Соопштенија
СДСМ: Ниедна лага на ВМРО-ДПМНЕ не може да ја скрие вистината дека Мицкоски соработувал со Кичеец
Ниедна лага на ВМРО-ДПМНЕ не може да ја скрие вистината дека Мицкоски соработувал со Кичеец, лице осудено во случајот „Рекет“, реагираат од СДСМ на обвинувањата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, дека Заев е прва виолина во случајот „Рекет“.
„Залудни и очајни се сите обиди на ВМРО-ДПМНЕ преку бесмислени лаги и празни прес-конференции да ја скрие вистината.
Таа е една и од неа ВМРО-ДПМНЕ не може да побегне. Целата јавност слушна како Христијан Мицкоски директно се среќавал и соработувал со Зоран Милески-Кичеец.
Токму Кичеец, лицето што било извршител на Мицкоски, е лице осудено во случајот познат како „Рекет“.
Потопени се лагите на ВМРО-ДПМНЕ, пропаднаа обидите на Мицкоски да ја скрие својата поврзаност со Кичеец и Орце Камчев и поврзаноста со случајот ‘Рекет.
Наместо очајно да се обидува да се одбрани од неодбранливото, Мицкоски да си го одржи зборот и сам да се пријави во истражниот затвор ‘Скопје’, како што вети.
Мицкоски е фатен жив во сопствените лаги и никој и ништо не може да му помогне да се ослободи од нив. Сè појасно станува дека случајот познат како ‘Рекет’ води токму во белиот криминален дворец“, се наведува во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
„Влен“: Гласот за НАИ е глас за Левица
„Тежок политички скандал на овие избори се случува во Тетово. Фотографијата што кружи во медиумите, на која се гледа претставникот на НАИ во Тетово, Арди Исмаили, на средба со кандидатката на Левица, Катка Божиновска, е најјасен доказ дека оваа коалиција е подготвена да продаде каква било национална вредност само за да добие власт“, велат од „Влен“.
„Да не заборавиме која е Левица, партија која: јавно ги навреди Албанците, се изјасни против независно Косово, се спротивставува на членството во НАТО, побара затворање на џамиите и ограничување на правата на Албанците!
И денес, НАИ седи на маса со нив, за валкан изборен договор. Ова не е политика, ова е срамна зделка. Ова не е стратегија, ова е морален колапс.
Сега на секој граѓанин му е јасно: за да го задржат своето фотелја, тие се подготвени да се продадат на секоја сила што ги мрази Албанците.
Тетово, Дебар, Струга и секоја албанска општина треба да знаат, на 2 ноември, гласот за НАИ е глас за Левица, за антиалбанство и за политички срам. Додека ВЛЕН, со својот кандидат Билал Касами во Тетово, Фисник Мела во Дебар и целиот свој тим, претставува достоинство, развој и иднина.
Албанците не се пазарат со оние што ги навредиле. Албанците не се продаваат. Тие гласаат за промената што ВРЕДИ!“, се наведува во соопштението на „Влен“.
Соопштенија
(Видео) Христоски: Да го продолжиме развојот, нов капитален проект за секое населено место во Крушево
„Да го продолжиме развојот, да ја зајакнеме општината и да обезбедиме подобар живот за секој жител на Крушево“, порача кандидатот за градоначалник на СДСМ, Томе Христоски, на средбата со жителите во селото Јакреново.
Тој посочи дека во изминатите години, како во градот, така и во сите населени места, се реализирани бројни инфраструктурни и комунални проекти.
„Токму тука, во Јакреново, се чувствува промената. Во изминатиот период од осум години, вистински и суштински се спуштивме меѓу месното население и во секое населено место ги решававме проблемите на нашите сограѓани. Ние сме тие што го градиме Крушево и што го менуваме секој ден, затоа што граѓаните тоа го заслужуваат. Но имаме уште работа, да го довршиме она што сме го започнале или да направиме ново“, истакна Христоски.
Тој најави дека освен што ќе се завршат започнатите, во секое населено место ќе биде реализиран најмалку уште по еден капитален проект, кој ќе одговори на клучните потреби на граѓаните.
„Најавувам по еден капитален проект за секое населено место. Без разлика дали се работи за водоснабдување, реконструкција на училишта, изградба на водоводи и канализација или подобрување на пристапните патишта, сите тие проекти ќе бидат наш приоритет. Ние не се служиме со празни зборови, туку со конкретни проекти и конкретни дела, токму од терен“, нагласи Христоски.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Предноста на Орце Ѓорѓиевски во Скопје со разлика од над 60 илјади гласа е недостижна
Првиот круг од локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник со освојување на 33 општини и мнозинство во совети во поголемиот дел од општините. Вториот круг е нов предизвик, но кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ во трката влегуваат со значителна предност од противниците во 21 од 27 општини, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Предноста на Орце Ѓорѓиевски во Скопје со разлика од над 60 илјади гласа е недостижна од противкандидатот на матната и непринципиелна коалиција која ги интересира, исклучиво, власт по секоја цена. Голема е предноста и на Дејан Митески во општина Аеродром, каде во однос на противкандидатот од СДС во првиот оствари разлика од околу 9.500 гласа, како и на Сотир Лукровски во Карпош кој во втор круг влегува со позитива од околу 1.500 гласа. Битката во втор круг продолжува и во општина Шуто Оризари, каде што влегуваме обединети со голема мобилизација за пресврт на резултатот и за победа на ВМРО-ДПМНЕ. За ВМРО-ДПМНЕ нема мала или голема општина, нема рурална или урбана општина, секоја општина е важна и ВМРО-ДПМНЕ се бори за секој еден граѓанин.
Од друга страна, за функционални локални самоуправи кои ќе реализираат проекти и ќе ги решаваат проблемите на граѓаните, важни се општинските совети. И тоа е предусловот кој е исполнет во првиот круг од изборите, каде што во скопските општини ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водство и мнозинство.
Во општина Аеродром ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство со 15 советници, бројот на освоени советници во Карпош е 11, во Шуто Оризари 4, а во Советот на Град Скопје освои 18 советници. Ова се бројки на советници во советите на овие скопски општини кои ќе донесат одлуки за големи проекти, важни за граѓаните.
Токму затоа, за да се заокружи оваа победничка слика која значи развој на општините, потребна е масовна поддршка од граѓаните за кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ.
Во недела на 2 ноември, што е можно помасовно, да се излезе на гласачките места и со пенкало во рака, зад параваните, да заокружиме број 9 за Орце, Сотир, Дејан и Ерџан и да ја испишеме историската победа на ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во соопштението.

