Соопштенија
СДСМ: Пописот е најважен државнички чин, бојкот на пописот е кривично дело
Пописот е најважна државничка работа, но и граѓанска обврска и затоа е важно секој граѓанин да си ја исполни обврската и да учествува на пописот, велат од СДСМ.
„Со учество на пописот секој поединец дава свој придонес кон градење држава која се темели на точно утврдени податоци, а не претпоставки. Истовремено, непречено тече пописот на нерезиндентното население, односно на нашите иселеници во дијаспората. Според досегашните податоци, над 137.000 наши државјани во странство се самопопишале преку веб-апликацијата, а процесот ќе трае до 21 април“, се наведува во соопштението.
СДСМ ги повикува сите граѓани од дијаспората да се приклучат на овој патриотски чин и да помогнат да добиеме јасна слика за нашите луѓе од сите краеви на светот.
Од друга страна, велат од партијата, повиците за бојкот и одлагање на пописот кои доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ и Левица се незаконски и антидржавни.
„Тоа се штетни ставови кои создаваат конфузија меѓу граѓаните и носат штета за државата. Бојкотот на пописот е кривично дело. Крајно време е политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица да престанат да работат на штета на државата“, велат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
(Видео) Мукаетов: „Алкалоид“ го продолжи трендот на континуиран годишен раст и реализираше значаен дел од својата ESG-стратегија
Во „Алкалоид“ посветеноста, економичноста и ефикасноста ги кренавме на највисоко можно ниво, настојувајќи максимално да ги оптимизираме процесите во компанијата потпирајќи се на нашиот највреден ресурс – луѓето, вели Живко Мукаетов, Генерален директор и претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје.
Тој вели дека компанијата и оваа година го продолжи трендот на континуиран годишен раст и реализираше значаен дел од својата ESG-стратегија.
„Го добивме бронзениот медал од EcoVadis (глобално призната платформа за оцена на одржливоста), со што се позициониравме меѓу водечките субјекти во регионот во поглед на транспарентноста и примената на одржливи практики“, вели меѓу другото Мукаетов.
Целото обраќање е објавено во видеото:
(ПР)
Соопштенија
Фотоволтаични централи и за четири куќи од СОС Детско село – до 2027 година ОКТА ќе обезбеди производство и складирање на енергија од обновливи извори за целиот комплекс
Четири куќи во СОС Детско село во Скопје отсега ќе користат соларна енергија. Компанијата ОКТА донираше соларни панели за оваа организација со вкупна инсталирана моќност од 24 KWp, со годишно производство од 32,4 MWh. Покрај соларните панели, дополнително се инсталирани и четири батериски системи за складирање на енергија со капацитет од 20 KWh.
Ова е само прва фаза од проектот кој што компанијата ќе го реализира во следните 3 години. Согласно планот, до 2027 година сите куќи во кои живеат згрижувачките семејства ќе имаат инсталирано соларни централи и батериски системи за складирање на енергија. Со реализацијата на овој проект, СОС Детско село значително ќе ги намали трошоците за електрична енергија, а истовремено ќе ја зајакне својата одржливост и дополнително ќе го унапреди квалитетот во домувањето.

„Одржливоста е заедничка обврска на сите нас. Во нашата деловна култура основа на делување и реализација на сите активности е поттикнување на одржливост и поддршка за сите чинители во заедницата. Реализацијата на овој проект за нас е вистинска чест, бидејќи со овие активности ќе дадеме конкретен придонес во унапредувањето на квалитетот на живот на децата поддржани од СОС Детско село. Тоа за нас е вистинска мотивација и во иднина да ја продолжиме соработката со оваа организација која е од големо значење за заедницата“, изјави Димитриос Пасхос, извршен директор на ОКТА.
Реализираната донација на соларни панели за четири куќи во СОС Детско село, ќе придонесе за намалување на јагленородниот отпечаток за 26 тони на годишно ниво. ОКТА и досега ја поддржуваше работата на СОС Детско село со различен тип на донации.

„Во сржта на нашата работа е детето и обезбедувањето стабилна, сигурна и грижлива семејна средина. За остварување на оваа мисија, поддршката од приватниот сектор е од исклучително значење. Ваквите проекти имаат конкретен и долгорочен ефект – ја зголемуваат нашата енергетска ефикасност и ни овозможуваат дел од средствата да ги пренасочиме кон директна поддршка на децата и згрижувачките семејства. Дополнително, еколошкиот аспект е особено важен, бидејќи со користење обновливи извори на енергија создаваме поздрава и поодржлива средина за раст и развој на децата“, истакна Јулијана Накова Гапо, национална директорка на СОС Детско село.
ОКТА ќе ја заокружи 2025 година со успешно реализирани вкупно шест донации на фотоволтаични централи наменети за едукативни и образовни институции. Овие значајни иницијативи за општеството но и за компанијата која што уште еднаш ја потврди својата цврста решителност и општествено одговорна мисија, се доказ дека одговорно домување, работа и живеење, треба да бидат врвен приоритет на сите општествени чинители. И следната година, компанијата планира продолжување и проширување на активностите на овој план со вклучување на значајни институции на локално и национално ниво.
(ПР)
Соопштенија
Не постои посовршено место од дома, а патот до него сега е полесен
Во деновите кога светлата се палат порано, а надвор студот нè потсетува да забавиме, домот станува повеќе од простор. Тој станува прибежиште. Место каде времето тече побавно, каде се собираат мислите, плановите и најубавите празнични мигови што остануваат во сеќавање.
Кога размислуваме за домот, најчесто се фокусираме на тоа како ќе изгледа животот во него. Помалку на самиот процес што води до таа цел. Токму таму, често се појавуваат трошоци и обврски што влијаат врз целокупното искуство.
Помалку формалности, повеќе простор за живот
Халкбанк АД Скопје нуди промотивна можност за станбен кредит без нотарски трошоци, со важност заклучно со 31.01.2026 година. На овој начин, купувањето недвижност започнува без една од вообичаените дополнителни ставки што често доаѓаат во чувствителен момент. Наместо на тие формалности, вниманието може да остане на уредувањето, вселувањето и секојдневието што допрва ќе се гради во новиот простор.
Долгорочен пристап со јасни услови
Станбениот кредит на Халкбанк е креиран да се прилагоди на животниот ритам, со рок на отплата до 30 години. Каматните стапки започнуваат од 3,2% фиксна каматна стапка за првите 10 години, провизијата за обработка изнесува 0%, а кредитот е достапен и со можност за грејс период до 12 месеци. Износот може да достигне до 400.000 евра, со минимум 10% учество, доколку станува збор за купување на прв стан.
Сигурност што носи спокој
Дополнителната сигурност доаѓа преку полиса за животно осигурување од „Триглав Осигурување – Живот“, која обезбедува заштита за клиентот и неговото семејство. Различните опции овозможуваат избор според индивидуалните потреби, а дел од нив нудат и поврат на премијата, со што се оптимизираат вкупните трошоци на долг рок.
Дом по ваша мерка
Понудата е наменета за купување стан или куќа, недвижност во градба, како и за рефинансирање постоечки станбени кредити од други банки. Таа одговара на различни животни приказни, од прв дом, до нов почеток со повеќе мир и подобра организација на обврските.
Во празничните денови, кога највредни стануваат тивките мигови, разговорите и чувството на припадност, домот го добива своето вистинско значење. Со помалку грижи на почетокот, секој нов почеток може да биде потопол, посигурен и похармоничен.
(ПР)

