Соопштенија
СДСМ: Приоритет во преговорите за новата влада е борбата со криминалот и корупцијата на сите нивоа

СДСМ води сериозни преговори за формирање влада со полн четиригодишен мандат, поддржана од стабилно мнозинство во парламентот, на која еден од главните приоритети ќе ѝ биде борбата со криминалот и корупцијата на сите нивоа, соопштија од партијата.
„Задача на новата влада е да обезбеди ред и дисциплина во сите институции и да расчисти со криминалот и корупцијата на сите нивоа, без разлика дали некој доаѓа од партија, од општина, од институција, дали е експерт, функционер, познат или непознат. Заеднички ќе биде договорен систем за проверка на потеклото на парите и на капиталот кај секој функционер. За раководителите кај кои е утврдено нечесно работење, следуваат санкции“, велат од СДСМ.
Тие што во име на граѓаните водат институции, додаваат од партијата, мора да бидат отчетни, транспарентни и чесни. Затоа, велат од СДСМ, ќе воведеме законска обврска за јавна објава на сите службени трошоци на сите функционери во извршната, локалната и во судската власт.
„Корупцијата е непријател на граѓаните и на институциите и затоа граѓаните на изборите на 15 јули ни дадоа мандат да се избориме со криминалот и корупцијата на сите нивоa. Во следниот четиригодишен мандат ќе покажеме дека можеме уште повеќе и уште подобро да работиме во интерес на граѓаните“, велат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Почнува проектот од 40 милиони евра за изградба на кампусот на универзитетот „Мајка Тереза“

Почнува проектот од 40 милиони евра за изградба на кампусот на универзитетот „Мајка Тереза“, најави кандидатот за градоначалник на општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити.
„Вчера Министерството за транспорт ја издаде дозволата за подготвителните работи за Универзитетот “Маjка Тереза“, што значи дека од вчера започнува реализацијата на проектот“, истакна Меџити.
Тој додаде дека сите образовни проекти за новите објекти се предвидени во Деталниот урбанистички план и поседуваат градежна дозвола, а за нив е обезбеден и сигурен финансиски план.
Соопштенија
Николоски: Гевгелија ќе биде централно место за бизнис и туризам во целиот регион

Гевгелија ќе биде централно место за бизнис и туризам во целиот регион, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
„Драго ми е што сме во општина Гевгелија со актуелниот и нов градоначалник на општина Гевгелија. Се надевам дека градоначалникот ќе победи уште во првиот круг и дека навистина проектите коишто ги започнавме ќе ги продолжиме да ги реализираме во годините коишто се пред нас. Со задоволство можам да кажам дека реализиравме бројни проекти, во првиот и во вториот повик, како и проекти кои што се финансирани од страна на Министерството за транспорт, каков што е овој Западен булевар, на кој што се наоѓаме во моментов. А исто така сакам да најавам и нови проекти коишто ги планираме за следниов период. Завршена е постапката за избор на изведувач, за реконструкција на улици во населените места Моин, Прдејци и Богородица и наредниве денови почнуваат со работа што ќе е вондредно значајно за овие три населени места“, рече тој.
Николоски додаде дека во тек е изработка и на проектна програма за изработка на комплетна проектна документација, за проширување со подобрување на геометриските елементи на патот од Гевгелија до Ново Коњско во должина од 5 километри, што мислам дека е многу значајно, и во текот на следната година целиот ќе биде завршен.
„Понатака, преку Управата за водостопанство и Министерството за земјоделие, а во дел на изградбата на новата брана Коњско, каде што и Министерството за транспорт активно учествуваше, ќе работиме на пат кој што оди од брана Коњско до Ново Коњско и исто така до крајот на 2026 година треба да е завршен. А веќе во 2027 година, очекувам и браната да е наполнета односно да функционира и самата брана која што ќе е многу значајна за целиот овој регион. И секако третиот дел, од брана Коњско до Смрдлива Вода, којшто очекуваме да се заврши некаде до 2027 година во должина од 5 километри. Кога сето ова ќе се стави во контекст на развојот кој што го правиме во рамки на општината, како и најголемиот проект на кој што и активно работиме и активностите одат одлично, а тоа е брзата пруга каде што Гевгелија ќе има централно место, односно после скопската гевгелиската ќе е најголема железничка станица. И ќе значи дека до Солун ќе се патува некаде за 30тина минути, а некаде до Скопје, час, час и 15 минути. Мислам дека Гевгелија ќе добие комплетно централно место не само во државата туку во целиот регион и за бизнис и за туризам и сето она што ќе го прави животот на граѓаните подобар“, рече Николоски.
Соопштенија
Каранфилова-Пановска: Поддршка за локални фестивали, манифестации и обнова на домови на културата во Битола

Заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска и кандидатот за градоначалник на Битола, Методија Куновски, денеска остварија средба со културните работници од Интимен театар во Битола.
На средбата беше претставен дел од програмата на СДСМ за развој и унапредување на културата во градот на конзулите.
„Програмата на СДСМ за Битола, во делот на културата предвидува поддршка за локални фестивали, манифестации, уметнички здруженија и културно-уметнички друштва, обнова на поранешните домови на културата во руралните средини“, рече Куновски на средбата, додавајќи дека под покровителство на градоначалникот ќе се врати традицијата Средба на Егејците во Трново.
Тој истакна дека новата локална самоуправа во Битола редовно ќе ги одржува спомениците од НОАВМ и партизанските гробишта, а планирано е поставување спомен-обележја на истакнати битолчани, како Ајри Демировски, Коста Хаџи-Антоновски, Јанаки Манаки, Димитар Илиевски Мурато и други.
„СДСМ и Методија Куновски имаат јасна програма за унапредување на културниот живот во Битола. Со поддршка на локалните уметници, културните манифестации и заштита на богатото културно наследство, културата ќе биде двигател на развојот и гордост на градот“, истакна на средбата во Битола, заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска.