Соопштенија
СДСМ: На Милошоски местото не му е ниту во Собранието ниту во политиката

„Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, е срам за македонската политика, срам за Собранието и е штетен за угледот на државата. Последните докази за скандалот „Кражба“ потврдија дека Антонијо Милошоски извршил криминални дејства кражба и фалсификување кога студирал и живеел во Германија“, соопшти СДСМ.
Според партијата, Милошоски треба да замине од функцијата, особено што против негов се водат процеси и пред домашните судови и тоа за основано сомневање за криминал со имот, користење на лустрацијата за уништување луѓе поради лична одмазда.
„На Милошоски местото не му е ниту во Собранието ниту во политиката, туку пред надлежните судови, каде што треба да ја дочека разрешницата на предметите што се водат против него. Неговата дволичност е метод со кој Милошоски опстојува во политиката предолго време. Тој манипулира со неговата лична улога во преговорите за името како министер за надворешни работи за да може да ги прогласува предавници тие што всушност го решија спорот. Милошоски дејствува штетно за демократијата, за угледот на Собранието и државата и треба да се тргне од каков било допир со државните ресурси.
Милошоски, човек осуден во Германија и близок соработник на Христијан Мицкоски, не е достоен да ја извршува функцијата пратеник и е најмалку повикан да зборува за што и да било во државава, освен за неговите кривични дела и судски процеси што против него се водат пред домашните судови“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев преку Љубчо Георгиевски пушти пробен балон во јавноста

Зоран Заев вчера преку Љубчо Георгиевски пушти пробен балон во јавноста, и порача дека македонскиот јазик не постоел во коресподенцијата на патриотските револуционерни организации директно негирајќи ја посебноста на македонскиот јазик, како и посебноста на македонската нација. Ова го истакна ВМРО-ДПМНЕ по планот што на социјалните мрежи го предложи вчера Героргиевски.
„Заев сака да ги одроди револуционерите и сите македонски дејци и од нив да направи бугари. Зоран Заев преку Георгиевски порачува дека ќе се откаже и од македонското малцинство во Бугарија, без да води сметка за нивните чувства Георгиевски и Заев ги отпишаа македонците во Бугарија. Ова е спротивно на сите меѓународни конвенции за правата на малцинствата.
Заев трга во последна офанзива за обезличување на државата.
ВМРО-ДПМНЕ и народот се против продавањето на Македонија по патентот на Заев и Георгиевски, и нема да признаат никаков договор кој ќе ја негира македонската посебност, јазик, култура и историја“, наведе ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Земјите вакцинираат веќе трети месец, во Македонија само неколку здравствени работници

Со оваа динамика на лажење на министерот за здравство, Венко Филипче, едно е јасно – граѓаните тешко дека ќе видат вакцина наскоро, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„По кој пат лаже Венко Филипче за стартот на вакцининацијата ни самиот не знае. За последната недела од февруари, оваа изминатава, тој најави какви се не вакцини од Фајзер, кинески, од Ковакс механизмот… На ден до први март, сите земји вакцинираат трети месец, ама во Македонија се вакцинираа само неколкумина здравствени работници и тоа благодарение на донираната вакцина од Србија.
А треба да се вакцинираат сите медицински лица, треба да се вакцинираат повозрасните од 70 години, секако треба да се вакцинираат и оние со повеќе хронични болести…и кој се не. Секако треба да се вакцинираат и оние помладите кои имаат контакти поради работното место.
Во меѓувреме се погласно се зборува и за вакцинални корона пасоши, односно ќе можете да посетите некоја земја само ако имате примено вакцина.
Со оваа динамика на лажење на Филипче едно е јасно граѓаните тешко дека ќе видат или евентуално примат вакцина насокоро. И сето ова, оваа неспособност, оваа фокусираност на тендери и провизии чини жини животи. Затоа одговорност мора да има!“, порача ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.
Македонија
СДСМ по пресудата за Мијалков: Се случува правда, законите важат за сите

Правдата е тука, законите важат подеднакво за сите, повеќе нема недопирливи, има силна, ефикасна правна држава, која ги спроведува законите и испорачува правда за сите подеднакво, велат од СДСМ утрово, по пресудата за ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков кој вчера беше осуден на 12 години затвор.
„Пресудата за нелегалното прислушување што Сашо Мијалков и врвот на ВМРО-ДПМНЕ со години го практикувале, зададе силен удар на остатоците на режимот на ВМРО-ДПМНЕ спроведуван од Груевски, Мијалков, Јанкуловска и многу други, кој се уште вирее во Белата палата.
Со неа, стигна правдата за над 20.000 граѓани, кои незаконски биле прислушувани со години, само затоа што мислеле и делувале поинаку од ВМРО-ДПМНЕ.
Пресудата е уште еден пораз за Мицкоски, кој повторно не успеа да го одбрани криминалот во ВМРО-ДПМНЕ, а тоа беше неговата единствена улога, за која што беше поставен токму од Груевски и Мијалков на чело на ВМРО-ДПМНЕ.
Пресудата против обвинетите во предметот „Тврдина-Таргет“ е потврда дека времето на партизираното судство, времето кога некои беа над законите е завршено.
Граѓаните очекуваат и сите други случаи и предмети, покренати од Специјалното јавно обвинителство и од другите обвинителства кои се водат во судовите, да добијат разрешница, а одговорните да бидат соодветно казнети.
Во Република Северна Македонија се случува правда, законите важат за сите подеднакво.
Патот на правдата и владеење на правото е чист и се почесто ќе бидеме сведоци на спроведена правда“, се наведува во соопштението на СДСМ.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер