Контакт

Соопштенија

СДСМ: Опозицијата лаже дека брзата помош се приватизира

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ и Левица повторно пред граѓаните ја покажуваат својата деструктивност и неодговорност со блокирање на измените на Законот за здравствена заштита и шират лаги дека брзата помош во јавните здравствени установи се приватизира, посочуваат од СДСМ.

„Измените на Законот за здравствена заштита во делот со итна медицинска помош ќе овозможат зголемување на ресурсите на брзата помош како и законско регулирање на услугата која со години наназад ја дават приватните здравствени установи.

Законската измена не ги изложува граѓаните на дополнителни финансиски трошоци, туку напротив амбулантните возила на итната медицинска помош на приватните здравствени установи ќе им бидат ставени на располагање на граѓаните, односно итната помош на приватните болници, граѓаните ќе може да ја користат бесплатно“, се наведува во партиското соопштение во кое се додава дека со овој закон се овозможува и граѓаните во руралните средини да имаат достапна и постојана здравствена заштита.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија

Движење Беса: Новата власт е нелегитимна, изградена на пазарење со купопродажба на пратеници

Објавено пред

Очекувано, новата влада во претставувањето на програмата докажува дека нема ниту политички капацитет ниту изборен легитимитет да ја води државата, реагираат од Движењето Беса.

„Во време на политички, економски, социјални и образовни предизвици, наместо да понуди решенија за суштински проблеми, новиот премиер ја разоткрива идејата за декриминализација на канабисот и празната политичка реторика која не гарантира сигурна иднина на земјата.Сите забелешки што периодов ги даде Движењето Беса се докажани како точни, затоа најдобро решение за излез од кризата што ја предизвикува ова владата се предвремените парламентарни избори“, додаваат од таму.

Според нив, извртувањето на политичката волја, пазарењето со купопродажбата на пратеничките мандати, како што велат, ја делегитимираа оваа власт затоа сугерираат дека единствен излез од целата оваа состојба се прави само со враќање на мандатот на народот.

„Движењето Беса ќе ги искористи сите демократски механизми за дополнително да го прикаже вистинското лице на ова нелегитимна, недемократска власт која е изградена на интерес на пазарење со купопродажба на пратеници, а не на политички принципи кои треба да ги има една влада“, велат од Беса.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Арсовска со нејзините скандалозни одлуки нанесува штета на скопјани и Скопје

Објавено пред

Градоначалничката Арсовска со нејзините скандалозни одлуки нанесува штета на скопјани и Скопје, велат од СДСМ.

Според нив, градоначалничката Данела Арсовска секојдневно ја докажува негрижата и неспособноста за потребите на граѓаните.

Прекинувањето на проектот за Бас рапид транзит, за кој беа обезбедени средства преку заем од Европската банка за обнова и развој е нејзината прва штетна одлука, подвлекуваат од СДСМ.

„Токму на предлог на Арсовска управните и надзорните одори на јавни претпријатија и установи во Град Скопје се пополнија со кадри од ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Годинава Арсовска ќе потроши 670.000 евра за вдомување на 109 кадри на ВМРО-ДПМНЕ во градската администрација. По само 10 дена Данела Арсовска смени двајца директори на ЈП Градски паркинг и постави бивш разузнавач кој не исполнува ниеден критериим за функцијата што му е доверена. Арсовска не сака финансиски да го помогне субвенционирањето на парното греење и во криза ги игнорира проблемите на граѓаните на Скопје“, нагласуваат од партијата на власт.

„Наместо бесплатен јавен превоз ЈСП воведе билет од 120 денари, а потоа бара пари од Владата за покривање на трошоците за гориво. Освен тоа, Арсовска две недели не одговара кој и со чии пари ја организирал и финансирал новогодишната прослава на градскиот плоштад. Наместо проекти, работа, решавање на проблеми, единственото нешто што го прави Арсовска е прекинување проекти, партизација на Градот и оправдувања за нејзината неспособност“, стои во писмената реакција.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Програмата и составот на новата Влада пред пратениците, во фокусот се енергетската криза и животниот стандард

Објавено пред

Новиот состав на Владата и предлог Програмата за работа деновиве е пред пратениците, соопштија од СДСМ.

Додаваат дека во фокусот се одговорот на глобалната енергетска криза, заштита на здравјето, поголем економски раст и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

Клучна цел на економската политика на Владата предводена од СДСМ е поголем и одржлив раст на економијата, пораст на БДП со удвојување на стапките на економски раст на среден рок и тоа од 2,5 %, на 5% просечен раст, велат од оваа партија.

Ова, како што појаснуваат, ќе се постигне преку зголемувањето на домашните и странските инвестиции, инвестиции во јавни и приватни проекти, како и зголемување на реализацијата на капиталните инвестиции.

„Одржувањето на животниот стандард и куповната моќ на населението мора да се задржи и зголеми. За таа цел, една од првите мерки на новата Влада ќе биде поддршка на пензионерите, преку посебно зголемување на пензиите. Растот на минималната плата ќе продолжи како и растот на просечната плата. Во првата половина на 2022 година ќе се заокружи економско-социјалниот дијалог за утврдување на новата методологија за пресметка и порастот на нивото на минималната плата“, потсетуваат од СДСМ.

Владата, велат од партијата на власт, ќе спроведе стратегија која на краток, среден и долг рок ќе обезбеди сигурност со снабдувањето на енергенси и одржливост на енергетскиот систем, каде главен фокус ќе се стави на обновливите извори на енергија и ефикаснoто искористување на расположливите природни ресурси, како што се сонцето, ветерот и водата претставуваат основа на македонската енергетска револуција.

Истовремено додаваат дека Владата во својата работа ќе се води од основните принципи на добро управување и тоа одговорност, ефикасност, отчетност и чесност и силно ќе се посвети на спроведување на Планот за борба против корупција.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Собранието го изгласа новиот состав на Владата

Со 62 гласаа „за“, 46 „против“ и без возджани Собранието го избра новиот состав на Владата. Нов премиер ќе биде...

Македонија10 часа

Петков: Не постои македонско малцинство во Бугарија

Никогаш јас или други членови на бугарската влада немаат разговарано со амбасадата на САД во Бугарија за признавање на т.н....

Македонија10 часа

1.348 нови случаи на Ковид-19 и осуммина починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 6.141 тестови, а регистрирани се 1.348 нови случаи на...

Европа12 часа

Во Австрија од февруари задолжителна вакцинација, парични казни за оние што ќе одбијат

Австрија ќе воведе обврска за вакцинирање против коронавирус за возрасните граѓани на почетокот на февруари, а во исто време се...

Регион15 часа

(Видео) Ѓоковиќ ја напушти Австралија

Новак Ѓоковиќ е депортиран од Австралија. Во придружба на австралиската гранична полиција, тој денеска се качи на летот што требаше...

Топ16 часа

Инцидент на инфективно одделение во Охрид, физички нападната вработена

Едно лице физички нападнало вработена во Инфективното одделение во Охрид, информира полицијата. Имено денеска во 09.19 часот, во СВР Охрид...

Свет17 часа

(Видео) Значителни штети по цунамито во Тонга, САД и Нов Зеланд нудат помош

Цунамито предизвикано од вулканската ерупција во островската држава Тонга предизвика значителна штета во главниот град на архипелагот. Како што изјави...

Топ17 часа

Малолетници затекнати на забава во тетовски клуб, четворица биле под дејство на акохол

26 малолетни лица биле затекнати во угостителски објект во Тетово, кај дел од нив според полицијата бил констатиран алкохол во...

Свет18 часа

Премиерот на Австралија ја поздрави одлуката на судот за Ѓоковиќ : Сега е време за тенис

Премиерот на Австралија Скот Морисон изјави дека одлуката за укинување на визата за српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е донесена од...

Македонија20 часа

Продолжува расправата за избор на нова Влада, пратениците до полноќ треба да гласаат

Собранието на Македонија денеска, со почеток во 12 часот, треба да ја продолжи собраниската седница на која единствената точка на...

Регион20 часа

Судот одлучи, Ѓоковиќ мора да ја напушти Австралија

Сојузниот суд во Австралија донесе пресуда против Новак Ѓоковиќ. Со ваквата судска одлука Ѓоковиќ ќе остане без настап на турнирот...

Македонија1 ден

Регистрирани 1.635 новозаразени со Ковид-19, починати 9 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа биле направени 7.564 тестови,...

Македонија1 ден

Казна за фирма која превезувала патници без лиценца и без дозвола

Инспекторатот на Град Скопје во текот на денешниот ден изврши вонреден надзор на терен преку контроли на автобусите и комбињата...

Топ2 дена

Невенчаниот сопруг и уште неколку лица извршиле обљуба врз 44-годишна струмичанка

Врз 44-годишна жена од струмичко била извршена обљуба од страна на повеќе лица соопшти полицијата. Вчера околу 13.00 часот, 47-годишна...

Македонија2 дена

(Видео) Ковачевски: Нема разговори за македонскиот идентитет, тој е темел на државата

Разговорите со Република Бугарија ќе продолжат и ќе се интензивираат но никој не смее и нема да преговара за идентитетот...

Свет2 дена

(Видео) Цунами удри на пацифичката држава Тонга: Брановите носат сè пред себе

Пацифичката држава Тонга е погодена од цунами по вулканска ерупција на дното на Тихиот Океан. На социјалните мрежи се појавија...

Македонија2 дена

На паркингот кај Клинички центар има 832 места, а издадени се 2.200 дозволи за паркирање

В.Д. директорот на ЈП Градски паркинг – Скопје, Бојан Христовски, беше во работна посета на Клиничкиот центар каде има долгогодишен...

Свет2 дена

(Видео) Ѓоковиќ вратен во хотелот за мигранти, објавена снимка како го носат во притвор

Откако Австралија повторно му ја одби визата, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по вчерашното сослушување, одново е вратен во притвор. До...

Македонија2 дена

Собраниска седница за избор на нова влада

Предлогот за составот на новиот владин кабинет кој го достави мандатарот, Димитар Ковачевски, во следните два дена ќе биде пред...

Спорт2 дена

Македонија против Црна Гора во второто коло на ЕП

Македонската ракометна репрезентација, вечерва ќе го одигра вториот натпревар на Европското првенство во Унгарија и Словачка. По воведниот пораз од...

Досие