската волја.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Мицкоски на средба со рускиот амбасадор

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска се сретна со амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Сергеј Баздникин.

Од партијата соопштија дека на средбата се разговарало за актуелната политичка состојба во државата, стратешките определби на Република Македонија и за претстојните парламентарни избори.

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека главна стратешка определба на партијата и на Република Македонија е членството во Европската Унија. Тој додаде дека новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ има план како преку забрзани реформски процеси да ја стави Македонија на брзата лента за членство во Унијата и да ја приближи државата до европскиот стандард. Покрај членството во Европската Унија, еден од приоритетите на новата влада ќе бидат развојот на економијата и подорувањето на економската клима во државата“, се наведува во соопштението.

Тој потенцирал дека новата влада ќе биде отворена за соработка со странските инвеститори и ќе биде спремна за подобрување на соработката на економски план.

„Во однос на предвремените парламентарни избори, соговорниците се согласни дека демократскиот и фер изборен процес ќе биде клучен за иднината на Република Македонија.
Мицкоски посочи дека корупцијата и неказнетиот криминал се сериозен проблем со кој Владата не се справува. На законот за Јавното обвинителство, што го турка власта, гледа како на механизам за заштита на криминалот преку зголемена политичка контрола на обвинителниот сектор“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Локвенец: Се обидуваме да направиме правна држава, но ВМРО-ДПМНЕ само гледа да си ги спаси своите функционери

Објавено пред

Во судскиот процес „Рекет“ во изминатиот период како сведоци се појавија тројца обвинители, а од нивните искази уште еднаш стана јасно дека правосудниот систем е загрозен од политички и бизнис-елити, рече на прес-конференција пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец, според кого таквата машинерија потекнува од времето на режимот на Никола Груевски.

„СДСМ останува да се бори за правда и праведност и ќе сториме сè за да го прекинеме триаголникот партија – бизнис – судство. Потврда за нашите искрени заложби во создавање ефикасен правен систем е токму предметот ‘Рекет’, но и новото досие ‘Рекет 2’, каде што на одговорност се повикуваат лица од сите општествени сфери, а некои од нив имале и релации со СДСМ“, истакна пратеникот на СДСМ.

Според Локвенец, случаите „Рекет“ се демонстрација на неселективна правда и на професионално и непристрасно постапување на правосудните органи.

„Граѓаните очекуваат завршница на овие два предмета исто како што очекуваат дека правдата ќе ги стигне и сите функционери на ВМРО-ДПМНЕ, кои се гонат за милионски криминал и корупција во предметите на СЈО. Едноставно, порачуваме – тој што направил и трошка криминал има да одговара и да оди во затвор“, нагласи тој.

Меѓутоа, според Локвенец, СДСМ попусто се обидува две години да создаде функционален правен систем кога единствен интерес на ВМРО-ДПМНЕ е како да си ги спаси своите функционери.

„Партијата на Мицкоски со негласањето на законот за Јавното обвинителство ги загрозува правната држава, европската перспектива на младите, а ги промовира криминалот и корупцијата како легални форми за водење држава“, рече претставникот на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

(Видео) Отворена првата болница во Кина за заболени од коронавирус, зградата била опремена за два дена

Првата кинеска болница за лекување заболени од коронавирус е отворена во градот Хуанганг, во близина на Вухан, кога работници и...

Македонија5 часа

Дескоска: Предлог-законот ја гарантира независноста на Обвинителството

Предлог-законот за Јавното обвинителство подразбира градење силно Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кој, покрај тековните надлежности што ги...

Македонија5 часа

Приведени две лица за лажната дојава за бомба во „Сити мол“

Полицијата приведе две лица за лажната дојава за бомба во „Сити мол“, соопшти МВР. Приведени се П. Ц. (19) и...

Македонија5 часа

Извршени вонредни проверки на 11 камиони со отпад од Италија, резултатите ќе се знаат за десетина дена

Со цел поголема безбедност и заштита на здравјето на граѓаните, а во контекст на актуализирањето на увозот на отпад во...

Економија6 часа

Граѓаните ќе може да се исклучат од парно ако докажат дека ќе се греат поефикасно

Пратеникот Артан Груби предложи амандман на предлог-законот за енергетска ефикасност за допрецизирање на прашањето поврзано со правото на потрошувачот на...

Македонија6 часа

Карпош и годинава ќе доделува субвенции за велосипеди, електрични тротинети, фасади и лифтови

Од понеделник, 3 февруари, ќе почне субвенционирањето за нови велосипеди и електрични тротинети за граѓаните на општина Карпош. Карпошани ќе...

Топ6 часа

Скопјани изградиле куќа во заштитена зона во Националниот парк „Галичица“

Двајца скопјани изградиле куќа на државно земјиште во Трпејца во зоната на строга заштита, која е дел од Националниот парк...

Свет8 часа

(Видео) Кина: Носат шишиња за вода на главата, а ги завиткаа и децата во пластика

Во Кина, каде што е жариштето на коронавирусот, постои голема побарувачка за маски кои речиси воопшто ги нема на пазарот,...

Македонија10 часа

Затворена порнографската група на „Телеграм“, избришани се сите членови

Повеќе не постои порнографската група на „Телеграм“ во која имаше над 7.000 членови, а се постираа фотографии и видеа од...

Македонија10 часа

Обвинение против негувателката која малтретираше дете во игротека во Аеродром

Скопското основното јавно обвинителство поднесе обвинение против негувателката која на 21 ноември минатата година беше забележана како малтеретира двегодишно дете...

Македонија11 час

(Видео) Лила Филиповска дала 25 илјади евра донација и 8 илјади евра позајмица за 1ТВ

„Не сме скарани, но не сме повеќе пријатели со Боки 13”. Вака го почна сведочењето водителката Лила Филиповска за случајот...

Македонија12 часа

Судијка сведочи во „Рекет“: Боки 13 доаѓа од просечно семејство, но неговата финансиска состојба брзо се подобри

Апелациската судијка Мери Дика-Георгиевска сведочи пред судот за случајот „Рекет“ каде што обвинети се Бојан Јовановски и ексшефицата на СЈО,...

Македонија12 часа

Напладне запираат вонредните мерки за загадувањето, се укинува и бесплатниот јавен превоз

Град Скопје ги известува граѓаните дека денеска од 12 часот се укинуваат вонредните мерки меѓу кои сe и бесплатниот јавен...

Свет12 часа

Австралиски научници на чекор од откривање вакцина против коронавирусот

Научници од Австралија соопштија дека во лабораторија успешно развиле верзија на новиот коронавирус, што би можело да го забрза создавањето...

Регион13 часа

Српски стилист уапсен поради педофилија

Полицијата во Нови Сад го уапсила стилистот и диџеј Срѓан Швељо под сомнение дека сексуално вознемирувал и злоупотребувал малолетни лица,...

Свет14 часа

Турција го отфрли планот на Трамп: Ова е кражба на палестинската земја

Турција го отфрли мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток како обид за анексија на палестинска земја....

Регион14 часа

Сасоли: Регионот и ЕУ имаат заедничка судбина, итно е потребен нов поттик за проширување

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, по средбата со спикерите на парламентите од западниот Балкан повика на нов поттик за...

Регион14 часа

Србија ќе забрани увоз на автомобили со Евро 3-мотори

Во Србија се подготвува забрана за увоз на стари автомобили со Евро 3-мотори, која може да стапи во сила во...

Економија15 часа

Без работа 3,5 милиони Руси

Во декември во Русија имало речиси 3,5 милиони невработени. Тоа е 4,6 проценти од економски активната популација, покажуваат прелиминарните податоци...

Македонија1 ден

Земјотрес со јачина од 4,5 степени почувствуван во земјата

Земјотрес со јачина од 4,5 степени вечерва беше почувствуван во земјата и регионот. Епицентарот, како што јавуваат медиумите од регионот,...

Досие