Контакт

Соопштенија

СДСМ: На 30 септември граѓаните ќе го поддржат договорот со Грција

Објавено пред

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку соопштение истакна дека на 30 септември, на демократски и непосреден референдум, граѓаните на Македонија ќе имаат историска можност директно да одлучуваат за сопствената и за иднината на државата.

„Референдумот е вистинска и непосредна демократија, а волјата изразена на него ќе биде обврзувачка за сите, затоа што гласот на граѓаните е клучен за македонската иднина. Се обединија сите политички партии кои навистина се за ЕУ и НАТО, освен Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, коишто се против интеграција. Се обедниија сите кои се за напредок на Македонија, освен Мицкоски, кој сака изолација, стагнација и неизвеснот. Обединети се сите политички и општествени чинители кои се за македонската иднина, освен Мицкоски и највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ, кои сакаат назад во темното минато на криминал, насилство и неказнивост“, се вели во соопштението на СДСМ.

Понатаму се додава дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да ја закочат и загрозат македонската иднина со нивните антидржавни постапки.

Соопштенија

НСДП: Од ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржеа договорот ако им се дадеше амнестија

Објавено пред

Од

Претседателот на НСДП, Тито Петковски, потпретседателот Горан Мисовски и секретарот на партијата, Кристијан Трајковски, вчера во Кочани остварија средба со раководствата на општинските организации на партијата од третата изборна единица.

На регионалниот состанок се разговараше за преtстојниот референдум и за политичките и економските перспективи што се отвораат пред Македонија со зачленување во ЕУ и НАТО.

„Со затворањето на повеќедеценискиот спор за името со нашиот јужен сосед пред Македонија се отвора голема шанса да стане дел од семејството на ЕУ и НАТО. На тој начи преку стекнување поголема стабилност и безбедност ќе се овозможи прилив на нови странски инвестии, отворање нови работни места, поголем раст на платите и БДП“, рече Петковски.

Тој потсети дека речиси сите влади досега преговарале за името, но никој досега немал храброст со тоа решение да се оди до крај.

„ВМРО-ДПМНЕ постојано заговараше за ова прашање да се спроведе референдум и сега кога некој реши да ги послуша нивните повеќегодишни заложби истите тие повикуваат за бојкот, со што не ѝ мислат добро на својата држава“, рече Петковски, притоа потенцирајќи дека постогнатиот договор со Грција е од големо значење и поради признавањето на македонскиот јазик и идентитет.

Потпретседателот на партијата и потпретседател на Собранието на Република Македонија, Горан Мисовски, изрази оптимизам за успешноста на референдумот.

„Интензивните средби со граѓаните, разговорите и размената на мислења со нив ми дава за право да речам дека граѓаните на Македонија ги разбираат придобивките од решавањето на спорот за името со Грција. Станува јасно дека поддршка е голема, Истокот го препрознава историскиот момент и подготвен е да даде позитивен одговор на референдумското прашање“, рече Мисовски, притоа истакнувајќи дека поддршката што ја имаме од целиот западен свет е поголема од кога било и не смее да се пропушти оваа можност.

Според Мисвоски, тоа што ВМРО-ДПМНЕ нема јасен став е штетно за државата, а повиците за бојкот, кои доаѓаат од одредени маргинални политички кругови, се неодговорен и антидржавен чин.

„Од ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржеа договорот ако им се дадеше амнестија. Како што беше додека беа на власта, така е и сега, своите лични интереси ги ставаат пред државните“, рече Мисовски.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ в недела во Охрид

Објавено пред

Од

По повод акцијата „Лето за Македонија“, Силвана Ангелевска, член на Извршниот комитет, оствари средба со граѓаните на општина Струга.

Ангелевска потенцираше дека на средбата со граѓаните разговарале за, како што рече, штетните политики што ги спроведува ненародната власт на Зоран Заев, со посебен акцент на штетниот договор потпишан од СДСМ со јужниот сосед, Република Грција.

„Посетивме семејство што е потомок на браќата Миладиновци, човек којшто е малтретиран, затворан за Република Македонија, за она што денес го имаме, независна и самостојна Република Македонија. Затоа луѓето беа посебно емотивни во врска со она што денес се прави  со нашата држава“, вели Ангелевска.

Ангелевска смета дека овој договор е штетен бидејќи со него се губат идентитетот и историјата, односно, како што рече таа, во членот 8 од самиот договор била предвидена комисија што ќе ги анализира историските настани на Република Македонија и Република Грција, додавајќи дека и покрај тоа што има уште неколку дена до референдумот, комисијата веќе била формирана.

Ангелевска истакна дека граѓаните се разочарани од владата на СДСМ, од колапсот во економијата, во здравството, образованието, а на сметка на ова корупцијата и скандалозните афери на доделување криминални тендери од милионски суми цветаат.

На крај, Ангелевска го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека е против, како што рече, капитулантскиот договор и порача дека секој граѓанин треба да се води од сопствените чувства и на 30 септември да се однесува како што налагаат неговите чувства.

Таа упати јавен повик до сите граѓани в недела во 13 часот во Охрид да излезат на протесниот марш.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Никој во државата не знае на што се трошат милионите што ги позајмува власта

Објавено пред

Од

Десетици милиони евра расипнички се фрлаат за Зоран Заев да го покрие капитулантскиот договор и да го оправда прифаќањето на грчките линии, наведуваат во соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека граѓаните сами ги плаќаат со десетици милиони евра манипулациите на Заев со кои, како што велат, се обидува да ги убеди дека е добро да се самоукинат и да ги сменат името, идентитетот, културата, традицијата и историјата кои ги наследиле од нивните претходници.

„Власта не запира со расипништвото, СДСМ вчера ја задолжи државата за нови 57 милиони евра. Владата се расфрла и купува гласови со пари на граѓаните, а веќе стигнуваат ратите за исплата од кредитите кои истите ги позајми пред година дена. Милионите задолжувања се редат, а во реалноста не гледаме каде завршуваат парите. Нема проекти. Капиталните инвестиции се на децениско најниско ниво од 21.33% за првите 7 месеци од годината. Никој во државата не знае на што се трошат позајмените милиони, за кои годишно плаќаме огромни камати“, стои во партиското соопштение, во кое се додава дека со СДСМ на власт јавниот долг за првпат во историјата на државата надминал 5 милијарди евра, а државниот 4 милијарди.

Од опозициската партија истакнуваат дека доколку ова темпо продолжи на среден рок, се доведува во прашање ликвидноста на државата.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Топ3 минути

Почина пожарникар во Скопје, му се слошило додека гасел пожар

Пожарникар кој учествувал во гасење на пожар во близина на транзитниот центар за странци во Скопје починал неколку часа по...

Крвав четврток11 минута

„Излезете комуњари, отворете“ викаа по нас, а ние стоевме зад регал за да не се одбие куршум, рече сведок за 27 април

Во кривичниот суд во Скопје со сослушување на четворица сведоци продолжи судското рочиште за 27 април, познат како крвавиот четврток....

Македонија20 минути

Мнозинството уставни судии не се согласуваат дека одлуката за референдум е неуставна

Мнозинството од судиите не се согласуваат со предлогот на Гошева, Уставниот суд да поведе постапка и да изрече времена мерка...

Македонија37 минути

За Гошева, одлуката за референдум е неуставна, предлага Уставниот суд да поведе постапка

За Елена Гошева, одлуката за референдум е неуставна, предлага да стопираат сите активности и Уставниот суд да поведе постапка. Таа...

Вести2 часа

Ким Џонг-ун наскоро ќе отпатува во Сеул

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, по состанокот со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин, изјави дека во наскоро планира да го...

Македонија2 часа

Ристиќ: Против полицајците кои ме приведоа ќе бидат преземени сите правни мерки

Актерката Ирена Ристиќ и нејзиниот адвокат Јанаки Митровски најавија дека против полицајците кои во саботата ја приведоа и ја одведоа...

Македонија2 часа

Заев во Вашингтон на покана од потпретседателот Пенс

Премиерот Зоран Заев патува за Вашингтон каде утре (20 септември) ќе има билатерална средба со американскиот потпретседател, Мајк Пенс. Како...

Македонија22 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Заев поради поткуп при избори

ВМРО-ДПМНЕ  достави кривична пријава во Јавното обвинителство против премиерот Зоран Заев, поради јавен повик на поткуп при избори. Димитар Димовски,...

Култура23 часа

(Видеоинтервју) Адеми: Нулта толеранција за корупцијата во културата, нови комисии на претстојниот конкурс

Строги и јасни критериуми по кои ќе одлучуваат новооформените комисии на претстојниот конкурс за проекти во културата, нулта толеранција за...

Топ1 ден

Камион удри во баба и внуче на пешачки премин на булевар Србија

Почина бабата која со внучето вчера беше прегазена на пешачки премин на булеварот Србија во скопската населба Аеродром, информира полицијата....

Македонија1 ден

,,Море Миле, нити е сечено, нити е лепено”, му рече обвинителката на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд во Скопје продолжува рочиштето за предметот на СЈО со кодно име ,,Траекторија”, за провизиите за кинеските автопатишта....

Македонија1 ден

Хан до Мицкоски: Референдумот не е момент за политички игри

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му кажал дека референдумот не е партиски...

Свет1 ден

Флоренс направи невидена катастрофа, а допрва следат најголемите поплави во историјата

Ураганот Флоренс, и покрај тоа што ослабна, и натаму предизвикува огромни штети во американските сојузни држави Јужна и Северна Каролина,...

Економија1 ден

Државата ќе позaјми 50 милиони евра – утре со нив ќе врати стари долгови

Министерството за финансии објави дека денеска на домашниот пазар од банки и осигурителни друштва ќе побара заем од над 50...

Свет1 ден

(Видео) Јужнокорејскиот претседател пристигна на третиот самит со севернокорејскиот лидер во Пјонгјанг

Јужнокорејскиот претседател, Мун Џае-ин, пристигна во Пјонгјанг на третиот состанок оваа година со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун. На меѓународниот аеродром...

Европа2 дена

Орбан: ЕУ сака да дозволи влез на мигрантите и да управува со нив

Европската Унија сака да ја преземе одбраната на надворешните граници на одделни земји за да овозможи влез на мигранти, изјави...

Свет2 дена

(Видео) Пожар на паркинг пред шопинг-центар во Њујорк, над 20 повредени

Најмалку 21 лице се повредени во пожар што избувнал пред паркинг на шопинг-центарот „Кингс плаза“ во Њујорк. Локалните медиуми пренесуваат...

Свет2 дена

Русија и Турција се договорија да формираат тампон-зона во Идлиб

Русија и Турција се договорија да создадат демилитаризирана тампон-зона во сириската провинција Идлиб за да ги разделат владините сили од...

Daily news2 дена

(Видео) Техничкиот директор на ЈСП: Старите автобуси ќе возат до идното лето

Поради недоволен број возила, ЈСП мора во сообраќај да ги пушта старите автобуси „санос“. Техничкиот директор, Васил Толевски, вели за...

Македонија2 дена

Актерката Ирена Ристиќ приведена па однесена во болницата во Бардовци оти чистела ѓубре пред Влада

Актерката и активистка Ирена Ристиќ со полициско комбе била приведена во полициска станица „Беко“ бидејќи, како што вели, чистела догорчиња...

Досие