Соопштенија
СДСМ: Лефков да праша дали Мицкоски му се јавил на убиецот да се предаде?

По искривената логика на ВМРО-ДПМНЕ дека едно од лицата осомничени за убиството било пронајдено поради притисокот на јавноста, тогаш може Миле Лефков треба да постави прашање дали Христијан Мицкоски му се јавил на убиецот и го натерал да се предаде, велат од СДСМ како реакција на изјавата на пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Особено што во јавноста и во медиумите се појавија фотографии на кои осомниченото лице и Мицкоски се фотографирани во срдечна и пријателска атмосфера“, додаваат од СДСМ и порачуваат дека времето кога убијци и сторители на кривични дела биле заштитени од политички партии е одамна поминато.
„Полицијата, Обвинителството, денес постапуваат независно, професионално и неселективно во борбата против секаков вид криминал. Денес, никој не е над законите, се постапува и санкционира секое кривично дело, без разлика кој го сторил“, стои во партиската реакција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги понижува земјоделците, а Македонија ја претвори во целосно увозно зависна земја

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека СДСМ секоја година, како што велат, најавува инвестициски бум во земјоделието, а реалноста е дека земјоделците се се` попонижени и попонижени.
Додека СДСМ со години говорат за аграрни политики, напоменуваат од ВМРО-ДПМНЕ, Македонија станува се повеќе увозно зависна за храна.
„Во услови на двоцифрена инфлација на цените на храната граѓаните едвај си дозволуваат да купат земјоделски производи, а во исто време земјоделците едвај успеваат да најдат пласман на своите производи и достоинствена цена. Тоа е парадоксот со кој се соочуваат земјоделците во Македонија. Земјоделските површини како никогаш до сега стојат необработени, а државата проси масло за јадење, пченица и брашно од соседните земји. Тоа значи дека оваа власт на СДСМ нема никаква аграрна стратегија и план“, е наведено во соопштението од оваа партија.
„Никој не им е крив на СДСМ што уште ги немаат исплатено субвенциите за земјоделците кои доцнат по две до три години. Никој не им е крив на СДСМ што земјоделците се повеќе се претвораат во социјалци. Виновни се самите тие како власт и нивната неодговорност и неспособност“, се потенцира во напишаното.
Соопштенија
СДСМ: Лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да критикува, а нивните градоначалници денар не одвоија за граѓаните

Од владејачката партија со реакција на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, која беше посветена на состојбата во економијата. „ВМРО-ДПМНЕ е последна која може да зборува за економија. Тие двојно го зголемија јавниот долг за да градат споменици и фасади, а истовремено платите ги држеа замрзнати, ги потонаа граѓаните во сиромаштија на сметка на богатење на поединци. За разлика од нив, со СДСМ и во време на светска економска криза платите растат. Просечната плата денес изнесува 31.080 денари. Тоа е реализација на клучното ветување на СДСМ за просечна плата од 500 евра“, стои во писмената реакција од страна на СДСМ.
Минималната плата, додаваат од партијата е зголемена на 18.000 денари, следува период на раст на платите во сите сектори согласно растот на минималната плата.
Потсетуваат дека со договор со синдикатот се постигнало рекордно зголемување од 15 отсто на платите во образованието и детската заштита, и дека ќе следува раст на пензиите.
„Владата предводена од СДСМ со ребалансот на буџетот, заштедата на непродуктивните трошоци во висина од 200 милиони евра, ќе ја пренамени за надминување на последиците од светската економска криза за економијата, граѓаните, пред се за ранливите категории. Додека СДСМ на секој начин им помага на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија во светот што во време на криза дополнително им го загорчува животот на граѓаните преку блокадите во Собранието. Истовремено, во време на криза нивните градоначалници трошат милиони евра на партиски вработувања и луксузирања. Денар не одвоија за помош на граѓаните. Неизмерно е лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ. Тие секогаш имаат проблем кога парите завршуваат кај граѓаните, наместо во белиот дворец како во годините на режимот“, велат од СДСМ.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да одговори кои нивни функционери присуствувале и знаеле на средбите на Талат Џафери и лица од Чеченија

СДСМ да не молчи и да одговори дали и кои нивни функционери присуствувале и знаеле за средбите на Талат Џафери со лица од Чеченија кои претставуваат ризик за безбедноста на Македонија и западниот свет, посочуваат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните, додаваат од оваа партија, треба да добијат одговор дали и Ковачевски како дел од владата, знаел за средбите на Талат Џафери со чеченската делегација предовдена од пратеникот на Думата Абдул-Вајед Нијазов.
„Што сомнително се договарало на истата средба штом се крие, иако Џафери како претседател на Собрание треба да известува со кои официјални лица се среќава и колку такви средби кои се ризик за Македонија и остварил? Што им ветил Џафери на Чеченците и како е возможно безбедносните служби да дозволиле таква средба која очигледно е ризик за безбедноста? СДСМ треба да одговори дали нашите меѓународни партнери биле известени за средби на Талат Џафери како претседател на Собрание со претставници кои не само што се ризик за безбедноста туку и ги поткопуваат демократските и западните вредности“, прашуваат од опозициската партија.
„Додека устите на СДСМ и ДУИ им се полни со поделби во државата на прозападни и антизападни, нивни функционери се среќаваат со контроверзни лица од Чеченија, марионети на Кремљ. Впрочем и затоа ги прават тие поделби и така се обидуваат да си ја ишкаат мувата од капата. Воедно власта треба да одговори и кој ја дал идејата за изградба на споменик во Тетово на Ахмат Кадиров, односно на таткото на Рамзан Кадиров – лидерот на Чеченците кој се бори во Украина?“, стои во писмената реакција од оваа партија.
Талат Џафери, додаваат од таму, не само што има девијантно однесување кон вработените во Собранието, тој со вакви средби ја поткопува и сигурноста и демократија на Македонија. Таков човек, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ е недостоен да биде носител на било каква функција, особено не е достоен да биде претседател на Собрание.
Потенцираат дека Талат Џафери мора веднаш да поднесе оставка, а СДСМ и ДУИ да одговорат зошто е одржуваат средби со лица кои се безбедносен ризик за Македонија, но и за западниот свет.