Соопштенија
СДСМ: Од ВМРО-ДПМНЕ прават конструкции за да ја прикријат неспособноста на нивните градоначалници

Обидувајќи се да ја затскрие неспособноста на своите градоначалници, кои донесоа само партизација и поништување проекти, ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена се обидува да конструира непостоечки случаи против функционери на СДСМ, велат од владејачката партија како реакција на денешното обраќање на Димче Арсовски, кој обвини дека адвокатско друштво на пратеничка од СДСМ зело 55.000 евра од државни институции.
Според СДСМ, пак, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да измисли скандал онаму каде што го нема.
„Снежана Калеска-Ванчева е основач на посоченото адвокатско друштво, но од првиот ден на мандатот таа ја напушта адвокатската пракса и нема никаква допирна точка ниту со управувањето, ниту со секојдневното функционирање на друштвото, кое патем постои од 2005 година, а адвокатската канцеларија од 1992 година“, се наведува во партиската реакција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Пропаднатата блокада Мицкоски ја замени со протест за месец од сега

Пропаднаа обидите на ВМРО-ДПМНЕ за блокада на Собранието, „активната блокада“ издиша, па од досега невидените чекори што ги најавуваше Христијан Мицкоски му остана само да организира протест за еден месец од сега, велат од СДСМ преку соопштение.
Од партијата велат дека тоа што на Мицкоски му треба цел месец за да организира еден протест доволно говори за проблемите што тој ги има за да ја зачува фотелјата во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
„Протестот е демократско и уставно загарантирано право, но прашањето на изборите е затворено. Парламентарни избори ќе има во 2024 и на тие ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе бидат поразени, а претходно ќе изгубат и на редовните претседателски избори исто така во 2024 година.
СДСМ заедно со граѓаните, заедно со парламентарното мнозинство ќе ги порази сите форми и блокади на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ќе продолжи со реализација на мерки и политики кои им помагаат на граѓаните и компаниите во справувањето со последиците од најголемата светска економска криза“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски не смее да го осуди и да побара оставка на Талат Џафери, се плаши дека ќе му падне Владата

Ковачевски отиде толку далеку, што и по релативизирањето на примитивизмот на Талат Џафери, мораше да отиде да гледа фудбалски натпревар со него за и тој лично да преземе одговорност за однесувањето на истиот, реагира ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Ковачевски прифати целата влада да застане зад примитивизмот на Џафери и да го оправда, само за примитивецот од Форино да остане на функција, а со тоа и да не падне владата.
Ковачевски го оправда малтретирањето на вработените во Собранието и тој застана зад пцотите, навредите и мобингот на Талат Џафери само за да ја зачува владата.
Ковачевски е спремен да жртвува десетина луѓе и истите да носат психички трауми, само за тој да остане ден повеќе на власт.
Токму затоа потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро. За целата држава да не биде заложник на пар луѓе очајни за власт по секоја цена“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Премногу е, молчењето не е опција, протест за рушење на владата

На вчерашната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ се разгледа целата ситуација во која се наоѓа државата, оценето е дека СДСМ и ДУИ имаа доволно време да покажат што можат и умеат и да ја придвижат државата напред. Тоа не го направија, напротив, државата е уназадена, народот посиромашен, а криминалот е секојдневие. Од тие причини на 18 јуни ВМРО-ДПМНЕ ќе организира голем протест пред владата за промени и пад на оваа власт, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Констатирано е дека како држава поради неспособноста на оваа власт поминавме преку исклучително тешка здравствена криза, во која, за жал, одговорот на истата беше ненавремен и неефикасен, со голем број изгубени човечки животи на нашите граѓани. Власта не понуди навремени и кредибилни активности и мерки за соочување со енергетската криза, а за која постоеше кредибилни информации дека ќе се случи.
СДСМ и ДУИ не покажа адекватна способност за соочување со економската и финансиската криза, придружена со постојан пораст на цените и висок процент на инфлација кои удрија со максимален интензитет и целосно го соборија стандардот на граѓаните и ги зголемија трошоците на работење на компаниите.
Откако се на власт јавниот долг на државата се зголеми енормно и од 4.7 милијарди во 2017 година, сега истиот изнесува над 7.2 милијарди. Ништо не е изградено, а странските инвестиции се на исклучително ниско ниво. Дебакл има и на меѓународно поле. Неефикасната и неодговорна дипломатија не ги исполни дадените ветувања за формален почеток на пристапните преговори со ЕУ.
Најголем кратер има во правосудството, исто и понатаму е тема на загриженост од страна на меѓународните фактори од каде ни се упатуваат кредибилни забелешки.
Сето тоа е придружено со високиот степен на корупција, која сè уште претставува суштинска пречка за враќање на изгубената доверба на граѓаните во институциите на државата и политичарите.
За крај неспособноста на оваа влада однесе многу животи, и за тоа секогаш никој не е одговорен. Инцидентите со автобуската несреќа кај Ласкарци, изгорената монтажна болница во Тетово и автобуската несреќа во Бугарија.
Протестот е повеќе од неопходен. Затоа ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат и сите заедно да ги донесеме промените. Премногу е! Ова е протест за промени“, порачаа од опозициската партија.