Контакт

Соопштенија

СДСМ: Првите внатрепартиски избори се нов демократски исчекор

Објавено пред

Првите внатрепартиски избори се нов демократски исчекор, СДСМ испиша историја, велат од партијата.

„За првпат во независноста, за првпат во плурализмот, токму членовите на СДСМ испишаа историја практикувајќи највисоко ниво на внатрепартиска демократија. СДСМ ги одржа првите непосредни, внатрепартиски избори целосно почитувајќи ги мерките и протоколите за заштита од коронавирусот. Ова е нова, додадена вредност, нов стандард на македонската политичка сцена. СДСМ е на врвот во внатрепартиска демократија во државата, но и многу пошироко“, пишува во соопштението.

Членовите на СДСМ го изгласаа Зоран Заев за лидер на партијата, а тој беше единствен кандидат.

„Членовите одлучија, претседател е Зоран Заев, кој ќе понуди нова политика, нов современ, модерен динамичен СДСМ кој уште повеќе посветено ќе работи за граѓаните и за државата. СДСМ и членовите потврдија дека е прва партија во реформите, во модернизирањето и унапредувањето на севкупните демократските процеси. СДСМ ја подигна својата внатрепартиска демократија на највисоко ниво. СДСМ победува, но и постојано се менува. Затоа расте довербата во јавноста, затоа што граѓаните знаат дека напредокот, интеграцијата се возможни само со СДСМ. Заедно со граѓаните продолжуваме по патот што заедно го чекориме. Станавме полноправна членка на НАТО-алијансата, се движиме кон полноправно членство и во ЕУ. Продолжуваме да ја градиме нашата татковина во дом за сите граѓани, просперитетна и европска земја“, соопштија од СДСМ.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Во викенд кога умреа 78 лица од Ковид-19, Филипче и Заев се возеа со мотори во Крушево, Охрид, по течението на Радика

Објавено пред

Додека граѓаните умираат и се заразуваат, Зоран Заев и Венко Филипче си тераат прошетки со мотори, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Во овој викенд, кога 78 фамилии ги изгубија своите најблиски, овие двајца, кои се најодговорни за катастрофата, цело време шетаа на релации од Скопје преку Крушево, по течението на Радика, Охрид и каде ли уште не.

Овој месец изгубени се над 400 животи во Македонија затоа што Филипче и Заев не набавија навремено и доволно вакцини за имунизација на граѓаните.

Над 10.000 има нови заболени затоа што, наместо епидемиолошката слика, на Филипче и Заев им беа битни партиски избори, настани и попис.

И сега како сосема одлепени од реалноста, Филипче и Заев, без око да им трепне, се развозуваат со мотори низ Македонија во еден од најцрните викенди во ковид-епидемијата.

Срамно и бедно. Но, тие очигледно се оперирани од срам и одговорност бидејќи дозволија Македонија да биде на врвот по смртност и на дното по вакцинација во светот“, се додава во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Мерките за помош на економијата даваат резултати

Објавено пред

Официјалните статистички податоци потврдуваат дека мерките за надминување на последиците од корона-кризата, креирани и реализирани до институциите предводени од СДСМ даваат резултати, соопшти СДСМ.

„Со четирите пакети мерки 860 милиони евра завршија директно кај граѓаните и во стопанството.

Во јануари е регистрирано зголемување на просечната плата од 2,7 отсто, како и раст од 0,8 отсто на прометот во внатрешната трговија. Се забележува постепено намалување на стапката на невработеност, а вработеноста е соодветно зголемена.

Во однос на преткризниот период бележиме раст на буџетските приходи. Растот на вкупните приходи е 4,4 отсто, а 5 отсто е растот на даноците и придонесите.

Во јануари извозот има номинален раст од 15,4 отсто на годишна основа, увозот на стоки раст од 5,3 отсто, со што трговскиот дефицит во јануари се намали 29 проценти.

Во согласност со економските показатели и очекувањата предвидено е оваа 2021 година македонската економија да се врати на стабилни стапки на раст, платите да продолжат да растат, а невработеноста да се намалува.

СДСМ продолжува со креирање и реализација на мерки и политики за поддршка и поттикнување на домашната економија“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Единствена Македонија: Потребна е национализација на приватните болници

Објавено пред

Политичката партија Единствена Македонија преку соопштение порача дека е згрозена од информацијата оти 20-дневно лекување од коронавирусот во приватните болници изнесува 12.000 евра.

Единствена Македонија ја повикува владата да изврши целосна национализација на приватните болници, хотели, возниот парк и други соодветни објеки, оценувајќи дека такво нешто е потребно во ова тешко време со здравствена катастрофа.

„Ова е крајно морална и правична мерка, бидејќи, општо познато е како се збогатија македонските газди на болници и хотели со тендери и привилегии од сите власти во изминатите 30 години, а посебно транзициските бандити во криминалната и нечесната приватизација и постприватизација со грабеж на народниот имот кој 50 години го создаваа сите работни луѓе во социјализмот. Сега е моментот македонските газди да се одолжат на државата и народот со ставање на приватни болници, хотели, возниот парк и други соодвети објекти, бесплатно и без никаков надомест во функција на заштита на здравјето на народот. На тој начин и македонските тајкуни на конкретен начин ќе покажат дека се на страната на народот“, велат од Единствена Македонија.

Како што се додава во соопштението, Единствена Македонија очекува од Владата прифаќање на оваа мерка.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет25 минути

Експерти: Ни доаѓа нов „супер-коронавирус“, комбинација од 18 мутации

Нов „супер“ сој на коронавирусот во Бразил е комбинација од 18 различни мутации, вклучувајќи ги таканаречените соеви на Бразил, Велика...

Македонија2 часа

Нови 30 дена притвор за Камчев

Основниот кривичен суд Скопје му го продолжи притворот за дополнителни 30 дена на бизнисменот Јордан Камчев. „Кривичниот совет при Основниот...

Свет4 часа

Вакцината на „Фајзер“ помалку ефикасна кај јужноафриканскиот сој, покажува израелска студија

Јужноафриканскиот сој на коронавирус може да ја избегне заштитата обезбедена од вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ до одреден степен, открива...

Македонија4 часа

Ќе се ограничат цените за лекување пациенти од коронавирус во приватните болници

До Владата ќе биде поднесе предлог за измена на законот со кој ќе се ограничи сумата за лекување пациенти од...

Македонија4 часа

Две илјади кинески вакцини денеска ќе пристигнат во земјата

Две илјади кинески вакцини денеска ќе пристигнат во земјата, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Тој рече дека вакцините, кои...

Македонија5 часа

Девет години од петкратното убиство кај Смилковското Езеро

Денеска се навршуваат девет години од петкратното убиство кај Смилковското Езеро. На 12 април 2012 година, на Величетврток, беа убиени...

Свет5 часа

Научниците со охрабрувачки вести: За секој нов сој ќе имаме вакцини

Во тек е трка помеѓу вакцините против Ковид-19 и мутациите на коронавирусот кои се закануваат да ги загрозат, откриле научниците...

Свет5 часа

„Билд“: Меркел го откажала терминот за вакцинирање со „астра зенека“

Германската канцеларка, Ангела Меркел, сè уште не е вакцинирана против коронавирусот, а според весникот „Билд“, таа требало вчера да прими...

Свет6 часа

Поединци немаат чувство за вкус и мирис, дури и една година по заразата од коронавирусот

Три дена по позитивниот тест на коронавирус, сè имаше вкус на картон, се сеќава 38-годишната Елизабет Медина, која го изгубила...

Македонија9 часа

Почнува вакцинацијата на новинарите и медиумските работници

Вакцинацијата на новинарите и медиумските работници што се пријавија на повикот и ги исполнија условите за да влезат во првата...

Македонија24 часа

Притвор за шестмината приведени во акцијата со марихуана

Скопскиот кривичен суд определи 30-дневен притвор за шестмината осомничени за шверц на марихуана кои пред два дена беа приведени во...

Македонија1 ден

Првачињата ќе учат по нова наставна програма

На предлог на Бирото за развој на образованието, во петокот Министерството за образование и наука ги усвои новите наставни програми...

Македонија1 ден

Трајче Заев: Комбето не е во сопственост на фирма на Заеви, јас сум на службено патување

Трајче Заев – братучед на премиерот, Зоран Заев, ги отфрла обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, за негова поврзаност со акцијата на...

Македонија1 ден

Во болниците се лекуваат 1.699 пациенти со коронавирус, има 340 празни болнички кревети

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и...

Македонија1 ден

(Видео) Милошоски: Македонски пасоши се делеле и на борци на ИСИС

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека македонски пасоши се делеле и на борци на ИСИС, откако стана извесно дека над 200 македонски...

Свет1 ден

Јужна Кореја со „Астра зенека“ ги вакцинира лицата помеѓу 30 и 60 години

Јужна Кореја продолжува со вакцинацијата на лица под 60-годишна возраст со вакцината на „Астра зенека“. Корејската агенција за контрола и...

Македонија1 ден

Утре ќе се вакцинираат новинарите над 40 години

Вакцинацијата на новинарите и медиумските работници кои се пријавија на повикот и кои ги исполнија условите за да влезат во...

Европа2 дена

Малолетник со македонско потекло уапсен во Виена, се заканувал со тероризам оти Курц не му одговорил на пораките

Aвстриската полиција уапси 15-годишен Австриец со македонско потекло за закана за терористички напад во центарот на Виена, пренесе „Танјуг“. Малолетникот се...

Македонија2 дена

Филипче: До колективен имунитет само со вакцинација на голем број граѓани

Процесот на имунизација е пред нас и само со вакцинација на голем број граѓани ќе успееме да стекнеме колективен имунитет,...

Македонија2 дена

Нови 1.092 случаи на заразени, починаа 32, а оздравеа над 2.000 лица

Во последните 24 часа се направени 5.569 тестирања, а регистрирани се 1.092 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 452,...

Досие