Контакт

Соопштенија

СДСМ: Огромен е стравот на ВМРО-ДПМНЕ од Димитар Ковачевски

Објавено пред

Огромен е стравот во опозициската ВМРО-ДПМНЕ од претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, велат од паријата на власт како реакција на обвинувањата дека Ковачевски лажно се претставува како дипломец на Харвард.

„Пропадна обидот на пропагандата на заевизмот да го прикаже пионот Димитар Ковачевски како дипломец на Харвард. Вистината е дека тој е обичен курсист. Има скапо платен тридневен курс“, посочија претходно од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ, пак, велат дека опозициската партија секојдневно конструира измислици и шири лажни вести за неосновано да го напаѓа Ковачевски.

„На сите објавени биографии и резимеа на претседателот, достапни за целата јавност на интернет, јасно пишува каде студирал, магистрирал и докторирал. Лажните вести се обид за дискредитација на Ковачевски, со што на виделина го покажуваат стравот кој владее во нивните редови“, посочуваат од СДСМ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија

СДСМ: Од ВМРО-ДПМНЕ прават конструкции за да ја прикријат неспособноста на нивните градоначалници

Објавено пред

Обидувајќи се да ја затскрие неспособноста на своите градоначалници, кои донесоа само партизација и поништување проекти, ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена се обидува да конструира непостоечки случаи против функционери на СДСМ, велат од владејачката партија како реакција на денешното обраќање на Димче Арсовски, кој обвини дека адвокатско друштво на пратеничка од СДСМ зело 55.000 евра од државни институции.

Според СДСМ, пак, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да измисли скандал онаму каде што го нема.

„Снежана Калеска-Ванчева е основач на посоченото адвокатско друштво, но од првиот ден на мандатот таа ја напушта адвокатската пракса и нема никаква допирна точка ниту со управувањето, ниту со секојдневното функционирање на друштвото, кое патем постои од 2005 година, а адвокатската канцеларија од 1992 година“, се наведува во партиската реакција.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Извештајот на „Транспаренси интернешнл“ го потврдува напредокот на државата во борбата со криминалот и корупцијата

Објавено пред

Владата предводена од СДСМ и надлежните институции остварија сериозен напредок во борбата со криминалот и корупцијата. Потврда за тоа е и Индексот на корупција на „Транспаренси интернешнл“ каде Македонија има напредок од 24 места, што е  најдобро рангирање на нашата држава во последните шест години, соопшти СДСМ.

„ Се наоѓаме на 87. место со 39 индексни поени, во 2020 година бевме рангирани на 111. место со 35 индексни поени. Во однос на регионот исто така имаме најголем напредок, а на листата на ‘Транспаренси’ зад нас се Србија, Албанија, Босна и Херцеговина.

Во Извештајот на „Транспаренси’ јасно се наведува дека гонењето функционери од власта е една од причините за напредок во борбата со корупцијата. Ова е показател за успешноста на мерките и политиките на Владата предводена од СДСМ пред сш успешната реализација на Планот за борба со корупцијата и реформите во правосудството“, велат од владејачката партија.

Напредокот на листата на „Транспаренси интернешнл“, според СДСМ, е дополнителен мотив да продолжи процесот на реформи преку дигитализација на процесите за исклучување на човечкиот фактор во процесите, реформа на правосудството, зголемување на професионализацијата на институциите и јакнење на интегритетот на носителите на јавните функции.

Како одговорна, државотворна партија, преку Владата и институциите што ги предводи, СДСМ останува посветена на бескомпромисна и неселективна борба со секаков вид  корупција и криминал, додаваат од партијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Инфлацијата го изеде стандардот, заевизмот креирал нов долг од 14.500 денари за секое семејство

Објавено пред

Стандардот на граѓаните пропаѓа тоне, а на власта на Заевизмот око не и трепнува, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„ Цените на мало во декември се поскапени за 6%, поскапени се горивата, цената на струјата за 15%, цената на парното речиси за 15%, што директно влијае врз семејниот буџет на секој граѓанин. Власта на пиунот Ковачевски не презеде ништо тоа да го спречи. Немаше навремена набавка на гас, немаше навремен ископ на домашен јаглен и домашно производство на струја, немаше навремена заштита на пазарот со основните продукти.

Дополнително, буџетскиот дефицит е 7 милијарди и 255 милиони евра или нов долг за секое семејство од почетокот на 2022 година во износ од нови 14.500 денари. Тоа е резултатот на заевизмот, на кој во ек на економска, здравствена и енергетска криза прв приоритет му е набавка на златен прибор за пиунот Ковачевски.

Криминалот на заевизмот, поради кој и оваа година Македонија е рангирана како една од најкорумпираните земји во Европа, државата ја закова на дното по странски инвестиции и економски раст во целиот регион. Расте долгот, а економијата тоне.

Тоа мора да престане. Решението е да се раскрсти со заевизмот на предвремени парламентарни избори, и тоа час поскоро“ порачаа од партијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Наставата продолжува со физичко присуство на 1 февруари

Владата донесе одлука наставата во основното и средното образование на учениците да продолжи со физичко присуство на 1 февруари. Оваа...

Македонија12 часа

Се намалува периодот на карантин на седум дена

Владата на денешната седница донесе одлука за намалување на периодот на изолација за лицата кај кои лабораториски е утврдено присуство...

Македонија15 часа

Нови 2.019 случаи на коронавирус, починаа 19 лица

Во последните 24 часа направени се 6.119 теста, а регистрирани се 2.019 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 968, Битола...

Македонија15 часа

ЦУК апелира до граѓаните да не се движат под опасната карпа на Матка, се преземаат активности за превенција

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да не се движат на местото под опасната карпа на Матка, поточно...

Топ16 часа

(Видео) Разбиена криминална група, запленетa марихуана вредна 50.000 евра

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал денеска донело наредба за истрага против три лица за кои постои сомнение дека...

Македонија17 часа

Преку снимки од надзорните камери околу мостот Гоце Делчев ќе се расветлуваат причините за несреќата

Обвинител од скопското основно јавно обвинителство извршил увид и презема дејствија за утврдување на фактите за настаната тешка сообраќајна несреќа...

Топ19 часа

Пешак прегазен пред мостот Гоце Делчев

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска, нешто по 11 часот, во центарот на Скопје. Пешак бил прегазен во близина на...

Македонија19 часа

Мицевски: Бараме укинување на Пржинската влада

Дополнување на дневниот ред, со точка за предлог-закон за изменување на Законот за Владата на Република Македонија по скратена постапка,...

Топ19 часа

Фатална сообраќајка во Лисиче – загина возач, а тешко повредена е неговата 15-годишна ќерка

Дежурен обвинител од скопското Основно јавно обвинителство извршил увид на местото на тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу...

Македонија20 часа

Лекарската комора бара промени на казнената регулатива на Фондот

Лекарската комора остро реагира на наплатата на изречените казни за матичните лекари од страна на Фондот за здравствено осигурување. Оттаму...

Свет22 часа

Италијанските болници одбиваат да лекуваат невакцинирани пациенти, новинари снимиле со скриена камера

Италијанските болници одбиваат да ги лекуваат и оперираат невакцинираните и оние кои не биле заразени. Откако минатата недела во емисијата...

Македонија22 часа

Загадениот воздух предизвикува над 30.000 предвремени смртни случаи во Западен Балкан

Загадувањето на воздухот во Западен Балкан предизвикува голем број предвремени смртни случаи, а последиците вклучуваат пократок животен век и влошување...

Свет22 часа

Русија почна големи поморски вежби во Арктикот

Руски воени бродови денеска влегоа во Баренцовото Море за да вежбаат заштита на главната рута на бродскиот сообраќај на Арктикот,...

Свет23 часа

Холандија ги олабавува мерките и покрај силниот бран на инфекции – кафулињата и рестораните ќе работат до 22 часот

Холандија од денеска отвора ресторани, театри, музеи и кина и покрај силниот бран на инфекции со варијантата омикрон на коронавирусот,...

Свет23 часа

СЗО: Бројот на заразени со Ковид-19 во светот надмина 350 милиони

Вкупниот број на потврдени случаи со Ковид-19 ширум светот надмина 350 милиони, додека бројот на починати надмина 5,6 милиони, соопшти...

Регион1 ден

Возачот е виновен за автобуската несреќа на „Струма“, заклучи бугарското Обвинителство

Бугарското Обвинителство ја заврши истрагата за автобуската несреќа на автопатот „Струма“, во која загинаа 45 македонски државјани. Заменик-главниот обвинител Борислав...

Регион1 ден

Милановиќ: Хрватски војници нема да одат во Украина

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, денеска изјави дека ако дојде до ескалација, Хрватска ќе ги повлече сите свои војници од...

Македонија2 дена

Рекордни бројки: 2.341 новозаразен од коронавирус, починале 26

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Свет2 дена

(Видео) Насилни протести во Киев – демонстранти се обидоа да влезат во парламентот

По протестот во Киев, избувна тепачка меѓу насобраните и полицијата. Неофицијално, има и загинати. Претприемачите, кои бараа даночни олеснувања, се...

Македонија2 дена

Ковачевски – Радев: Преку дијалог да дојдеме до решенија што ги почитуваат европските вредности и достоинството на двата народи

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, придружуван од Артан Груби – прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички...

Досие