Контакт

Соопштенија

СДСМ: Подготвени сме да се менуваме кон подобро

Објавено пред

СДСМ покажува дека живее со и за граѓаните, дека ги слуша нивните потреби и дека е подготвен да се менува кон подобро со цел да им служи уште подобро на граѓаните.Донесените одлуки на синоќешната седница на Централниот одбор носат системски и суштински промени во партијата – одлуки кои ќе донесат забрзување на напредокот на земјата и подобри услови во општеството, за подобар живот на сите граѓани, соопшти партијата.

Според СДСМ, доаѓа време за уште нова голема иницијатива на СДСМ, целиот фокус го ставаме кон подобрување на животот на граѓаните.

„Тоа е една од многуте, но и најсуштинска разлика меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ е најголемата партија која секогаш носела и ќе носи најголеми одлуки за развојот на државата.ВМРО-ДПМНЕ не само што не носи одлуки во интерес на државата, туку нуди конфликти, лаги и цврсто бранење на криминалците. Христијан Мицкоски од безидејност дури и стана промотор на политиките и мерките на СДСМ. Но, наместо да станува промотор на мерките на СДСМ, Мицкоски треба да излезе пред јавноста и да одговори на следните прашања: Кога ќе понесе одговорност пред неговиот ментор од Будимпешта за тоа што не успеа да го спречи зачленувањето на нашата земја во НАТО? Кога ќе понесе одговорност пред граѓаните за тоа што Никола Груевски сè уште му е ментор и водич во политиката. 
Кога ќе понесе одговорност за тоа што неговите пратеници обвинети за криминал сè уште не поднеле оставки? 
На крајот, кога ќе понесе одговорност за поразот за претседателските избори и на локалните избори во Охрид и Ново Село?

Огромна и очигледна е разликата помеѓу одговорното работење на СДСМ и одлуката да се влезе во промени за подобрување на служењето на граѓаните и безидејноста и неодговорноста на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои сè уште се длабоко навлезени во нивното криминално и режимско однесување”, се додава во соопштението.

Соопштенија

Обединети за Македонија: Христијан Мицкоски продолжува со лицемерно однесување

Објавено пред

Скриен зад своите партиски портпароли, во прескапата бела палата, Мицкоски повторно се обидува да маневрира и да го избегнува повикот на јавна ТВ-дебата пред македонскиот народ со претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, велат од партијата и обвинија дека Мицкоски продолжува со лицемерно однесување.

„Го разбираме стравот поради недостиг на факти, па затоа да го потсетиме дека во периодот меѓу 2017 и 2019 година имаме 741 милиони евра странски директни инвестиции. Ова е рекорд на странски инвестиции во Македонија во споредба со периодот од 2013 до 2015, кога имаше 457 милиони евра, а во периодот од 2015 до 2017 – 555 милиони евра странски директни инвестиции. Според Светската трговска организација, учеството на странски инвестиции во домашниот бруто-производ во 2018 е 5,8 %, за разлика од 2012 година, кога е 1,5 %“, велат од ОМ.

Ако толку го интересира господинот Мицкоски кои фирми се донесени во периодот додека претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, е советник, додаваат од партијата, нека ја прифати фрлената ракавица, нека се охрабри и појави на ТВ-дебата, а не да се крие зад партиски портпароли и да се служи со ниски престрелки.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ го кочеше опремувањето на болниците

Објавено пред

Неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ го кочеше опремувањето на болниците, го кочеше и носењето нови мерки за заштита од коронавирусот, обвини СДСМ.

„Опозициската ВМРО-ДПМНЕ од почетокот на пандемијата на коронавирусот глуми дека се грижи за здравјето на граѓаните, се однесува неконструктивно, прави опструкции и ги критикува и кочи сите напори за справување со најголемата здравствена и економска криза што го зафати целиот свет. Ако на ВМРО-ДПМНЕ ѝ беше важно здравјето на граѓаните, немаше со недели да го кочи донесувањето на новите мерки за превенција на ширењето на смртоносниот вирус. Со одолжување на мерките, кои се исти и слични како во голем број држави, ВМРО-ДПМНЕ го загрози здравјето на сите граѓани. Ако на Христијан Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ им беше важно здравјето на граѓаните, немаше преку заменик-министерката за финансии во техничката влада да го кочат заемот од Светската банка за опремување на болниците. Да не беа нивните блокади, досега болниците ќе беа подобро опремени и подготвени за есенскиот бран“, велат од СДСМ.

Лицемерниот Мицкоски, додаваат од партијата, глуми загриженост за здравјето на граѓаните, а постојано организира јавни собири, кои се опасни за јавното здравје и на кои масовно се кршат мерките за заштита од коронавирусот.

„Губитникот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го доведуваат во опасност јавното здравје и не нудат конкретни решенија за надминување на здравствената криза. Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ не им нуди ништо, освен режим, заштита на криминалот, шпекулации и невистини и затоа ги казнија во три последователни изборни циклуси. Затоа, ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе остане во опозиција“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Комисијата и Филипче да си дадат оставки

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ бара Комисијата за заразни болести и министерот за здравство, Венко Филипче, да си дадат оставки.

„Македонија со Венко Филипче на чело на здравството соборува негативни рекорди. Бројката од 870 заболени за само еден ден е директно негова вина. Филипче преспа цело лето, иако знаеше дека доаѓа есенски бран на Ковис-19 не се подготви. Бројот на починати е исто така алармантен, 14 вчера, а веќе неколку дена бројката е двоцифрена. Болничките капацитети се исполнети, Филипче цело лето не направи ниту една болничка просторија повеќе. Вакцини против сезонскк грип нема. Хронично болните се на удар“, велат од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, медицинскиот персонал не е целосно обучен и иако можело да се примени систем на ротација, тоа не се направило.

„Венко Филипче не направи ништо со што ќе го спречи енормното ширење на заразата. Дополнително, проблем е и загадувањето за кое власта 4 години нема решение иако тврдеа дека ќе го решат проблемот со загадениот воздух веднаш кога ќе дојдат на власт, 4 години потоа воздухот е позагаден од кога било претходно. Комбинацијата од загадениот воздух и Ковид-19 влијае фатално за лицата со хронични болести, а проблем е и за трудниците, затоа ВМРО-ДПМНЕ бара нивно ослободување од работа. Здравјето и животот на граѓаните нема цена. Филипче, покажи минимум емпатија со народот и дај си оставка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 часа

Автомобил удри во група луѓе во Германија – загина дете, а има и тешко повредени

Дванаесетгодишно момче загина, а тројца се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи доцна попладнево во Германија, пренесуваат...

Македонија10 часа

Во Скопје 390 новозаболени и петмина починати, најмладата жртва има 35 години

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани 390 нови случаи на Ковид-19 и петмина починати. Меѓу починатите најмладата жртва...

Македонија11 час

Нови 862 заразени и 14 починати од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.699 тестирања, а регистрирани се 862 нови случаи на...

Свет12 часа

(Видео) Макрон се обрати на нацијата – нема да се откажеме од нашите вредности

Франција повторно беше цел на терористички напад, порача францускиот претседател, Емануел Макрон, во Ница, каде што утрово беа убиени тројца...

Македонија14 часа

Кривична за Лидија Димова, се товари дека злоупотребила милиони од европски фондови

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривични пријави против директорката на...

Македонија15 часа

(Видео) За Заев е неприфатливо тоа дека македонскиот јазик извира од бугарскиот

Премиерот Зоран Заев изјави дека не се прифатливи некои од сигналите што доаѓаат од Бугарија. „Не е прифатливо“, изречно рече...

Македонија15 часа

Пендаровски: До овој момент не се размислува за полициски час каков што имавме

Претседателот Стево Пендаровски, по денешната седница на Советот на безбедност, изјави дека во овој момент не се размислува за полициски...

Македонија17 часа

Спасовски пренесен на Инфективната клиника во Скопје

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вчеравечер е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Согласно протоколите, тој со...

Економија18 часа

АЕК ќе спроведува физибилити-студија за влијанието на 5Г-мрежата врз здравјето на луѓето

Агенцијата за електронски комуникации набргу ќе распише меѓународен тендер за избор на компанија што ќе изработи физибилити-студија за влијанието на...

Македонија18 часа

Задолжителна самоизолација од закажувањето тестирање на Ковид-19, казните се 50 евра

Со новите законски измени самоизолацијата е задолжителна при тестирање на Ковид-19 од закажување на тестот или самото тестирање, па сè...

Свет18 часа

Во нападот во Ница убиени три лица, една жена е обезглавена

Во нападот што се случи во Ница, за кој се сомнева дека е терористички, убиени се три лица со нож,...

Македонија20 часа

МОН најави реформа на учебниците по честите реакции за грешки и стереотипи во нив

Министерството за образование и наука формира работна група која развива концепт за целосна и суштинска промена на учебниците за основно...

Македонија21 час

Стапија во сила новите мерки – забрането е групирање по 22 часот, казната е 500 евра

Од денеска забрането е групирање на отворено на повеќе од четири лица по 22 часот, а казната за непочитување на...

Свет21 час

Едно од ретките места во светот без коронавирус ги забележа првите два случаја

Маршалските Острови, едно од последните места во светот каде што немаше коронавирус, ги забележаа првите два позитивни случаја, пишува Би-би-си....

Македонија21 час

Од денеска маските се задолжителни на отворено

Собранието синоќа со 53 гласови „за“, 26 воздржани и ниту еден глас против ги изгласа измените во Законот за заштита...

Македонија21 час

Седница на Советот за безбедност за состојбата со коронавирусот во Македонија

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, со почеток во 11 часот, ќе се одржи седница на Советот...

Европа1 ден

(Видео) Од петок карантин во цела Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон прогласи каратин од петок што ќе трае најмалку до 1 декември. „Бранот се рашири низ цела...

Македонија1 ден

Славјанка Петровска позитивна на коронавирус, качила температура додека била на седница во Собранието

Актуелната пратеничка во Собранието од СДСМ и поранешна дополнителна заменичка на министерот за внатрешни работи во техничката влада Славјанка Петровска...

Македонија1 ден

Во Скопје рекорден број новозаразени, Аеродром надмина 700 активни случаи

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани рекордни 422 нови случаи на Ковид-19, а во тој период починале тројца...

Македонија1 ден

Рекордни 870 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 14 лица

Во последните 24 часа во Македонија 14 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 870 нови случаи од  2.647 тестирања,...

Досие