Контакт

Соопштенија

СДСМ: Најповикан за лажни вести во белиот дворец е Николовски, кој веќе еднаш загуби на суд за клевета

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Мицкоски во очај продолжуваат да измислуваат и да пласираат лажни вести, а најповикан за тоа е токму Николовски, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ кој обвини дека Зоран и Вице Заев два дена не кажувале што разговарале со осомничените во „Рекет“.

„ВМРО-ДПМНЕ е толку безидејно и очајно што тргна во секојдневни и неосновани напади врз претседателот Заев и членови на неговото семејство. ВМРО-ДПМНЕ, извршителот Мицкоски и неговиот шеф Груевски знаат дека се поразени од сите што ` мислат добро на земјата и затоа постојано измислуваат и и неуспешно се обидуваат да пласираат лажни вести. А најповикан за лажни вести во белиот дворец е токму потпретседателот Николовски, кој веќе еднаш загуби на суд за изречена клевета. Стравот во белиот дворец кулминира со носењето на Законот за Jавно обвинителство и неуспехот на извршителот Мицкоски да одбрани криминал“, се наведува во реакцијата.

Соопштенија

(Видео) Костадинов: Владата преку економските мерки се бори за секој работник

Објавено пред

Почна реализација на големиот пакет првични економски мерки во вредност од 200 милиони евра, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, кој зборуваше за тоа како владата предводена од неговата партија се справува со влијанијата од коронавирусот.

Како што рече тој, во тек е борба за секое работно место и за секој работник.

„Одобрени се и првите бескаматни кредити од страна на Развојната банка, за 136 компании со 1.737 вработени. Поради големиот интерес за оваа мерка, Развојната банка веќе го зголеми буџетот и обезбеди дополнителни 8 милиони евра кои им се ставени на располагање на микро, малите и средните претпријатија. Државата создаде услови, фирмите да покажат одговорност и солидарност, преку користење на мерките за помош и поддршка, да ги задржат сите вработени“, објасни партискиот портпарол.

Според него, со мерките кои веќе се усвоени, државата спасува 250.000 работни места и помага на 35.000 фирми.

„Со овие мерки, фирмите погодени од кризата, односно секој работник од државата добива по 14.500 денари, плата за месеците април и мај. Мерката значи идентична помош и за занаетчиите, самостојните дејности, спортските работници. Покрај оваа мерка фирмите можат да изберат помош за покривање на 50 отсто од трошоците за придонеси на секој вработен“, посочи Костадинов.

Нагласи и дека за граѓаните обезбедени се сериозни финансиски олеснувања, како одложена наплата на кредити, наплата на закуп на социјалните станови, а извршните дејствија од страна на извршителите се стопирани.

„Паралелно се кратат непродуктивните трошоци, но и се намалуваат платите на избраните и именувани функционери, затоа што сега е време за солидарност и меѓусебно помагање“, рече портпаролот на СДСМ кој изрази уверување дека владата нема дозволи никој да остане без приход во овие тешки времиња.

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата дозволи 15.000 граѓани од угостителскиот сектор да останат без работа

Објавено пред

Залудно Костадин Костадинов лаже од партиската говорница, кога во ек на епидемија Владата на СДСМ дозволи околу 15.000 граѓани само од угостителскиoт сектор да останат без работа, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на денешната прес-конференција на ривалската партија.

„Илјадници граѓани нема да земат плата за март, месец во кој буџетот и економијата сè уште ‘блескаа’, па владата не успеа и покрај предупредувањата да донесе мерки и да ги заштити граѓаните кои сега останаа без работа“, се вели во партиската реакција.

Во неа се додава дека поради рестрикциите на движењето, редовите пред маркетите и банкоматите се сè поголеми, а метеж и турканици има на секој чекор.

„Жителите на поголемите градови велат дека надлежните институции мора да го решат овој проблем, не само вината да ја префрлаат на граѓаните. Најтрагично е што бројот на починати и заболени секој ден се зголемува. Медицинскиот персонал со натчовечки напори се бори за секој живот, но изостанува навремено и обмислено менаџирање со кризата“, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат дека сега не е време СДСМ преку лаги да собира политички поени.

 

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Костадинов: Нема да дозволиме некој да остане без приход

Објавено пред

Пред нас е клучен период во кој се очекува пикот на ширење на вирусот и затоа токму сега е потребна уште поголема одговорност од сите нас, порача на денешната прес-конференција портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Тој апелира граѓаните максимално да се посветат на заштита на здравјето и целосно да се придржуваат до владините мерки за заштита.

Како што рече партискиот портпарол, додека владата се соочува со здравствени предизвици, истовремено се справува и со негативните економски последици од коронавирусот.

„Пакетот економски мерки обезбедува првична помош од 200 милиони евра помош која опфаќа 250.000 вработени и 35.000 компании. Државата дава 14.500 денари плата за секој работник во фирмите коишто се погодени со кризата, затоа што секој работник е важен. За граѓаните обезбедуваме сериозни финансиски олеснувања, се одложува наплатата на кредити, се стопираат извршителите“, посочи Костадинов кој додаде дека нема да се дозволи некој да остане без приход.

Тој подвлече дека само со заеднички сили ќе ја добиеме оваа борба против последиците од коронавирусот.

 

 

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Откриен случај на болеста Њукастел во земјава, АХВ најави засилени мерки

Агенцијата за храна и ветеринарство донесе решение за воведување на заштитни, контролни и дополнителни мерки, со цел контрола и спречување...

Македонија58 минути

Посебен режим на движење за лицата со попреченост и земјоделците за време на полицискиот час

Владата вчера на седница дозволи посебен режим на движење за лицата со попреченост. За нив нема да важи забраната за...

Економија2 часа

Светска банка прогнозира рецесија од -0,4 до најмногу -2 отсто годинава

Економската активност во земјава годинава ќе се намали за -0,4% споредено со лани и тоа во најоптимистичкото сценарио што го...

Македонија2 часа

Нови 46 случаи на коронавирус, прв случај во Пробиштип

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 46 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје...

Европа3 часа

Данска идната недела ги отвора училиштата и градинките

Данската премиерка, Мете Фредриксен, најави дека државата ќе ги отвори градинките и основните училишта за првите пет одделенија од следната...

Македонија5 часа

Донирани околу еден милион евра на сметката на Министерството за здравство

На наменската сметка на Министерството за здравство за донации за борбата со коронавирусот до сега се пристигнати  средства во висина...

Свет6 часа

Кина презема нови мерки поради страв од нов бран на вирусот како резултат на асимптоматски случаи

Кина, во која помина епидемијата на коронавирусот, презеде нови мерки за да ги спречи асимптоматските носители на вируси да предизвикаат...

Економија6 часа

Русија подготвена да го намали производството на нафта за 1,6 милиони барели дневно

Според договорот што го постигна со земјите на ОПЕК, Русија соопшти дека е подготвена да го намали производството на нафта...

Свет7 часа

САД пред Шпанија по бројот на починати од коронавирус – втор ден по ред има повеќе од 2.000 жртви

Соединетите Американски Држави регистрираа речиси 2.000 смртни случаи на коронавирус втор ден по ред. Според податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“,...

Регион7 часа

Брнабиќ потврди: Србија 60 часа во карантин за викендов

Српските граѓани ќе поминат 60 часа во карантин овој викенд, потврди премиерката Ана Брнабиќ, објаснувајќи ги новите рестриктивни мерки за...

Свет7 часа

Рекорден број на заразени со коронавирус во Јапонија

Во Јапонија за прв пат денеска се регистрирани повеќе од 500 нови случаи на коронавирус во еден ден.Министерството за здравство...

Европа9 часа

Андреа Бочели ќе пее во празна катедрала на Велигден

Еден од најпознатите светски тенори, италијанскиот оперски пејач Андреа Бочели, ќе пее на Велигден во празната катедрала „Дуомо“ во Милано,...

Македонија18 часа

(Видео) Граѓаните што имаат потреба од лекар за време на полицискиот час не мора да се јават на 192

Владата денеска ја почна серијата информативни видеосесии со наслов „Ковид-19, прашања и одговори“, во чии рамки се одговараат актуелните прашања...

Европа20 часа

Рекорден број починати за еден ден во Велика Британија

Во Велика Британија во последните 24 часа од коронавирус починаа 938 луѓе, што е рекорден број на смртни случаи во...

Европа20 часа

Вo последните 24 часа во Италија починале 542 лица

Во последните 24 часа во Италија од коронавирус починале 542 лица, со што бројот на смртни случаи се искачи над...

Македонија21 час

Излекувани уште двајца пациенти од Штип

По информациите добиени од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека денеска попладнево се регистрирани уште две лица...

Македонија22 часа

Медицинска помош од Турција пристигна во земјата

На Меѓународниот аеродром „Скопје“ пристигна помошта од Турција, која се состои од 50.000 заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери и...

Македонија24 часа

Почина родилката од Куманово заразена со коронавирус

Министерството за здравство ја информира јавноста дека денеска починала 27-годишната родилка од Куманово позитивна на Ковид-19. Таа на 30 март...

Свет24 часа

Животот на Асанж во сериозна опасност, во „Белмарш“ е потврден првиот случај со Ковид-19

Условите во затворот во Белмарш, во кој е сместен Џулијан Асанж, може да се полоши отколку што Лондон е подготвен...

Македонија1 ден

Странски државјанин кој починал во стан во Кавадарци посмртно позитивен на вирусот

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести во Скопје во изминативе 24-часа починалo едно лице од Куманово...

Досие