Контакт

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски да излезе и да каже дали се среќавал со Груевски и со италијанскиот новинар

Објавено пред

Тајкнуните за кои се водат серија предмети пред правосудните органи се создадени од режимот на Никола Груевски, велат од владејачкиот СДСМ, од каде што додаваат дека лицата што се на снимките поврзани со „Рекет“ се блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

„Лично Мицкоски призна дека се среќавал со еден од обвинетите во случајот ‘Рекет’, споменатиот Зоран Кичеец“, се наведува во партиското соопштение во кое се додава дека медиумот во кој се објавуваат снимките има линкови со ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

Од СДСМ го повикуваат лидерот на опозициската партија, наместо, како што велат, да се крие за лажни вести, да излезе пред граѓаните и да одговори дали имал тајни средби.

„Дали се сретнал со Никола Груевски во Будимпешта и зошто? Дали се сретнал со итлајанскиот новинар? Дали и што му дал? Дали се среќавал и со други лица во Словенија и со која цел?“, се прашањата за кои од владејачката партија очекуваат одговор од Мицкоски.

Од СДСМ исто така констатираат дека ВМРО-ДПМНЕ како партија останува посветена на одбрана на криминалот на режимот и фабрикување лажни вести.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните и бизнис секторот во овие тешки времиња се оставени на милост и немилост

Објавено пред

Граѓаните и бизнис секторот во овие тешки времиња се оставени на милост и немилост. Се соочуваме со светска пандемија на опасниот коронавирус, но и со економска криза од досега невидени размери, а мерките на Владата немаат никаков ефект, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на претседателот на Комисијата за финансии на СДСМ, Фатмир Битиќи, кој кажа дека предлозите за економски мерки на ВМРО-ДПМНЕ се несериозни и со далеку пониски износи.

„Неспособноста на СДСМ секојдневно не чини човечки животи и работни места. Бројот на наши сограѓани кои што се оставени без парче леб од ден во ден е се поголем, бројот на заболени од коронавирусот секојдневно расте, а Владата нема јасна стратегија за справување со ситуацијата. Република Македонија ја очекува економска апокалипса доколку Владата не ја разбере сериозноста на ситуацијата. Додека Заев и Спасовски танцуваат со короната, граѓаните не знаат како ќе го поминат месецот. Суетата на врхушката скапо ја чини државата. Владата на СДСМ и натаму одбива да ги прифати економските мерки кои ги предлага ВМРО-ДПМНЕ, мерки за спас на економијата“, се вели во реакцијата.

Според партијата, висината на дупката во буџетот се менува од ден за ден, а причината за ова е неработењето, корумпираноста и несериозноста на владата предводена од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Битиќи: Предлозите на ВМРО-ДПМНЕ се несериозни и со далеку пониски износи

Објавено пред

Владините мерки обезбедуваат поддршка од 200 милиони евра, предлозите на ВМРО-ДПМНЕ се несериозни и со далеку пониски износи, изјави Фатмир Битиќи, претседател на Комисија за финансии на СДСМ.

„И додека повторно и во најголемата глобална криза од која не е поштедена и нашата држава, СДСМ предлага сет мерки кои опфаќаат поголем број на граѓани погодени од кризата, ВМРО-ДПМНЕ излезе со сет мерки кои се селективни и носат помалку пари во стопанството. Анализите покажуваат дека мерките што ги предлага ВМРО ДПМНЕ, освен што се несериозни и неодговорни, се мерки за поддршка на тие кои што се во категоријата на повисоко платени работни места и можеби под претпоставка дека нивната куповна моќ е поголема“, рече тој.

Битиќи кажа дека бројот на работни места кој што е таргетиран од страна на СДСМ е 250.000 вработени, а додека со моделите на ВМРО-ДПМНЕ таа поддршка е значително пониска.

„Моделот предложен од страна на ВМРО ДПМНЕ и категоризацијата на бизнисите според нивото на претрпени штети и добивање на подршка, очигледно е дека ги става во поповолна состојба сите подобро платени работни места, наспроти пониско платените работни места. Тоа почитувани граѓани значи помал опфат и помалку задржани работни места. Затоа што со помала поддршка, компаниите се склони полесно да се откажат од работниците“, рече тој.

Додека Владата спроведува сериозни мерки и чекори за справување со последиците од економската криза, додаде Битиќи, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски научени на земање, сакаат да им ги земат парите на граѓаните од вториот пензиски столб.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Алијанса за Албанците: Брзата одлука за строг полициски час предизвика хаос во Куманово

Објавено пред

Од политичката партија Алијанса за Албанците реагираат дека строгиот полициски час, со кој Владата забрани движење во општина Куманово во текот на целиот викенд, попладнево предизвикал хаос во општината бидејќи, како што велат, оваа мерка ја зголемила загриженоста кај граѓаните.

„Препораките за одржување на оддалеченост воопшто не се почитуваат од напнатоста на граѓаните во последен момент да ги обезбедат основните потреби за храна за наредните денови како резултат на ад хок повикот на Владата за полициски час, што создаде паника и конфузија“, велат од политичката партија.

Владата попладнево воведе построг полициски час кој се однесува само за Куманово, односно целосна забрана за движење за викендот, со почеток од 21 часот (денеска) до 5 часот наутро во понеделник.

Од паријата на Зијадин Села апелираат до граѓаните да бидат трпеливи и без паника да се приджуваат до заштитните мерки.

Потсетување, ваквата одлука на Владата следува откако денеска беше соопштено дека заболени со коронавирус се 11 доктори од тамошната болница, при што од новозаразените 46 лица за кои беше информирано денеска, половината, односно 23 се од Куманово.

Во работните денови, од понеделник до петок, забраната важи секој ден во периодот од 16 до 5 часот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

Премиерот на Британија повторно во болница, откако беше заразен од коронавирусот

Британскиот премиер Борис Џонсон вечерва бил пренесен во болница за да му бидат извршени дополнителни испитувања,  откако пред 10 дена...

Свет5 часа

(Видео) Британската кралица: Ја разбирам вашата болка и тага, заедно ќе ја надминеме кризата

Самодисциплина и решителност е пораката која британската кралица Елизабета Втора вечерва им ја испрати на Британците во овие тешки моменти...

Свет6 часа

Ирскиот премиер ќе работи една смена како лекар за време на пандемијата

Ирскиот премиер Лео Варадкар, кој инаку е доктор по професија, повторно се пријави за лекарска пракса и ќе работи една...

Македонија11 час

Кумановец починал во Градската болница „8 Септември“, Филипче најави зајакнување на мерките

Освен 63-годишното лице од Лабуништа, кое починало на Инфективната клиника како последица на коронавирусот, во последниве 24 часа уште едно...

Македонија12 часа

Се очекува пикот на коронавирусот, Куманово засега е најкритично

Бројот на заболени од коронавирусот очекувано расте, иако големо изненадување е Куманово, град кој во изминативе 24 часа ја надмина...

Македонија13 часа

Еден пациент почина, 73 новозаболени и тројца излекувани од коронавирус

За 24 часа регистрирани се 72 нови случаи на коронавирус во земјата, од кои најголемиот број во Куманово. По градови:...

Македонија13 часа

Јованоски: Во Прилеп 33 случаи на коронавирус, во Крушево два

Бројот на лица инфицирани со коронавирусот во општина Прилеп се искачи на 33, откако денеска беа потврдени девет нови случаи,...

Свет15 часа

Сперанца: Кризата ќе заврши само кога ќе се најде вакцината, дотогаш треба да се создадат услови за соживот со вирусот

Италијанската влада подготвува план од пет точки за контролирано отворање на земјата кога епидемијата на коронавирусот ќе почне да покажува...

Регион15 часа

Грција стави во карантин уште еден мигрантски камп

Грција стави во карантин уште еден мигрантски камп откако е потврдено дека еден 53-годишен маж е позитивен на коронавирус. Авганистанецот...

Македонија16 часа

МТСП: Породилното отсуство се продолжува

Министерството за труд и социјална политика информира дека се продолжува периодот на платено отсуство од работа поради нега и одгледување...

Македонија16 часа

(Видео) Уапсени 12 лица во Куманово поради непочитување на полицискиот час

Во периодот од 21 часот на 03 април, петок, до 07 часот утринава, на подрачјето на Куманово регистрирани се 14...

Свет17 часа

Кина повеќе не е во првите пет земји во светот по бројот на заболени од коронавирус

Во светот бројот на заразени лица со коронавирус е 1.203.859, бројот на починати е околу 64.787, од ​​кои само 40.000...

Свет18 часа

Трамп: Следната недела ќе биде најтешка

Американскиот претседател, Доналд Трамп, предупреди дека во неделата која следи бројот на смртни случаи од коронавирус во земјата постојано ќе...

Македонија1 ден

МЗ: Земјава има 4.500 тестови за коронавирус, а резервите секојдневно се надополнуваат

Анализите покажуваат дека сме втора земја во регионот според бројот на спроведени тестови за коронавирус на еден милион жители, соопшти...

Регион1 ден

Во Словенија 934 заболени од коронавирус и 22 починати, направени се 25. 921 тестови

Еден месец од првиот потврден случај и 21 ден по првиот смртен случај, во Словенија бројот на заболени од коронавирус...

Европа1 ден

Шпанија ја продолжи вонредната состојба

Владата на Шпанија објави продолжување на вонредната состојба за дополнителни 21 дена откако бројот на заразени со коронавирус достигна околу...

Македонија1 ден

(Видео) Кога и како се носат маските за вистински да се заштитиме од коронавирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче, на „Фејсбук“ објави видео на кое е прикажано како правилно се носат маските за вистински...

Македонија1 ден

ДСЗИ спроведува вонреден инспекциски надзор за смртта на починатиот велешанец

Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведува вонреден инспекциски надзор во однос на причината за велешкиот пациент кој почина пред неколку дена,...

Македонија1 ден

Потврдени нови 53 случаи на коронавирус, вкупниот број на починати се искачи на 17

Во изминатото деноноќие потврдени се 53 нови случаи позитивни на Ковид- 19, со што вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 483...

Свет1 ден

Излекуван најмладиот пациент со коронавирус во Италија

Најмладиот пациент заразен со вирусот Ковид-19 во Италија, едногодишно дете, е излекуван. Момчето од местото Понтеј, во близина на италијанската...

Досие