Контакт

Соопштенија

СДСМ: Над 19.000 здравствени работници ќе земаат повисока плата од наредниот месец

Објавено пред

Сега не е време за измислување непостоечки теми, туку за одговорност. ВМРО-ДПМНЕ треба да се помири со тоа што растат платите и се гради современ европски здравствен систем. Македонија конечно тргна напред и тоа е воочливо во многу сфери, вклучително и во здравството, се вели во реакцијата на СДСМ.

Според партијата, над 19.000 здравствени работници ќе земаат повисока плата веќе од следниот месец, а се воведе и зголемување на надоместокот за прекувремена работа, дежурства и ноќен труд.

,,Преземени се значителни чекори во обезбедувањето на квалитетни и достојни услови за работа на лекарите со зголемувањето од 5 отсто на платите на здравствените работници. Набавката за која денеска ВМРО-ДПМНЕ лажно обвинува е интервентна набавка поради итност, со цел пациентите да не останат без лекови. Станува збор за набавка којашто е вообичаена, нормална и законски спроведена.ВМРО-ДПМНЕ знае дека ваквите јавни набавки ги спроведува секоја клиника посебно, а не Министерството за здравство.Не е сега време за измислување непостоечки теми за партиски препукувања. Сега е време за државничко, одговорно однесување и обединување околу македонската иднина, околу интересите на граѓаните”, е ставот на СДСМ.

Според партијата, време е раководството во ВМРО-ДПМНЕ матрицата на лажни вести и измислици да ја замени со одговорно и државничко однесување. Време е ВМРО-ДПМНЕ да ги повика своите членови да излезат на референдумот ЗА европска Македонија и да изберат иднина.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Пропадната банка, над 12.000 инфицирани – доказ за неспособното владеење на СДСМ

Објавено пред

Македонија тоне со Зоран Заев секој ден во секој поглед, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од оваа партија истакнуваат дека бројот на заразени од корона надминал 12 илјади лица и потсетуваат дека тоа е за 6 пати повеќе од она што го прогнозираше министерот Венко Филипче.

„Но неспособната власт на Заев покажа дека не само што не умеат да се справат со здравствениот аспект од корона кризата, туку не умеат да се справат ниту со економската криза. Македонија е единствена земја во регионот во која пропаѓа банка исто како што сме единствени на врвот по заразени и починати на еден милион жители“, се наведива во партиското соопштение.

Во него се додава дека по изборите народот ја гледа сметката од, како што се вели, неспособното владеење на Заев.

„Сега граѓаните плаќаат 7,5% повисоки сметки за струја, сега пропаѓа банка, сега цената за откуп на грозје е катастрофална, сега излезе на виделина дека долгот пораснал за 1 милијарда евра за три месеци. Сега Македонија е меѓународна опасност за ширење на коронавирусот, сега се кажува дека немаат конечен план како ќе се спроведува образовниот процес и редица други неуспеси кои ги донесе власта на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ од каде нагласуваат дека Македонија со Заев продолжува да пропаѓа и тоа мора да престане.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Заев ќе биде мандатар, новата влада обезбедува нова развојна економија

Објавено пред

„Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, ќе биде мандаторот за состав на новата влада, која ќе ја води државата напред во следните четири години. Во тек се сериозни разговори за формирање стабилно парламентарно мнозинство и владина коалиција со полн, четиригодишен, стабилен мандат затоа што успешните политики на СДСМ и Владата што ја предводи се потврдија и на последните парламентарни избори“, соопшти СДСМ.

Според партијата, граѓаните го избраа концептот што ја води државата напред, концептот што ги враќа парите назад кај граѓаните и со своето избирачко право потврдија дека сакаат да продолжат по тој пат. Кон градење нова развојна економија, која креира нови работни места и создава шанса за секого.

„Покажавме дека и во време на најголемата светска криза се грижиме за сите граѓани преку антикризните мерки, со цел зачувување на работните места и одржување на бизнисите во живот наместо ставање клуч на врата. Ние сме социјална држава и солидарно општество и затоа во мерките може да се пронајде секој – зашто секој треба и секој ќе добие поддршка. Во следните 4 години продолжуваме уште повеќе и уште подобро да работиме за граѓаните и државата“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста на власта на Заев стана меѓународен здравствен проблем

Објавено пред

Неспособноста и неодговорноста на власта на Заев и Филипче не е само македонски проблем, туку и меѓународна здравствена опасност. Последниот скандал со патниците што од Македонија пристигнале на аеродромот во Финска и од кои 24 биле заразени со коронавирус, ја дискредитира Македонија како држава. Ова покажува дека не само што сме европски Вухан туку, поради неодговорноста на властите, ги доведуваме во опасност и другите држави во Европа, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, очигледно дека властите немаат никаква контрола врз епидемијата. Никој не знае ни кој влегува, ни кој транзитира, ни кој излегува од земјата и дали тој е носител на опасниот вирус.

„Македонија, за жал, во епидемијата е црн рекордер во регионот по смртност и заразеност на еден милион жители. Нема никаква одговорност ниту за последниот скандал со заразените патници што пристигнаа во Финска, исто како што нема никаква одговорност ниту за кластерот во Геријатрија во Скопје, кластер меѓу најранливата категорија граѓани.

Заев и СДСМ не ги интересираат здравјето на граѓаните и угледот на државата. Нив ги интересираат само фотелјата и бизнисите да си врват. СДСМ, Заев и Филипче не направија ништо за здравјето на граѓаните во текот на шесте месеци откога е почната епидемијата на коронавирусот. Победата прогласена од Владата на СДСМ врз коронавирусот е лажна и постои само во главите на Заев и Филипче“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 минути

Лекот РЛФ-100 покажува позитивни резултати кај тешко заболените од коронавирус

Швајцарската компанија и нејзиниот американски партнер објавија дека нивниот лек РЛФ-100 (авиптадил) покажува позитивни резултати кај пациенти со коронавирус, кои...

Македонија39 минути

Џафери поради семејни причини не закажа за денеска собраниска седница

Претседавачот со конститутивната седница, Талат Џафери се предомисли и не го закажа продолжението на седницата и покрај најавите во дел...

Европа56 минути

Грција и Франција со рекорден број новозаразени од коронавирус

Грчката влада соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 262 нови случаи на коронавирус, што е најголем дневен број...

Свет1 час

Стотици луѓе починале од лажни информации за коронавирусот

Во првите три месеци од оваа година, најмалку 800 луѓе ширум светот починале поради дезинформации за коронавирусот, објавија научниците. Според...

Македонија2 часа

Заев напладне ќе го добие мандатот за нова влада

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска треба да му го предаде мандатот за составување нова влада на лидерот на СДСМ...

Македонија2 часа

Деветнаесет години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

Денеска се одбележуваат 19 години од потпишувањето на Рамковниот договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјава...

Свет12 часа

Најмалку 800 луѓе во светот умреле поради дезинформации во врска со ковид-19

Најмалку 800 луѓе во светот починале поради дезинформации врзани за коронавирусот во првите три месеци од оваа година, тврдат научниците....

Свет14 часа

(Видео) Најмалку тројца загинати и шестмина повредени во тешка железничка несреќа во Шкотска

Најмалку три лица, вклучително и возачот на возот, загинаа во железничка несреќа што се случи во Шкотска, откако патнички воз...

Македонија15 часа

Градинките добија протокол за работа – се прилагодуваат групите согласно насоките

Министерството за труд и социјална политика информира дека на денешниот состанок со Комисијата за заразни болести и претставници на Министерството...

Економија17 часа

Бежоска: НБРМ ќе побара стечајна постапка за „Еуростандард банка“

Стечајна постапка за „Еуростандард банка“ ќе побара Народната банка од судот, најави гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска. Таа кажа дека се направени...

Македонија18 часа

МВР го расчисти случајот со авотмобилот што изгоре во Ново Лисиче

Истрагата на МВР за инцидентот, во кој автомобил целосно изгоре во Ново Лисиче, покажала дека се работи за несреќен случај,...

Македонија19 часа

Регистрирани 139 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Охрид

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.627 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на...

Македонија20 часа

Пендаровски утре ќе му го врачи мандатот на Заев

Претседателот Стево Пендаровски, утре, во 12 часот, мандатот за состав на новата влада ќе му го довери на Зоран Заев,...

Македонија20 часа

Села и Гаши нема да дојдат на средбата на албанските партии што ја организира Ахмети

Алијансата за Албанците и Алтернативата нема да дојдат на средбата на партиите од албанскиот политички блок, која треба да се...

Македонија21 час

Адеми предлага децата да одат на училиште, се разгледуваат три модели за настава

Комисијата за заразни болести размислува, а Министерството за образование и наука се противи наставата во новата учебна година да се...

Македонија21 час

Засега нема воведување на ПЦР-тестови за граѓаните што транзитираат низ Македонија

Засега нема одлука за воведување ПЦР-тестови за граѓаните што транзитираат низ Македонија. На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести...

Македонија22 часа

Сведоштво на прилепчанка што го победи коронавирусот: „Моето лекување беше едно од потешките“

Седумдесетгодишната Виолета Мирчевска од Прилеп тринеделната битка со коронавирусот ја поминала емотивно и стресно, но голема мотивација ѝ било семејството, кое...

Топ23 часа

Загина 16-годишник при судир на два мотоцикли во скопско Кадино

Во судир на два мотоцикли, управувани од тинејџери, синоќа во селото Кадино загинал 16-годишник. Како што информираат од МВР, непосредно...

Македонија23 часа

Заев и Николовски се откажаа од средствата за патни трошоци

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, информира дека тој и лидерот на партијата, Зоран Заев, се откажале од патните трошоци....

Свет23 часа

Кои маски штитат, а кои ја шират инфекцијата на Ковид-19 уште повеќе?

САД достигнаа рекордни пет милиони заразени од коронавирус, а сите напори да се запре ширењето на инфекцијата не успеаја. Иако...

Досие