Контакт

Соопштенија

СДСМ: Прашањето на референдумот е јасно – иднина или изолација

Објавено пред

Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ остануваат изолирани во антидржавното однесување преку кое по секоја цена се обидуваат да ја закочат македонската иднина, се вели во соопштението на владејачкиот СДСМ, испратено како реакција на прес-конференцијата на Игор Јанушев од ВМРО ДПМНЕ.

„Со решавањето на македонско-грчкиот спор се отвораат вратите за влез во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ. Конечниот договор со Грција е за да може Македонија да стане дел од ЕУ и НАТО и затоа реферндумското прашање е јасно и е едно и единствено“, наведуваат од СДСМ.

Прашањето на референдумот е јасно – иднина или изолација, а доколку Христијан Мицкоски има малку одговорност и сериозност, јавно ќе излезе и ќе каже за која опција навистина е, сметаат од владејачката партија.

Оттаму додаваат дека обединети се сите политички партии кои навистина се за ЕУ и НАТО, а како што велат, само Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ се изолирани и се против интергација.

„Се обедниија сите што се за напредок на Македонија, освен Мицкоски, кој сака изолација, назадување и неизвесност. Сите политички фактори што се за македонската иднина се одлучни и обединети, освен Мицкоски и тесното партиско раководство на ВМРО-ДПМНЕ, кои сакаат назад во темното минато на криминал, насилство и неказнивост“, стои во соопштението.

Во него се наведува и дека без разлика на антидржавното и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните на Македонија ќе ја искористат историската шанса за напредок.

„Граѓаните ќе ја реализираат директната можност да бидеме рамо до рамо со големите сили како Македонци со нашиот македонски јазик и идентитет, загарантирани и потврдени со конкретни членови во договорот од Преспа. Никој нема да ја закочи македонската иднина. Македонците и граѓаните на Македонија ќе одлучат дека со нашиот македонски идентитет ќе станеме членка на НАТО и ЕУ и ќе го реализираме договорот со Грција“, сметаат од СДСМ.

Избори 2019

СДСМ: Сиљановска покажа незнаење и не понуди ништо освен одбрана на криминалци

Објавено пред

Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Сиљановска е поддржана од осудени криминалци, како Игор Југ, правосилно осуден за терористичко загрозување на безбедноста и уставниот поредокот, како и Никола Груевски осуден криминалец во бегство, соопшти СДСМ.

Според партијата, тоа е причината зошто Сиљановска не го осуди насилството од 27 април, затоа молчеше и не го осуди криминалниот режим на Никола Груевски.

,,Сиљановска покажа незнаење од клучните области за безбедноста и армијата, не понуди ништо пред граѓаните освен одбрана на криминалот на режимот.Граѓаните силно ќе го поразат концептот на Мицкоски за враќање назад, чиј застапник е Сиљановска и нема да дозволат на чело на државата да дојде некој зад кого стојат насилници и криминалци.На 21 април, во недела, масовно ќе го поддржат концептот предводен од Стево Пендаровски што води напред и обезбедува правда, сигурност и иднина за сите”, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Грчева: Дескоска со изјавата врши притисок врз огромен број граѓани кои не сакаат да гласаат

Објавено пред

Неодговорната изјава на министерката за правда, Рената Дескоска, има цел да изврши притисок врз огромниот број граѓани кои немаат намера да излезат на овие избори, каде што понудата доаѓа од партиите што нè обесчестија пред целата јавност менувајќи ги името на државата и атрибутите на македонскиот народ, реагира Солза Грчева во име на нејзината партија Глас за Македонија.

Партијата смета дека изјавата е крајно недолично и несериозно однесување во период на веќе актуелен предизборен процес.

„Ова претставува насилство врз правниот и политичкиот систем во државата, но и лична неодговорност на министерката за правда“, вели Грчева во соопштението.

Нејзината партија го осуди ставот и истакна дека очекува критика и неприфаќање на оваа намера и од другите политички субјекти.

Претходно, министерката за правда изјави дека ако не се постигне цензус за избор на претседател на претстојните избори, постојат две можности – шефот на државата да се избира непосредно од граѓаните, без потребното мнозинство во вториот круг, или да се избира во Собранието.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Исплатата на субвенциите за тутунот е во согласност со програмата

Објавено пред

Исплатата на субвенциите за тутунот е во согласност со програмата, ВМРО-ДПМНЕ да престане да бара алиби за извесниот пораз на изборите, реагира Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку соопштение.

„ВМРО-ДПМНЕ во паника од слабата поддршка од граѓаните во секоја редовна и позитивна мерка бара алиби за извесниот пораз в недела. Исплатата на субвенциите за тутунот е според календарот за исплата на програмата за директни плаќања и е во истиот период како и минатата година, лани на 17, а оваа година на 16 април, а со единствена цел земјоделците субвенциите да ги добиваат тогаш кога им се најпотребни, пред почетокот на производствената сезона.

Бидејќи со години ги малтретира, ги понижуваше и уценуваше земјоделците, денес ВМРО-ДПМНЕ е против навремена и неселективна исплата на субвенциите.

ВМРО-ДПМНЕ да престане да бара алиби за бојкот на претседателските избори и да се подготви за пораз на претстојните локални и претседателски избори“, наведе СДСМ во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа22 минути

Шпанската полиција спречи терористички напад на џихадистите за Велигден во Севиља

Шпанската полиција, наводно, спречила планиралн напад на Велигденските поворки во Севиља, зпри што во Мароко е уапсен еден џихадист, соопшти...

Избори 201914 часа

Дескоска: Ако не се избере претседател, во игра се две опции

Во игра се две опции доколку на претседателските избори не биде постигнат потребниот цензус, изјави министерката за правда, Рената Дескоска....

Македонија16 часа

На интернет објавени четири прислушувани разговори

На интернет пред неколку часа објавени се четири телефонски прислушувани разговори. Зад објавата стои извесен корисник „Илија громовник“, а разговорите се...

Македонија17 часа

Од утре теренска вакцинација во училиштата против морбили

Медицински персонал утре ќе тргне по училиштата и теренски ќе ги вакцинира оние што не ја примиле вакцината против морбили....

Избори 201917 часа

Силјановска во штабот на Пендаровски

Гордана Силјановска-Давкова денеска го посети изборниот штаб на својот противкандидат Стево Пендаровски. Таа на „Твитер“ објави дека со присутните разговарале...

Македонија18 часа

(Видео) Поплава во средното уметничко училиште во Скопје

Во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје вчера настанала поплава, откако избил вентилот за парно греење за време на...

Македонија20 часа

Нови 30 дена куќен притвор за Стевчо Јакимовски

Кривичниот суд во Скопје му определи нови 30 дена куќен притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски во...

Свет21 час

„Фејсбук“ без дозвола собрал адреси на е-пошта од 1,5 милион корисници

„Фејсбук“ призна дека собрал адреси на е-пошта од 1,5 милион корисници без нивно знаење и дозвола, објави Си-ен-ен. Најголемата социјална...

Свет22 часа

(Видео) Девојка во Бангладеш запалена зашто пријавила сексуална злоупотреба

Студенти ја полиле со керозин и ја запалиле нивната колешка Нусрат Џахан Рафи во училиште во Бангладеш бидејќи две недели...

Свет24 часа

Маж со канистери полни бензин и запалки сакал да влезе во катедралата во Њујорк

Триесет и седумгодишен маж e уапсен откако се обидел да влезе во катедралата Свети Патрик во Њујорк со два канистери...

Македонија24 часа

Репортери без граници: Земјава на 95. место според слобода на медиумите

Северна Македонија е на  95. место според последниот светски индекс за слободата на медиумите на Репортери без граници (РСФ), со...

Свет1 ден

„Тајм“ објави листа на највлијателни луѓе во светот

Пејачката Тејлор Свифт, телевизиската новинарка Гејл Кинг и фудбалската ѕвезда Мохамед Салах се меѓу шесттемина познати и највлијателни луѓе според...

Европа1 ден

(Видео) Португалија: Загинаа 29 германски туристи во автобус кој излета од патот на островот Мадеира

Најмалку 29 туристи од Германија загинаа синоќа во несреќа на португалскиот остров Мадеира, кога препол автобус излета од патот и...

Свет2 дена

(Видео) Светските знаменитости во боите на Франција

Многубројни светски споменици минатата ноќ светнаа во боите на Франција како знак на поддршка и солидарност по повод трагичниот пожар...

Македонија2 дена

Вклучен аларм во училиштата по случаите на деца што се самоповредувале поради интернет-игри

Во врска со информациите поврзани со учеството на ученици во игри објавени на глобалната интернет-мрежа, кои се карактеризирани како ризични...

Македонија2 дена

(Видео) Антикорупциската ќе поднесе прекршочни постапки против градоначалниците Бочварски и Георгиевски

ДКСК делумно ги прифати приговорите на ВМРО-ДПМНЕ против општините Гази Баба и Штип и одлучи да поведе прекршочни постапки за...

Македонија2 дена

Епидемија на морбили има, вакцини во Кичево нема

Речиси цел месец во Здравствениот дом во Кичево нема вакцини против морбили. Родителите реагираат бидејќи иако сакале да ги вакцинираат...

Македонија2 дена

(Видео) Фазлиу: Градоначалниците да објават како ги трошат парите на нивните веб-страници

Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, им порача на градоначалниците дека ќе бара одговорност доколку парите ги трошат недомаќински и...

Македонија2 дена

(Видео) Франција треба да каже како да ѝ помогнеме

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски изјави дека сè уште нема конечна одлука на кој начин ќе ѝ се помогне на Франција...

Крвав четврток2 дена

До крајот на мај, обвинение за организаторите на крвавиот четврток

Вилма Рускоска, шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, рече дека најдоцна до крајот на мај очекува да...

Досие