Соопштенија
СДСМ: Пописот е важен за развојот на државата, безидејната ВМРО-ДПМНЕ пак ги лаже граѓаните

„Целта на пописот што ќе се одржи напролет е да ја утврди реалната слика во државата, да прибере релевантни и кредибилни податоци, врз чија основа ќе се креираат реални стратегии и развојни политики во државата. ВМРО-ДПМНЕ е против напредокот на оваа земја, а сега тоа го потврдува со обидите да го политизира пописот за своите партиски агенди и се фокусира на измислици и критики“, соопшти СДСМ.
Според партијата, со повиците за бојкот на пописот и најавите за собирање потписи за поништување на Законот за попис, ВМРО-ДПМНЕ ги манипулира граѓаните. Ако во некое место се попишат помалку граѓани од реалната бројка, опозицијата ќе биде виновна ако заради тоа не се изгради болница, градинка, игралиште, ако некој инвеститор не отвори работни места, бидејќи смета дека нема доволно работна сила.
„Најавата за собирање потписи против Законот за попис на ВМРО-ДПМНЕ е неискрена, бидејќи само со потписи не се става законот надвор од сила, туку треба нов закон.Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и неговиот шеф Груевски се против интересите на граѓаните и на државата, не сакаат ова земја да успее, но нивните деструктивни политики уште еднаш ќе бидат поразени, како што беа на шесте последни изборни соочувања со граѓаните. Од една страна изразуваат сомнеж во уште неодржан попис, од друга страна во 2011 година, со неуспешниот обид, покажаа дека не се кадарни да организираат попис. Оваа пролет по цели 19 години во државата ќе се спроведе најобемната статистичка операција според сите меѓународни стандарди, во интерес на напредокот на граѓаните и на државата“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Додека Филипче се грижи за личните интереси, луѓе умираат

Осврнувајќи се на состојбата со коронавирусот во државата, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека бројката на заболени секој ден се зголемува.
„Ситуацијата е под контрола, ама ќе ја ставиме во функција mодуларната болница. За каква контрола говори Филипче додека секој ден умираат граѓани од корона, а нема ни една вакцина? Или на контото ја има само вакцината донирана од Србија. За руската вакцина која ја најавува за до крај на неделава или за в недела некако е несигурен“, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Според оваа партија, истите колчичини на вакцини кои власта ги најавуваше за јануари, за февруари, сега ги најавува за месецов, но датум за ниту една вакцина, како што велат, нема.
„Додека Филипче се грижи за личните и партиските интереси, луѓе умираат, бројката на заболени се зголемува“, стои во писменото соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Соопштенија
СДСМ: Со еврообврзницата се враќаат долгови направени од ВМРО-ДПМНЕ

Гордана Димитриеска-Кочовска нема никаков кредибилитет да зборува за економија и одговорно работење кога токму таа додека беше дополнителен заменик-министер за финансии, кочеше заем од Светската банка за опремување ковид-центри, реагираат од СДСМ за прес-конференцијата што денеска ја одржа претставничката на ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ може да се обидува да ги лаже и манипулира граѓаните, но факт е дека последната еврообврзница има каматна стапка од 1,625 %, а ќе се искористи за враќање на еврообврзницата издадена во време на ВМРО-ДПМНЕ со каматна стапка од 3,975 %“, стои во партиската реакција.
Од СДСМ додаваат дека доколку се направи споредба со еврообврзницата од 2014 година, која била издадена со стапка од речиси 4 %, по основ на камата ќе се заштедат 82,25 милиона евра.
„Емитуваната еврообврзница е најевтина досега, со историски најниска каматна стапка од 1,625 %, или неколкукратно пониска во однос на сите претходно издадени еврообврзници“, посочуваат од владејачката партија додавајќи дека ова е резултат на растот на довербата на меѓународните инвеститори во нашата економија и нејзините перспективи.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Нов скандал ја тресе државата, вратен предлогот Фрчковски да биде амбасадор во САД

Државата ја тресе нов скандал, вратен е предлогот Фрчковски да биде амбасадор во САД поради тепање жени, нерасветлен атентат врз Глигоров и лустриран кодош, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Заев со нов скандал за лице претставник на државата во најмоќната земја го прати Фрчкоски, кој е женомразач, шверцер на нафта и цигари и министер кога се изврши атентатот врз Глигоров. Неприфаќањето на Фрчкоски од страна на САД за амбасадор на Македонија е доказ дека Заев и дружината не поминуваат подалеку од Софија. Фрчкоски беше дел од владата на СДСМ што ја направи матната приватизација и во чие време се кршеше ембаргото кон Србија.
Зоран Заев ги понижи САД со испраќањето Фрчкоски да биде амбасадор. Зоран Заев направи дипломатски скандал и ја посрамоти Македонија.
Фрчкоски е четврти дипломат што му го враќаат сојузниците. Како четврти вратен се поставува прашањето дали Заев намерно ги поткопува западната алијанса и НАТО? Дали Заев, по шлаканицата од САД, го спрема Фрчковски за уставен судија или амбасадор во Белград?
За кого работи Заев, за Македонија и НАТО – сигурно не!“, се наведува во партиското соопштение.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“